фудбал

Конечно – Клоп добива приоритетни засилувања!

Ливерпул веќе одамна не е во конкуренција за одбрана на титулата. Тимот на Клоп од почетокот на сезоната имаше огромни проблеми во поглед на повреди. Најзначајни беа тие во дефанзивата, Ван Дајк и Гомез се на прагот на опоравување, а тандемот ја пропушти скоро цела сезона.
Германскиот стручњак во јануари ги доведе Кабак и Дејвис, но на лето ќе следи вистинското засилување на дефанзивата пред Алисон. Англиските медиуми пренесуваат дека трансферот во Лајпциг е блиску до финализирање.
Мета е 21-годишниот Ибрахима Конате. Дефанзивецот на Лајпциг игра одлична сезона, во Германија игра во тандем со Упамекано, кој од наредната сезона ќе го носи дресот на Баерн. „Црвените“ се на прагот на договор со Конате, но цената останува 40 милиони евра, колку што изнесува и откупната клаузула.
Покрај дефанзивец, Ливерпул ќе го реши и прашањето на резервен голман. Алисон е без конкуренција, Адриан ќе го напушти клубот на крајот од сезонава, а младиот Келехер се уште не е на потребното ниво. Се шпекулира дека засилувањето ќе биде Угурчан Чакир, голманот на Трабзон. За Турчинот ќе биде потребно да се издвојат околу 20 милиони евра, а јасно е дека Клоп посакува многу постабилна сезона.


Крос најави репрезентативна пензија по Европското првенство

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Германија Тони Крос (31 година) одлучи да се повлече од репрезентацијата на Германија по крајот на претстојното Европско првенство, објави „Билд“. Така, играчот за врска ќе сака да се фокусира на неговиот настап во Реал Мадрид. Крос е дел од Бундестимот од 2010 година и беше во составот кој ја освои светската титула на Светското првенство во Бразил во 2014 година. Непосредно по финалето во Јужна Америка, тој потоа се пресели во Реал Мадрид, каде е и ден денес. Играчот за врска во моментов се опоравува од повредата и поради оваа причина не е дел од изборот на селекторот Јоаким Лев за овие квалификациски натпревари.


Баерн и Јуве подготвуваат трампа на фудбалери за врска

Хасан Салихамиџиќ е силно заинтересиран за плејмејкерот на Јувентус, Родриго Бентанкур. Главна цел на Баварците во летниот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред, а Бентанкур е на врвот на листата желби. Уругваецот оваа сезона не добива голема минутажа и Јувентус е спремен да го продаде, а Баврците и нудат трампа на „старата дама“. Имено, Баерн е спремен да понуди трампа, така што во Торино ќе ги испрати Леон Горецка. Горецка има договор до 2022 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а Јувентус е заинтересиран за Германецот.


Интер нуди 70 милиони евра за Муриел и Госенс од Аталанта

Аталанта веќе неколку сезони игра фантастично во Серија А, па во Бергамо се промовираа неколку фудбалери кои се мета на европските гиганти. Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е заинтересиран за две ѕвезди на Аталанта и за тоа спремил 70 милиони евра. Имено, Антонио Конте сака во својот тим да ги донесе напаѓачот Луис Муриел и левиот бек Госенс. Двајцата фудбалери се спремни за чекор напред во кариерата и сакаат да се прселат во Милано, а „нероаѕурите“ веќе спремија понуда од 70 милиони евра.


Италија и Турција ќе го отворат ЕП со гледачи на трибините во Рим

Натпреварот меѓу Италија и Турција, со кој на 11 јуни во Рим ќе биде отворено Европското првенство во фудбал ќе се одигра во присуство на гледачи и покрај пандемијата со ковид-19, потврди претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз Габриеле Гравина. Тој на прес-конференција во Рим соопшти дека публиката ќе биде присутна на стадионот „Олимпико“, но не ја прецизираше бројката на навивачи. Сè уште не знам колку гледачи ќе има, но сигурно ќе има многу луѓе, најави првиот човек на италијанскиот фудбал. Италија е една од 12-те земји домаќини на претстојното ЕП, а во услови на пандемија на коронавирус на европскиот континент плановите за одржување на едномесечниот турнир сè уште не се прецизирани.


Откриено за кој премиерлигаш навива ѕвездата на Барселона

Играше во Франција, Германија и Франција, но Осман Дембеле со посебна страст следи клуб кој не е поврзан со ниту една од наведените лиги.
Патрик Бамфорд од Лидс даде интервју за официјалната клупска страница, во кое откри дека Дембеле е голем навивач на Лидс, толку голем што на посебен начин го побарал неговиот дрес.
Дембеле преку францускиот голман Мелие го побарал дресот на Бамфорд, а Бамфорд, секакo воодушевен од тоа, го подарил својот дрес.
„По натпреварот Мелие ми рече дека го сака мојот дрес, а јас му реков дека нема никаков проблем и прашав за кого му треба. Ми одговори дека му треба за Дембеле, оној од Барселона. Не ми беше ништо јасно, а потоа ми објасни дека сака дрес и од Калвин Филипс, бидејќи Дембеле е голем навивач на Лидс. Пред некој ден на полноќ ме побара на телефон и ми го покажа дресот на Барселона на кој пишува „За мојот брат Бамфорд, од Дембеле“.“ – вели напаѓачот на Лидс.


Креспо го доведе поранешниот напаѓач на Интер во Сао Паоло

Италијанскиот фудбалер Едер е нов член на Сао Паоло. Бразилскиот клуб потврди дека Едер потпишал договор на две години. Овој 34 годишен напаѓач дојде во Сао Паоло од кинескиот Џангсу каде што играше од 2018 година. Најголем чекор во кариерата на Едер беше трансферот од Сампдорија во Интер во 2016 година, а претходно го носеше дресот на Чезена, Бреша, Емполи и Фросиноне. За репрезентацијата на Италија одигра 26 натпревари и постигна шест голови.


Јунајтед го договори Љоренте од Атлетико Мадрид

Челниците Манчестер Јунајтед ќе му понудат на Атлетико Мадрид големи 80 милиони евра за фудбалерот од средниот ред Маркос Љоренте. Сумата е навистина висока споредено со кризата што ја предизвика пандемијата со ковид-19 и може да ги натера луѓето од Шпанија да ја прифатат. Изданието наведува дека самиот играч не сака да го напушти Атлетико затоа што се чувствува среќен во клубот. Фудбалерот на „јорганџиите“ во тековнава сезона има 10 погодоци и 9 асистенции. Тој лично доби понуда од англичаните да заработува двојно повеќе од тоа што го добива на – „Ванда Метрополитано“.


Дибала со својот одговор го изненади Јувентус

Газета Дело Спорт тврди дека Пауло Дибала нема намера да го напушти Јувентус ова лето, сака да го одработи договорот до крај, а тоа подразбира дека до јуни 2022. година ќе остане играч на „старата дама“.
Раководството на Јувентус има намера да го продаде Дибала ова лето, веќе преговара со заинтересирани клубови, сака да профитира бидејќи напаѓачот им соопштил дека нема намера да го продолжи договорот.
Дибала бара поголема плата за да го продолжи договорот, од Јувентус има понуда на 10 милиони по сезона, но тоа е малку за Аргентинецот.
Во Јувентус не се задоволни од одлуката на Дибала, тој во 2019. година одби да замине во Јунајтед како дел од трансферот на Лукаку кај „старата дама“.


Фенербахче го сака Сари на клупата

Поранешниот тренер на фудбалерите на Челзи, Наполи и Јувентус, Мауруцио Сари може да седне на кормилото на турскиот гигант, Фенербахче, објавија дел од медиумите. Екипата од Истанбул неодамна му врачи отказ на Ерол Булут и како времено решение го ангажираше легендарниот, Емре Белозоглу, кој паралелно ја извршува и функцијата спортски директор. Според турските медиуми, 62-годишниот стратег ги започнал преговорите со раководството на Фенербахче иако има одредени шпакулации дека може да се врати во Серија А.