фудбал

Арбелоа ги обвини судиите за ремито со Бетис

Реал Мадрид речиси ги загуби шансите за титулата во Ла Лига ремито со Бетис (1-1), а по овој дуел повторно тема беше и судењето.

Тренерот Алваро Арбелоа по натпреварот не го криеше незадоволството и јавно удри по арбитражата. Според него, клучниот момент бил недосудениот фаул врз Ферлан Менди.

„Сосема е очигледно дека имаше прекршок. Во вакви дуели, кога се игра со тело, лесно се губи баланс. Но, за тоа треба вистинско разбирање на фудбалот, нешто што очигледно недостасува кај оние што носат одлуки“, порача Арбелоа.

Тој потсети и на ситуација од првото полувреме, за која смета дека требало да биде досуден пенал, што можело целосно да го смени текот на натпреварот. Дополнително, реагираше и на моментот кога ударот на Браим Дијаз завршил во раката на Рикардо Родригез.

„Тоа беше чиста ситуација за пенал, раката беше отворена и нема простор за дилема. Во завршницата, Менди веќе имаше позиција, доволен беше и минимален контакт. За жал, ова не е првпат вакви одлуки да ни се повторуваат“, додаде стратегот.


Мануел Ноер ќе го брани голот на Баерн и следната сезона

Мануел Ноер уште една сезона ќе остане во Минхен. Ветеранот, во финишот на сезоната, го поврзуваа со трансфер во Премиер лигата, во тимот на Брајтон. Покрај тоа, постои јасен план за резервата на Ноер, Урбиг, кој ќе го наследи на голот на Баерн на крајот од следната сезона и ќе стане нова „единица“. Дотогаш, во текот на следната сезона, Урбиг ќе има многу минути, а самиот Ноер им потврдил на клупските челници дека верува во овој голман.

Германските медиуми, објавија дека договорот меѓу Баерн и клупската легенда бил заклучен за кратко време.

Ноер ќе добие нешто подобри услови во следната година кога станува збор за платата отколку што беше случајот во претходниот договор.

Мануел Ноер е во Баерн повеќе од 15 години, во клубот пристигна од Шалке во 2011 година за 30 милиони евра.

Оваа сезона, тој одигра 34 натпревари за тимот на Баерн и прими 33 гола. Тој ќе игра со Баерн во полуфиналето на Лигата на шампионите, а нивен противник е тимот на Пари Сен Жермен.

Покрај тоа, Баерн е повторно шампион на Германија, а ќе се бори и за титулата во Купот, каде што ќе игра против бранителот на трофејот Штутгарт.


Монако ја исфрли Барса и последен се чекира во евролигашкиот плеј-оф

Кошаркарите на Монако ја победија Барселона со 79-70 во последниот плеј-ин натпревар од Евролигата. Монако, го освои осмото место и се пласира во четвртфиналето, додека за Барселона заврши сезоната во Евролигата.

Монако го надигра својот противник, особено во првото полувреме, кога во еден момент предноста изнесувапе 17 поени. Барселона се обиде да се врати во натпреварот, петорката со Весели и Шенгелија успеа да го доближи тимот до минус од пет поени, но не и да направи пресврт.

Монако ги одби сите налети, а со тројката на Блосонгејм во последната минута го потврди пласманот во четвртфиналето. Таму ги чека најдобриот ти во регуларниот дел од сезоната, Олимпијакос.

Мајк Џејмс и Џером Блосонгејм го предводеа Монако со по „дабл-дабл“. Првиот забележа 13 поени и 10 асистенции, а вториот 11 поени и 10 скока. Двоцифрени со 16, односно 14 поени беа и Даниел Тајс и Ели Окобо.

Најефикасен кај Барселона беше Вил Клајбурн со 16 поени и седум скока, ист број на скокови и 14 поени имаше Токо Шенгелија.


Нотингем Форест до врв ја наполни мрежата на Сандерленд

Нотингем Форест, направија голем чекор кон опстанокот во Премиер лигата, ткако во 34-то коло, во Сандерленд го декласираа домаќинот со 0-5.

Пред натпреварот против Нотингем Форест, Сандерленд беше фаворит на домашен терен, но никој не очекуваше дебакл на „црните мачки“.

Сериозен дебакл доживеа Сандерленд, кој со победа може да се израмни со Борнмут на седмото место, кое води во Конференциската лига.

Сепак, поголемите импликации се од другата страна на табелата.

Форест сега има шест бода и натпревар повеќе од Вест Хем, првиот тим во безбедната зона, а е на осум бода од Тотенхем, кој е прв под линијата.

Што се однесува до натпреварот, гостите ги постигнаа првите четири гола за 20 минути – од 17-та до 37-та минута. Се започна со бизарниот авто гол на Хјум, а потоа погодија Вуд, Гибс-Вајт и Игор Жезус. Елиот Андерсон стави тока на натпреварот во 95-та минута.


Реал Мадрид во 94. минута ја испушти победата во Севиља

Бетис и Реал Мадрид одиграа 1-1, во Севиља, во рамките на 32-то коло во Ла Лига.

Реал Мадрид на „Ла Картуха“ ја загуби и последната шанса во обидот сезонава да ја освои титулата.

Актуелниот шампион, Барселона, како што стојат работите, ќе го одбрани тронот бидејќи има натпревар помалку и дури осум бода повеќе од нив на пет кола пред крајот на првенството.

Реал кај Бетис во Севиља, остана без трите бода во 94-та минута.

Стрелец на првиот гол во натпреварот беше Винисиус Жуниор во 17-тата минута. Реал имаше повеќе удари кон голот и подобри шанси, свои шанси имаше и Бетис, а во финишот на натпреварот искористи една од нив.

Во 94-та минута, Хектор Белерин го најави бродоломот на Реал Мадрид и со гол донесе израмнување и бод на Бетис, што го оддалечува Реал од титулата. Тој беше најснаодлив во шеснаесетникот откако обидот на Ентони беше одбранет.


Баерн не се откажува од својот заштитник: Нов договор за Нојер до 2027 година

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, фокусиран

Алијанц Арена сè уште не е подготвена за збогување со својот најголем чувар. Иако веќе е во својата 39-та година, Мануел Нојер останува неприкосновена фигура во дефанзивната стратегија на Баерн Минхен. Извори блиски до клубот откриваат дека баварскиот гигант е полн со оптимизам за продолжување на соработката со легендарниот голман за уште една сезона, со што неговиот престој во Минхен би се протегнал до летото 2027 година.

Управата на Баерн веќе го финализираше предлогот за нов краткорочен договор. Ставот на раководството е кристално јасен: дресот со број еден му припаѓа нему сè додека тој чувствува дека може да настапува на највисоко ниво. Сега, топката е кај Нојер: се чека само неговото конечно „да“ пред потписот да стане официјален.

За да се разбере зошто Баерн е толку упорен да задржи играч кој гази во петтата деценија од животот, доволно е да се погледнат историските книги. Од неговото пристигнување од Шалке во 2011 година, Мануел Нојер ја редефинираше улогата на голманот и стана столбот на една невидена децениска доминација.

Со над 500 настапи, две титули во Лигата на шампионите и полни витрини со пехари од Бундеслигата, Нојер е многу повеќе од обичен голман. Евентуалното продолжување на соработката до 2027 година би значело цели 16 години поминати во клубот, со што дополнително ќе го зацементира својот статус на веројатно најдобриот што некогаш ги носел ракавиците.


Родри: Мораме да го намалиме ритамот или нема да дочекам 32 години

Шпанскиот репрезентативец Родриго Ернандез, познат како Родри, алармира за сѐ поголемиот проблем со згуснатиот распоред во модерниот фудбал, посочувајќи дека честите повреди сериозно го загрижуваат за неговото здравје и иднина.

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити во изминатите години се соочуваше со неколку повреди, меѓу кои и сериозна повреда на лигаментите. Актуелниот освојувач на „Златната топка“, гостувајќи во емисијата „Премиер Корнер“ на „ДАЗН“, отворено проговори за состојбата во фудбалот и испрати јасна порака.

„Или ќе намалиме со овој ритам или нема да дочекам 32 години“, изјави Родри, потенцирајќи дека преголемиот број натпревари може да го загрози неговиот понатамошен развој.

Тој нагласи дека во услови на ваков пренатрупан календар, ф


Наполи ќе му понуди нов договор на Спинацола

Челниците на Наполи ќе се обидат да го задржат фудбалерот, Леонардо Спинацола, кој ја одработува последната сезона со италијанскиот состав.

Доколку преговорите не вродат со плод, левиот бек на 30 јуни ќе стане слободен играч на трансфер-пазарот.

Според одредени наводи, за 33-годишниот дефанзивец се заинтересирани Јувентус и Милан.


Луди цени за мундијалските билети во САД, Канада и Мексико

Билети за финалето на Светско првенство во фудбал, кое ќе се одигра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ достигнаа астрономски цени И на официјалната платформа на ФИФА за препродажба се продаваат и за повеќе од 2 милиони долари по билет.

Имено, во моментов се достапни четири седишта за финалниот натпревар, а цената за секое изнесува неверојатни 2.299.998 долари.

Доколку некој би ги купил сите четири билети, тоа би го чинело дури 9,2 милиони долари. Сепак, постојат и „попристапни“ опции. Во истиот сектор, зад еден од головите, билет може да се најде за 16.098 долари.

Иако ФИФА не ги контролира цените што ги поставуваат продавачите на платформата, организацијата зема провизија од 15 отсто и од продавачот и од купувачот. Така, од продажба на само еден билет од 2,3 милиони долари, ФИФА би можела да заработи речиси 600.000 долари, со оглед на тоа што нивниот процент веќе е вклучен во прикажаната цена.

Да потсетиме, на претходните мундијали, цените на билетите во препродажба беа ограничени на нивната номинална вредност.


Насер Ел-Келаифи задоволен од сезоната на „светците“

Претседателот на ПСЖ, Насер Ел-Келаифи изјави дека е горд на напредокот на тимот во Лигата на шампионите.

„Тоа е најдобриот турнир во светот а ние стигнавме до оваа фаза трета година по ред. Тоа е натпреварување на многу високо ниво. Сите клубови играат многу добро. Арсенал, Баерн, Атлетико… Ги почитувам сите полуфиналисти“, рече Ал-Келаифи.

Првиот натпревар меѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра во Париз во вторник, 28 април. Во вториот дуел Арсенал ќе игра со Атлетико Мадрид.