фудбал

Депај рекордер во селекцијата на Холандија

Репрезентативецот на Холандија, Мемфис Депај со постигнати 14 голови во 2021 година, стана рекордер по бројот на постигнати погодоци за својот национален тим во една календарска година.

Досегашниот рекорд за најмногу постигнати голови во иста година, го имаше поранешниот напаѓач на “лалињата“, Патрик Клајверт кој во 2000-та година постигна 12 гола за холандската репрезентација. 


Брус ќе добие осум милиони евра ако Њукасл му врачи отказ

Мохамед Бин Салман заедно со Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија реши да го купи клубот од „Сент Џејмс Парк“, кој сега стана најбогат тим во светот.

Во следниот период се очекуваат голем број промени, а уште во јануари треба да се случат дел од нив. Навивачите сакаат големи засилувања, но јасно е дека тимот од темел ќе го менуваат на лето.

Навивачите на Њукасл се воодушевени што богатите газди веруваат дека тимот ќе напредува во Премиерлигата, но и во европските натпреварувања. Останува да видиме колку време ќе добие Стив Брус, затоа што е блиску до отказ, но тој нема воопшто да се буни поради тоа бидејќи ќе добие голема отштета.


Судот по третпат одби кауција за Бенџамин Менди

Судот по третпат ја одби кауцијата за дефанзивецот на Манчестер Сити, Бенџамин Менди.

Французинот е обвинет по четири точки за силување и едно за сексуално вознемирување помеѓу октомври 2020 и август 2021 година. Обвиненијата беа покренати против Бенџамин Менди на 26 август. Судското рочиште за овој случај ќе се одржи на 24 јануари 2022 година.

До тоа време, Менди ќе биде уапсен и зад решетки. На крајот на август, Манчестер Сити објави суспензија на Менди. Играчот настапуваше за Манчестер Сити од 2017 година. Пред тоа, Бенџамин Менди играше за Ле Авр, Марсеј и Монако.


Осман Дембеле пред излез од Барса

Иако Осман Дембеле не ги исполни големите очекувања во Барселона, претежно поради бројните повреди кои го следат, Каталонците веќе подолго време се обидуваат да ја продоложат соработката со 24 годишниот Французин. Договорот меѓу Барса и Дембеле истекува на крајот од сезоната , па во трка за негов потпис се вклучија и гигантите Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

Англиските клубови би можеле да ја искористат беспарицата во Барса и да му понудат подобри финансиски услови на Дембеле.

Јирген Клоп го следи развојот на Дембеле уште од неговите игри во Дортмунд, и пројавува сериозен интерес за негово купување.

Останува да видиме за која опција на крајот ќе се одлучи францускиот напаѓач.


Њукасл спремен да пазари од Манчестер Јунајтед

Њукасл е подготвен да направи вистинска јануарска офанзива за потписот на дури четворица играчи од првиот тим на Манчестер Јунајтед, пренесува „Дејли Стар“.

Играчите што се на радарот на новите сопственици на „страчките“ се Ентони Марсијал, Џеси Лингард, Дони ван де Бек и Ерик Баји. Марсијал, Ван де Бек и Баји во моментов ретко се во стартниот состав на менаџерот Оле Гунар Солскјер, додека Лингард се бори да се пробие во стартната постава, што значи дека преселбата на дел од овие имиња во Њукасл е сосема реална.


Ешли спремен да купи нов клуб

Мајк Ешли повеќе не е сопственик на Њукасл тој го продаде клубот на инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија за околу 360 милиони евра.

Меѓутоа според најавите од Островот тој се уште сака да остане во фудбалот. Ешли наводно смета дека поседувањето на професионален клуб е од корист за неговата компанија Спорт Дајрект. Негов нов клуб би можел да биде Дерби Каунти каде што тренер е Вејн Руни.

Дерби е во тешка финансиска ситуација, неодамна му се одземаа 12 бодови па се наоѓа на последното место во Чемпионшип.

Станува збор за клуб кој во минатото беше дел од Премиер лигата, а последен пат во елитното друштво беше во сезоната 2007/2008. Тогаш влезе и веднаш испадна со скор од само една победа и осум нерешени резултати. Треба да се спомене дека во 2014 и 2019 Дерби играше финалиња во плеј-офот за влез во Премиер лигата, но губеше од КПР и Астон Вила.


Окслејд-Чембрлен повторно во Арсенал?

Членот на тимот од Ливерпул, Окс-Чембрлен веќе неколку изминати сезони не се избори за место во првиот тим кај Јирген Клоп. Како што пренесуваат англиските медиуми, Чембрлен би можел да се врати во екипата на Арсенал од каде и пристигна на “Енфилд“.

Англичанецот помина 6 сезони во лондонски Арсенал каде своевремено беше соиграч со сегашниот тренер на екипата, Микел Артета кој добро ги познава неговите квалитети.

Чембрлен има важечки договор со Ливерпул уште 2 години, но Арсенал се надева дека може да го доведе својот екс играч на позајмица.


Миралем Пјаниќ се враќа во Јувентус?

Италијанските медиуми Скај Спорт и Кориере дело Спорт пишуваат дека Пјаниќ оваа недела бил забележан во тренинг центарот на Јувентус и дека можеби тоа е почеток на преговорите за негово враќање во Торино за време на летниот преоден рок.

Пјаниќ моментално енастапува како позајмен играч во Бешикташ, бидејќи не најде место како првотимец во Барселона под водство на Роналд Куман. 

Босанецот премина од Јуве во Барса минатото лето за сума од 60 милиони евра.


Вајналдум несреќен во ПСЖ

Жоржињо Вајналдум стигна како големо засилување во тимот од Париз, меѓутоа неговиот почеток во новата средина е по се изгледа многу тежок.

Вајналдум не е во прв план кај тренерот Покетино, кој поголема предност му дава на Верати, Паредес, Андер Ерера и Идриса Геј.

Запрашан од новинарите дали се кае што си замина од Ливерпул и потпиша за ПСЖ, Вајналдум вели: “Не можам да бидам задоволен со мојата моментална ситуација во Париз. Не сум потполно среќен и ќе биде загрижувачки за мене ако работите не се сменат и не добијам поголема минутажа во тимот“.

Џиџи Вајналдум за ПСЖ засега има 11 настапи, а беше стартер само еднаш на последните 5 натпревари.


Од Барса порачуваат: Не треба да размислуваме за Халанд, изградбата на клубот е најважна

Следното лето ќе се активира откупната клаузула на Ерлинг Халанд од 75 милиони евра. Нема сомневање дека најголемите европски клубови се во можност ќе се обидат да го доведат.

На тема „Халанд“ зборуваше и потпретседателот на Барселона, Рафаел Јусте. Тој во интервју за „Мундо Депортиво“ истакна дека Халанд секако ги интересира, но засега не се во можност да размислуваат да го доведат.

„За жал не гледам како Халанд би го довеле сега. Од сега па до крајот на идната година ќе се обидеме да ги затвориме сите дупки, па потоа ќе можеме да размислуваме на поголеми вложувања. Прво мораме да ставиме темели на куќата во која влеговме и ја затекнавме со рушевини, а потоа мораме да се фокусираме на нејзината стабилност. Не смееме и да ги изгубиме од видик најдобрите, Барса сака само такви играчи, а Халанд сигурно е еден од нив, Сепак, како што кажав сега не сме во ситуација да размислуваме за него“, изјави потретседателот на Барселона.