фудбал

Нагелсман прв пик ако Баерн остане без Флик

Баерн Минхен ќе се обиде да го убеди тренерот на РБ Лајпциг Јулијан Нагелсман да го преземе тимот доколку Ханзи Флик замине од „Алијанц Арена“. Баварците немаат желба да се разделат со нивниот сегашен тренер, но тој може да ја преземе репрезентацијата на Германија. Откако Јоаким Лев најави заминување по ЕП кое се одржува ова лето, тамошната федерација бара опции за негова замена и Флик е меѓу фаворитите. Спортскиот директор на Баерн, Хасан Салихамиџиќ веќе стапи во контакт со претставниците на Нагелсман за да ја испита можноста тој да го преземе тимот. Тенерот има договор со Лајпциг до 2023 година, но Баварците можат да го привлечат за одредена сума, а се споменува 10 милиони евра. 33-годишниот тренер беше опција за шампионот на Германија и Европа дури и по отказот за Нико Ковач. Нагелсман исто така беше поврзуван со работа во Барселона, Тотенхем и Челзи. Според „Билд“, тој се чувствува одлично во Лајпциг, но можноста да го предводи Баерн можеби е премногу примамлива.


Ако се оперира, Азар ќе стави крај на кариерата?!

Еден Азар по трет пат го повреди истиот зглоб и со тоа се продолжи серијата на неговите повреди откако дојде во Реал Мадрид во 2019. година. Белгискиот капитен е соочен со нова операција, поради која би можел да го пропушти остатокот од сезоната, како и Европското првенство. Сепак, лекарот Хозе Гонзалез сугерира дека нова операција на истиот зглоб за Азар би можела да значи и крај на кариерата. „Трета операција на неговиот зглоб е доста ризична, бидејќи постои можност потоа да не може веќе да игра фудбал. Без операција ќе може да тренира за неколку месеци, но не и да игра. Од искуство ќе ви кажам дека Азар веќе нема да настапи сезонава за Реал.“ Лекарот му даде и совет: „Додека не биде 100 отсто подготвен, не треба да се враќа на терен. Кога играч се враќа по подолга пауза во која не тренирал, јасно е дека повторно ќе се повреди.“ Азар досега одигра 36 натпревари за Реал и постигна четири погодоци.


Гонсалвеш од Порто е нов приоритет на Солскјер и „ѓаволите“

Џејдон Санчо сега е на третото место во трансферните приоритети на Оле Гунер Солскјер, пренесуваат медиумите на Островот. Солскјер прво сака да го засили тимот во две други зони, а дури потоа ќе се насочи кон англискиот репрезентативец, кој минатото лето беше трансфер цел број еден на „црвените ѓаволи“. Приоритет на Манчестер Јунајтед ќе биде централен дефанзивец и централен напаѓач, но не се посочувата конкретни имиња. За засилување на крилната позиција Јунајтед ја следи ѕвездата на Спортинг Лисабон, Педро Гонсалвеш. Гонсалвеш сезонава постигна 15 гола на 21 меч, а неговата цената е многу помала од таа на Санчо.


Европскиот првак се интересира за Бастони од Интер

Баерн Минхен е силно заинтересиран за младиот дефанзивец на Интер, Алесандро Бастони, пренесуваат италијанските медиуми. Спортскиот диркетор на Баварците, Салихамиџиќ веќе го контактирал менаџерот на Бастони, бидејќи верува дека Италијанецот ќе биде идеален партнер за Упамекано следната сезона. 21-годишниот Италијанец веќе втора сезона игра во Интер и оваа сезона е еден од најдобрите поединци во тимот на Конте. Станува збор за еден од најголемите таленти на Апенините, па Баерн сака да ја разгледа можноста за негов ангажман.


Тотенхем го сака Милитао од Реал Мадрид

Жозе Мурињо е силно заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Милитао. Милитао има тешка прва сезона на „Сантиаго Бернабеу“ со оглед дека не може да се избори за голема минутажа покрај неприкосновенииот тандем Варан – Рамос. 23-годишниот дефанзивец беше платен 50 милиони евра и требаше да биде големо засилување, но сега и самиот размисува да ја промени средината бидејќи не добива голема минутажа. „Специјалниот“ е во потрага по квалитетен дефанзивец и сака да ги искористи добрите односи со Реал Мадрид за да го донесе Милитао.


Два италијански гиганти го сакаат потписот на Ван ден Бек

Дони ван де Бек не е задоволен од својот статус во Манчестер Јунајтед и би можел наскоро да го напушти „Олд Трафорд“.
Англиските медиуми тврдат дека ситуацијата внимателно ја следат Јувентус и Милан, кои сакаат да го донесат во своите редови на лето.
23-годишниот Холанѓанец оваа сезона има многу мала минутажа во Премиер лигата, а на „Олд Трафорд“ пристигна за 40 милиони евра.
Италијанските клубови сакаат да го искористат незадоволството на Ван де Бек и да го донесе во Серија А за поволна цена.
Поради слабата сезона цената на Холанѓанецот падна, па споменатите клубови се спремни да понудат 25 милиони евра.


Харгривс: Само еден тим може да застане на патот на Сити сезонава во ЛШ

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и на Баерн Минхен, Овен Харгривс, вели дека само Баварците можат да му застанат на патот на англискиот состав кон титулата во Лигата на шампионите.
Избраниците на Пеп Гвардиола се неприкосновени лидери во Премиер-лигата додека со вчерашната елиминација на Борусија Менхенгладбах лесно си обезбедија место меѓу најдобрите 8 екипи во елитната конкуренција на Европа.
„Со оглед на формата во која игра Сити се гледа дека имаат квалитет да освојат четири пехари во една сезона. Гледам дека само еден тим може да го сопре походот на Сити кон титулата во Лигата на шампионите. Тоа е Баерн Минхен“, рече Харгривс.


Пред формирање „Бенелига“ – шампионат на Белгија и Холандија

Белгиските клубови, вкупно 25 изгласаа и поддржаа спојување на својот државен шампионат со првенството на Холандија, односно формирање на ново натпреварување.
Оваа информација е објавена на официјалниот сајт на белгиската професионална лига.
„Ваквата желба се темели на почитувањето на спортските амбиции на најголемите клубови и потребата да се обезбеди финансиска стабилност за сите екипи“, се додава во соопштението. Комбинираното првенство ќе го носи името „Бенелига“, а деталите се уште не се објавени.
Лидер во Белгија е Клуб Бриж со 70 бодови, пред Антверпен и Генк (49). Во Холандија Ајакс со 63 бода после 25 кола е прв во шампионатот на Холандија. ПСВ има 55, а АЗ Алкмар 52.


По големата прослава, Рамос со нов „ладен туш“!

Серхио Рамос полека се враќа во натпреварувачки ритам. После натпреварот со Елче, околу 60 минути на теренот забележа и против Аталанта, што му беше доволно и да се запише во листата на стрелци.
Клубот од Мадрид е во очекување на ждрепката за четвртфиналето во ЛШ, трката во Ла Лига за титулата е повторно актуелна. Веќе неколку месеци траат шпекулациите околу новото продолжување на договорот на Рамос, засега Перез нуди едногодишен договор со истите финансиски услови, а по смирувањето на пандемијата повторно да се седне на преговарачка маса.
Синоќа по натпреварот, капитенот на Реал изјави дека нема напредок во преговорите.
„Нема ништо ново по прашањето на моето продолжување на договорот или преговорите со Реал Мадрид.“ – изјави Рамос.
Според информациите, на ветеранот наводно не му се допаѓа предлогот на Перез, а интерес за него пројавуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.


Два лондонски клуба „гризат“ за Пауло Дибала

Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медиуми. Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката. Дибала оваа сезона е во втор план кај Пирло, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат за да финансираат трансфер на нова ѕвезда во нападот. Најсилен интерес за Аргентинецот покажуваат Челзи и Тотенхем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.