фудбал

Падна договор: Исак во Ливерпул за 130 милиони евра

Заврши сапуницата на Александер Исак, неговата желба се исполни, тој потпишува за Ливерпул во последниот ден од преодниот рок.

Денеска завршува трансферот прозорецот во Премиер лигата, а најголемата зделка која ќе се случи е трансферот на Исак од Њукасл во Ливерпул за рекордни 130 милиони фунти.

Доцна синоќа двата клуба си подадоа рака, а во текот на денешниот ден ќе биде потпишан договорот по што Ливерпул и официјално ќе го објави доаѓањето на шведскиот напаѓач.

Њукасл го продаде Исак откако претходно го обезбеди потписот на Германецот Ник Волтемаде кој го купи од Штутгарт за 90 милиони евра.


Сиетл го декласира Интер Мајами во финалето на Лига Купот

Фудбалерите на Сиетл Саундерс го кренаа пехарот од Лига Купот откако со убедливи 3-0 го совладаа Интер Мајами во финалето.

Меси и другарите дојдоа на чекор до трофеј, но не успеаа да го освојат.

Мечот изобилуваше со тензија, а подобра беше екипата на Сиетл.

Резултатот го отвори Де Росарио во 26. минута, тој резултат беше актуелен до 82. минута кога Роланд зголеми на 2-0, а седум минути подоцна Ротрок ги постави конечните 3-0.


Миовски дебитираше со реми во дербито на Глазгов

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски дебитираше денеска за Ренџерс во големото шкотско дерби против Селтик кое заврши без голови, ден откако го комплетираше трансферот во гигантот од Глазгов.

Миовски, кој вчера потпиша четиригодишен договор со Ренџерс, се најде во почетниот состав на дербито против Селтик и одигра 73 минути.

Македонскиот репрезентативец со трансферот во Ренџерс се врати по едногодишна пауза во шкотското првенство каде настапуваше две сезони за Абердин, пред да замине за шпанска Жирона.

За Ренџерс ова беше четврто реми во четвртиот натпревар од новата сезона во Шкотска, а во следното коло го очекува дуел против Хартс на домашен терен.


Аканџи пред потпис со Тотенхем

Дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, би можел да ја продолжи кариерата во друг клуб од Премиер лигата – Тотенхем, јавија денеска британските медиуми.

Според информациите, лондонскиот клуб е заинтересиран за 30-годишниот Швајцарец и е фаворит за потпис на играчот, за кого се заинтересирани и Милан и Кристал Палас.

Аканџи го носи дресот на Манчестер Сити од 2022 година и оттогаш одигра 136 натпревари во сите натпреварувања.

Неговиот договор со Сити истекува во јуни 2027 година.


Бразилецот Кевин го менува Шахтјор со Фулам

Фулам ќе ги засили своите редови со бразилскиот фудбалер Кевин, кој ќе се пресели во лондонскиот клуб за рекордни 40 милиони евра, објавија денеска англиските медиуми.

Дваесетидвегодишниот бразилски играч од средниот ред доаѓа во Фулам од украински Шахтјор за кој настапуваше од 2024 година.

Својот претходен трансфер рекорд Фулам го постави минатата година, кога плати околу 31 милиони евра за офанзивниот играч од средниот ред на Арсенал, Емил Смит Роу.

По три одиграни натпревари, Фулам е на 16 место во Премиер лигата со два бода, а следниот натпревар ќе го игра на 13 септември дома против Лидс.


Собослаи го реши дербито, Арсенал поразен на „Енфилд роуд“

Ливерпул го доби дербито против Арсенал во третото коло од Премиер лигата. Дуелот на „Енфилд“ го реши Доминик Собослаи со спектакуларен гол во 82. минута.

Дербито на „Енфилд“ донесе натпревар со многу темпо, но со малку квалитетна игра. Мечот лошо започна за Арсенал, Вилијам Салиба, клучниот деганзивец во четврртата минута поради повреда го напушти теренот.

Ливерпул беа премногу резервирани во првиот дел, Арсенал ја контролираше играта, но дојде до само една шансна, кога Алисон го одбрани ударот на Мадуеке.

Во вториот дел „црвените“ беа поактивни, повеќе притискаа, но без вистинска гол шанса.

Клучниот момент се случи во 82.минута, кога од 25 метри, од слободен удар совршено погоди Собослаи.

Ливерпул по три кола има три победи, Арсенал остана на две победи, го забележа првиот пораз во сезоната.


Јуве го позајми Нико Гонзалез во Шпанија и го замени со Едон Жегрова

Јувентус, во финишот на преодниот рок обезбеди важно засилување. Поранешниот фудбалер на Лил, Едон Жегрова доаѓа во Јувентус. Во исто време клубот ќе го напушти Нико Гонзалес.

Косовскиот репрезентативец пристигнува од француски Лил, каде што играше претходните три сезони и се профилираше како еден од најдобрите играчи во Лига 1 на позицијата офанзивен играч за врска.

Жегрова ќе му се придружи на својот поранешен соиграч од Лил во Јувентус, Канаѓанецот Џонатан Давид, кој исто така им се придружи на Бјанконерите ова лето, но како слободен играч.

Италијанските медиуми објавуваат дека Јувентус ќе му плати 15 милиони евра на ЛилЗа репрезентацијата на Косово досега одигра 42 натпревари и постигна пет гола.. Исто така, на претпоследниот ден од преодниот рок, раководството на „старата дама“ ја прифати понудат од Атлетико за Аргентинецот, Нико Гонзалез.

Сезонава, Нико ќе настапува како позајмен играч во Атлетико. Клубот од Мадрид ќе плати еден милион евра за позајмицата.

На крајот од сезоната, во завосност од настапите, Атлетико ќе може да го откупи договорот на Аргентинецот за за сума помеѓу 20 и 30 милиони евра.


Пелистер загуби во Ѓорче Петров, иако поведе уште во првата минута

Фудбалерите на Македонија ЃП дојдоа до првиот триумф во сезоната 2025/26, откако на домашен терен денесго совладаа составот на Пелистер со 2-1. Со пресврт домашниот тим на крајот успеа да дојде до првите три бода во сезоната, по стартот во кој имаше три порази по ред во шампионатот.

Гостите од Битола поведоа уште во 2. минута поведоа. Ристиќ го проигра Булатовиќ, кој излезе сам пред Јанков и со лоб удар успеа да го совлада. Македонија ЃП во 22. минута се закани преку Талаков кој со глава ја погоди стативата, а тоа како да беше предвесник за она што ќе се случува неколку минути подоцна. Гереро влезе во шеснаесетникот на Пелистер, Спировски стартуваше врз него, направи прекршок, и беше покажан пенал. Христов го реализираше успешно по средината на голот.

Вториот дел почна со уште една добра шанса на Македонија ЃП. Шутираше Ристиќ, Јанков одби до Ристевски, кој од добра позиција шутира само крај голот. Казната стигна во 66. минута. По една мешаница пред голот на Јовчевски, најпрво се обиде Елмас, голманот на Пелистер кратко одби до Гереро, а овој успеа да постигне гол.

До крајот на мечот Пелистер се обиде да извлече бод, но Македонија ЃП успеа да се одбрани и така да ги освои бодовите од овој меч.


Холанѓанецот Гакпо го продолжи договорот со Ливерпул

Фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, стави потпис на нов „повеќе годинешен“ договор со англискиот клуб.

Ливерпул не ја прецизираше временската рамка на новиот договор на 26-годишниот холандски напаѓач во своето соопштение.

„Неверојатно чувство е да го продолжам мојот договор тука во овој прекрасен клуб. Многу сум благодарен и се надевам дека ќе можам да возвратам уште многу добри моменти. Се чувствувам како дома, моето семејство се чувствува како дома и тоа е секогаш голема одлука. Тие се чувствуваат добро. Многу сум среќен во клубот, тоа е добра група, добри соиграчи, па животот околу самиот фудбал е многу добар и уживам во секој момент. Многу сум благодарен што можам да го продолжам мојот договор“, рече Гакпо за веб-страницата на Ливерпул.

Гакпо се приклучи на Ливерпул во јануари 2023 година од ПСВ, и оттогаш одигра вкупно 131 натпревари и постигна 42 голови за актуелниот шампион на Премиер лигата.


Астон Вила пред ангажман на Лукас Пакета

Ако по утрото денот се познава, фудбалскиот клуб Вест Хем ќе има тешка сезона, нема да биде изненадување доколку клубот се бори за опстанок во Премиер лигата. Вест Хем стартуваше во новата сезона со два убедливи порази, а во последните часови од преодниот рок ќе остане без најдобриот играч, Лукас Пакета (28).

Астон Вила е блиску да го потпише Бразилецот. Како што објави Фабрицио Романо, понуден е пакет вреден околу 55 милиони евра. Вест Хем би сакал да го задржи Пакета, но тој сака да оди во Вила и се очекува трансферот да се реализира.

Бразилецот прво би заминал на позајмица, но Астон Вила би имал обврска да го откупи неговиот договор.