фудбал

Арда Ѓулер најмлад турски стрелец во историјата на Мундијалите

None

Арда Ѓулер стана најмладиот стрелец во историјата на турската репрезентација на Светските првенства.

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, постигна гол во 10-тата минута од натпреварот од третото коло на Светското првенство во 2026 година против репрезентацијата на САД.

Ѓулер постигна гол на возраст од 21 година и 120 дена, надминувајќи го рекордот на Емре Белозоглу, кој постигна гол за репрезентацијата на Светското првенство на 21 година и 275 дена.


Панатинаикос загреан за Елмин Растодер

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Елмин Растодер, е пред трансфер во грчки Панатинаикос. Веста ја објавија спортските портали во Грција, потенцирајќи дека атинските „зелени“ се на чекор до комплетирање на уште еден важен трансфер, бидејќи Елмин Растодор останува само формално да го потпише договорот со нив.

Преговорите со Тун се во напредна фаза и, според последните информации, постои оптимизам дека договорот ќе биде склучен за 24 часа, за да може 24-годишниот напаѓач што поскоро да му се стави на располагање на тренерот на Панатинаикос, Јакоб Ниструп.

Македонскиот репрезентативец веќе некое време е клучна цел на Панатинаикос како најдобар напаѓач во швајцарското првенство.


Вардар ги доби противниците во групната фаза на ЛШ

Ракометниот шампион на Македонија, екипата на Вардар, денеска ги добни противниците во групната фаза на најсилното европско натпреварување, ЕХФ Лигата на шампионите. Денешната ждрепка во Виена сакаше двократниот европски првак од Скопје во групната фаза за ривали да ги добие екипте на Нант, Мелсунген и Висла Плок.

Од оваа сезона во европската елита ќе се игра по нов формат, откако ЕХФ одлучи за проширување на Лигата на шампионите од 16 на 24 екипи.

Стартот на првата групна фаза е закажан за во септември, а распоредот се очекува да биде познат во наредните денови.


Наташа Андонова се враќа во ЛШ, ќе игра за швајцарски Сервет

Македонската репрезентативка Наташа Андонова има нов предизвик во кариерата, откако официјално стана нова фудбалерка на швајцарскиот шампион Сервет.

По епизодата во шпанскиот Мадрид, Андонова се сели во Женева, каде ќе го засили актуелниот првак на Швајцарија во пресрет на новата сезона.

Капитенката на македонската репрезентација зад себе има богата кариера и настапуваше за некои од најголемите европски клубови, меѓу кои Барселона и Пари Сен Жермен.

Со трансферот во Сервет, Андонова повторно ќе биде дел од квалификациите за Лигата на шампионите, каде швајцарскиот тим ќе се обиде да избори пласман во главната фаза на елитното натпреварување.


Рекорден број автоголови на тековното Светско првенство

На годинешното Светското првенство веќе е постигнат рекорден број автоголови – 12.

Тековниот турнир ги повтори резултатите од Светското првенство во 2018 година.

Елје Скири од Тунис постигна автогол на натпреварот против Холандија (1-2, второ полувреме) во 3. коло од групната фаза со што бројката на автоголови се искачи на 12.

Вреди да се одбележи дека на ниту еден друг турнир, освен Светските првенства во 2026 и 2018 година, фудбалерите не постигнале повеќе од 5 гола во сопствената мрежа.


Комо повторно ќе го откупи Нико Паз од Реал Мадрид

Според Фабрицио Романо, Комо и Реал Мадрид се договориле за трансфер на Нико Паз кој ќе остане во италијанскиот клуб.

Реал Мадрид ја активираше откупната клаузула и за 9 милиони евра си го врати Нико Паз.

Но, информациите велеа дека кралскиот клуб му го понудил Нико Паз повторно на Комо за сума од 60 милиони евра.

Романо сега тврди дека паднал договор и најверојатно за таа сума Комо ќе го врати назад.

Се верува дека во договорот пак ќе има клаузула според која Реал Мадрид ќе може да си го откупи, но овојпат за 80 милиони евра.


Мундијалот уште по групите е најгледан во историјата

Светското првенство во САД, Канада и Мексико веќе испиша нова страница во историјата. ФИФА потврди дека е соборен рекордот по вкупна посетеност на натпреварите, иако турнирот сè уште не е ниту до половина.

Историскиот момент беше официјализиран за време на второто полувреме од натпреварот меѓу Германија и Еквадор во Ист Радерфорд, кога беше објавено дека вкупно 3.605.357 гледачи досега присуствувале на мундијалските натпревари. Со тоа е надминат рекордот од Светското првенство во 1994 година, кога на трибините имаше речиси 3,6 милиони навивачи.

Дополнително импресионира и податокот дека просечната исполнетост на стадионите е поголема од 99 проценти, што е уште една потврда за огромниот интерес за првото Светско првенство со 48 репрезентации.

Рекордот добива дополнителна тежина ако се знае дека досега се одиграни само 56 натпревари, а до крајот на шампионатот остануваат уште 48, што значи дека конечната бројка на посетители ќе биде значително повисока.


Бразилецот Верли нов член на Шкендија Арачиново

Шкендија Арачиново продолжува да го засилува тимот за новата сезона, а најново име во составот е бразилскиот дефанзивец Верли Валтер до Насименто Фереира.

Станува збор за 26 годишен лев бек, кој пристигнува со цел да ја зголеми конкуренцијата во одбранбената линија и да донесе дополнителен квалитет и искуство во тимот.

Верли кариерата ја почна во својата татковина Бразил, каде настапуваше за неколку клубови, а во изминатите години стекна и интернационално искуство, играјќи надвор од својата земја. Се работи за офанзивно ориентиран лев бек, кој покрај дефанзивните задачи често се вклучува и во нападот.

Од Шкендија Арачиново соопштија дека очекуваат Бразилецот да биде значајно засилување во пресрет на новата сезона, во која клубот ќе има високи амбиции.

„Добредојде во црвено црното семејство, Верли! Ти посакуваме многу успеси и победи во дресот на Шкендија“, порачаа од клубот.


Дарко Илиески потпиша за Силекс

Силекс продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар пред стартот на новата сезона, а денес клубот го потврди ангажманот на искусниот дефанзивец Дарко Илиески.

Триесетгодишниот стопер во Кратово пристигнува по настапите за ГФК Охрид и треба да биде едно од клучните засилувања во последната линија на тимот.

Во својата кариера Илиески има настапувано за голем број клубови. На домашната сцена ги бранеше боите на Металург, Победа, Тиквеш, Борец, Пелистер, Струга, Шкупи и Охрид, додека надвор од Македонија играше за Ширак од Ерменија, словенечки Копер, таџикистански Истиклол и албански Билис.

Со неговото доаѓање Силекс добива дополнително искуство во одбраната пред предизвиците што го очекуваат во новата сезона, во која кратовци ќе се натпреваруваат на европската сцена преку квалификациите за Конференциската лига, но и во Првата македонска фудбалска лига.


Мурињо: Сакам фудбалерите на Реал да губат на Мундијалот

Жозе Мурињо гостуваше на подкаст кај поранешниот фудбалер Адебајо Акинфенва, а даде интересен одговор на едно прашање.

На прашањето што очекува од Светското првенство, Мурињо даде неочекуван, но логичен одговор.

„Сакам играчите на Реал Мадрид да изгубат, бидејќи сакам да се вратат за подготовките за наредната сезона“, рече Мурињо.