фудбал

Арсенал договори лични услови со Пиеро Хинкапи

Арсенал направи голем чекор напред во обидот да го доведе Пиеро Хинкапи. Еквадорскиот дефанзивец наводно постигнал личен договор со клубот и целосно го прифатил проектот на Арсенал. Сега останува само клубовите да ја завршат официјалната зделка за трансферот, по што играчот ќе потпише долгорочен договор. 

Но, трансферот на Хинкапи зависи од иднината на Јакуб Кивиор, кој би можел да ослободи место во тимот доколку се реализира неговиот премин во Порто. Португалскиот клуб наводно нуди 26 милиони евра преку позајмица со обврска за откуп. 

Арсенал внимателно ги координира двата трансфера, со намера да го потврди доаѓањето на Хинкапи откако ќе биде договорено заминувањето на Кивиор. Клубот е подготвен да испрати официјална понуда за позајмица со обврска за откуп, стратегија што обезбедува финансиска рамнотежа и стабилно менаџирање на ростерот додека летниот преоден рок се приближува кон крајот. 

Со преговори што напредуваат на двете страни, одбраната на Арсенал би можела да добие сосема нов изглед наскоро. 


Челзи бара надоместок додека Ливерпул подготвува договор за Рио Енгумоха

Челзи и Ливерпул се во жестока правна битка за иднината на тинејџерската сензација Рио Енгумоха, кој минатото лето ја напушти академијата на Челзи и премина во Ливерпул. 16-годишниот напаѓач неодамна постигна драматичен гол во последните минути на својот Премиерлигашки дебитантски натпревар за Ливерпул, но сега е во центарот на спор околу надоместокот за трансферот. 

Челзи бара значителна сума од Ливерпул, обвинувајќи ги ривалите од Премиер Лигата дека го „крадат“ врвниот талент без претходен договор за надоместок. Според правилата на лигата, ваквите случаи обично се решаваат преку комисија или трибунал, но договор сè уште нема. 

Ливерпул планира да му понуди прв професионален договор на Енгумоха кога ќе наполни 17 години, што е важен чекор во неговата ветувачка кариера. Сепак, клубот се подготвува за правен судир бидејќи Челзи инсистира на висока сума што може да постави нов преседан, особено поради неодамнешните игри на тинејџерот. Челзи верува дека неговите пробивни настапи го зајакнуваат нивниот случај за поголем надоместок. 

Слични спорови во минатото резултираа со милионски нагодувања, како трансферот на Харви Елиот од Фулам во Ливерпул. Тврдиот став на Челзи е одраз на желбата да ја заштити својата академија и да ги одврати ривалите од агресивно регрутирање на млади таленти. Исходот од овој случај ќе биде внимателно следен и може да влијае на идните трансфери во елитните академии на Премиер Лигата. 


Искусниот Лукас Васкез ново засилување на Баер Леверкузен

Баер Леверкузен официјално го потврди ангажманот на шпанскиот репрезентативец Лукас Васкез, кој пристигнува како слободен агент. 34-годишниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид потпиша договор до јуни 2027 година, носејќи искуство и разновидност во германскиот тим кој се подготвува за клучна сезона. 

Васкез е познат по својата брзина, приспособливост и неуморна работа на теренот. Може да настапува како крило и како десен бек, што му дава на Леверкузен дополнителна тактичка флексибилност и опции во нападот. 

По години играње на највисоко ниво во Ла Лига и Лигата на Шампионите, Васкез доаѓа со богато искуство и победнички менталитет. Со Реал Мадрид освои бројни домашни и меѓународни трофеи, а неговото лидерство се очекува да има силно влијание во соблекувалната на Леверкузен. 

Овој трансфер е јасен сигнал за амбициите на Леверкузен пред предизвикувачката сезона што следи. Со Васкез во тимот, клубот јасно покажува дека има сериозни намери да се бори за врвни позиции во Бундеслигата и за продлабочување на учеството во европските натпреварувања. 


Капитенот на Јунајтед отворен за преселба во Саудиска Арабија или САД

Бруно Фернандеш наводно е отворен за трансфер во странство по завршувањето на сезоната 2025/26, при што опциите во Саудиската Про Лига и МЛС се дел од можните дестинации. Иако засега останува целосно посветен на Манчестер Јунајтед, капитенот на тимот размислува за следната фаза во неговата кариера, по завршувањето на Светското Првенство во 2026 година. 

Интересот од саудиските клубови не стивнува. Ал-Итихад неодамна испратил богата понуда во вредност од околу 33 милиони фунти годишно. Фернандеш претходно ја одби сличната понуда од Ал-Хилал, нагласувајќи дека сè уште сака да се натпреварува на највисоко ниво во Европа. 

Сепак, со приближувањето на 32-от роденден во 2026 година и влегувањето во завршната фаза од договорот со Јунајтед, се зголемува неговата отвореност кон трансфер во странство. Извори блиски до играчот велат дека идејата за нов предизвик – било на Блискиот Исток или во САД – станува сè поинтересна за него. 

Манчестер Јунајтед, наводно нема намера да се раздели со Фернандеш барем до крајот на сезоната 2025/26. Клубот го гледа како клучна фигура и лидер на теренот. Сепак, доколку пристигне сериозна понуда од Саудиска Арабија, не се исклучува можноста раководството да преиспита дел од своите позиции – особено ако се земе во предвид финансискиот аспект. 

Во меѓувреме, се очекува Фернандеш да ја одигра сегашната сезона со Јунајтед. Но по 2026 година, ново поглавје во неговата кариера сè повеќе се насетува. 


Антони на чекор до останува во Севиља, Јунајтед и Бетис пред договор

Бетис напредува во однос на реализирање на една од своите големи трансферни цели – да го обезбеди Антони од Манчестер Јунајтед и за следната сезона.

Според Фабрицио Романо, двата клуба воделе директни разговори во понеделник, и комуникацијата продолжила денес. Понудата на андалузијците е повторно за почетна позајмица на Бразилецот со опција за откуп. Мајк Макграт од „Дејли Телеграф“ дури тврди дека двата клуба веќе дошле до принципиелен договор за зделката.

Манчестер Јунајтед преферираше директна продажба уште сега, но клубот не доби поволна понуда за таква. Желбата на самиот Антони беше да се врати во Бетис, каде што минатата сезона одигра 26 натпревари, во кои постигна девет гола и запиша пет асистенции.

На „Бенито Виљамарин” продолжуваат да ја чуваат фудбалската маица со бр.7 за Антони.


Реал и Олимпик Марсеј во завршни преговори за Себаљос

Реал Мадрид и Марсеј сè уште не можат да постигнат договор за трансферот на играчот од средниот ред на „кралскиот клуб“ Дани Себаљос, соопштува трансфер експертот Фабрицио Романо.

Како што е познато, 29-годишниот шпански полузащитник објави на социјалните мрежи дека ќе го напушти клубот, а ОМ веднаш изрази интерес за него.

Во овој момент, меѓутоа, двата клуба не можат да се договорат. Пречката е во побарани 15 милиони евра од Реал за играчот, кои изгледаат премногу на Французите.

Себаљос игра за кралскиот клуб од 2017 година, откако пристигна во Мадрид од Бетис. Тој има одиграно 194 натпревари за Реал, во кои постигна 7 гола, додека меѓувреме имаше период на позајмица од две години во Арсенал. Но, во последно време играчот добива премногу малку шанси за изразување.

По оваа причина Марсеј се насочи кон друг полузащитник – играчот од средниот ред на Бенфика Флорентино Луис. Станува збор за позајмица со обврска за трајно купување. ОМ интензивно бара внатрешен полузащитник, а сè уште не е јасно каква ќе биде судбината на тешко провиниениот ас во средината на теренот Адриен Рабио.


Исак знае што сака и инсистира на трансфер во Ливерпул

Александар Исак јасно им кажа што сака на челниците на Њукасл кои разговараа во неговиот дом.

Пред вчерашниот натпревар меѓу Њукасл и Ливерпул, Ишак разговараше со челниците на Њукасл, а единствената тема беше неговата иднина на Сент Џејмс Парк.

Порано овој месец, Свраките добија формална понуда од 130 милиони евра од Ливерпул за напаѓачот кој сака да замине, но таа беше одбиена.

Потоа, Исак јавно изјави дека Њукасл ги прекршил ветувањата кои му беа дадени и дека не е задоволен со тоа.

„Ветувањата беа дадени и клубот одамна го знае мојот став. Да се однесуваат како овие проблеми да се појавиле сега е измамнички. Кога ветувањата се прекршат и довербата се изгуби, односот не може да продолжи”, изјави тогаш Исак.

Минатата недела, како одговор на изјавата на Ишак, од Њукасл јасно кажаа дека се “разочарани” од играчот и неговото однесување.

Како што стојат работите, Ишак, иако јасно на сите им кажа дека сака да потпише за Ливерпул, на крајот на оваа сезона ќе го носи дресот на Њукасл.


Кремонезе пред потпис со Варди

Новиот италијански прволигаш Кремонезе започал преговори со легендарниот напаѓач на Лестер, Џејми Варди кој си замина од клубот каде што остави длабока трага по истекот на договорот на крајот на минатата сезона.

Варди смета дека и понатаму може да игра на високо ниво, а во претходниот период се поврзуваше и со преселба во Наполи. Сепак, таа опција изгледа отпадна.

СКремонезе оваа сезона е врати во највисокиот ранг на италијанскиот фудбал и сезоната ја започна со победа над Милан на гостински терен.

Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио тврди дека преговорите за трансфер на Варди се во тек и дека Кремонезе вложува големи напори да го убеди искусниот голгетер да пристигне во Италија.

Ангажманот во Кремонезе би бил прв за Варди во италјанскиот фудбал.


Ел Билал Туре потпиша за Бешикташ

Напаѓачот од Мали, Ел Билал Туре ја напушти Аталанта и ќе го помине остатокот од сезоната на позајмица во редовите на Бешикташ. Турскиот клуб ќе може да го откупи неговиот догоговор по завршувањето на сезоната.

Пред две години, Туре стана најскапото засилување во историјата на Аталанта кога дојде од Алмеира за нешто повеќе од 30 милиони евра.

Сепак, тој не се снајде во Бергамо. Речиси веднаш по пристигнувањето во Италија, тој заработи сериозна повреда на тетивата, што го спречи да игра до февруари.

Минатата сезона ја помина на позајмица во Штутгарт, а сега се сели во Бешикташ.

Претходниот тренер на Аталанта, Џан Пјеро Гасперини, не беше задоволен од неговата форма, а новиот тренер на „Ла Деа“, Иван Јуриќ, очигледно не смета ниту на него.

Тој одигра вкупно 17 натпревари за Аталанта, постигнува три гола, додека минатата сезона одигра и 17 натпревари за Штутгарт, постигнува три гола.

Туре е роден во Брегот на Слоновата Коска, но игра за репрезентацијата на Мали, вза која одигра 25 натпревари и постигна девет гола.


Пафос ја исфрли Црвена Звезда од Лигата на шампионите

Црвена звезда не успеа да избори пласман во Лигата на шампионите. Сроскиот првак во плеј офот доживеа елиминација од Пафос. Кипраните славеа со вкупни 3-2.

Поразот и лошата игра во Белград, кога Пафос победи со 2-1, скапо ги чинеше црвено-белите,

Во реваншот, не блескаа но го исконтролираа првото полувреме. Во вториот дел играчите во црвено-бели дресови притиснаа од сите страни. Иницијативата ја материјализираа во 60.минута, кога Иваниќ со малку среќа погоди за 0-1.

Црвено-белите имаа шанса во 80.минута да го постигнат вториот гол, а кога се подготвуваа за продолженија ги нокаутира Жажа кој во 89.минута постигна нестварен гол.

Во преостанатото време речиси и да не се играше, Кипраните започнаа со провокации, имаше инцидент на влезот на тунелот па резултатот остана 1-1.

Пафос сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите, а Црвена звезда продолжува во Лига Европа.