Главните луѓе во Милан задолжени за трансфери, Малдини и Масара, постигнале начелен договор со претставниците од Лил околу трансферот на дефанзивецот Свен Ботман.
Според договореното, 22-годишниот Ботман ќе потпише пет годишен договор со Милан и ќе заработува 2,5 милиони евра по сезона. Тој се очекува да пристигне во новиот клуб ова лето.
Во јануари екипата на Лил ја одби понудата вредна 40 милиони евра од Њукасл Јунајтед.
Почетино: Мбапе уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата
Маурицио Почетино проговори за шпекулациите дека Килијан Мбапе веќе одлучил од лето да игра за Реал Мадрид.
Токму Реал Мадрид ќе биде противникот на ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампионите. Првиот натпревар на програмата е на 15 февруари, а реваншот се игра во главниот град на Шпанија на 9 март.
„Килијан одлуката за својата иднина ќе ја донесе после натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Во овој момент целосно е фокусиран да направи што е можно подобри работи со ПСЖ. Станува збор за голем професионалец, го почитуваме сите. Знаеме дека негова е одлуката. Меѓутоа тоа не го оптеретува и секогаш дава максимум во дресот на ПСЖ“, изјави Почетино.
Мина се повреди, Колумбиецот го чека пауза од 8-10 недели
Фудбалерот на Евертон, Јери Мина ќе биде надвор од терените помеѓу осум и десет недели поради повреда на мускулот, пренесуваат англиските медиуми.
Дефанзивецот на клубот од „Гудисон Парк“ беше заменет во текот на првото полувреме против Њукасл во вторникот, натпревар кој неговиот тим го изгуби со 3:1.
Евертон е во лоша форма и има само една победа на последните 15 натпревари и повредата на репрезентативецот на Колумбија носи дополнителни проблеми за менаџерот на тимот Френк Лампард.
„За жал се покажаа точни нашите стравување. Јери ќе биде надвор од терените 10 недели. Тоа е удар за нашиот тим. Тој е важен играч за Евертон, секогаш позитивен и сигурно ќе ни недостасува“, изјави Лампард.
Рангник: Очекувам повеќе голови од Роналдо
Екипата на Манчестер Јунајтед продолжи да игра во стилот топло-ладно, и во моментот се наоѓа на позиција од табелата која не озбезбедува пласман во Лигата на шампиони за наредната сезона.
Тренерот на екипата Ралф Рангник очекува подобри изданија од неговиот тим во наредните натпревари, а посебно се надева дека ќе профункционира нападот на екипата.
Тренерот од Германија се обрати и до Кристијано Роналдо од кого очекува многу повеќе постигнати голови.
„Сакам максимален учинок во нападот од Роналдо. Очигледно е дека треба да ја подобри својата реализација во последно време. Факт е дека создаваме многу шанси, но не постигнуваме доволно голови. Тоа не е случај само со Роналдо туку и со останатите напаѓачи во екипата“, изјави Рангник.
Тео Ернандез официјално останува во Милан до 2026 година
Според очекувањата 24-годишниот Тео Ернандез и официјално го продолжи договорот со Милан со што ќе остане во клубот до 2026 година.
Ернандез игра на позицијата лев бек и со своите одлични игри се наметна како еден од најважните играчи во тимот предводен од Стефано Пиоли. Со новиот договор тој ќе биде еден од најплатените играчи во екипата, заработувајќи 4 милиони евра годишно.
Французинот е играч на Милан од 2019 година и оваа сезона на 27 настапи има постигнато четири гола и осум асистенции.
Шкупи како засилување доведе повремен репрезентативец на Сенегал
Екипата на Шкупи останува еден од главните кандидати за титулата во домашното првенство. Клубот од Чаир е доста активен на трансфер пазарот па информира дека се засили со играчот Мамаду Данфа.
Данфа е младински репрезентативец на Сенегал кој има и повик за настап во сениорската селекција на актуелниот освојувач на Африканскиот куп на нации.
20-годишниот Сенегалец игра на позицијата напаѓач, пристигна од украинското првенство и според договорот ќе остане во Шкупи наредните две години.
Анчелоти има големи грижи, Бензема неизвесен за дуелот со ПСЖ
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема продолжува да тренира на индивидуална програма пет дена пред осминафиналето од Лигата на шампионите против ПСЖ.
34-годишниот напаѓач заработи повреда на мускулот во осминафиналето од Купот на Шпанија со Елче (2-1), кое се одигра на 20 јануари. Беше објавено дека Бензема ќе отсуствува две недели. Тој веќе пропушти два натпревари за шпанскиот тим и најверојатно нема да настапи на првенствениот меч против Виљареал.
Според изворот, нема гаранција дека Бензема ќе може да се опорави за првиот меч од осминафиналето на Лигата на шампионите со ПСЖ, кој ќе се одржи следниот вторник, на 15 февруари (21:00 часот).
Бензема оваа сезона постигна 24 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања.
Џерард бара Астон Вила веднаш да го откупи договорот на Кутињо
Астон Вила се обидува да го откупи договорот на офанзивниот играч за врска Филипе Кутињо од Барселона ова лето.
Договорот за закуп меѓу клубовите вклучува откупна опција за 40 милиони евра, но Вила не е подготвена да ја плати оваа сума, па ќе се обиде да издејствува намалување на сумата.
Астон Вила на Бразилецот ќе му понуди долгорочен договор со намалување на платата. Клубот се надева дека Кутињо ќе изврши притисок врз Барселона и ќе помогне да се договори трансфер за помалку од 40 милиони евра.
Укинати сите ковид-мерки во Премиер лигата
Од денес се укинуваат дел од итните антивирусни мерки кои во декември беа воведени во Премиер лигата поради бранот заразени со омикрон. Вака одлучија клубовите од Премиер Лигата на денешниот состанок.
Од утре веќе не е задолжително носење маски во затворени простории, се намалува временскиот рок за процедури за опоравување, а задолжителното тестирање на играчите и вработените се намалува на два пати неделно, кое стапува на сила од понеделник. Премиерлигата во официјалното соопштение најави дека редовно ќе се разгледуваат и останатите вонредни мерки, а ставот е дека сите ќе бидат укинати на крајот на месецот.
Од денес се укинуваат дел од итните антивирусни мерки кои во декември беа воведени во Премиер лигата поради бранот заразени со омикрон. Вака одлучија клубовите од Премиер Лигата на денешниот состанок.
Од утре веќе не е задолжително носење маски во затворени простории, се намалува временскиот рок за процедури за опоравување, а задолжителното тестирање на играчите и вработените се намалува на два пати неделно, кое стапува на сила од понеделник. Премиерлигата во официјалното соопштение најави дека редовно ќе се разгледуваат и останатите вонредни мерки, а ставот е дека сите ќе бидат укинати на крајот на месецот.
Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон веќе ја објави својата намера да ги отстрани сите ограничувања од почетокот на март. Затоа денес клубовите се собраа за да разговараат како англискиот фудбал ќе продолжи во овие променливи околности.
Премиерот на Обединетото Кралство Борис Џонсон веќе ја објави својата намера да ги отстрани сите ограничувања од почетокот на март. Затоа денес клубовите се собраа за да разговараат како англискиот фудбал ќе продолжи во овие променливи околности.
Синот на Кристијано Роналдо потпиша за Манчестер Јунајтед
Синот на Кристијано Роналдо потпиша договор со Манчестер Јунајтед. Роналдо Џуниор ќе го носи бројот 7 како свој татко.
11-годишното момче е дел од Академијата на „Црвените Ѓаволи“ од летото кога Кристијано Роналдо повторно се врати да настапува на Олд Трафорд.