фудбал

Фабињо стави потпис на нов договор со Ливерпул

Бразилецот Фабињо стави потпис на нов, долгорочен договор со „црвените“. Информацијата денес официјално ја објавија клубот од Енфилд. Иако Ливерпул не ги откри деталите, медиумите откриваат дека новиот договор е до 2026 година.

Се очекува наскоро потпис на нов договор да стави и првиот голман Алисон Бекер.

Последните три сезони бев навистина среќен. Научив многу со менаџерот, со целиот персонал, како и со соиграчите. Заеднички постигнавме многу работи и мислам дека ова е најдоброто место за напредок, да се учи од стручниот штаб, од момците“, изјави Фабињо.


Официјално: Холандија има нов селектор

Лошиот настап на Европското првенство кое заврши пред скор еден месец донесе промени во селекторското место во редовите на Холандија каде отказ доби Франк де Бур, а денес федерацијата официјално го промовираше Луис Ван Гал.
Луис Ван Гал по трети пат е поставен за нов селектор на фудбалската репрезентација на Холандија.
За икусниот холандски сратег ова е трет мандат. Тој беше селектор во 2000 до 2002 година, и од 2012 до 2014 година. 


Успешен настап на Евротип на турнирот во Дорфулија

Традиционалниот ноќен турнир во мал фудбал „Илинден“ се одржува во с. Дорфулија, годинава беше добра можност за вљубениците во овој спорт да проследат интересни натпревари, а од истите дел е и екипата на спортските обложувалници Евротип.

Турнирот во Дорфулија, на кој учество зедоа 26 екипи, е еден од најмасовните од ваков карактер, а екипата на Евротип оствари добар резултат. Со победата над Дидакс Скопје, Евротип го освои третото место.

Спортските обложувалници Евротип и понатаму продолжуваат со поддршка на спортските настани и активно земаат учество во истите, со цел промоција на спортскиот дух и спортскиот начин на живот, а токму турнирот во мал фудбал „Илинден“ е одлична можност за тоа.


Интер и Каљари постигнаа договор за Уругваецот Нандес

Интер постигна договор со играчот за врска на Каљари, Нахитан Нандес, пренесуваат италијанските медиуми. Оваа недела раководствата на двата клуба ќе имаат средба и ќе се обидат да најдат заеднички јазик за трансферот.

Медиумите тврдат дека Каљари ќе се согласи на едногодишна позајмица единствено ако биде вклучена клаузула за задолжителен откуп следното лето за 25 милиони евра.

Односите помеѓу двата клуба се одлични и преговараат за неколку трансфери, а се очекува во наредните денови да биде комплетиран трансферот на Нандес.

Уругваецот може да игра на повеќе позиции, а тренерот Инзаги во него гледа идеална замена за Хакими кој се пресели во ПСЖ.


Суарез ќе добие нов договор во Атлетико Мадрид

Раководството на шпанскиот фудбалски шампион, Атлетико Мадрид, се обидува да го продолжи договорот со Луис Суарез.

Според весникот „Марка“, мадридскиот клуб е уверен во голгетерските способности на 34-годишниот Уругваец и сака да го продолжи договорот со фудбалерот до 2023 година. Суарез игра за Атлетико од летото 2020 година. Во сезоната 2020/21, напаѓачот одигра 38 натпревари за тимот, постигна 21 гол и три асистенции.

Актуелниот договор на играчот е со важност до крајот на јуни 2022 година.


Кјелини доби нов двегодишен договор со Јувентус

Џорџо Кјелини потпиша нов договор со Јувентус, соопшти прес-службата на клубот од Торино. Новиот договор ќе важи до летото 2023 година. „Ова е важен чекор во мојот живот. Дојдов во Јувентус кога бев момче и сега уживам во секој момент. Сакам да му помогнам на Јуве да освои други титули“, рече Кјелини.

Да потсетиме, претходниот договор на Кјелини со Јувентус истече на 30 јуни. Дефанзивецот стана најстариот капитен во историјата на финалето на Европското првенство, надминувајќи го Џaнлуиџи Буфон, кој играше во финалето против Шпанија на Евро 2012.

На Европското пренство, Џорџо Кјелини одигра 5 натпревари, бидејќи ги пропушти натпреварите со репрезентациите на Велс и Австрија поради повреда. За централниот дефанзивец, последниот натпревар беше 95 -ти во негова кариера како дел од националниот тим.


Бруно Акраповиќ се врати на клупата на Шкендија

Шкендија вчера го потврди новиот стратег.

После отказот на тренерот Ернест Ѓока клубот ќе го води Бруно Акраповиќ. Ѓока доби отказ после катастрофалното европско лето во кое Шкендија запиша четири порази и не постигна ниту еден гол, па отказот беше и очекуван.

За Акраповиќ ова е враќање во редовите на Шкендија откако ги водеше Шкендија пред пет години.


Умтити постави еден услов за да си замине од Барса

Барселона сака да се ослободи од Самуел Умтити и од неговата висока плата во летниот преоден рок. Умтити не прифати намалување на платата, но е спремен да го напушти каталонскиот клуб ова лето, но само под еден услов.

Имено, Французинот сака да се пресели во тим што учествува во Лигата на шампионите, или конкурентен за титулата во националното првенство, пренесува „Диарио Спорт“.

Во последните недели, Барса доби три понуди за Умтити, но тие не ги исполнија барањата на играчот.

Умтити во последните две години го мачат повреди, па европските гиганти не се заинтересирани за него.


Американците го освоија Голд Купот по драматична победа против Мексико

Соединетите Американски Држави го освоија „Голд Купот“ со победата над Мексико со 1-0. Во финалниот меч што се играше на „Алејант Стадиум“ во Парадајс, а го следеа над 60.000 гледачи, победникот беше решен дури во продолжението. 

Единствениот гол за Американците вреден злато во дуелот против Мексико го постигна Робинсон во 117. Минута. 

Инаку овие две селекции и пред неполни два месеци играа финале и тоа во првото издание на Лигата на нации, а ви во него Американците по продолженија ги добија Мексиканците.


Хоакин Кореа ќе биде замената за Лаутаро во Интер

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е спремен да го продаде Лаутаро Мартинез доколку пристигне добра понуда.

Преговорите за продолжување на соработката помеѓу двете страни не одат во добра насока, па Интер нема да се противи на неговото заминување, особено поради фактот што „нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми.

За Аргентинецот се заинтересирани Арсенал и Атлетико Мадрид, а самиот Лаутаро преферира преселба во Мадрид.

„Скај Италија“ пренесува дека Интер веќе има најдено замена доколку Лаутаро биде продаден ова лето.

Станува збор за напаѓачот на Лацио, Хоакин Кореа, кој е голема желба  на тренерот Симоне Инзаги.