фудбал

Чуамени е нов играч на Реал Мадрид

Раководството на Реал Мадрид и официјално го објави трансферот на Аурелиен Чуамени од екипата на Монако. Неговиот договор со „кралскиот клуб“ е со важност од шест години.

Целиот трансфер е вреден 80 милиони евра , плус дополнителни 20 милиони во форма на бонуси.

Чуамени одбра да го облече белиот дрес на Реал и покрај сериозниот интерес од Ливерпул и Париз Сен Жермен.

Францускиот репрезентативец официјално ќе биде претставен како играч на Реал Мадрид во вторник, откако претходно ги помина задолжителните медицински тестови.


Баерн го сака Кејн како замена за Левандовски

Првиот голгетер на Тотенхем и на фудбалската репрезентација на Англија, Хари Кејн, може да биде замена за Роберт Левандовски во Баерн Минхен доколку Полјакот добие зелено светло да го напушти тимот.

Во таков случај, Германците за потписот на Кејн ќе мора да платат повеќе од 100 милиони евра.

Ќе потсетиме дека голгетерот во претходното лето сакаше да ги напушти „спарси“ и да замине во Манчестер Сити, но, трансферот го спречи првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви.


Ливерпул го договори Нуњез за 100 милиони евра!

Дарвин Нуњез е еден од најбараните фудбалери во овој момент, а како што стојат работите негов нов клуб ќе биде Ливерпул каде што ќе се пресели за сума од 100 милиони евра.

Последните информации на најпознатите медиуми и новинари говорат дека Ливерпул прифатил да плати 80 милиони евра, плус 20 како бонуси. Договорот е веќе постигнат и недостасува само уште потписот на фудбалерот.

Сезонава Нуњез играше одлично за Бенфика и го сврте вниманието на себе, се поврзуваше и со Манчестер Јунајтед меѓутоа на крајот го избра Ливерпул. Со неговото пристигнување веројатно станува јасно дека Садио Мане ќе си замине.


Чупо-Мотинг пред потпис со клуб од Катар

)

Напаѓачот Ерик-Максим Чупо-Мотинг може да го напушти Баерн ова лето.

33-годишниот камерунски репрезентативец добил понуда од Катар, и според весникот „Билд“, Баерн истата ја прифатил.

Баварците с еподготвени да го продадат Чупо-Мотинга доколку понудата е профитабилна. Договорот на напаѓачот со Баерн е до јуни 2023 година.


Леванте потпиша десетгодишен договор со свој талентиран фудбалер

Леванте сезонава испадна во втората шпанска лига, но и покрај тоа некои играчи се решени да останат и да му помогнат на клубот да се врати во елитата.

Еден од таквите фудбалери е Пепелу, играчот за врска го продолжи договорот и тоа го продолжи до 2032 година. Пепелу е дете на Леванте и во клубот е од 2012 година, прво беше дел од младинските категории, па Б тимот, член на првиот тим е од 2015 година. Во меѓувреме имаше и неколку позајмици.

Навистина ваквите договори се реткост и прашање е дали во останатите првенства има уште некој играч со ваков договор. Кога е Барди во прашање, медиумите некое време најавуваат негово заминување со цел Леванте да го покрие минусот.


Ричарлисон заминува од Евертон, сака да игра во поголем клуб

Бразилскиот репрезентативец Ричарлисон го известил раководството на Евертон дека сака да го напушти клубот ова лето, пренесува весникот „Сан“.

Напаѓачот се претстави на многу добро ниво за „Карамелите“ откако се пресели на „Гудисон Парк“ од Ватфорд за 50 милиони фунти во 2018 година, а во последната кампања беше во срцето на тешката битка за останување во Премиер лигата.

Сепак, слабата игра на Евертон е во центарот на одлуката на играчот кој има повисоки амбиции од битка за опстанок во лигата. Тој има договор за уште две сезони, но засега нема намера да го продолжи.

Сериозен интерес за него пројавува Челзи, бидејќи голема е веројатноста лондончани да се разделат со Ромелу Лукаку и да бараат негова замена. И Реал Мадрид будно ја следи ситуацијата, бидејќи и на „Сантијаго Бернабеу“ сака да се засили на предните позиции, особено по неуспехот со Килијан Мбапе.


ПСЖ заинтересиран за ангажман на Шкрињар

Францускиот шампион Париз Сен Жермен е заинтересиран за дефанзивецот на Интер, Милан Шкрињар. 

Клубот од Париз за потпис со фудбалерот ќе мора да се бори со Челзи и Тотенхем кои исто така покажуваат интерес за негов трансфер.

ПСЖ сака да ја засили одбраната на тимот и ја испитува можноста за привлекување на Шкрињар но сеуште немаат испратено официјална понуда за него. Договорот на дефанзивецот со Интер истекува во јуни 2023 година.


Интер се засилува со Србинот Миленковиќ

Новинарот Фабрицио Романо пренесува дека Интер од Милано е сериозно заинтересиран за дефанзивецот на Фиорентина Никола Миленковиќ.

24-годишниот централен дефанзивец и во претходните сезони беше трансфер мета на голем број клубови од Италија и Англија, но Миленковиќ одлучи да остане во Фиорентина каде пристигна од Партизан во 2017 година.

Моменталната пазарна вредност на фудбалерот е 20 милиони евра. Неговиот договор со Фиорентина истекува во јуни 2023 година.


Макрон: Сакам Зидан да преземе француски клуб во иднина

Францускиот претседател, Емануел Макрон изрази желба легендата Зинедин Зидан да стане тренер на „голем француски клуб“. Зизу моментално е без работа како тренер, а Пари Сен Жермен најверојатно наскоро ќе има нов тренер. Во моментов тренер на ПСЖ и официјално е Аргентинецот Маурисио Почетино, кој има договор со клубот до 2023 година, но се чини дека Французите не сметаат дека тој е вистинската личност за тимот.

„Не, не сум разговарал со него (Зидан), но многу му се восхитувам како играч и тренер“, изјави Макрон за RMC Sport. „Тој ја освои Лигата на шампионите три пати, а тоа е нешто што го сакаме за нашите клубови. Сакам да се врати и да ја промовира Франција. Се надевам дека Зидан ќе се врати и ќе стане тренер на голем француски клуб. Тоа би било прекрасно и би имало голем позитивен ефект врз француското првенство и Франција“, продолжи Макрон.

„Мојата улога е да кажам дека Франција е голема спортска и фудбалска нација, дека тука има прекрасни луѓе кои го сакаат овој спорт. За нас е важно да се вратат добрите играчи што ги трениравме овде и кои потоа блескаат на меѓународната сцена“, рече Макрон.


Израелци ќе може да го следат Мундијалот во Катар

Фудбалските фанови од Израел ќе можат да заминат на Мундијалот во Катар иако двете земји немаат дипломатски односи, соопшти израелското Министерство за надворешни работи.

Министерот, Жаир Лапид, зборуваше за „дипломатски успех кој ќе ги израдува навивачите“ откако објави дека добил потврда за случајот од Меѓународниот фудбалски центар (ФИФА).

Израел не се квалификува за интерконтинеталниот собир но, Светското првенство „ни отвора уште една врата за топла, нова врска“, рече Лапид.