фудбал

„Ѓаволите“ сакаат да го украдат незадоволниот Саул

Манчестер Јунајтед ќе го искористи неуспешниот договор меѓу Атлетико Мадрид и Барселона за размена на Саул Нигез и Антоан Гризман и ќе направи нов обид за привлекување на шпанскиот играч за врска од Атлетико Мадрид.

26-годишниот фудбалер веќе долго време е во центарот на вниманието на „црвените ѓаволи“, кои се надеваат дека овојпат ќе можат да го земат во својот состав, пишува „Мундо Депортиво“. Од „Олд Трафорд“ веќе започнале разговори со агентот на играчот Џонатан Барнет.

Тој не ја одигра својата најдобра сезона на „Ванда Метрополитано“, а сега клубот се засили со Родриго Де Пол, што дополнително ќе ги ограничи неговите шанси за настап. Затоа, за луѓето од Мадрид и за самиот играч, се чини дека би било подобро да се разделат.


Реал и Интер преговараат за позајмица на Лука Јовиќ

Лука Јовиќ ова лето може да го напушти тимот од Мадрид. Aгентот на 23-годишниот Србин, Фали Рамадани, му ги понудил услугите на својот клиент на Интер. Од друга страна се вели дека клубот од Милано може да го позајми напаѓачот.

Јовиќ играше за Ајнтрахт Франкфурт од 2017 до 2019 година на позајмица од Бенфика. Потоа германскиот клуб го купи за 22 милиони евра и го препродаде во Реал Мадрид за 63 милиони евра. Минатата зима, Ајнтрахт Франкфурт повторно го позајми српскиот фудбалер. Минатата сезона, 23-годишниот напаѓач одигра 18 натпревари во германската Бундеслига и постигна четири погодоци.


Беше шпански репрезентативец, а сега ќе се натпреварува во трета лига

Најголемиот дел од кариерата започната во 2004. година, Пабло Хернандез ја помина настапувајќи за Валенсија и Лидс. Настапувајќи за англискиот клуб три сезони по ред, од 2017/18 до 2019/20 беше прогласуван за најдобар играч на клубот.

Десетина години претходно, се избори и за дресот на шпанската репрезентација како замена за Андрес Иниеста, кој тогаш се откажа од настап на ФИФА Конфедерацискиот Куп, кој Шпанија го освои. Сега, тој потпиша за шпанскиот третолигаш Кастељон.

36-годишниот Хернандез се враќа во клубот од родниот град по 18 години, откако го напушти како би се приклучил на младинскиот тим на Валенсија.

Потпиша договор на три години, па во овој период ќе се обиде Кастељон да го врати во втората лига.


Вест Хем бара 100 милиони фунти за Деклан Рајс

Управата на Вест Хем е подготвена да го продаде нивниот најскап играч во моментов, Деклан Рајс но само за 100 милиони фунти, ништо подолу од ова нема да биде прифатено.

Англискиот репрезентативец е трансфер цел на Манчестер Јунајтед, Челси и на Арсенал, но сумата која ја бара неговиот клуб е превисока, оценуваат островските фудбалски познавачи.

Рајс има договор со Вест Хем од јуни 2024. година и поради ова „чеканите“ немаат намера да попуштаат, барем не ова лето.

Рајс имаше одличен настап со Англија на ЕУРО 2020, со што повторно го привлече вниманието на великаните од Премиер лигата.


Повреда на Адеми која го загрижува и селекторот Милевски

Аријан Адеми се повреди на мечот со Омонија во квалификациите за ЛШ, Динамо Загреб победи со 2:0, но најверојатно го загуби капитенот за реваншот, бидејќи повредата не е наивна.

Според првичните процени, тој има болки во бутниот мускул, но и на задната ложа.

„Кај Адеми настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не можеме ништо да прогнозирам, но се надевам дека се ќе биде во ред и дека ќе го имаме на располагање“ – изјави тренерот на Динамо Загреб, Дамир Крзнар.

Повредата го загрижува и селекторот на Македонија, Благоја Милевски во септември ќе дебитира во квалификациите за СП 2022, против Ерменија и Романија во Скопје, и против Исланд на гости.


Серија А воведе нови КОВИД протоколи за сите играчи

Сите професионални фудбалери од Серија А во новата сезона ќе мора да бидат вакцинирани, одлучи раководството на лигата.

Според информациите од Италија, дел од играчите се веќе вакцинирани, но оние кои не го направиле тоа ќе мораат да ја исполнат обврската во најкраток можен рок.

Серија А се реши на ваков потег откако десет играчи во тимот на Специја беа заразени со коронавирус за време на подготовките, а рокот кој ќе мора да го испочитуваат клубовите со комплетна документација за вакцинирање мора да се достави до 20. август.


Толисо на излезни врати, Баерн го продава Французинот

Баерн е подготвен да се раздели со 26-годишниот Французин за сума од 20 милиони евра, пишува „Л’Екип“. Договорот на играчот истекува за една година и од „Алијанц Арена“ сакаат да го продадат сега за да не го изгубат без пари следното лето.

Не недостасува интерес за овој фудбалер, бидејќи Јувентус и Наполи се заинтересирами за него. Сепак, двата клуба се двоумат дали да дадат понуда или да чекаат 12 месеци и да го земат без пари.

Сепак, се чини дека Јувентус размислува сега да го купи Толисо. На ова инсистира новиот тренер Масимилијано Алегри. Јувентус треба да го засили средниот ред, кој минатата сезона не беше на потребното ниво. Покрај тоа, Артур има повреда што ќе го извади од игра првите неколку месеци од сезоната.

Самиот Толисо се чини дека е склон да ја промени ситуацијата. Тој имаше многу тешка сезона во која не играше многу поради повреди. Прво имаше проблем со мускулите, а потоа ја повреди тетивата. Поради ова, тој одигра само 24 натпревари за време на сезоната. Играчот од средниот ред сепак успеа да се опорави на време за почетокот на Евро 2020 и беше меѓу избраниците на Дидие Дешамп, а одигра три натпревари на Европското првенство.


Премиер лигата е идната дестинација на Ленгле

Фудбалерот, Клемент Ленгле, кој доби многу критики во Барселона, можеби нема да остане во тимот за наредната сезона.

Шпанските медиуми открија дека Евертон и Вест Хем започнале преговори за трансфер на дефанзивецот. Двата клуба од Премиер-лигата сакаат да го ангажираат како позајмен играч.

Ленгле во претходната сезона одигра 48 натпревари за Барса. Каталонците пред три години го купија Французинот од Севилја за 36 милиони евра.


Наполи ја одби првата понуда на Манчестер Јунајтед за Кулибали

Првите луѓе на Манчестер Јунајтед, доставиле понуда до дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пишува „Газета Дело Спорт“.

Агентот на играчот, Фали Рамадани, го известил раководството на калчо-лигашот за понудата на „црвените ѓаволи“ во износ од 30 милиони евра по што претседателот, Аурелио Де Лаурентис, изјавил, дека сумата не е доволна.

30-годишниот дефанзивец од Сенегал кој е најплатениот играч во тимот со 6 милиони евра по сезона, има договор за уште две години.


Александар-Арнолд заздрави од повредата и се врати на тренинзите во Ливерпул

Трент Александар-Арнолд се врати на тренинг со својата екипа по повредата на бутот. Фудбалерот поради повреда го пропушти ЕП 2020 година.

„Јас сум целосно ослободен од болка. Се чувствувам одлично и сега се вратив на целосен тренинг. Мислам дека сум доволно добар за да започнам да играм“, изјави Александар-Арнолд за прес-службата на клубот.

Минатата сезона дефанзивецот одигра 36 натпревари во Премиер лигата, на кои постигна два гола и седум асистенции. Ќе потсетиме, Александар-Арнолд доби повреда на бутот на пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Австрија (1:0) за време на подготовките за континенталното првенство.