фудбал

ПСЖ го купи најдобриот фудбалер на Монако

Пари Сен Жермен и Монако официјално го потврдија трансферот на Магнес Акљуш во редовите на актуелните европски шампиони.

Преговорите меѓу двата француски клуба траеја неколку недели, а на крајот беше постигнат договор според кој ПСЖ ќе плати околу 50 милиони евра за 24-годишниот офанзивен играч од средниот ред.

Во четврток, Акљуш успешно ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со клубот од Париз, во кој ќе го носи дресот со број 11.

Францускиот интернационалец пристигна како замена за Канг-ин Ли, кој ова лето се пресели во Атлетико Мадрид во трансфер вреден 40 милиони евра.

Акљушкариерата ја започна во Монако, за чиј прв тим одигра 139 натпревари. За време на престојот во овој клуб, постигна 23 гола и запиша 28 асистенции, етаблирајќи се како еден од најдобрите млади офанзивни играчи во францускиот фудбал.

Добрите игри во дресот на Монако му обезбедија и место во француската репрезентација, со која беше дел од тимот на Светското првенство во 2026 година.


Винициус го продолжи договорот со Реал Мадрид

Реал Мадрид објави дека ја продолжува соработката со Винисуис до 2032 година, Бразилецот стави потпис на нов договор.

Крај на сагата, Винисиус уште долго ќе го носи белиот дрес на Реал Мадрид.

„Реал Мадрид и Винисиус се договорија за продолжување на договорот на фудбалерот според кој ќе биде врзан со клубот до 30 јуни, 2032 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Винисиус изрази задоволство од продолжувањето на соработката.

„Осум години на Берн


Шкендија несреќно загуби на првиот меч против Хибернијан

Шкендија со пораз од 1-2 се враќа од гостувањето кај Хибернијан, шкотскиот тим има предност по првиот меч од третото квалификациско коло во Конференциската лига.

Шкендија одигра уште еден меч на високо ниво во Европа, беше на чекор да остане непоразена, но прими гол во 93. минута.

Натпреварот долго време беше со почетниот резултат, конечно беше отворен во 73. минута кога Елдинг по асистенција од Рајт погоди за водство на Хибернијан од 1-0.

Но, само три минути подоцна нововлезениот Марко Ѓорѓиевски постигна гол за израмнување на 1-1, но тоа не беше се.

Во 91. минута Охора најдобро се снајде по една мешаница од корнер и ја смести топката во мрежата на тетовскиот тим.

Реванш натпреварот меѓу Шкендија и Хибернијан е наредниот четврток со почеток од 20 часот, во меѓувреме тетовскиот тим му гостува на Вардар, тој дуел се игра во недела од 17:00 часот.


Реал го официјализира рекордниот трансфер на Диоманде

Веќе нема дилеми, Јан Диоманде е нов играч на Реал Мадрид, сагата заврши, клубовите го потврдија трансферот.

Реал Мадрид денеска објави дека постигнале договор со Лајпциг за трансферот.

„Реал Мадрид и Лајпциг постигнаа договор за трансфер на Јан Диоманде, кој потпиша договор со нас за следните седум сезони, до 2033 година“, стои во соопштението на кралскиот клуб.

Во наредните денови остана Реал Мадрид да реши уште две големи работи, продолжувањето на договорот со Винисиус и ангажманот на Родри.


Перишиќ дал согласност за враќање во Интер

Екипата на Интер може да го врати фудбалерот, Иван Перишиќ, кој го носи дресот на ПСВ Ајнтховен, објавија дел од медиумите во Италија.

Трансферот изгледаше блиску до реализација во изминатат зима но, холандскиот состав не сакаше да го пушти и постави обештетување од неколку милиони евра.

Хрватскиот репрезентативец во неколку наврати изјави дека сака да се врати во Милано. Перишиќ има договор до летото во 2027 година.


Лусаил го претстави Георг Стојановски

Македонскиот фудбалски интернационалец Георг Стојановски и официјално е нов фудбалер на катарскиот клуб Лусаил. Клубот од Доха официјално го промовираше македонскиот напаѓач како свое најново засилување во летниот преоден рок.

Младиот македонски голгетер потпиша тригодишен договор со тимот на Лусаил со опција за продолжување на уште две. Стојановски во Катар пристигнува по успешните настапи во Бугарија за екипата на Спарта Варна. Ова е голем трансфер и огромен чекор напред во неговата професионална кариера.

22-годишниот напаѓач се приклучи на Спартак во септември 2025 година. Тој одигра 27 натпревари, во кои постигна десет гола и имаше пет асистенции. Оваа сезона, Стојановски има два гола и една асистенција на два натпревари пред да направи трансфер во Катар.


Перишиќ пред враќање во Интер

Екипата на Интер може да го врати фудбалерот, Иван Перишиќ, кој го носи дресот на ПСВ Ајнтховен, објавија дел од медиумите во Италија.

Трансферот изгледаше блиску до реализација во изминатат зима но, холандскиот состав не сакаше да го пушти и постави обештетување од неколку милиони евра.

Хрватскиот репрезентативец во неколку наврати изјави дека сака да се врати во Милано. Перишиќ има договор до летото во 2027 година.


Меси со два гола се врати во дресот на Интер Мајами по Мундијалот

Лионел Меси го предводеше Интер Мајами со два гола во победата од 4-2 против мексиканскиот Атлетико Сан Луис во Лига Купот, натпреварување во кое клубови од САД, Канада и Мексико се борат за трофејот.

Аргентинскиот фудбалер на тој начин стана најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување. Тимот од Флорида стигна до победата на стадионот Чејс по пресврт.

Гостите поведоа во четвртата минута со голот на Давид Родригез, но Меси израмни во 11-та, а пред паузата во првиот дел го постигна својот втор гол. Стрелци за Интер Мајами беа и Теласко Сеговија и Микаел, додека Ноа Ален запиша дури три асистенции.

Натпреварот беше прекинат околу 30 минути во текот на второто полувреме поради грмотевици. По паузата, Рафа Љоренте успеа да го намали минусот на Сан Луис, но тоа не ја загрози победата на Интер Мајами, кои на тој начин ја продолжија својата серија без пораз на осум натпревари.

Ова беше втор натпревар на Меси по враќањето од Светското првенство, каде што стигна до финалето со Аргентина, а неговата репрезентација беше поразена од Шпанија со 1-0.

За разлика од претходниот натпревар против Колумбус Кру, кога влезе од клупата, против Сан Луис беше во почетниот состав.

Со два нови гола, тој дојде до бројката од 14 во само 12 настапи во Лига Купот. Со тоа, тој стана најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето и го престигна Денис Буанга од Лос Анџелес ФК. Заедно со головите, Меси имаше и асистенција за голот на Микаел во судиското продолжение во првото полувреме.


Мајорка убедливо го совлада ПСЖ

Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен со неочекуван пораз ги отвори подготовките за новата сезона. Повеќе од два месеци по освојувањето на втората титула во Лигата на шампионите, тимот на Луис Енрике загуби со убедливи 3-0 од Мајорка на пријателски натпревар одигран на стадионот „Сон Моикс“ во Мајорка.

ПСЖ подобро го започна натпреварот и уште во третата минута Хвича Кварацхелија се најде во одлична шанса, но неговиот удар го одбрани голманот Арнау Тенас. Казната пристигна во 21. минута, кога Зито Лувумбо го совлада чуварот на мрежата на парижаните и донесе водство за Мајорка.

Францускиот првак се обиде брзо да израмни преку Сени Мајулу, но Тенас повторно беше на висина на задачата. Пред заминувањето на одмор, домаќините ја удвоија предноста преку Јан Виргили, кој успешно ја заврши една добро изработена акција.

На почетокот од второто полувреме Мајорка го зададе конечниот удар. Антонио Рајиљо погоди со глава по изведен корнер за 3-0, а домаќините имаа можност и за четврти гол, но Лукас Шевалие спречи уште поубедлив пораз на ПСЖ.


Проблемите надминати, Реал го договори Диоманде

РБ Лајпциг ја доби сакната сума за Јан Диоманде. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе стане најскапото засилување во историјата на Реал Мадрид. „Атлетик“, објави дека сите детали околу трансферот се договорени, се чека само тој да биде официјализиран.

Според овој извор, но и според новинарот на „Скај Спорт“, Патрик Бергер, трансферот треба да вреди помеѓу 130 и 140 милиони евра.

Диоманде го привлече вниманието на најголемите европски клубови со своите импресивни настапи во сезоната 2025/26, во која постигна 13 гола и имаше 10 асистенции во 36 натпревари во сите натпреварувања за Лајпциг.

19-годишниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска се појави и на Светското првенство, каде што беше стартер во сите четири натпревари и запиша една асистенција.

Ливерпул, Манчестер Сити, Арсенал и Пари Сен Жермен беа заинтересирани за неговите услуги.

Иако Диоманде претходно наводно се залагал за трансфер во ПСЖ, францускиот шампион се откажа од преговорите бидејќи не беа подготвени да ги исполнат финансиските барања на Лајпциг, како и финансиските барања на фудбалерот.

Реал Мадрид така излезе во преден план во трката за талентираниот напаѓач, кој се смета за еден од најперспективните фудбалери на својата генерација благодарение на неговата исклучителна брзина, дриблинг и способност да игра на повеќе позиции во нападот.