фудбал

Карсдорп пред преселба од Рим во Торино

Јувентус е силно заинтересиран за десниот бек на Рома, Рик Карсдорп, пренесуваат медиумите на Апенините. Карсдорп беше јавно критикуван од страна на Мурињо и е на излезна врата од клубот, па се очекува да замине во јануари.

Десниот бек не се појави на првиот тренинг после паузата и дал барање до раководството дека сака да ја промени средината.

Јувентус сака да ја искористи таквата ситуација и да го доведе во Торино за симболична сума.

Рома е спремна да го пушти и веќе почна да бара негова замена, а прво име на списокот на Мурињо е Хектор Белерин.


Далиќ: Бразил е фаворит, но нема да се предадеме без борба

Селекторот на репрезентацијата на Хрватска, Златко Далиќ, смета дека Бразил е фаворит во натпреварот помеѓу двете селекции во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

 „Да бидеме на чисто, Бразил е фаворит на овој дуел. Во секој случај, мислиме дека можеме да се натпреваруваме против Бразил. Мораме да бидеме многу интелигентни во нашиот пристап. Не можеме премногу да ја отвораме играта, но исто така не треба да се повлекуваме премногу. Не се плашиме, ние веруваме во себе и имаме голема самодоверба после последните натпревари“, изјави селекторот Далиќ на прес-конференција за медиумите.

Четвртфиналниот дуел од Мундијалот во Катар помеѓу селекциите на Хрватска и Бразил ќе се одигра во петок 9 декември од 16.00 часот.


Тен Хаг го сака Зубименди на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед има план да ја исплати откупната клаузула на Мартин Зубименди од Реал Сосиедад, објави шпански „АС“.

„Црвените ѓаволи“ планираат да го засилат составот за следната сезона, па тренерот Ерик Тен Хаг побарал од раководството да го ангажира Зубименди. Јунајтед веќе некое време го следи фудбалерот на Реал Сосиедад, а тој игра одлично во одбраната и во редот за врска, па тоа ќе му помогне на Тен Хаг да ги зацврсти ранливите делови на екипата.

Барселона, исто така, го следи фудбалерот на Реал Сосиедад, но нема во моментов 60 милиони евра за да ја активира неговата откупна клаузула.


Муние на цена, за Белгиецот загреани европските гиганти

Неколку европски гиганти  се заинтересирани за белгискиот репрезентативец и член на Борусија Дортминд, Томас Муние. Барселона и Манчестер Јунјатед се во потрага по десен бек и покажуваат сериозен интерес за 30-годишниот Белгиец, кој има договор со Борусија до 2024 година.

Муние сака да ја промени средината и на лето сигурно ќе направи трансфер, а Дортмунд за неговата слобода бара 15 милиони евра.

Интерес за него покажуваат уште Јувентус и Милан, па се очекува голема битка за неговиот потпис.


Ван Дајк го убедува Гакпо да не оди во Манчестер Јунајтед

Холандија славеше со 3-1 против САД и се пласира во четвртфинале на Мундијалот, каде што ќе игра против Аргентина која славеше со 2-1 против Австралија.

Во центар на внимание е фантастичниот напаѓач Коди Гакпо кој постигна три гола на Светското првенство во досегашниот дел и привлече интерес од многу гиганти. Манчестер јунајтед долго време е заинтересиран за Гакпо и планира да го ангажира, но неговиот колега од репрезентацијата, Вирџил Ван Дајк сака да го предомисли.

Дефанзивецот на Ливерпул по победата против САД му препорача на Гакпо да не потпише за „црвените ѓаволи“.

Ван Дајк го советуваше Гакпо дека подобра дестинација за негов развој е Реал Мадрид, што без дилеми ќе ги налути навивачите на Јунајтед.


Роналдо за фараонски договор се сели во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо од први јануари ќе стане нов играч на Саудиска Ал Наср, ексклузивно пренесува „Марка“. Договорот ќе биде потпишан на две и пол сезони, а платата на Роналдо ќе биде околу 200.000.000 долари, што значи дека, доколку се испочитува соработката до крај, ќе инкасира над половина милијарда долари.

Роналдо на два дена пред почетокот на Светското првенство го раскина договорот со Манчестер Јунајтед и слободно можеше да преговара со која било екипа.

Како што пренесува „Марка“, Ал Наср бил најконкретен од првиот момент, саудискиот принц направил се за да го донесе и изгледа успеал. Португалецот ќе стане најплатениот спортист во светот досега, а неговиот договор со Ал Наср вклучува бројни претстојни реклами.


Букајо Сака: Уверен сум дека ќе бидеме шампиони во Катар

Репрезентативецот на Англија, Букајо Сака, во изјава за медиумите вели дека цел на екипата не е само победа над Франција во четвртфиналето на Мундијалот, туку и освојување на шампионската титула. Споре Сака, Англија ќе проба да направи чекор подалеку и ќе се приближи до својата цел.

„Мораме да веруваме во тоа. Мора да влеземе во натпреварувањето со мисла дека можеме да победиме. Сега сме фокусирани на натпреварот од четвртфиналето против Франција, кој ќе биде доста тежок меч. Франција има првокласни фудбалери меѓу кои се истакнува Килијан Мбапе, и ќе мора добро да се подготвиме ако сакаме да го сопреме“, изјавува Сака.

Англија и Франција дуелот од четвртфиналето на СП ќе го одиграат во сабота од 20.00 часот.


Фудбалскиот сојуз на Германија го раскина договорот со Бирхоф

Германскиот фудбалски сојуз го раскина договорот со спортскиот директор на репрезентацијата, Оливер Бирхоф, после испаѓањето од Светското првенство во Катар.

Бирхоф беше менаџер на германската репрезентација 18 години, а врв на неговата кариера беше титулата светски првак во 2014 година.

Бирхоф во личното соопштение после оставката нагласува дека одредени одлуки не се покажале исправни и поради тоа ја презема одговорноста за неуспехот.


ФИФА отвори постапка против Српската фудбалска федерација

Вчера од Фудбалскиот сојуз на Косово најавија дека е поднесена жалба до ФИФА, а денес од Светската куќа на фудбалот потврдија дека е отворена постапка против Србија. Против Србија е отворена постапка поради недолично однесување за учесниците во тој натпревар, но и поради дискриминација.

Фудбалскиот сојуз на Србија е обвинет од страна на Дисциплинската комисија за прекршување на неколку точки. Допрва ќе се знае дали и ако има каква ќе биде тоа казна за Србија. Србија со поразот од Швајцарија го заврши настапот во групата како последна зад Камерун, Швајцарија и Бразил.

Медиумите после тој натпревар посебно ги истакнуваа пцовките на Пикси на национална основа после голот на Влаховиќ кога Србија поведе со 2-1.


Белингам: Покажете малку почит кон Хендерсон, тој е клучен човек

Џуд Белингем ги собра речиси сите пофалби од англиската спортска јавност по пласманот на репрезентацијата во четвртфиналето на Светското првенство, а покрај новинарите, доста позитивно настроени беа и поранешните фудбалери кои сега имаат улоги на стручни коментатори.

Младиот 19-годишен играч за врска се претвора во вистинска сензација на мундијалот во Катар и се истакнува како лидер во играта на својата селекција, бидејќи вчера беше клучен за два од трите гола кои ги постигна Англија против Сенегал.

Фудбалерот на Борусија Дортмунд се претвори во топ тема на Островот, но во моменти кога добива големо внимание од новинарите, тој реши да застане во одбрана на Џордан Хендерсон кој вчера одговори со гол по низата критики за неговата игра.

„Голот кој го постигнавме за водство во мечот беше навистина добро одработен. Сметам дека Џордан имашеш навистина брилијантно издание. Во изминатиот период читав лоши коментари за него и тоа е вистинско ѓубре. Смешно е да се зборува тоа за него. Тој е толку потценет на техничко ниво, а секогаш дава најдобро на големата сцена. Постигна важен гол и време е да се покаже малку почит“, изјавил Белингем.