фудбал

Париз го враќа Канте во Лига 1

Нголо Канте би можел наскоро да се врати во Европа и тоа во клуб од неговата Франција.

ФК Париз е клубот кој сака да го види Канте во своите редови, тие сакаат тој да биде лидер во нивниот нов проект и да внесе искуство.

Тоа би било враќање на Канте не само во Европа, туку и во неговиот град.

ФК Париз во моментов е на 12. место во Лига 1.

Актуелниот договор на Канте со Ал Итихад истекува по крајот на оваа сезона, тоа значи дека наредното лето би бил слободен играч.


Вардар во судиското надополнување од пенал го „скрши“ Силекс

Со голот на Роџерс Мато во судиското продолжение од натпреварот, Вардар го совлада Силекс со 2-1. Интернационалецот од Уганда го реализираше пеналот кој оправдано беше досуден по игра со рака во шеснаесетникот на еден од играчите на Силекс. Со оваа победа, Вардар повторно се искачи на врвот на табелата по одиграните единаесет кола.

Стартот на мечот го одбележаа двете сериозни шанси на Дарко Додев, кој по левата страна имаше два продора, но во двата наврати беше непрецизен.

На спротивната страна, по одлична асистенција на Роџерс Мато, капитенот Азер Омерагиќ излезе сам пред голманот Џеков и прецизно реализираше за водство од 1-0.

Следуваше период во кој Вардар се обидуваше да го зголеми водството, но Силекс успеа да израмни. Во 14. минута, Силекс одигра убава акција по левата страна, дел од теренот кој беше најопасен во првиот дел. Топката стигна до Хрговиќ, кој силно биеше под пречката на голот на Талески, израмнувајќи на 1-1. До крајот на полувремето, Вардар имаше уште неколку обиди преку Бабунски, Данев и Мато, но без реализација.

Во второто полувреме, првата голема шанса ја имаше Мислав Матиќ, кој одлично реагираше по центаршут, но со глава биеше директно во Џеков. Потоа следуваа два удари на Роџерс Мато, кој иако беше активен во нападот, во тие моменти немаше свој ден и шутираше над голот. Десетина минути пред крајот, се случи еден од клучните моменти на натпреварот.

Едис Спахиу украде топка на аголот од шеснаесетникот, по што гостинскиот голман Џеков реагираше со игра со рака надвор од својот простор. Судијата правилно покажа црвен картон, а Силекс беше принуден да направи измена и да продолжи со играч помалку. Длабоко во судиското продолжение, Вардар доби пенал по игра со рака на еден од дефанзивците на Силекс.

Одговорноста ја презеде Роџерс Мато, најдобриот стрелец на „црвено-црните“ во тековниот шампионат, кој сигурно реализираше за конечни 2-1 и нова голема победа на Вардар.


Шкендија со многу мака ја совлада Брера во Струмица

Екипата на Шкендија успеа да слави победа на гостувањето во Струмица кај Брера со 3-2. На полувремето тетовскиот тим имаше предност од 0-2, но домашниот тим во вториот дел направи мечот да биде неизвесен, и на двапати дојде до еден гол негатива, но на крајот не успеа да реализира две добри шанси да постигне трет гол, и да извлече бод од овој натпревар.

АП Брера добро парираше на Шкендија на почетокот на натпреварот, меѓутоа една долга топка од Вебстер и грешката на голманот Илоски и одбраната на домашните фудбалери, Адеми ја претвори во гол за предност. Од тој момент гостите беа подобар ривал, и веднаш имаа шанса да дојдат до втор гол, ама ударот на Спахиу го одбрани Илоски.

Во 26. минута по една добра акција, Ване Крстевски од десната страна погоди во голот и ја дуплираше предноста за Шкендија, која беше актуелна на полувреме.

Во 54. минута Ндзенгуе убаво избега на одбраната на Шкендија, и успеа да намали на 1-2. Сепак, шест минути подоцна Шкендија одново доаѓа на „плус два“. Трумчи проби по десната страна, додаде до Красниќи кој од 5-6 метри успеа да го совлада Илоски.

Напаѓачот на Брера Ндзенгуе пропушти во 63. минута да намали, откако не искористи пенал, односно Гаје му го одбрани ударот од белата точка. Меѓутоа во 70. минута овој фудбалер се извади за промашениот пенал, и стрелаше во мрежата на Гаје. Голот првично беше поништен поради офсајд, но по ВАР асистенција признат, и домаќинот во финишот имаше можност за да извлече бод.

Најпрво се закани Тамба кој можеше да го реши победникот во 81. минута, одбрани Илоски во корнер.

Во судиското надополнување прво Ндзенгуе, па потоа и Величковски имаа супер шанси за реми, но првиот не се снајде по одлична акција, односно беше изблокиран од одбраната на Шкендија, додека вториот се обиде со глава, меѓутоа топката мина сантиметри крај левиот дирек, и со тоа пропадна последната можност за голем бод на АП Брера од овој натпревар со шампионот.


Суспендирани 149 судии од Турција за нелегално обложување

Во Турција денеска беа објавени нови детали за скандалот со обложување на судии во оваа земја кој беше објавен пред неколку дена.

Дисциплинската комисија суспендираше вкупно 149 судии на период од осум до дванаесет месеци поради учество во обложување, додека против уште тројца се води посебна постапка.

Според резултатите од интерната истрага, од вкупно 571 проверен судија, дури 371 имале активни профили на страници за обложување, а 152 од нив редовно се обложувале. Меѓу нив се најдоа и 22 судии кои делеле правда во Суперлигата, седум како главни и петнаесет како помошници.

„Судењето е чесна професија и секој што ќе ја наруши нејзината чест повеќе нема да биде дел од турскиот фудбал,“ изјави претседателот на Турската фудбалска федерација, Ибрахим Хачиосманоглу.

Истрагата открила и дека десетмина од казнетите судии имале повеќе од 10.000 уплати, а уште 42 направиле најмалку илјада уплати.


Мееси има убедливо највисока плата во МЛС лигата

Сојузот на играчи од американската МЛС лига (MLSPA) ја објави годишната листа на плати, а трета година по ред на врвот е Леонел Меси, ѕвезда на Интер Маями. Аргентинскиот магионичар Леонел Меси уверливо ја држи првата позиција со годишна загарантирана плата од 20.45 милиони долари, износ во кој не е вклучено неговото неодамнешно продолжување на договорот.

Играчите со највисоки примања во МЛС:
Лионел Меси, Интер Мајами, 20.45 милиони $ (≈ 18.61 милиони €)
Сон Хјунг-Мин, Лос Анџелес ФК, 11.15 милиони $ (≈ 10.16 милиони €)
Серхио Бускетс, Интер Мајами, 8.78 милиони $ (≈ 7.99 милиони €)
Мигел Алмирон, Атланта Јунајтед, 7.87 милиони $ (≈ 7.16 милиони €)
Ирвинг Лозано, Сан Диего ФК, 7.63 милиони $ (≈ 6.94 милиони €)
Кога ќе се разгледуваат вкупните буџети на клубовите за плати, Интер Мајами е класа за себе. Со потрошувачка од 48.97 милиони долари, клубот од Флорида го надминува првиот следбеник за дури 18.87 милиони долари, разлика која самата по себе е поголема од буџетот на дури 15 други клубови во лигата.


Динамо и Барса преговараат за Португалецот Варела

Барселона и Динамо Загреб си подале рака за трансфер на 17-годишниот Кардосо Варела кој летово влезе во првиот тим на хрватскиот клуб.

Минатата сезона Варела ја мина во младинската екипа на Динамо Загреб, а оваа се пресели во првиот тим иако од пред само два дена наполни 17 години. Тој веќе има пет настапи во хрватската лига и два во Лига Европа каде со гол го спаси Динамо од пораз против Малме.

Барселона за овој трансфер ќе плати пет милиони евра, плус можни уште 20 милиони евра во бонуси.

Варела би требало да остане во Динамо Загреб до крајот на оваа сезона, а потоа да се пресели во Барселона.


ПСЖ спремен да испрати понуда за Винициус Жуниор

Реал Мадрид ја победи Барселона со 2-1 дома во неодамнешното „Ел Класико“. Со триумфот, се издвои на врвот со пет бода предност пред својот голем ривал и актуелниот шампион на Шпанија.

Едно од најголемите дербија беше бурно за време и по натпреварот, а по жестокиот натпревар најмногу се зборуваше за Винисиус.

Крилниот напаѓач на Реал полуде во 72-та минута кога тренерот Чаби Алонсо реши да го замени со Родриго. Тој, како што е вообичаено, не се поздрави со членовите на тренерскиот штаб и играчите на клупата за време на замената и остана да седи со нив, наместо тоа, бесен отиде директно во соблекувалната.

„Во среда имавме состанок со целиот тренерски персонал и играчите, а Винисиус одржа одличен говор – искрен и од срце. За мене, од средата оваа приказна е завршена“, рече тренерот Алонсо, додавајќи дека нема да има казни или дисциплински мерки против бразилскиот напаѓач.

Сепак, медиумите се повеќе шпекулираат за заминувањето на Винисиус. Пред натпреварот со Барселона, се пишуваше дека преговорите меѓу него и Реал за нов договор се во тек. Во јануари, клубот отвори разговори со неговите претставници со цел да ги отфрли понудите од Саудиска Арабија и други заинтересирани страни.

Францускиот „RMC Sport“м сега пишува дека ПСЖ го гледа Винисиус во своите планови како следната „мегаѕвезда“, Бразилецот наводно е подготвен за голем трансфер, а се верува дека обештетувањето би можело да надмине 200 милиони евра. Според овој извор и Винисиус, најмногу поради тренерот Луис Енрике бил заинтересиран за трансфер во ПСЖ.


Барса со отворен тренинг се враќа на „Камп Ноу“

„Каталонците“ објавија дека на официјално се враќаат на „Камп ноу“ следниот петок на 7 ноември, ќе биде одржан отворен тренинг пред навивачите.

Се гледа светло на крајот од тунелот наречен новиот Камп Ноу, Барселона денеска соопшти добри вести.

Момците на Ханси Флик ќе се вратат во својот реновиран дом следниот петок на 7 ноември, ќе биде одржан отворен тренинг пред навивачите.

Барса нагласува дека оваа сесија ќе послужи и како технички и оперативен тест за проверка на исправното функционирање на системите, пристапните точки и различните аспекти на објектот, во рамките на постепеното повторно отворање на стадионот.

Капацитетот ќе биде 23.000 навивачи, членовите на клубот ќе имаат прилика први да стигнат до билет, и тоа по цена од 5 евра, додека пак за сите останатите цената ќе биде 10 евра.

Целокупниот приход ќе биде наменет за фондацијата на Барселона.


ПСЖ решен да го задржи Мајулу наспроти интересот од Премиер Лигата

Senny Mayulu celebrating a goal for PSG in the dominant 5:0 Champions League final win against Inter in 2025

Пари Сен Жермен е подготвен да го одбие силниот интерес од Манчестер Сити и Челси за нивниот талентиран млад фудбалер, Мајулу, кој остави длабок впечаток во финалето на Лигата на Шампионите минатата сезона. 19-годишниот крилен напаѓач влезе од клупата и постигна гол во големата победа од 5-0 против Интер, што беше пресуден момент во неговата брзо развивачка кариера. Овој настап ги привлече погледите на водечките клубови од Премиер Лигата, кои сакаат да го засилат својот состав.

Неговата појава совршено се вклопува во стратегијата на ПСЖ да гради тим околу младите и технички надарени играчи, отфрлајќи ја зависноста од исклучително искусни фудбалери.

И покрај предизвиците што ги носат правилата на финансискиот фер-плеј, раководството на ПСЖ останува решено да го задржи Мајулу во својот тим. Клубот планира да му понуди конкурентни услови за да го задржи, со оглед на големиот интерес од Манчестер Сити и Челси, кои подготвуваат значајни понуди. Долгорочната визија на ПСЖ е да продолжи да се потпира на развојот на млади, домашни таленти, со цел да го одржи својот конкурентски статус на европската сцена.


Ветеранот Педро во јуни заминува од Лацио

Педро Родригез објави дека ќе го напушти Лацио на крајот од сезоната. 38-годишниот играч од средниот ред е во „Орлите“ од 2021 година, кога пристигна од Рома со слободен трансфер. Шпанецот претходно играше за Челзи и Барселона.

„Секогаш сакам да му помогнам на тимот. Ова дефинитивно е мојата последна година во Лацио и сакам да го оставам тимот таму каде што заслужува да биде – во европските натпреварувања. Колку години ќе играм? Тешко ми е да кажам. Сакам максимално да уживам во секој тренинг, но секој ден што минува ме доближува до крајот на мојата кариера“, изјави Педро.