фудбал

Модриќ ќе ја „скокне“ Малта за посвеж да го дочека крајот на сезоната

Лука Модриќ, ќе го пропушти натпреварот од квалификацискиите за СП 2022 година помеѓу Хрватска и Малта.
Стручниот штаб на репрезентацијата на Хрватска реши да му даде одмор на 35-годишниот предводник на хрватскиот тим. Натпреварот со Малта ќе се одигра вечерва во Загреб.
Модриќ, кој го одигра целиот натпревар со Кипар (1-0), го одигра 135- от натпревар за репрезентацијата и го престигна дефанзивецот Дарио Срна, кој го заврши својот настап во националниот тим во 2016 година. По Модриќ и Срна по бројот на одиграни натпревари за репрезентацијата, тука се Стипе Плетикоса (114 натпревари), Иван Ракитиќ (106), Јосип Шимуњиќ (105), Ивица Олиќ (104), Ведран Чорлука (103).
Покрај Хрватска и Малта, во групата Х играат селекциите на Русија, Словачка, Словенија и Кипар.


Тоа и го очекувавме – се враќаат навивачите во Англија!

Еден натпревар од полуфиналето на англискиот фудбалски ФА Куп ќе биде во рамки на пилот проектот на британските власти за враќање на поголем број навивачи на спортските натпреварувања за време на пандемијата на коронавирусот.
Британскиот министер за култура, Оливер Дауден рече дека еден натпревар ќе биде вклучен во проектот. Челзи и Манчестер Сити играат на 17. април, а ден подоцна ќе играат Лестер и Саутемптон.
„Сакаме да вратиме што повеќе луѓе на најбезбеден начин.“ – вели Дауден.
Во рамки на проектот е и Светското првенство во снукер, кое од 17. април до 3. мај ќе се одржи во Шефилд. Кон крајот на неделата властите ќе објават кои спортови ќе бидат опфатени со проектот, по потврдата дека наредната фаза на попуштање на мерките ќе стапи на сила на 12. април.
Според информациите, на натпреварот на Вембли би можело да има до 4 илјади гледачи, а во викендот кој следи потоа, на финалето од Лига купот, посетата би можело да биде двојно поголема.
Се истражува можноста на финалето од ФА Купот да има 20 илјади навивачи.


Порто-Челзи на неутрален терен, познато и каде!

Фудбалерите на Порто најверојатно ќе го дочекаат Челзи на неутрален терен во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите кој е на програмата во среда на 7. април.
Оваа информација се уште не е официјално потврдена, но според најавите, засега најголеми шанси за организација на натпреварот има шпанскиот град Севиља.
Отворено останува и прашањето дали шест дена подоцна Челзи ќе може да го дочека Порто на својот „Стемфорд Бриџ“, но за тоа дополнително ќе се одлучува.
Останатите парови од четвртфиналето се Манчестер Сити – Борусија Дортунд, Реал Мадрид – Ливерпул и Баерн Минхен – ПСЖ, а првите натпревари се веќе наредната недела.


Велс ослабен за тројца репрезентативци против Чешка

Репрезентацијата на Велс ги испрати дома тројцата репрезентативци Хал Робсон-Кану, Раби Матондо и Тајлер Робертс воочи квалификацискиот натпревар против Чешка кој се игра денеска бидејќи ги прекршија протоколите, објави Велшкиот фудбалски сојуз.
„Тројцата фудбалери се враќаат во своите клубови.“ – стои во соопштението во кое се додава дека нема да има дополнителни коментари за тој случај.
Иако нема објавено детали за тоа како фудбалерите ги прекршија протоколите, фудбалерот на Лидс Јунајтед, Тајлер Робертс се извини преку социјалните мрежи поради кршењето на правилата.
„Несреќни сме што го напуштаме кампот порано, но правилата се правила и не требаше да бидам горе во хотелот повеќе од зададеното време. Се извинувам да екипата и навивачите на Велс.“ – напиша тој.


Интер го претстави новиот грб (фото)

Милански Интер и официјално го претстави грбот за кој се нагодуваше како ќе изгледа веќе неколку месеци. Интер досега на грбот имаше испреплетени букви „Ф Ц И М“ на златна подлога опкружени со црна и плава боја, а од денеска ќе има само „И М“ на сина подлога во црн круг. Така, славниот италијански клубо по 14 пат во својата историја го промени клупскиот грб, а оваа година ќе доживее уште една промена. По цели 25 години, главниот спонзор Пирели си заминува од дресот и ќе го замени некоја од азиските компании. Најголеми кандидати се Евергранде, Хајсенс и Самсунг, а се шпекулира дека од тој договор Интер ќе заработува околу 35 милиони евра годишно.


„Кралевите“ гризат за потписот на Лукаку

Приоритет на Реал Мадрид на лето ќе биде доведување на врвен напаѓач. Ерлинг Халадн и Килијан Мбапе се на врвот на листата желби на „кралевите“, но конкуренцијата за нив е огромна и трансферната сума исклучително висока. Поради тоа шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид ќе се насочи кон Ромелу Лукаку. Белгиецот игра фантастично во дресот на Интер и во Мадрид веруваат дека би можел да биде идеален наследник на Карим Бензема. „Нероаѕурите“ моментално имаат финансиски проблеми, па Реал ќе се обиде да ги искористи и ќе испрати понуда од 80 милиони евра. Притоа, на Лукаку му нудат многу повисока плата од актуелната која ја заработува во Милано.


Сити и Стерлинг ги „замрзнаа“ преговорите за нов договор

Преговорите помеѓу Манчестер Сити и Рахим Стерлинг за евентуаелн нов договор во моментов се „замрзнати“. Меѓутоа причината за тоа не е желбата на двете страни да ја продолжат соработката. На почетокот на годинита Стерлинг се раздели со својот агент Ејди Ворд и во моментов нема агент. Клубот ќе го почека Стерлинг со кој менаџер ќе одлучи да работи, а потоа ќе продолжат преговорите за продолжување на договорот. До тогаш приоритет за продолжување на договорот ќе биде Кевин Де Брујнe со кого преговорите се во финална фаза.


Бејл потврди дека сака да се врати во Мадрид

Герет Бејл најверојатно на крајот на сезоната ќе се врати во Реал Мадрид. „Договорот ми кажува дека треба да се вратам во Реал Мадрид. Треба да го сторам токму тоа затоа што имам потпишан договор.Реал Мадрид ги задржа моите права. Се согласив да играм за Тотенхем до крајот на сезоната и потоа мора да се вратам. Тоа се моите планови. Го напуштив Мадрид затоа што сакав да играм почесто. Се надевам дека ќе имам добра завршница на сезоната со Тотенхем“, потенцираше Бејл кој во 2013 година за 100 милиони евра ги напушти „Спарси“ и се пресели кај „кралевите“.


Барса притиска за трансфер на Халанд

Новото раководство на Барселона е оптимист дека може да ја добие големата трансфер битка за Ерлинг Халанд, која ќе се води следното лето. Според каталонскиот „Спорт“ од „Камп Ноу“, луѓето на Норвежанецот веќе биле информирани дека тој е нивната главна цел. И покрај сите финансиски тешкотии и високата цена на напаѓачот, Жоан Лапорта смета дека овој трансфер е стратешки и витален за поставување на нов успешен почеток. Барселона процени дека ќе има само еден врвен трансфер ова лето и тој ќе биде централен напаѓач. Сепак, пред воопшто да се појави со понуда, каталонскиот клуб ќе мора да ја собере потребната сума. За оваа цел, барем еден или двајца од сегашните играчи мора да бидат продадени, а покрај тоа раководството ќе се обиде да ги намали платите.


Маунт го израмни постигнувањето на Лампард

Англискиот репрезентативец, 22-годишен играч за врска Мејсон Маунт, кој постигна гол во квалификациите за СП 2022 против Албанија (2-0) во групната фаза од квалификациите за СП 2022 година, го повтори достигнувањето на Френк Лампард како играч во мај 2013 година.
Како што беше објавено, Мејсон Маунт е првиот играч на Челзи кој постигнал гол или асистирал на најмалку три натпревари по ред за Англија по Френк Лампард, чија серија достигна 7 последователни натпревари и заврши во мај 2013 година.
Албанија и Англија се во групата И во квалификациите за СП 2022 година, каде ривали им се Полска, Унгарија, Андора и Сан Марино. Англија со шест бода е лидер на табелата.