фудбал

Ден Берн: Не кријам дека го мразам Ливерпул

Дефанзивецот на Њукасл, Ден Берн, призна дека го мрази Ливерпул уште од 90-тите години.

„Како навивач на Њукасл, развив не само почит кон нив бидејќи имаме слични градови со работничка класа, туку и омраза, бидејќи се добри, нели? Тие постојано победуваат“ – рече Берн.

„Мора да им се оддаде признание. Ван Дајк дојде кај нас и ни честиташе. Веројатно знаеја тој ден дека ќе изгубат“ – рече Берн алудирајќи на триумфот на Њукасл против „црвените“ во годинешново финале на Лига Купот.


Кенан Јилдиз ќе добие нов договор со „старата дама“

Ѕвездата на Јувентус, Кенан Јилдиз, постави одредени услови за да потпише нов договор со клубот.

Тековниот му е валиден до јуни 2029 година но, „старата дама“ сака да го задржи на подолг период со нови подобрени услови.

Младиот фудбалер од Турција сака да биде најплатениот играч. Тој заработува 1,7 милиони евра а екипата од Торино е подготвена да му понуди околу 5 милиони плус бонуси.


Милан не се откажува од трансфер на Влаховиќ следното лето

Челниците на фудбалскиот состав Милан имаат намера да го ангажираат Душан Влаховиќ како слободен играч откако ќе му истече договорот со Јувентус.

Србинот во наредното лето ќе ја заврши соработката со „старата дама“ а „росонерите“ сакаат да го договорат уште во јануари.

Влаховиќ во сезонава одигра 13 натпревари на кои забележа само три гола.


Ливерпул се вклучи во трката за Влаховиќ

Од наредната сезона Дуашн Влаховиќ нема да биде играч на Јувентус, тоа е сигурно, се поставува прашањето дали Србинот ќе остане во Торино по заимскиот преоден рок. Влаховиќ е повреден, нема да игра до месец март наредната година, но Јувентус сепак ќе се обиде да го продаде.

Неколку англиски медиуми тврдат дека Влаховиќ би можел да заврши во Ливерпул. „Црвените“ се во потрага по напаѓач откако Александер Исак доживеа тешка пшовреда.

Нејасно е само како би им помогнал Влаховиќ, кога не може да игра уште три месеци.

Според овие извори, во Ливерпул сериозно ја разгледувале оваа опција и биле подготвени да понудат 20 милиони евра за напаѓачот.

Оваа сума би ја прифатиле во Јувентус, бидејќи зимскиот преоден рок е последна шанса да заработат од трансферот на Влаховиќ, во споритвно тој во јуни ќе замине без обешстетување.


Муарем Муарем е нов тренер на Работнички

Неколку дена по заминувањето на српскиот тренер Ален Тупајиќ, попладнево екипата на Работнички назначи ново тренерско решение. на клупата на „романтичарите“ доаѓа Муарем Муарем. Toj во поголем дел од есенскиот дел беше на клупата на Башкими.

37-годишниот тренер ќе има задача да го обезбеди опстанокот со Работнички, кој се наоѓа во незавидна ситуација по првиот дел од сезоната. За Работнички Муарем е веќе четвртиот тренер оваа сезона.


Хави Галан го замени Атлетико Мадрид со Осасуна

Поранешниот играч на Атлетико Мадрид, Хави Галан, потпиша договор со Осасуна, објави клубот од Памплона.

Во соопштението се наведува дека левиот бек потпишал договор со Осасуна до 30 јуни 2026 година, а клубот од Памплона издвоил надомест од 500.000 евра за овој трансфер.

„Во случај двете страни да ја продолжат соработката по 30 јуни 2026 година, мадридскиот клуб ја задржува можноста да добие дополнителни 500.000 евра за секоја сезона што Галан ќе ја игра за Осасуна. Атлетико му даде дозвола на Галан да се приклучи на Осасуна на 29 декември, откако тимот ќе се врати на тренинзи по празниците. Тој официјално ќе биде претставен како нов играч на Осасуна истиот ден“, се вели во соопштението на Осасуна.

Галан оваа сезона ја загуби довербата на Чоло Симеоне, во сите натпреварувања, левиот бек, одигра само 300 минути, 90 од нив се во Купот против четвртолигашот Атлетико Балеари.

Покрај Атлетико, Галан (31) играше за Реал Сосиедад, Селта, Уеска, Кордоба и Бадахоз.


Ако дојде Семенио, Сити ќе продаде тројца фудбалери

Манчестер Сити ќе биде активен во зимскиот преоден рок.

Како што е познато, Антоан Семенио е блиску до трансфер на „Етихад“, но за да дојде крилниот напаѓач на Борнмут, најмалку двајца играчи ќе мора да го напуштат клубот.

За почеток, има прецртани играчи кои дури и не играат оваа сезона, станува збор за Калвин Филипс и Оскар Боб.

Филипс е на позајмица во Вест Хем, каде што речиси и да не игра. а Боб не може да се псрави со конкуренцијата во тимот.

Англиските медиуми шпекулираат дека клубот би можел да го напушти дефанзивецот, Нејтан Аке. Наводно за него интерес покажале во Барселона.

Реално е Сити да го продаде Савињо и од неговата продажба може да инкасира околу 70 милиони евра. Бразилецот требаше да замине во елтниот преоден рок, и тоа во Тотенхем. Тогаш Пеп Гвардиола во последен момент го стпираше трансферот.


Рубен Невеш во јануари доаѓа на „Олд Трафорд“

Манчестер Јунајтед сака да се засили во зимскиот преоден рок, а најреалната опција наводно е Рубен Невеш.

Рубен Аморим би сакал да го засили средниот ред, особено по повредата на Бруно Фернандеш, и фактот дека Коби Меину е незадоволен од својот статус во клубот.

Исто така, Рубен Невеш би бил среќен да се врати во Премиер лигата, за да го дочека Светското првенство следното лето во најдобра можна форма.

Португалецот има договор со Ал Хилал до 30 јуни, па Јунајтед би можел да го доведе за малку пари. .

Невеш се пресели во Саудиска Арабија во летото 2022 година за 55.000.000 евра, а претходно го носеше дресот на Вулверхемптон шест години.

Рубен Невеш има 28 години и ова е неговата последна шанса за уште еден голем трансфер во Европа.

Исто така, Невеш е стандарден репрезентативец на Португалија, има 63 настапи и тренерот Роберто Мартинез сè уште го смета за важен член на тимот.


Скандал во Турција: Првиот чекор на Фенер обвинет за дрога

Претседателот на турскиот фудбалски гигант Фенербахче, Садетин Саран, е приведен во Истанбул во рамки на проширена истрага за дрога во која се вклучени истакнати личности од светот на забавата и медиумите во Турција

Саран, кој има турско и американско државјанство, бил приведен во средата, само неколку часа откако форензичките тестови откриле траги од наркотици во неговите примероци од коса, објави државниот радиодифузен сервис ТРТ.

Минатата недела, Саран беше повикан да сведочи и беше испратен во форензичка установа за да даде примероци од коса и крв.

Десетици луѓе се приведени од почетокот на декември како дел од истрагата што ја надгледува Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.

Меѓу нив се телевизиски водители, новинари, пејачи, актери и инфлуенсери на социјалните мрежи. Тие се соочуваат со обвиненија кои се движат од производство и трговија со дрога до проституција. На многумина им беа земени примероци од крв и коса за тестирање за дрога.


Дебели казни за бундес-клубовите

Германската фудбалска федерација (ДФБ) им изрече казни на германските клубови во трите професионални лиги од вкупно 12 милиони евра за сезоната 2024/25, наведувајќи оти дека казните се главно поради употреба на пиротехнички средства од страна на навивачите, јави денеска агенцијата ДПА.

Вкупната сума за казните е малку помала од претходната сезона.

Највисоки казни платил Келн, нешто повеќе од 900.000 евра, по што следува Ајнтрахт Франкфурт, како и Хамбургер, кој ги заработи своите казни во втората германска лига.
Највисока казна во третата фудбалска лига плати Динамо Дрезден, нешто повеќе од 400.000 евра.

Клубовите можат да користат одреден процент од казната за мерки за спречување на насилство.

Вкупната сума која се слеа од казните во касата на ДФБ изнесува околу осум милиони евра, од кои шест милиони евра се донирани на фудбалски фондации.