фудбал

Рамос веќе ги иритира во ПСЖ со своето однесување

Новото засилување на Пари Сент Жермен, Серхио Рамос успеал да го навлече гневот на сите во клубот со своето арогантно однесување, пренесува „Кадена Сер“.

Рамос, кој се пресели во ПСЖ како слободен играч од Реал Мадрид успеал многу брзо да го навлече гневот од соиграчите и вработените во клубот.

35-годишниот дефанзивец се однесувал надмено, арогантно, што предизвикало незадоволство кај останатите.

„Кадена Сер“ открива дека Рамос може и да не добие место во стартниот состав ако не го промени однесувањето.


Анри: ПСЖ не ги реши проблемите со Меси, одбраната е неубедлива

Тјери Анри се осврна на трансферот на Лео Меси во францускиот гигант, ПСЖ. Поранешниот напаѓач на „триколорите“ не е убеден дека „светците“  со така наречениот дрим-тим, ќе ја освојат Лигата на шампионите.

„ПСЖ не ги реши проблемите со ангажманот на Меси.  Играв со него,  луѓето забораваат дека тогаш не примавме многу голови. ПСЖ и натаму го има тој проблем во одбраната. Тие мора да го поправат тој сегмент. Донесоа неколку засилувања и мора да направат баланс со играта во одбраната“, нагласи поранешниот голгетер.


Меси: Едвај чекам да дебитирам за ПСЖ

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец, Лео Меси, кој во текот на летово ја напушти Барселона, верува дека ќе му помогне на ПСЖ да ја оствари главната цел во новата сезона.

Французите не кријат дека го направија така наречениот „дрим-тим“ само за да дојдат до пехарот во Лигата на шампионите.

„Го имам истиот сон и желба да освојам уште една титула во Лига на шампиони. Се надевам дека можеме да ја постигнеме таа цел. Тоа би значело многу за клубот, за мене и за навивачите“, вели Меси.


Пирло: Нема да ја променам мојата тренерска филозофија

Андреа Пирло не се прослави во својата прва задача како тренер и тоа во Јувентус, клубот во кој мина убави години како играч.

Пирло ненадејно доби шанса да биде предводник на првиот тим, предизвик кој го прифати, меѓутоа резултатите, играта на „бјанконерите“ не беа на посакувано ниво и најдобар доказ за тоа е што клубот едвај успеа да заврши во Топ 4 и да обезбеди место во ЛШ, додека пак во елитното натпреварување беше елиминиран од Порто во осминафиналето.

Поради сето ова тој заработи отказ од „бјанконерите“, ама без разлика на се тој нема намера во иднина да ја менува својата тренерска филозофија.

„Нема да ja променам затоа што само некои од резултатите не беа добри. Се уште мислам така за играта – да играм од позади, да се задржи топката и веднаш да се освои истата кога е потребно. Многу зависи од играчите што ви се достапни и од тоа што тие ви овозможуваат да го направите. Играчите се многу поважни од тренерите. Тренерите треба да се прилагодат“, заврши Пирло.


Солскјер побарал нови договори за главните ѕвезди на Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер побарал од раководството на Манчестер Јунајтед во најбрз можен рок да им бидат продолжени договорите на пет фудбалери.

Примарна цел е Бруно Фернандеш кој заработува 100.000 фунти неделно што е речиси четири пати помалку од платата која ја добива Давид Де Геа. Слична е ситуацијата со Хари Мегваер, Лук Шо и Маркус Рашфорд кои добиваат под 200.000 фунти неделно.

Клубот континуирано преговара со Пол Погба за неделна плата од 300.000 фунти. Французинот има отворена понуда да замине во ПСЖ.


Бакајоко по две сезони се враќа во Милан

Милан е пред комплетирање на трансферот на Тиму Бакајоко.

Бакајоко пред две години играше на „Сан Сиро“ на позајмица, но тогаш „росонерите“ не го откупија, а минатата сезона ја помина во Наполи. Милан е во потрага по играч со неговите карактеристики да биде алтернатива за Кеси, па веќе постигнал договор со Челзи.

Французинот повторно ќе пристигне на едногодишна позајмица со право на откуп, но овој пат за многу помала сума.

„Скај Италија“ пренесува дека во следните денови Бакајоко ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи.


Црвена Звезда на прагот да заработи над 6 милиони евра

Црвена Звезда го победи Клуж со 4:0 во првиот натпревар од плеј-офот за Лига Европа.

Српскиот шампион се најде во ова натпреварување откако во третото претколо за Лигата на шампионите беше елиминиран од Шериф, шампионот на Молдавија.

Првиот дел од двомечот „вреден“ 6,6 милиони евра, колку што Звезда може да заработи со пласманот во групната фаза, првакот на Србија го доби уверливо на свој терен против првакот на Романија.

Стрелци беа Милан Павков, Александар Катаи, Ел Фарду Бен и Мирко Иваниќ.

Звезда за возвратниот натпревар во Клуж наредниот четврток ќе има огромна предност.


Баер Леверкузен го враќа Дракслер во Бундеслигата

Јулијан Дрекслер е блиску до враќање во Бундеслигата. За него е заинтересиран Баер Леверкузен, пренесува „Кикер“. Германскиот клуб започна преговори за трансфер на Дракслер и понуди 20 милиони евра. 27-годишниот играч за врска неодамна го обнови договорот до 2024 година и се уште не е познато дали ќе се согласи да им се приклучи на „аспирините“.

Дрекслер игра за францускиот тим од јануари во 2017. Германецот во претходната сезона забележа 34 натпревари, постигна 4 голови и направи 7 асистенции.


Кутињо ќе биде новата десетка на Барселона

Барселона ќе му даде уште една шанса на Филипе Кутињо да се докаже на Камп Ноу, на Бразилецот дури му е понуден и дресот со број 10, кој 13 години му припаѓаше на Лео Меси.

Барселона со месеци се обидува да најде купец за Филипе Кутињо, последните имформации говореа за трампа со Пјер Емерик Обамејанг од Арсенал, но по се изгледа нема да испадне ништо од ова.

Марка и Мундо Депортиво пренесуваат дека Каталонците ќе му дадат уште една шанса на Бразилецот да се докаже на Камп Ноу, Роналд Куман дал зелено светло за плејмејкерот да се врати во тимот.

Барса дури и му го понудила дресот со број 10, кој има посебна тежина поради фактот дека 13 години му припаѓаше на Лео Меси.


Кејн се врати на тренинзите на Тотенхем

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн ги продолжи тренинзите со тимот. Кејн тренираше со своите соиграчи за прв пат во новата сезона.

Претходно беше објавено дека на стартот на подготовките, фудбалерот не се вратил во базата на тимот и пропуштил неколку тренинзи. На 12 август беше објавено дека Манчестер Сити му понудил на Тотенхем 150 милиони евра за Кејн.

На 15 август, 28-годишниот Англичанец не беше вклучен во составот на тимот за натпреварот против Манчестер сити во првото коло од англиското првенство.

Тотенхем и без својот најдобар играч и досегашен капитен, го победи шампионот Манчестер сити со 1-0.