фудбал

Романецот Михаила потпиша за Аталанта

Италијанскиот фудбалски состав, Аталанта, се пофали на социјалните мрежи дека е склучен договор за ангажман на играчот од средниот ред на Парма, Валентин Михаила.

21-годишниот фудбалер ги напушти „млекарите“ и замина на позајмица до крајот на сезоната. Екипата од Бергамо ќе има опција да го откупи неговиот договор во текот на летото.
.


Џонс ја одби понудата на француски Бордо

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Фил Џонс се предомислил и не сака да му се приклучи на Бордо на позајмица до крајот на сезоната.

Претходно, клубовите веќе се договорија за соработката, но 29-годишниот Англичанец на крајот одбил да ја продолжи кариерата во францускиот клуб.

Џонс е под договор со Манчестер Јунајтед до јуни 2023 година и по се изгледа ќе остане да ја грее клупата на „Олд Трафорд“.


Талентот на Шкендија, Дашмир Елези заминува во Фенербахче

Турските медиуми ја објавија веста дека гигантот Фенербахче го договорил трансферот за 17-годишниот екстра талент на Шкендија, Дашмир Елези.

Според информациите, Фенербахче веќе подолг период покажува интерес за Елези, и сега конечно е донесена одлуката за негово доведување во великанот од Истанбул. 

Пред конечна реализација на трансферот се чека само на формата и опциите за потписот кои се дозволени од ФИФА со оглед на возраста на фудбалерот, односно фактот што тој сеуште не е полнолетен.


Барнли го купи најдобриот напаѓач на Волфсбург

Барнли денес го објави потпишувањето на договорот со холандскиот репрезентативец Вут Вегхорст од германски Волфсбург. Центарфорот потпишал договор на три и пол години, а сумата на трансферот е 12 милиони фунти.

Вегхорст има 12 настапи за својата репрезентација, а постигна 59 гола во 118 натпревари во Бундеслигата во дресот на Волфсбург во изминатите три и пол сезони.


Постигнат договор – Мбапе од наредната сезона во Реал Мадрид

Германскиот весник „Билд“, излезе со вест дека Реал Мадрид и Килијан Мбапе постигнале договор со кој Французинот од наредната сезона ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

Мбапе во редовите на „кралскиот клуб“ ќе замине како слободен играч, а според информациите неговата бруто плата ќе изнесува 50 милиони евра.

Целокупниот трансфер ќе биде реализиран на крајот од тековната сезона, а официјалната објава за договорот ќе биде соопштен после натпреварот од осмина-финалето во Лигата на шампиони, каде ќе се сретнат ПСЖ и Реал Мадрид.


Макс Крузе по шест години се врати во Волфзбург

Волфсбург и официјално го врати напаѓачот Макс Крузе. 33-годишниот поранешен германски репрезентативец потпиша со „волците“ на 1,5 година.

Крузе доаѓа од Унион Берлин за 5 милиони евра. Тој ќе треба да го замени Вут Вегхорст, кој денеска ќе го финализира трансферот во Барнли.

Напаѓачот веќе настапуваше за Волфсбург во сезоната 2015/2016, по што беше продаден на Вердер Бремен.


Хулијан Алварез и официјално е нов играч на Манчестер Сити

Манчестер Сити и официјално ја потврди веста дека Хулијан Алварез е нов играч на екипата.

За ангажманот на младиот напаѓач од Ривер Плата, англискиот шампион исплати 17 милиони евра плус 1,5 милиони во бонуси. 

Алварез ќе остане да настапува за Ривер Плата до јуни кога ќе се приклучи на тимот предводен од Пеп Гвардиола. Неговиот договор е со важност до 2027 година.


Полицијата го уапси Мејсон Гринвуд, му следи притвор и сослушување

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Мејсон Гринвуд е уапсен, што го потврди и полицијата на Манчестер.

Локалната полиција соопшти дека Гринвуд останува во притвор поради дополнително испитување.

Истрагата против него е во тек, откако е обвинет дека ја силувал и брутално ја претепал својата девојка.

Гринвуд оваа сезона одигра 23 натпревари за „црвените ѓаволи“ на кои постигна шест гола.


Париз Сен Жермен го купува Дембеле

Екипата на Париз Сен Жермен е во финални преговори со Барселона за доведување на Усман Дембеле.

ПСЖ планира трансферот да го реализира во овој преоден рок и веќе има информации дека договорот е при самиот крај.

Голем интерес за Дембеле покажуваа и англиските премиерлигаши Челзи и Манчестер Јунајтед но по се изгледа младиот напаѓач се враќа во својата татковина и ќе заигра во тимот од Париз.


Френк Лампард е нов тренер на Евертон

Челниците на фудбалскиот клуб Евертон за нов тренер на екипата го назначија Френк Лампард. Според информациите, Лампард ќе ги води популарните „карамели“ во наредните 2,5 години.

За поранешниот англиски репрезентативец ова ќе биде второ тренерско искуство во водење клуб од Премиер лигата, после неговиот 18 месечен престој на клупата на Челзи.

Претходно Лампард беше тренер и во англискиот Чемпионшип каде ја водеше екипата на Дерби Каунти.