фудбал

Конте го става Деле Али на трансфер листа

Деле Али најверојатно ќе го напушти Тотенхем во јануари, бидејќи Антонио Конте нема да смета на него во остатокот од сеозната.

25-годишниот играч за врска има договор со Тотенхем до јуни 2024 година и клубот сигурно ќе сака солидно обештетување за Англичанецот.

Заинтересираните клубови не се спремни да потрошат голема сума во јануари, па затоа голема е веројатноста Деле Али да замине во некој клуб на позајмица. Деле Али играше содлично од почетокот на сезоната под водство на Еспирито Санто, но Конте јасно му порача дека не се вклопува во неговата формација

Интерес за играчот за врска покажуваат Њукасл, Вулверхемптон и Астон Вила, па готово сигурно Англичанецот ќе го напушти Тотенхем во јануари.


Занети: Интер е спремен да се надигрува со Ливерпул

Хавиер Занети ја коментираше ждрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, која им го донесе Ливерпул за противник. Поради киксот на УЕФА, ждрепката мораше да биде извлечена двапати, а првично Интер требаше да се соочи со Ајакс.

„Нема смисла да се коментира што се случи, бидејќи сите видоа што се случи. Ја прифаќаме ждрепката и подготвени сме да се соочиме со Ливерпул. Тие се врвен тим, но и ние сме. Интер има одлична историја. Имаме многу време да се подготвиме и ќе бидеме подготвени за тие пресметки. Големо задоволство е да се игра во елиминациската фаза за прв пат по 10 години. Интер отсуствуваше предолго и одлично е што сме повторно тука. Ливерпул е многу добар тим, но ние сме Интер и можеме да покажеме за што сме способни“, додаде Занети.


Милан ја засилува одбраната со Миленковиќ од Фиорентина

Фудбалскиот клуб Милан планира да ја засили одбраната на екипата која е ослабена поради отсуството на Симон Кјаер кој поради повреда на лигаментите од коленото беше опериран и нема да игра до крајот на сезоната.

Информациите од Милано велат дека прв избор на тренерот Пиоли е Србинот Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Иако неговиот актуелен договор со „виолетовите“ е со важност до 2023 година, преговорите за негов трансфер се во тек и се очекува тој да пристигне на „Сан Сиро“ во јануари. 


Аронсон од Салцбург интересен за Јуве и Милан

Салцбург е познат како клуб кој во последните години лансираше голем број на таленти, а сега има нова ѕвезда за која се „тепаат“ европските гиганти.

Станува збор за 21-годишниот Бренден Аронсон, кој во јануари оваа година пристигна во Салцбург од Филаделфија. Аронсон е офанзивен играч за врска, кого го карактеризира голема техника и чуство за гол и веќе е стандарден репрезентативец на САД.

Најсилен интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан и Јувентус кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Салцбург за слободата на својот „бисер“ бара 25 милиони евра, па се очекува наскоро да започнат преговори со италијанските клубови.


Жоан Лапорта на средба со супер менаџерот Рајола

Познатиот спортски новинар Фабрицио Романо, сподели информација дека претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, во Торино остварил работна средба со фудбалскиот менаџер Мино Рајола.

Според него иако Барселона се соочува со големи финансисиски проблеми, сепак клубот ќе се обиде да ги доведе на „Ноу Камп“ најголемите клиенти на Рајола, Ерлинг Халанд и Пол Погба.

Двајцата играчи се опции за летниот трансфер период, кога Халанд има клаузула со која може да ја напушти Борусија Дортмунд, а на Погба му истекува договорот со Манчестер Јунајтед и ќе биде слободен играч. 


Скендеровски го објави тимот за футсал двомечот против Црна Гора

Селекторот на нашата футсал репрезентација, Васко Скендеровски, го објави поширокиот список за двата пријателски меча со Црна Гора закажани за утре и задутре  во СЦ Борис Трајковски.

„Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат. Резултатот е значен за подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство“, вели Скендеровски.

Повикани играчи: Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами); Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (ФК Ликени, Косово), Адријан Мицевски (Штутгартер 2020, Германија).


Аронс од Норич на радарот на Мурињо и Рома

Дефанзивецот на Норич, Макс Аронс, може да добие понуда во текот на наредното лето да се преслеи во редовите на Рома.

Според медиумите, луѓето од „Олимпико“ ги процениле квалитетите на младиот фудбалери и затоа сакаат да испратат понуда , тврди „Кориере дело спорт“.

„Канаринците“ се борат за опстанок во Премиер лигата а 21-годишниот десен бек покажува солидни резултати од почетокот на сезоната. За младиот талент се заинтересирани Тотенхем и Евертон.


Гризман поради повреда нема да настапува до крајот на годината

Антоан Гризман ќе ги пропушти двата последни натпревари на Атлетико Мадрид во 2021 година. Тој заработи повреда после стартот на Дани Карвахал на дерби натпреварот со Реал Мадрид, кој заврши со 2:0 за „кралевите“.

Од Клубот информираат дека Гризман ја повредил десната надколеница и со сигурност ги пропушта натпреварите против Севиља и Гранада. 

Ако неговото опоравување се одвива во добра насока тогаш Французинот ќе се врати на теренот за дуелот со Рајо Валекано закажан за 2 јануари 2022.


Лорис сака да ја заврши кариерата во Тотенхем

Хуго Лорис е подготвен да потпише нов долгорочен договор со Тотенхем. Актуелниот договор на 34-годишниот Французин е до летото 2022 година, а со тоа се очекуваше тој да ги напушти Тотенхем следното лето.

Сепак, „Football Insider“ тврди дека ветеранот се предомислил и е подготвен да остане во Тотенхем до крајот на својата кариера. Лорис се чувствува среќен во Лондон и нема желба да ја промени ситуацијата. Тоа лошо би се одразило на неговото семејство, а особено на неговите деца, кои ќе мора да го сменат училиштето и целосно да ги сменат своите навики.

Покрај тоа, ветеранот е импресиониран од новиот менаџер на Тотенхем, Антонио Конте и е нестрплив да продолжи да работи со него во иднина. Тој е убеден дека Италијанецот има квалитети да го води Тотенхем до многу трофеи во наредните години. Лорис е во Тотенхем од 2012 година, кога се пресели од Олимпик Лион. Тој ја игра својата десетта сезона за клубот, со 388 настапи во сите натпреварувања досега, но се уште нема освоено трофеј со Тотенхем, играјќи две финалиња во Лига купот и едно финале во Лигата на шампионите. Тој е и стартен голман на француската репрезентација со 136 натпревари на своето конто.


Ковид во Манчестер Јунајтед, одложен натпреварот во Брентфорд

Сепак, мечот Брентфорд – Манчестер Јунајтед кој беше денес на распоредот ќе биде одложен.  Клубот од „Олд Трафорд“ потврди дека натпреварот се одложува поради неколку позитивни случаи помеѓу фудбалерите и стручниот штаб.

„Манчестер Јунајтед жали поради непријатностите поради Ковид-19 пред натпреварот со Брентфорд“, стои во соопштението.

За денес се закажани уште натпреварите Норвич – Астон Вила и Лидс – Манчестер Сити и тие ќе бидат одиграни.