Мата потпиша нов договор со „ѓаволите“, ќе остане уште една година на „Олд Трафорд“
Манчестер Јунајтед ќе смета на 32-годишниот Хуан Мата и следната сезона, пренесуваат медиумите на Островот.
Шпанецот има одиграно само на 12 меча оваа сезона, од кои само 7 беа во Премиер лигата, но и покрај тоа менаџерот Солскјер одлучил да го задржи и следната сезона.
Манчестер Јунајтед нема потреба да преговара со Мата, бидејќи во договорот има клаузула со која автоматски може да го продолжи договорот на додатни 12 месеци.
Клубот сигурно ќе ја активира таа клаузула, а медиумите тврдат дека тоа може да го направи за да наплати трансферна сума доколку Мата сака да замине од „Олд Трафорд“.