фудбал

Барса во потрага по нов голгетер

Барселона веќе го планира животот по Роберт Левандовски, со оглед на тоа што ветеранот сега има 37 години и се ближи до крајот на својот договор. Додека неговата кариера се приближува кон завршница, клубот активно бара наследник што ќе ја преземе улогата на главен напаѓач. 

Ханси Флик е заинтересиран за Серху Гираси, напаѓачот на Борусија Дортмунд, кој имаше блескава сезона во Бундеслигата и Лигата на Шампионите. Со 29 години, Гираси се смета за сигурна краткорочна опција: искусен, во најдобри години и подготвен веднаш да донесе голови. 

Но, претседателот на клубот, Хоан Лапорта, има други планови. Тој наводно сака „поголемо“ име, играч кој не само што би го заменил Левандовски, туку и би ја зголемил глобалната привлечност и натпреварувачката моќ на клубот. 

Предизвикот е финансиски. Потенцијалната цена на Гираси би можела да достигне околу 100 милиони евра, значајна сума за клуб кој сè уште се справува со буџетски ограничувања. Секое големо засилување ќе бара и продажба на играчи за да се избалансира буџетот. 

Барселона разгледува и други имиња. Халанд е идеалниот кандитат, но таа опција не е многу реалистична во моментот. Хери Кејн би можел да биде достапен следното лето благодарение на клаузула за ослободување во договорот со Баерн Минхен, додека млади ѕвезди како Хулијан Алварез и Ник Волтемаде се опции за долгорочна инвестиција. 

Следните месеци ќе бидат клучни за Барселона, која мора внимателно да балансира меѓу амбицијата и реалноста. Прашањето останува: дали ќе се оди на сигурна опција сега или ќе се гради нова генерација на напаѓачи? 


„Таа ми го спаси животот“: Вејн Руни се отвори за неговата борба со алкохолот

Вејн Руни искрено проговори за личните битки кои ги водел во текот на својата фудбалска кариера, откривајќи дека неговата сопруга Колин му го спасила животот. 

Легендата на Манчестер Јунајтед призна дека без нејзината поддршка, можеби денес не би бил жив. Во текот на годините, Руни се соочувал со проблеми со алкохолот, често влегувал во неколкудневни пијанства, иако продолжувал да настапува на високо ниво. Признава дека одел на тренинзи со мамурлак, прикривајќи го тоа со мастики и капки за очи. 

И покрај јавните скандали и личните грешки, како правни проблеми и обвинувања за неверство, Руни вели дека Колин била таа што го држела стабилен. Нивната врска, која трае речиси дваесет години, успеала да издржи сè и да стане неговата најголема потпора. 

Денес, Руни има започнато ново поглавје во медиумите како стручен коментатор на „Match of the Day на „BBC“, додека Колин станува сè поистакната со својот семеен документарец. Заедно, тие се современ медиумски пар, успешно балансираат меѓу јавниот живот, родителството и личниот раст. 

Гледајќи наназад, Руни вели дека отворената комуникација и емоционалната поддршка биле клучни за неговото заздравување. Ја смета Колин не само за жена која му помогнала да ја надмине зависноста, туку и за личност која го обликувала во човекот кој што е денес. Нивната приказна е моќен потсетник за силата на љубовта и вистинската поддршка. 


Салиба останува во Арсенал со нов долгорочен договор

Вилијам Салиба ќе го продолжи престојот во Арсенал. Стигнаа до заедничко мислење за нов долгогодишен договор. Францускиот дефанзивец, кој стана клучен дел од одбраната на Артета, наводно е задоволен од подобрената понуда што клубот ја испрати. 

Разговорите добија интензитет во последните недели, откако Арсенал посака брзо да ја затвори ситуацијата, имајќи го предвид интересот од Реал Мадрид. Одлуката на Салиба да остане ја нагласува неговата верба во проектот и амбициите на клубот. 

Двете страни ги финализираат последните детали, а официјалната објава се очекува во наредните денови. Договорот е важен чекор за Арсенал во обидот да изгради стабилен тим за борба на највисоко ниво. 


„Не го мразам Роналдо, но го преферирам Меси“ – Руни ја расчистува врската со поранешниот соиграч

Вејн Руни конечно проговори за јавната перцепција околу неговиот однос со поранешниот соиграч од Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, истакнувајќи дека нема лична омраза меѓу нив. 

Во интервју, Руни објасни дека луѓето често погрешно веруваат дека не го сака Роналдо, особено поради неговите јавни критики и поради тоа што тој често го става Меси пред Роналдо. Тој нагласи дека тоа не е точно и дека го почитува Роналдо и неговите достигнувања. 

Руни се потсети на нивниот успешен период во Манчестер Јунајтед, каде заедно освоија бројни трофеи. Го пофали Роналдо како „апсолутен гениј“ и посочи дека е импресиониран од тоа што Роналдо продолжува да настапува на високо ниво и на 40-годишна возраст, играјќи во Саудиска Арабија. 

„Луѓето мислат дека го мразам, но јас го сакам. Никогаш не сум изјавил ништо лошо за него“, рече Руни. „Јас повеќе го сакам стилот на Меси, но тоа не значи дека не го почитувам Кристијано и неговите достигнувања.“ 

Руни ја коментираше и контроверзната ситуација за време на вториот престој на Роналдо во Манчестер Јунајтед, посочувајќи го моментот кога Роналдо одби да влезе како замена, што го оцени како „непосакувана дистракција“ за тимот. 

И покрај сите разлики и случувања, Руни истакна дека нема лична омраза или негативни чувства кон Роналдо, туку дека и понатаму има голема почит кон него како играч и личност. 


Менаџерот на Франкфурт да го замени Аморим во Јунајтед?

Тренерот на Ајнтрахт Франкфурт, Дино Топмелер, отворено призна дека еден ден би сакал да го води Манчестер Јунајтед, клуб кој го нарече „впечатлив“ и „влијателен“. Германецот, познат по развивањето на млади играчи и неговиот тактички пристап во Бундеслигата, станува сѐ позначајна фигура во европскиот фудбал. 

Неговите изјави дополнително го засилија интересот околу иднината на тренерската позиција на Јунајтед. Иако Рубен Аморим сѐ уште е на чело на тимот, интересот од тренери како Топмелер може да го зголеми притисокот врз него. 

Манчестер Јунајтед останува една од најпрестижните фудбалски дестинации. Без оглед на неодамнешните предизвици, клубот сѐ уште привлекува врвни тренери, благодарение на својата историја и глобален углед. Јавната желба на Топмелер не е единствена, и други имиња имаат покажано интерес, што дополнително ја поттикнува дебатата за иднината на клупата на Олд Трафорд. 

За сега, Аморим останува на функцијата. Но, секој следен резултат може да има влијание врз идната одлука на клубот. 


Легенда на Баерн се кае што клубот не го потпиша Вирц

Преодот на Флориан Вирц во Ливерпул сè уште е во фокусот, но не поради неговото влијание на теренот, туку поради прашањата што ги отвори. Германскиот плејмејкер, кој пристигна од Баер Леверкузен за повеќе од 110 милиони фунти – најскап трансфер во историјата на клубот – се мачи да го пронајде својот ритам во Премиер Лигата. 

Досегашните настапи се далеку од очекуваните. Ситуацијата дополнително се усложнува со промените во составот и брзиот ритам на англискиот фудбал. 

Легендата на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, јавно изрази жалење што клубот не успеа да го доведе Вирц. Според него, Баерн направил агресивен обид да го потпише, и верува дека Вирц би блескал во Минхен. „Сè уште жалам што не го зедовме“, изјави Румениге. 

И покрај интересот од Баерн, Вирц го одбра Ливерпул. Амбициозниот проект на клубот, можноста да биде централна фигура и предизвикот на Премиер Лигата беа клучни фактори во неговата одлука. 

Клубот и навивачите се повикуваат на трпение додека Вирц се прилагодува. Историјата покажува дека дури и најталентираните играчи често имаат потреба од време да се вклопат во англискиот фудбал. 


Алварез блеска, но дали ќе остане во Атлетико? Барселона демне

Диего Симеоне, јасно стави до знаење дека сака Хулијан Алварез да остане клучен дел од неговиот тим и во иднина, и покрај зголемените шпекулации за можна преселба во Барселона. 

По спектакуларниот хет-трик на Алварез против Рајо Валекано, Симеоне го пофали како најдобриот играч на натпреварот и ја потенцираше неговата важност за долгорочните планови на клубот. 

Интересот од Барса не е нов, неговата форма само дополнително го разгорува трансфер-вртлогот. Се шпекулира дека Барса го гледа како долгорочен наследник на Роберт Левандовски, доколку не успее да го доведе Халанд, а и претседателот на клубот Хоан Лапорта наводно е голем обожавател. Агентот на Алварез ја нема исклучено шансата за трансфер. 

Но, Атлетико е решен да го задржи својот напаѓач. Клубот го гледа како централна фигура во своите амбиции и верува дека најдоброто од него допрва следува. Иако и други клубови внимателно ја следат ситуацијата, Симеоне и Атлетико најјасно го демонстрираат својот интерес да ја градат иднината околу аргентинскиот напаѓач. 


Леони сериозно се повреди, Слот го пријави Киеза во ЛШ

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, ќе мора да направи промена на списокот на фудбалери за Лигата на шампионите и таму ќе се најде Федерико Киеза.

Младиот Италијан Џовани Леони ја заврши годината поради повреда, па неговото место на листата ќе му припадне на Киеза. Со тоа, искусниот офанзивец ќе добие право да настапи за „црвените“ во најсилното европско клупско натпреварување.

Ливерпул во Лигата на шампионите започна со триумф на „Енфилд“ против Атлетико Мадрид, а во второто коло тимот на Слот ќе гостува во Истанбул кај Галатасарај.


Прв гол на Мартин Ѓорѓиевски во Брно

Македонскиот интернационалец Мартин Ѓоргиевски денеска во победата на Збројовка Брно над Теплице со 2-1 во рамките на Купот на Чешка го постигна својот првенец во новиот клуб.

Уште во 13. минута Ѓоргиевски ја искористи додавањето што го доби и со прецизен и силен удар ја затресе противничката мрежа за водство од 1-0.

Домашните потоа ја зголемија предноста преку Мартин Римаренко, а во самиот финиш Бенјамин Ниарко успеа да намали на 2-1.


Касемиро бесплатно заминува од Јунајтед

Манчестер јунајтед е подготвен да го пушти бразилскиот играч од средниот ред Касемиро да го напушти клубот како слободен агент во јуни, ако не успеат да најдат купувач дотогаш, тврди поранешниот скаут Мик Браун, пишува „GiveMeSport“.

Клубот од „Олд Трафорд“ наводно се подготвува за заминувањето на 33-годишникот за помалку од десет месеци, со оглед на тоа што Касемиро нема иднина во долгорочните планови на менаџерот Рубен Аморим.

Бразилецот беше исклучен во победата на Јунајтед од 2:1 над Челзи во саботата поради втор жолт картон, откако претходно го постигна вториот гол за својот тим.

Се шпекулира дека клубовите од Саудиската професионална лига се заинтересирани за искусниот играч од средниот ред веќе долго време и нема да имаат проблем да ја покријат неговата неделна плата од 400 илјади евра.

Според Браун, Манчестер јунајтед би можел да се обиде да го продаде Касемиро пред да му истече договорот во јуни 2026 година, но ако не успеат да го сторат тоа, веројатно ќе го пуштат да си замине без надомест.

„Дојде време Касемиро да си замине. Доколку Манчестер јунајтед добие понуда за него што им одговара, би можеле да одлучат да го продадат, но во спротивно, слушнав дека веројатно ќе му биде дозволено да си замине како слободен играч. На негови години, со парите што ги заработува, нема да има смисла да го задржи. За него имаше интерес од Саудиската професионална лига и мислам дека тоа е веројатно потег што ќе му одговара во оваа фаза“, рече Браун.