фудбал

Мустафи: Шалке 04 нема да испадне од Бундеслигата

Фудбалерот на Шалке 04, Шкодран Мустафи, верува дека екипата од Гелзенкирхен нема да испадне во Втората Бундес лига иако е на дното на табелата со само девет бодови. „Мислам дека клубот има доволно потенцијал да ја поправи ситуацијата, секако, очајно ни требаат бодови. Се надевам дека ќе останеме во Бундес-лигата”, изјави Мустафи за веб-страницата на клубот. 28-годишниот играч пристигна во Шалке во јануари како позајмен од англискиот Арсенал. Неговиот нов состав од почетокот на сезоната има само една победа и вкупно 9 бодови на 22 меча.


Гвардиола го достигна Мурињо по бројот на победи во Лигата на шампионитe

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола се изедначи на Жозе Мурињо на четвртото место на листата на тренери со најмногу победи во историјата на Лигата на шампионите. По успехот на „граѓаните“ со 0-2 како гости против Борусија (Менхенгладбах) во првото осминафинале одиграно синоќа, шпанскиот тренер сега е со 81 победа, израмнувајќи со својот португалски колега. Рекордер е легендарниот Сер Алекс Фергусон со 102 победи, а го следат Карло Анчелоти (89) и Арсен Венгер (86). Секако дека со резултатите кои ги постигнува Гвардиола со неговата екипа може да се очекува дека до крајот на сезоната може да го стигне и Арсен Венгер.


Динамо има нов „бисер“, гигантите го сакаат Иван Шараниќ

Осумнаесет годишниот Иван Шараниќ е на мета на неколку европски гиганти, а денес италијанскиот „Калчомеркато“ пишува дека Шараниќ го сакаат два италијански клуба кои сезонава настапуваа во Лигата на шампионите, но и Барселона. Истиот извор пишува дека Динамо се надева на понуда од најмалку 10 милиони евра.


Мистеријата наречена Месут Озил

Делуваше дека напуштањето на Арсенал и промената на средината предизвикана со трансферот во Фенербахче позитивно ќе влијае на Месут Озил, но поранешниот германски репрезентативец се уште се „бара“ во Истанбул.
Беше тоа ден од соништата за фановите на Фенербахче кога минатиот месец Озил слета на истанбулскиот аеродром, а кратко потоа и потпиша договор со клубот. Не беше во прашање дали ќе оправда и еден цент од тоа што е платен, со оглед на репутацијата со која пристигна, но неиграњето оваа сезона во Арсенал и тоа како влијаеше на луцидниот фудбалер.
Озил одигра пет натпревари за Фенер и се уште не се запишал во листата на стрелците, а тоа и не би било толку чудно доколку клубот не се наоѓа во криза која се отсликува во дури три порази на петте натпревари откако пристигна Озил.
Два порази во првенството значеа пад на табелата на третото место, а изгубеното градско дерби против Башакшехир значеше и елиминација од Купот.
Со оглед на тоа што не настапуваше во претходните 10 месеци, трпението во Фенербахче за Озил не смее да изостане, но сигурно е дека е крајно време да „проработи“.


Сити победи во 19 натпревари по ред – Гвардиола ја откри тајната на успехот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола синоќа ги водеше „граѓаните“ до нивната 19. победа по ред во сите натпреварувања, овој пат против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, а за медиумите ја откри и причината за ваквата форма.
Сити на првиот осминафинален натпревар славеше со 2:0 и практично го обезбеди пласманот во четвртфиналето. По натпреварот, Гвардиола призна дека парите играат клучна улoга.
„Имаме многу пари да купиме доста неверојатни играчи.“ – вели Гвардиола.
Проговори и за главните актери во победата, португалскиот тандем Жоао Кансело и Бернардо Силва.
„Кансело напредуваше и одлучи да преземе повеќе ризик во својата игра. Ни дава нешто посебно во играта. Пресреќен сум поради неговите две асистенции во завршната третина од теренот.“ – изјави Пеп, а за Силва рече дека се работи за интелигентен играч.


Мурињо го сака Ник Поуп од Барнли

Голманот на Барнли, Ник Поуп, е на мета на Тотенхем. Според изворот, клубот бара замена за Хуго Љорис, кој се поизвесно ќе се пресели во ПСЖ на лето.
Договорот на Љорис со Тотенхем завршува во летото 2022 година, а Тотенхем сака да го подмлади составот со нов голман, па затоа почна да се врти кон Ник Поуп од Барнли.
Поуп оваа сезона одигра 25 натпревари за Барнли, прими 26 гола и деветпати остана несовладан.


Ван Дајк забрзано тренира за да се врати на терените сезонава

Дефанзивецот на фудбалскиот состав Ливерпул, Виргил ван Дајк, првпат направи тренинг со топка по тешката повреда што го извади од терените подолг период.
29-годишниот стопер продолжува да се опоравува од повредата што ја заработи на 17 октомври на натпреварот од петтото коло во Премиер лигата против Евертон (2-2).
Холанѓанецот денеска работеше прво во теретана а потоа и на тревнатиот терен. Искусниот дефанзивец во сезонава одигра 8 натпревари за Ливерпул и постигна еден гол.


Кутињо за 50 милиони евра се сели во Милан

Милан игра одлично оваа сезона и се очекува после неколку години конечно да се врати во Лигата на шампиони. Раководството на „росонерите“ сака на лето да донесе нова ѕвезда во тимот, а прв на листата желби е Филипе Кутињо од Барселона.
Бразилецот оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ и добро ја отвори сезоната, но заработи тешка повреда и ќе биде надвор од терените до април. Каталонците сакаат да го продадат на лето, а Милан е еден од најзаинтересираните клубови за неговиот потпис. Италијанските медиуми пренесуваат дека „росонерите“ веќе стапиле во конаткт со неговиот агент и се спремни да понудат 50 милиони евра за неговиот потпис.


Престрого, или правилно? Проценете сами (ВИДЕО)

Реал Мадрид има човек повеќе на терен на гостувањето кај Аталанта во Бергамо по стартот на Фројлер над Менди во 20 минута. Судија на овој натпревар е Штилер од Германија.
Стартот за црвениот картон можете да го видите на следното видео:


Дин Хендерсон го менува Лорис во Тотенхем

Жозе Мурињо сака нов голман, пишуваат англиските медиуми. Во Тотенхем не се задоволни како нивниот капитен Хуго Лорис брани оваа сезона и на лето ќе се обидат да доведат негова замена. Прва мета е Дин Хендерсон, резервниот голман на Манчестер Јунајтед. Хендерсон има 23 години и минатата сезона беше одличен на позајмицата во Шефилд. Оле Гунар Солскјер го врати во Манчестер Јунајтед, но младиот голман не успеа да се избори за место покрај Давид Де Хеа.