фудбал

Солскјер: Вознемирен сум – ремито е добро, но не ја наметнавме нашата игра

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле-Гунар Солскјер по вчерашното реми на гостувањето кај Ливерпул (изјави дека иако имаа две одлични шанси не заслижиле да победат.
„Не заслуживме да победиме затоа што не игравме доволно добро. Не ја наметнавме нашата игра, особено во првото полувреме. Квалитетот на нашата игра се подобри во текот на натпреварот, па затоа мислевме дека треба да победиме. Создадовме две неверојатни шанси, но можеме да играме подобро од ова што го одигравме денес. Ние го знаеме ова. Можеме да дејствуваме на поорганизиран начин, да имаме повеќе посед на топка. Моравме да се браниме премногу, премногу често им дававме топка. Морам да бидам искрен, затоа ќе кажам дека сум вознемирен во моментов. Имајќи ги предвид повредите на играчите на Ливерпул, сакавме да дојдеме и да победиме. Ние не го сторивме тоа“, рече Солскјер.


Де Брујне во топ 10, еден фудбалер е недостижен!

Белгијанецот Кевин Де Брујне и понатаму продолжува со она во што е најдобар.
Тој дефинитивно е еден од најдобрите играчи за врска на светот, а веројатно и најдобар асистент во Премиерлигата.
Скоро и да нема натпревар на кој на своите соиграчи нема да им намести три или четири зицер, па е јасно дека на вечната листа на асистенти ќе прескокне уште многу фудбалери.
Тој на натпреварот против Кристал Палас стигна до топ 10, со 76 асистенции сега го дели 10. место со Теди Шерингем, а нареден кој го брка е Дејвид Бекам со 80.
Интерсно, меѓу топ 10 играчите има уште еден активен фудбалер, тоа е Џејмс Милнер со 85 асистенции, но прашање е уште колку ќе напредува, ако земеме предвид дека е резервист во Ливерпул.
Неприкосновен на таа листа е Рајан Гигс, кој со 162 асистенции веројатно никогаш нема да биде престигнат.


Николов се сели од МОЛ Фехервер во Лече

Бобан Николов ќе стане нов играч на тимот на Лече. Амбициозниот член на Серија Б, има намера да се врати во елитата што побргу, па одлучи во таа насока да се засили со еден од нашите најдобри играчи за врска во моментов.
Николов деновиве треба да ги заврши формалностите од договорот со Лече и да потпише две и пол годишен договор со клубот, во кој тренер како тренер работи Еугенио Корини.
Бобан Николов до овој момент беше член на тимот на МОЛ Фехервар, но актуелниот договор со овој клуб му истекува налето.


Сега и официјално! Интер по 113 години го менува името и грбот!

Интер е на седмо небо, го стигнаа Милан по победата во Дербито на Италија. Но, нема промени само на теренот, туку и надвор од него.
Имено, по 113 години Интер ќе го промени името.
Според информациите на италијанските медиуми, клубот кој е познат како Фудбалски Клуб Интернационале Милано, во наредниот период ќе се вика Интер Милано.
И тоа не е се, историскиот спонзор Пирели си заминува, а кинески Евергранде ќе биде на дресовите. Ќе се промени и логото на клубот, сегашното постои од 1908. година и го направи Џорџо Муџани, претходно беа направени мали проблеми, но во основата остана исто.
Титула со новото лого и име ќе биде шлаг на тортата за Интер, а по вчерашниот натпревар против Јувентус секако тоа е реално.


Италијанските гиганти ја сакаат младата ѕвезда на ПСВ Ајндховен

Милан, Јувентус и Интер покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на ПСВ, Донјел Мален. Овој 22 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона и веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација. Мален се промовираше во еден од најдобрите холандски таленти и на лето сигурно ќе направи трансфер во поголем клуб. Неговиот агент Мино Раиола веќе имал контакти со италијанските гиганти, кои сакаат да го донесат во своите редови. Напаѓачот во договорот со ПСВ има откупна клаузула од 50 милиони евра, но клубовите ќе се обидат да ја намалат цената.


Сон добива нов договор, Тотенхем не го дава најдобриот фудбалер

Тотенхем сака да го задржи во своите редови Хјонг-Мин Сон и веќе спреми нов договор. Сон е еден од најдобрите поединци во тимот на Мурињо, па клубот сака да го награди со нов договор, но и да се заштити од нападите на заинтересираните клубови. Сон во моментов заработува 150 000 фунти неделно, а според новиот договор ќе добива 230.000 фунти. Двете страни се блиску до договор и наскоро се очекува играчот да стави потпис. Јужнокорејскиот напаѓач игра одлично веќе подолго време, а исклучително добро ја отвори и оваа сезона.


Сити му нуди 250 милиони евра на Гвардиола за засилувања

Манчестер Сити ќе му одобри на Пеп Гвардиола буџет од дури 250 милиони евра за да може да го засили тимот во текот на летниот трансфер период. Шанскиот стартег сака да ги ангажира Ромелу Лукаку од Интер, Ерлинг Халанд кој настапува за Борусија Дортмунд и 21-годишниот Дарвин Нуњез кој е еден од најзабележителните во дресот на Бенфика. Познато е дека Кун Агуеро нема да добие продолжување на договорот и дека уште најмалку 3-4 фудбалери во текот летото ќе си заминат од „Етихад“.


Адама Траоре преговара за трансфер во Ливерпул

Ливерпул е заинтересиран за играчот на Волвс, Адама Траоре. Траоре е голема желба на актуелниот англиски првак, а медиумите пренесуваат дека неговиот тим за евентуален трансфер бара обештетување од сто милиони евра. Дали Ливерпул е подготвен да го плати тој износ останува да видиме. Неодамна се пишуваше дека еден од најбрзите и најсилните фудбалери во Англија кариерата ќе ја продолжи во Лидс, но од тоа веројатно нема да има ништо.


Анелка пред промоција за спортски дирекот на француски четвртолигаш

Николас Анелка важеше за фудбалер кој никако не успеваше да се задржи подолго време во еден клуб. Патуваше во Европа и Азија и настапуваше за гиганти како Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус, Ливерпул, ПСЖ, Сити…играше и во Кина и Индија каде што ја заврши кариерата. Во пензија Анелка е веќе пет години, а сега е пред нов ангажман, но не на теренот. На поранешниот репрезентативец на „триколарите“ му е понудено местото спортски директор во францускиот четвртолигаш Јер.


Се враќа ли Бензема во репрезентацијата? Дешамп дециден!

Селекторот на фудбалската репрезентација на Франција, Дидие Дешамп ја отфрли можноста за Карим Бензема да се врати во селекцијата, откако напаѓачот на Реал беше исфрлен од репрезентацијата по скандалот со соиграчот Валбуена. Бензема своевремено се обиде да изнуди пари од сегашниот фубалер на Олимпијакос, за своите „сомнителни“ пријатели, притоа уценувајќи го со наводно секс видео. Дешамп бескомпромисно го отстрани Бензема, кој ќе одговара пред судот за ова кривично дело. „Не ги читам интервјуата на Бензема, бидејќи ретко купувам весници. Секој играч е слободен да каже што сака, многу сакаат да бидат во репрезентацијата. Сепак, сите знаат какво мислење имам за Карим и нема да го променам. Тоа не е мој проблем, туку само одлука која води грижа за екипата.“ – вели францускиот селектор. Тоа значи дека напаѓачот на Реал и еден од најдобрите европски центарфори ќе го пропушти Евроопското првенство, кое ќе биде второ по ред за Бензема кое ќе го пропушти.