Харгривс: Само еден тим може да застане на патот на Сити сезонава во ЛШ
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и на Баерн Минхен, Овен Харгривс, вели дека само Баварците можат да му застанат на патот на англискиот состав кон титулата во Лигата на шампионите. Избраниците на Пеп Гвардиола се неприкосновени лидери во Премиер-лигата додека со вчерашната елиминација на Борусија Менхенгладбах лесно си обезбедија место меѓу најдобрите 8 екипи во елитната конкуренција на Европа. „Со оглед на формата во која игра Сити се гледа дека имаат квалитет да освојат четири пехари во една сезона. Гледам дека само еден тим може да го сопре походот на Сити кон титулата во Лигата на шампионите. Тоа е Баерн Минхен“, рече Харгривс.
Пред формирање „Бенелига“ – шампионат на Белгија и Холандија
Белгиските клубови, вкупно 25 изгласаа и поддржаа спојување на својот државен шампионат со првенството на Холандија, односно формирање на ново натпреварување. Оваа информација е објавена на официјалниот сајт на белгиската професионална лига. „Ваквата желба се темели на почитувањето на спортските амбиции на најголемите клубови и потребата да се обезбеди финансиска стабилност за сите екипи“, се додава во соопштението. Комбинираното првенство ќе го носи името „Бенелига“, а деталите се уште не се објавени. Лидер во Белгија е Клуб Бриж со 70 бодови, пред Антверпен и Генк (49). Во Холандија Ајакс со 63 бода после 25 кола е прв во шампионатот на Холандија. ПСВ има 55, а АЗ Алкмар 52.
По големата прослава, Рамос со нов „ладен туш“!
Серхио Рамос полека се враќа во натпреварувачки ритам. После натпреварот со Елче, околу 60 минути на теренот забележа и против Аталанта, што му беше доволно и да се запише во листата на стрелци. Клубот од Мадрид е во очекување на ждрепката за четвртфиналето во ЛШ, трката во Ла Лига за титулата е повторно актуелна. Веќе неколку месеци траат шпекулациите околу новото продолжување на договорот на Рамос, засега Перез нуди едногодишен договор со истите финансиски услови, а по смирувањето на пандемијата повторно да се седне на преговарачка маса. Синоќа по натпреварот, капитенот на Реал изјави дека нема напредок во преговорите. „Нема ништо ново по прашањето на моето продолжување на договорот или преговорите со Реал Мадрид.“ – изјави Рамос. Според информациите, на ветеранот наводно не му се допаѓа предлогот на Перез, а интерес за него пројавуваат ПСЖ и Манчестер Јунајтед.
Два лондонски клуба „гризат“ за Пауло Дибала
Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медиуми. Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката. Дибала оваа сезона е во втор план кај Пирло, па „бјанконерите“ се спремни да го продадат за да финансираат трансфер на нова ѕвезда во нападот. Најсилен интерес за Аргентинецот покажуваат Челзи и Тотенхем, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Јапонецот Хонда потпиша за Нефчи од Баку
Кеискуе Хонда набрзина промени неколку клубови, Хонда по заминувањето од Ботофаго потпиша договор со Портимоненсе, но тој договор беше брзо раскинат, сега пронајде нов ангажман. Хонда беше слободен играч и преговараше со повеќе клуба, а на крајот се договори со азербејџанскиот шампион Нефчи од Баку. Иако е на залезот од кариерата и има 34 години, Хонда не се реши да се врати во татковината и продолжи да игра во странство. За репрезентацијата на Јапонија Хонда одигра 98 натпревари и постигна 37 голови.
Сити ги руши плановите на Јуве за ангажман на Локатели
Манчестер Сити се вклучил во трката по плејмејкерот на Сасуоло, Мануел Локатели. Локатели кариерата ја започна во Милан, важеше се голем талент, но „росонерите“ не му веруваа и го продадоа на Сасуоло за 12 милиони евра. Плејмејкерот го покажа својот потенцијал во Сасуоло и сега е стандарден член на италијанската репрезентација. Неколку европски гиганти го следат Италијанецот, но медиумите на Апенините тврдат дека Јувентус е фаворит за неговиот потпис.
Тухел го нуди Вернер во трансферот на Халанд
Челзи планира да го вклучи напаѓачот Тимо Вернер во својата понуда за голгетерот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд. „Сините“ од Лондон се вклучија во редот на кандидати за норвешки талент и веруваат дека со ваков предлог можат да ја добијат битката за Халанд. Вчера имаше информација дека Борусија Дортмунд ќе сака најмалку 150 милиони евра за нивната голема sвезда ова лето. Во следната, Халанд би чинел само 70 милиони, затоа што тогаш се активира клаузулата во неговиот договор. Челзи минатото лето успеа да го земе Вернер за само 45 милиони, што беше исто така можно поради посебната клаузула во договорот на напаѓачот со РБ Лајпциг. Сепак, германскиот репрезентативец сè уште има потешкотии да се прилагоди на Англија и од ноември досега постигна само еден гол во Премиер лигата.
Милевски го соопшти списокот за трите теста во Анталија
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација У21, Благоја Милевски, денеска го објави списокот на повиканите играчи за тритe контролни средби во Анталија. Таму ќе играме со Казахстан (24 март), Словачка (27 март) и Бугарија (29 март). „Тие натпревари се последен филтер за тоа како ќе изгледа тимот во квалификациите за ЕП. Сите повикани фудбалери ќе добијат подеднаква минутажа на трите меча. Нашата цел е да добиеме точна претстава за квалитетот на секој фудбалер а на нив останува дали ќe заслужат место во тимот на јунските квалификации“, изјавa Милевски за официјалниот сајт на ФФМ. Список на повикани репрезентативци: Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија Ѓ.П.), Стефан Јакимовски (Кадино) Одбрана: Александар Ѓурковски (Вардар), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Виктор Крстевски (Вардар), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Мартин Радуловиќ – Величковиќ (Вардар), Бесник Ферати (Академија Пандев) Среден ред: Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Давид Калпачки (Беласица), Флорент Рамадани (Шкендија), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Бојан Димоски (Академија Пандев), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Лука Станковски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички) Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Јакуп Бериша (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методија Максимов (Работнички), Берат Калкан (Карачабej, Турција).
Кејн заминува од Тотенхем ова лето?
Sвездата на Тотенхем Хари Кејн скоро сигурно ќе побара трансфер ова лето, тврдат медиумите во Англија. 27-годишниот напаѓач е свесен дека го достигна својот максимум во Тотенхем и сака да замине во тим каде што може да продолжи да се развива и да освојува трофеи. Кејн има договор со лондончани до 2024 година, но нема желба да го исполни до крај. Тој игра уште една одлична сезона, постигнувајќи 21 гол во сите натпреварувања. Тимот се уште е во битка за трофејот во Лигата на Европа, каде е на чекор до пласман во четврт-финалето, а исто така е во финалето на Лига купот. Во Премиер лигата, сепак, Тотенхем сериозно заостанува на табелата зад оние екипи кои обезбедуваат пласман во Топ 4 и со тоа настап во Лигата на шампионите.
Барса преговара со Дембеле за продолжување на соработката
Раководството на Барселона размислува да му понуди нов договор на крилото Осман Дембеле. 23-годишниот Французин беше привлечен на „Камп Ноу“ со големи очекувања, но повредите го спречија да го открие целиот свој потенцијал. Оваа сезона, сепак, тој започна да ги покажува своите сериозни квалитети и се претставува се подобро и подобро, веќе има 34 натпревари на својата сметка во сите натпреварувања. Според „Ел Мундо Депортиво“, Барселона е подготвена да му понуди продолжување на договорот. Самиот играч исто така е подготвен да потпише повторно, но прво сака да види кои услови ќе му бидат понудени.