фудбал

Фосу-Менсах пред потпис со Баер Леверкузен

Тимоти Фосу-Менсах откако одби да го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед, кариерата ќе ја продолжи во фудбалскиот состав на Баер Леверкузен.
„Црвените ѓаволи“’ се определија да му ја исполнат желбата да си замине во потрага по поголема минутажа. Тој ќе потпише тригодишен договор со „фармацевтите“ а англичаните ќе добијат обештетување од два милиона евра.
Младиот фудбалер кој беше купен од Ајакс во 2014 година одигра само 30 натпревари за екипата од – „Олд Трафорд“.


Битка на гигантите од Манчестер за Бенасер

Манчестер Јунајтед му се приклучи на градскиот ривал Манчестер Сити во битката за потписот на плејмејкерот на Милан, Исмаил Бенасер.
22-годишниот фудбалер ја игра втората сезона како член на Милан по неговиот трансфер од Емполи и со своите настапи го привлече вниманието на големите европски екипи кои го посакуваат во своите редови.
Бенасер има откупна клаузула од 50 милиони евра и доколку го сакаат треба да ја платат таа сума бидејќи Милан не сака да преговара за негов трансфер.
Треба да се спомене дека неговиот талент помеѓу првите го забележа Арсен Венгер кој во 2015 година го доведе во вториот тим на Арсенал за 500.000 евра.


Ливерпул се распрашува за репрезентативец на Србија

Пред неколку денови, англиските медиуми на листата на потенцијални засилувања на Ливерпул во јануари го ставија и фудбалерот на Наполи, Никола Максимовиќ. Дека за репрезентативецот на Србија постои интерес од страна на клубот од Енфилд, потврди и претседателот на италијанскиот клуб, Аурелио де Лаурентис. „Точно е. Ливерпул покажа интерес за Максимовиќ, но во последниот период сме немале контакт со нив.“ – изјави де Лаурентис. Дефанзивецот сезонава добива прилика кога некој од стандардните првотимци не е во тимот, има 13 настапи, па голема е веројатноста дека на крајот од сезоната ќе бара нов клубот. Исто така, неговиот договор со клубот од Неапол истекува за шест месеци, па Максимовиќ веќе сега е во можност да преговара со заинтересираните клубови.


Барса го договори првото засилување во 2021. година

Барселона го доведува Ерик Гарсија, дефанзивецот на Манчестер Сити и тоа уште во зимскиот трансфер период. Гарсија одби да го продолжи договорот со англискиот клуб и има желба да се врати на Камп Ноу, од каде замина како 16-годишник. Барселона може на лето да го доведе како слободен играч, но каталонскиот клуб сака да го има на располагање уште во јануари поради проблемите со кои се соочува со повредени играчи. Сити од Барселона бара 10 милиони евра плус 10 низ бонуси, но на крај се согласи да го продаде 19-годишниот Гарсија за 5 милиони и уште толку во бонуси, бидејќи за неколку месеци не би добиле ништо. Гарсија се согласи на пет и пол годишен договор со Барселона, а поради финансиската криза, каталонците договорија со Сити фиксниот дел од пет милиони евра да биде платен идната година. За Сити, Гарсија одигра 30 натпревари, од кои седум во оваа сезона.


Никој не го сака Диего Коста?

Диего Коста и Атлетико Мадрид го раскинаа договорот, но шпанецот и понатаму не може да пронајде нов ангажман. Француските медиуми откриваат дека Коста се понудил на Олимпик Марсеј, но добил одговор дека на клубот му е потребен различен профил на играч. Се споменуваше и како евентуална замена за Раул Хименез во Вулверхемптон, но враќањето на Кутроне од позајмицата во Фиорентина ја затвори и таа врата за Коста. Диего Коста се врати во својата татковина каде ја одржува формата, тренира индивидуално и ја чека вистинската понуда. Според информациите, тој најмногу е заинтересиран за враќање во Премиерлигата, каде за Челзи одигра 120 натпревари, постигна 50 голови пред да се врати во Атлетико.


60 милионското промашување на Реал се враќа во поранешниот клуб

Српскиот напаѓач на Реал Мадрид, Лука Јовиќ би требало овој месец да замине на позајмица во германски Ајнтрахт Франкфурт, јавуваат медиумите. Колку проблеми има Јовиќ во Мадрид, сведочи и фактот што го загуби статусот и на прва замена на Бензема. Шпанска Марка пишуваше за тоа по поразот од Валенсија, кога Зидан се одлучи за Мариано Диаз пред српскиот интернационалец. „Во неделата Мариано ги запиша првите минути во првенството. За 14. минути поминати на теренот, Диаз покажа желба да направи разлика, изгледаше многу поживо од Јовиќ.“ – напиша тогаш Марка. Јовиќ пристигна во Реал во 2019. година во трансфер вреден 60 милиони евра токму од Ајнтрахт Франкфурт каде играше во животна форма, но 23-годишниот напаѓач не успеа да се снајде во Шпанија.


Легендата на Манчестер Сити пред нов предизвик

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Барселона, Јаја Туре се врати во Англија. По тренинзите со екипата на Лејтон Ориент, некогашниот репрезентативец на Брегот на Слоновата Коска се наоѓа во Лондон. Искусниот играч за врска сега е со тимот на КПР, но не како играч, туку како тренер. Раководството на клубот, а и тренерот на првиот тим Крис Ремзи, му укажаа доверба на Туре кој во наредниот период ќе го води младинскиот тим на КПР. Туре пред Лондон и КПР, имаше слично искуство и во Блекбурн.


Тренерска смена во Алавес, Кабељо го менува Мачин

Пабло Мачин е ослободен од функцијата тренер на Алавес. Ова беше објавено на официјалната веб-страница на шпанскиот клуб. Хавиер Кабељо, кој му беше асистент на Мачин, ќе ја извршува фунцијата на главен тренер.
Пред да започне со работа во Алавес, Пабло замина на работа во Кина, каде стана шеф на Квингдао, кој стигна до елитата. Договорот со 45-годишниот тренер беше потпишан на една година. Оваа сезона беше стота во историјата за шпанскиот тим. Од 2018 до 2019 година, Мачин беше тренер на Севиља.
Причината за оставката беа незадоволителните резултати на тимот. Алавес во последните 5 средби има само една победа, еден нерешен резултат и три порази, а се наоѓа на 16-то место со 18 бода.


Нојхаус интересен за Реал Мадрид и Баерн Минхен

Фудбалерот за врска на Борусија Менхенгладбах, Флоријан Нојхаус, може да го напушти тимот на крајот на сезоната.
Според „Скај Германија“, 23-годишниот играч се гледа себеси во врвен клуб и сака да го напушти својот сегашен тим во летниот преоден рок.
Борусија не би сакала да се раздели со Флоријан, чиј договор важи до 2024 година. Во моментов, клубот е подготвен да го ослободи играчот само за висината на надоместокот пропишан во договорот, што значително ја надминува неговата вредност.
За услугите на Нојхаус се заинтересирани Баерн Минхен, против кого тој го постигна победничкиот гол на неодамнешниот натпревар во германското првенство и Реал Мадрид. Нојхаус ја започна својата кариера во Минхен 1860, а во Борусија игра од 2017 година. Оваа сезона, играчот за врска учествуваше на 14 натпревари од германската Бундес лига, постигна 3 гола и 2 асистенции и доби 6 жолти картони.


Мурињо го сака Николас Гонзалез од Штутгарт

Тотенхем е заинтересиран за крилото на Штутгарт, Николас Гонзалез, пренесуваат медумите од Англија. 22-годишниот талент беше клучна фигура во битката за пласманот на Штутгарт во Бундеслигата со 9 погодоци на своето конто во минатата сезона, а од почетокот на оваа продолжува со силни настапи, веќе има 5 гола на 10 натпревари во Бундеслигата. Ова не помина незабележано од Жозе Мурињо, кој е подготвен да го земе Аргентинецот во својот состав. Се тврди дека дури и првичните разговори веќе започнале со претставници на фудбалерот. Сепак, поверојатно е дека тој ќе биде привлечен од Тотенхем по завршувањето на сезоната, а не сега. Сепак, Тотенхем мора да има една работа на ум, бидејќи постои интерес за Гонзалез од други екипи. Пред извесно време, Аргентинецот се поврзуваше со Лидс Јунајтед, а последните информации се дека е во плановите на Јувентус.