фудбал

Азар ги послуша докторите и одби трета операција на глуждот

Кошмарот на Еден Азар со повреди продолжува откако пристигна во Реал Мадрид летото 2019 година. Тој доби уште една повреда на мускулот кратко време откако се врати во тренажен процес. Белгиецот ќе биде надвор од теренот од 4 до 6 недели, но се надева дека ќе биде подготвен за настап на Европското првенство. Причината за повредите на мускулите на Азар е проблем во левиот скочен зглоб, од кој страдаше подолго време. Тој размислувал за операција на зглобот за отстранување на метална плочка која била поставена за да обезбеди поголема стабилност. Играчот веруваше дека оваа плочка предизвикува непријатност и е причина за повреди на мускулите. Докторите и медицинските лица од Реал Мадрид и од Лондон, со кои Азар работи одделно, го советуваа да не оди на операција. По консултациите, фудбалерот се откажа од оваа опција и ќе продолжи со опоравување од последната повреда без операција.


Борусија Дортмунд го продава Дахуд во Англија

Играчот за врска на Борусија Дортмунд, Махмуд Дахуд, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Според „Дејли мејл“, Манчестер Сити, Челзи, Тотенхем и Евертон го следат фудбалерот. Договорот на Махмуд со германскиот клуб истекува летото 2022 година и тој сè уште не се согласил за негово продолжување. Дахуд потекнува од Борусија Менхенгладбах, а во истоимениот клуб се пресели во 2017 година, потпиша договор на пет години. Од минатата година, играчот кој потекнува од Сирија е повикан во германската репрезентација. Оваа сезона, 25-годишниот играч за врска учествуваше на 12 натпревари од германската Бундес лига, на кои постигна еден гол. Исто така играчот постигна еден гол на четири натпревари од Лигата на шампионите.


Одреден терминот за второто овосезонско „Ел Класико“

Одреден е точниот датум и време на еден од највозбудливите дуели не само во шпанскиот, туку и во светскиот фудбал – „Ел Класико“. Бранителот на титулата од минатата година Реал Мадрид ќе биде домаќин на својот голем ривал Барселона на 10 април (сабота) од 21:00 часот во натпревар од 30. коло на шпанското првенство Меѓу другото, натпреварот може да биде клучен во битката за првото место во „Ла Лига“, бидејќи и Барселона и Реал Мадрид неодамна ја намалија разликата со лидерот на табелата Атлетико Мадрид.Тимот од „Ванда Метрополитано“ има 4 бода предност пред Каталонците и 6 пред Реал Мадрид. Барселона и Реал Мадрид веќе се сретнаа еднаш оваа сезона во „Ла Лига“, Реал Мадрид тогаш победи на „Камп Ноу“ со 3:1, а мечот се одигра во октомври.


Лапорта подготвува доживотен договор за Лео Меси

Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има јасна идеја што да му понуди на Меси, за да го убеди да остане на „Камп Ноу“.
Договорот на капитенот истекува на крајот на сезоната, па Лапорта нема време за губење и веќе направи план. Самиот Меси побарал гаранции дека на „Камп Ноу“ повторно ќе се игра за титули и дека ќе бидат донесени нови врвни фудбалери. На Аргентинецот особено му е важно Барса да биде конкурентна за трофејот во Лигата на шампиони.
Лапорта ќе му понуди на Меси помала плата од актуелната поради финансиската криза, но сепак е оптимист дека Аргентинецот ќе прифати.
На Меси ќе му биде предложена директорска фукција во клубот после завршување на фудбалската кариера. Притоа, Лапорта ќе му вети на капитенот дека клубот ќе продолжи да инвестира во „Ла Масија“ и дека многу млади таленти ќе добиваат шанса во првиот тим.


Хулк губи по пет килограми на натпревар!

34-годишниот Хулк оваа зима од Кина се врати во бразилски Атлетико Минеиро.
Поранешниот напаѓач на Порто и Зенит и играч кој за Бразил одигра 48 натпревари, последните четири години настапуваше за кинески Шангај, а со 34 години се врати во својата татковина.
Некогашниот репрезентативец на Бразил е познат по големата снага поради која и го доби прекарот Хулк, а колку е физички посебен сведочи и фактот што по натпревар тој губи дури пет килограми!
Тоа го објасни Роберто Киари, физиотерапевтот на Атлетико. Тој тврди дека Хулк веќе на наредниот натпревар доаѓа со неколку нови килограми со кои ги надокнадува загубените за време на тренинг или натпревар.
„Хулк доста се поти, тоа не е нешто лошо. Дури спортист кој многу поти, се користи со најефикасниот механизам за ослободување на телесната топлина. Тоа се случува при потењето. Таа пот, кога испарува, прави спортистот ефикасно да губи телесна топлина. Тоа значи дека губењето на повеќе килограми со дехидрација преку потење не е проблем. Потребно е само да се посвети внимание на хидратацијата на овој играч.“ – објасни Киари, па додаде:
„Нашите луѓе стојат на работ од теренот со шишенца со вода и кога Хулк ќе застане, веднаш добива шишенц. Тој доста дехидрира за време на натпреварите и тренинзите, па затоа мора прв да дојде по изотонична вода.“


Челзи добива засилување од соништата од Сити?!

Челзи се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите, со одличната одбрана го „архивираа“ Атлетико, победија со нивното оружје, а тимот на Тухел навистина е за избегнување на утрешната ждрепка.
„Сите ќе сакаат да не играат со нас.“ – заклучи Тухел, кој слободно може да се каже дека го „прероди“ Челзи.
Инаку, „сините“ од Лондон се во потрага по нов напаѓач, една варијанта е да го испратат Вернер во Дортмунд за Халанд, но тоа не е реално. Наводно нудеа и 50 милиони на Јувентус за Дибала, но тоа е недоволно.
Она што го планираат го објавија англиските медиуми.
Имено, Челзи ќе му понуди договор на Серхио Агуеро. Според одредени информации, Аргентинецот не сака во Барселона, сака да остане во Премиерлигата, ќе биде слободен играч ,а во Лондон го чекаат со ширум отворени раце. Би бил огромно засилување, не само поради квалитетот, туку и искуството, а би можел да биде и ментор на помладите играчи.


Борусија се подготвува за живот после Халанд

Се појасно е дека Борусија Дортмунд тешко ќе го задржи Ерлинг Халанд во своите редови по најавите дека Норвежанецот би можел да го напушти клубот уште по крајот на тековната сезона.
Секако, „милионерите“ сосема пристојно ќе заработат на него, а Германците веќе имаат и резервен план.
Медиумите во Англија тврдат дека Дортмунд е заинтересиран за напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги.
Белгијанецот би чинел околу 15 милиони евра, што не би било проблем за Борусија, „црвените“ сакаат да се ослободат од него, па ова би била вистинската прилика за такво нешто.
Ориги добиваше шанса воглавно од клупата, јасно е дека за него на Енфилд веќе нема место, што ќе го натера 25-годишниот напаѓач сериозно да размисли за заминување во Дортмунд, доколку се поајви таква можност.


Нагелсман прв пик ако Баерн остане без Флик

Баерн Минхен ќе се обиде да го убеди тренерот на РБ Лајпциг Јулијан Нагелсман да го преземе тимот доколку Ханзи Флик замине од „Алијанц Арена“. Баварците немаат желба да се разделат со нивниот сегашен тренер, но тој може да ја преземе репрезентацијата на Германија. Откако Јоаким Лев најави заминување по ЕП кое се одржува ова лето, тамошната федерација бара опции за негова замена и Флик е меѓу фаворитите. Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ веќе стапи во контакт со претставниците на Нагелсман за да ја испита можноста тој да го преземе тимот. Тенерот има договор со Лајпциг до 2023 година, но Баварците можат да го привлечат за одредена сума, а се споменува 10 милиони евра. 33-годишниот тренер беше опција за шампионот на Германија и Европа дури и по отказот за Нико Ковач. Нагелсман исто така беше поврзуван со работа во Барселона, Тотенхем и Челзи. Според „Билд“, тој се чувствува одлично во Лајпциг, но можноста да го предводи Баерн можеби е премногу примамлива.


Ако се оперира, Азар ќе стави крај на кариерата?!

Еден Азар по трет пат го повреди истиот зглоб и со тоа се продолжи серијата на неговите повреди откако дојде во Реал Мадрид во 2019. година. Белгискиот капитен е соочен со нова операција, поради која би можел да го пропушти остатокот од сезоната, како и Европското првенство. Сепак, лекарот Хозе Гонзалез сугерира дека нова операција на истиот зглоб за Азар би можела да значи и крај на кариерата. „Трета операција на неговиот зглоб е доста ризична, бидејќи постои можност потоа да не може веќе да игра фудбал. Без операција ќе може да тренира за неколку месеци, но не и да игра. Од искуство ќе ви кажам дека Азар веќе нема да настапи сезонава за Реал.“ Лекарот му даде и совет: „Додека не биде 100 отсто подготвен, не треба да се враќа на терен. Кога играч се враќа по подолга пауза во која не тренирал, јасно е дека повторно ќе се повреди.“ Азар досега одигра 36 натпревари за Реал и постигна четири погодоци.


Гонсалвеш од Порто е нов приоритет на Солскјер и „ѓаволите“

Џејдон Санчо сега е на третото место во трансферните приоритети на Оле Гунер Солскјер, пренесуваат медиумите на Островот. Солскјер прво сака да го засили тимот во две други зони, а дури потоа ќе се насочи кон англискиот репрезентативец, кој минатото лето беше трансфер цел број еден на „црвените ѓаволи“. Приоритет на Манчестер Јунајтед ќе биде централен дефанзивец и централен напаѓач, но не се посочувата конкретни имиња. За засилување на крилната позиција Јунајтед ја следи ѕвездата на Спортинг Лисабон, Педро Гонсалвеш. Гонсалвеш сезонава постигна 15 гола на 21 меч, а неговата цената е многу помала од таа на Санчо.