фудбал

Баерн Минхен во корона проблеми

Фудбалерите на Баерн Минхен, Леон Горецка и Хави Мартинез се позитивни на последното тестирање на коронавирус, објави германскиот клуб.
Двајцата фудбалери нема да бидат во конкуренција за натпреварот против Хофенхајм во Бундеслигата, а покрај нив, Ханси Флик не може да смета ниту на Корентин Толисо, кој има повреда на мускул.
Баерн Минхен и понатаму е прв на табелата во германското првенство, по 18 одиграни кола има освоено 42 бода, седум повеќе од второпласираниот Лајпциг.


Мурињо збесна откако Орие на полувреме си заминал дома

Серж Орие го напушти стадионот на Тотенхем по жестоката расправија во соблекувалната на неговата екипа на паузата од дербито со Ливерпул.
Причината за вербалните зборови бил првиот погодок за Ливерпул, кој Роберто Фирмино го постигна неколку секунди пред крајот на полувремето. Беше постигнат при додавањето од Мане до Фирмино, кој ја доби топката неколку метри од голот. Орие не успеа да го запре сенегалецот, а потоа Лорис и Дајер исто така не успеаја да го спречат Фирмино. Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо влегол во соблекувалната и рекол дека Орие нема да игра во второто полувреме бидејќи ќе биде заменет.
Играчот од Брегот на Слоновата Коска бил лут на оваа реакција на Мурињо и на некои од неговите соиграчи и веднаш потоа заминал од стадионот. На крајот, Ливерпул заслужено освои три бода во Лондон, откако постигна три гола против во втората најдобра одбрана во лигата.


Мертенс на радарот на Арсенал

Арсенал размислува да даде изненадувачка понуда за напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс.
Според информациите, лондончани по завршувањето на сезоната ќе се обидат да го земат 33-годишниот Белгиец. Минатото лето, Мертенс беше близу до трансфер во Челзи, но на крајот тој реши да потпише нов договор со Наполи до 2022 година. Во Арсенал, сепак, веруваат дека можат да го убедат Белгиецот да го напушти стадионот „Диего Армандо Марадона“ и да проба нов предизвик на крајот од неговата кариера.
Оваа сезона Мертенс има 4 гола и 6 асистенции на 13 натпревари во Серија А.


Парма се засили од европскиот првак

Парма постигна договор со Баерн Минхен за трансфер на младиот напаѓач, Џошуа Зиркзе, пренесуваат италијанските медиуми.
Парма се бори за опстанок во Серија А, па значително го засили тимот во зимскиот преоден рок. Зиркзе пристигнува од Баерн Минхен на позајмица до крајот на сезоната со опција за откуп на лето за 15 милиони евра.
19-годишниот талент не добива голема минутажа сезонава во Баерн, па реши да ја промени средината во потрага по поголема минутажа.
Интерес за Зиркзе покажаа уште Ајнтрахт и Евертон, но Парма ја победи конкуренцијата.


Реал Мадрид нема да ги продолжи договорите на тројца важни играчи

Шпанскиот новинар Хозе Феликс Диаз објави дека Реал Мадрид донесе одлука да не ги продолжи договорите со Иско, Марсело и Герет Бејл.
На сите овие играчи договорите истекуваат наредното лето, односно во 2022. година, а доколку клубот за нив не добие понуди, тие ќе можат да си заминат како слободни играчи.
Најдолго од тројцата играчи во Реал се задржа Марсело, кој пристигна во 2007. година и за актуелниот шпански првак одиграл 517 натпревари. Втор по стаж е Иско, кој пристигна во 2013. година и настапи на 321 натпревар.
Истата година дресот на Реал го облече и Бејл, кој има 70 настапи помалку од Иско и во моментот е позајмен играч во Тотенхем.
Постои можност кралскиот клуб на крајот од оваа сезона бесплатно да остане и без капитенот Серхио Рамос, кој се поврзува со трансфер во ПСЖ.


Челзи и Жоржињо преговараат за нов договор

Жоржињо и челниците на Челзи ќе седнат на преговарачката маса во наредните денови за да започнат разговори за продолжување на договорот на Бразилецот, објави „Тутомеркато“.
На „Стемфорд Бриџ“ се задоволни со 29-годишниот фудбалер и сакаат да го врзат долгорочно до 2025 година. Актуелниот договор на Жоржињо е до 2023 година, но постои интерес за него од неколку тимови, најчесто од Италија. Фудбалерот има италијански пасош и го ја почна кариерата во Италија, каде играше за Верона и Наполи, пред да се пресели во Челзи во 2018 година за 57 милиони евра. Тој е исто така репрезентативец на Италија со 27 натпревари и 5 голови.
Оваа сезона, Жоржињо беше важна фигура во составот на Френк Лампард пред да добие отказ. Досега играчот за врска има одиграно 19 натпревари во сите натпреварувања, на кои има 4 гола и 1 асистенција.


Барса и Реал со празни раце! Симеоне ја доведе новата јужноамеричка ѕвезда

Шпанска „Марка“ пренесува дека Атлетико Мадрид планира сериозни засилувања наредното лето.
Реал Мадрид и Барселона беа во трка во своите редови да го видат младиот фудбалер Маркос Пауло, но немаа успех во намерата, бидејќи до неговиот потпис прв стигна Атлетико Мадрид.
Пауло пристигнува од Флуминенсе, за тој клуб постигна 14 погодоци, а има само 19 години.
Игра на позицијата напаѓач, а интересно е дека е младински репрезентативец на Португалија.
Договорот ќе биде потпишан до 2026. година, а покрај Реал и Барселона, интерес владееше и кај Интер и Парма, но останаа со празни раце.


Шкупи атакува на титула, го промовираше новиот шеф на стручен штаб

Турскиот фудбалски стратег, Хасан Озер и официјално е нов шеф на стручниот штаб на Шкупи.
Македонскиот прволигаш ја потврди соработката со фудбалскиот работник кој има искуство во повеќе клубови од Турција како Газијантеп, Бурса, Ризе, Кајзери, а работеше и во Челик од Зеница во шампионатот на Босна и Херцеговина.
„Среќен сум што управата на клубот ми ја даде довербата да го предводам овој тим. Задоволен сум од тоа што го гледам за време на подготовките во Аланија. Доаѓам во Скопје со амбиција да ја освојам титулата. Знам дека Шкендија е најсилниот противник, но во фудбалот не постојат невозможни работи. Нашата втора амбиција е пласман во Европа.“ – изјави сега новиот тренер на Шкупи, Хасан Озер.


Фердинанд: Овој пораз добро ќе го приземји Јунајтед

Рио Фердинанд, го критикуваше тимот по поразот на домашен терен од Шефилд Јунајтед во мечот од 20. коло во англиската Премиер лига. „Уште од првата минута, Манчестер Јунајтед играше без сила и енергија на која сме навикнати. Мора да му оддадеме почит на Шефилд, Вајлдер добро го подготви тимот, но Јунајтед не им создаде проблеми. Бруно Фернандеш, на кој толку сметаа последните месеци, не играше. Исто е и со Пол Погба. Ако некој на Олд Трафорд почна да се носи во облаците поради место на табелата, тогаш овој натпревар беше тест за враќање со реалноста. Во последно време, Манчестер Јунајтед одлично одговори на предизвикот, но денес падна на тој испит. Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал беа невидливи. Ништо не завршија, не создадоа ништо. Минатата недела имаше натпревар со Ливерпул – одличен настап. Сега играта со Шефилд кој е од долниот дел на табелата беше мрачна, на моменти безживотна. Не можете да станете шампион со таква нестабилност. Зборувавме за ова веќе многу месеци“, вели Фердинанд.


Интер постигна нов договор со Лаутаро Мартинез

Лаутаро Мартинез е еден од најважните играчи на Интер и оваа сезона, па јасно е зошто Барселона толку многу се обидуваше да го доведе. Во Интер добро знаат дека мораат да ги подобрат условите од договорот на Лаутаро ако сакаат да го задржат на подолг период. Според информациите на италијанските медиуми пред Лаутаро има понуда за нов договор. Сегашниот на Лаутаро му истекува во 2023 година, а Интер му нуди нов со повисока плата и со важност на дополнителна една година. Се шпекулира дека е постигнат договор за плата од 7 милиони евра по сезона.