фудбал

Македонија ЃП се раздели со тренерот Жикица Тасевски

Нашиот фудбалски прволигаш и тренерот, Жикица Тасевски, спогодбено ја прекинаа соработката откако „лавовите“ вчера загубија на домашен терен од Струга со 2-3.
„Како чин на морална одговорност одлучив да се разделам со Македонија ЃП. Благодарност до раководството со желба да успеат да се пласираат на едно од местата кои водат во Европа“ – изјави Тасевски.
Екипата од Ѓорче Петров во последните четири кола на дуелите со Пелистер, Шкупи, Шкендија и Вардар, ќе се обиде да обезбеди виза за Европа.


„Светците“ треперат, Мбапе се повреди непосредно пред дуелот со Манчестер Сити

Килијан Мбапе вчера одигра добар натпревар и постигна два гола во победата на ПСЖ против Мец, меѓутоа пред крајот мораше да биде заменет поради повреда.
Покетино го замени Мбапе на пет минути до крајот и се надева дека не е ништо сериозно затоа што за два дена „светците“ ги чека натпревар против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.
„Мбапе доби удар во квадрицепсот и почувстувва болка. Беше заменет за да го заштитиме. Се надевам дека не станува збор за ништо сериозно“, изјави Покетино.


Баерн не се откажува, ќе го убедува Флик да остане во Минхен

Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге откри дека управата на клубот ќе седне на разговори со тренерот Ханзи Флик. Клубот се надева дека тренерот кој минатата сезона го водеше тимот до сите можни трофеи ќе остане на клупата на нивниот тим.
Минатата недела Флик објави дека сака да го напушти Баерн Минхен. Една од причините е неговата желба да ја преземе германската репрезентација по Европското првенство, кога Јоаким Лев ќе поднесе оставка. Другата причина е поврзана со неговите затегнати односи со спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ.
„Се согласивме да седнеме на разговори по натпреварот со Мајнц. Ако ја задоволиме желбата на Ханзи, сите страни мора да работат заедно за да најдат решение од кое Баерн ќе биде задоволен”, изјави Румениге за венсикот „Билд“.


Брандт пред портите на „Емирати“, ако Арсенал не го откупи Одегард

Арсенал ќе го обнови интересот за германскиот репрезентативец Јулијан Бранд. Една од причините за оваа акција е што Мартин Одегард ќе биде прескап по завршувањето на договорот за закуп од Реал Мадрид. „Топчиите“ сакаат трајно да го ангажираат Норвежанецот, но цената што ја бараат „кралевите“ е превисока од онаа што ја нудат лондончани. Според Билд, цената за Јулијан Бранд е поприфатлива за Арсенал и се очекува преговорите меѓу раководството на англискиот клуб и Борусија Дортмунд да започнат во следните неколку недели.


Тајкун од Шведска го купува Арсенал?

Вчера навивачите на Арсенал протестираа пред „Емирати“ брајќи сопственикот Стен Кронке да си замине од клубот. Навивачите не се задоволни од тоа како тој го води клубот, а се кулминираше со неговиот обид да се приклучи кон Суперлигата. Протестите беа масовни, се собраа голем број навивачи кои бараа промена на раководството. Набрзо потоа се јави и човек кој има можност и кој е заинтересиран да го купи Арсенал. Шведскиот милијардер Даниел Ек јавно испрати понуда. „Како дете го поддржував Арсенал откако се сеќавам за себе. Ако КСЕ (групацијата која го поседува клубот) сака да го продаде, јас би сакал да го купам“, пиша Ек на Твитер. Швеѓанецот инаку е сопственик на популарниот музички стриминг- сервис „Спотифај“, неговото лично богатство се проценува на 4.7 милијарди долари.


Ансу Фати добива нов договор во Барселона

Барселона му понуди нов договор на Ансу Фати, пренесува Мундо Депортиво. Според изворот, Каталонците сакаат да го продолжат договорот со 18- годишниот Шпанец до 2026 година. Актуелниот договор на фудбалерот важи до крајот на јуни 2022 година. Оваа сезона тој одигра 10 натпревари за Барселона, на кои постигна 5 гола и даде 4 асистенции. Играчот во моментов се опоравува од повредата на менискусот која ја заработи во ноември.


ПСЖ нема да го откупи договорот на Флоренци, Италијанецот се враќа во Серија А

ПСЖ нема намера да го откупи договорот на Алесандро Флоренци, кој беше ангажиран во Рома на позајмица оваа сезона. Клубот ги смени своите планови за играчот откако Маурисио Покетино ја презеде функцијата главен тренер. Износот предвиден за договор на трајна основа е 9 милиони евра, кој ПСЖ не сака да ги плати за Флоренци. 30-годишниот Италијанец има одиграно 30 натпревари за парижаните, на кои има 2 гола и 1 асистенција.


Гундоган: Новата ЛШ е помало зло од Суперлигата

Формирањето на Суперлигата од дванаесет клубови од три земји не наиде на позитивна поддршка од фудбалска Европа. Навивачите уште на стартот најавија бојкот, а УЕФА, пак, одма реагираше, воведувајќи нов натпреварувачки формат во Лигата на Шампиони. Новиот систем на натпреварување не му се свиѓа на германскиот репрезентативец на Илкај Гундонган, кој рече дека, УЕФА повеќе мисли на мечеви, отколку на играчите. „Покрај за Суперлигата, ве молам, отворено да поразговараме за новиот формат во ЛШ. Се повеќе и повеќе натпревари, морам да прашам, дали некој се грижи за нас, играчите? Новиот формат во ЛШ е помали зло од Суперлигата“, напиша на социјалните мрежи Гундонган. УЕФА во понеделникот објави дека од 2024 година ЛШ ќе се прошири од 32 на 36 клубови. Групната фаза ќе биде замената со лига, во која ќе учествуваат сите клубови. Осумте најдобри автоматски ќе играат во нокаут фазата, а од деветто до дваесет и четвртото место ќе играат плеј-оф натпревари за осумте места, кои преостануваат.


Нуно го одби Тотенхем за да остане во Вулверхемптон

Менаџерот на Вулверхемптон, Нуњо Еспирито Санто одговори на гласините за негова наводна преселба на кормилото на Тотенхем. Оваa информација се појави на Островот по отпуштањето на Жозе Мурињо на почетокот на оваа недела. „Имам договор со Вулверхемптон. Го потпишав минатиот септември. Тоа беше моја одлука и се држам до неа. Само тоа можам да кажам”, изјави Санто за Мирор.


Ерик Баи бира меѓу понудите на Интер и Милан

Миланските гиганти Интер и Милан на лето ќе водат битка за потписот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи. Солскјер е во потрага по нов дефанзивец, а тоа значи дека минутажата на Баи додатно ќе се намали, па самиот фудбалер побарал трансфер. Баи на лето влегува во последната година од договорот па тоа е последна шанса Јунајтед да заработи на неговото заминување. Ситуацијата внимателно ја следат миланските гиганти Интер и Милан и сакаат да го донесат дефанзивецот во Милано. Интер има одлична соработка со Манчестер Јунајтед и во последните години донесе четворица фудбалери од „Олд Трафорд“.