фудбал

Серија А се откажа од портокаловата топка

Претседателот на Серија А, Ецио Симонели, објави дека лигата ќе се откаже од користење на портокаловата зимска топка.

„Добивме бројни легитимни поплаки за ова: луѓето со далтонизам едноставно не можат да ја видат. Го замоливме нашиот добавувач да ја забрза испораката на нови топки. За секој натпревар се потребни 25 топки – тоа се 500 топки неделно, не сметајќи ги оние што им ги даваме на тимовите за тренинг. Тие лансираа нови топки во многу видлива боја, но ќе треба малку време пред целосно да ја заменат портокаловата опција – се покажа како лоша одлука. Ќе се вратиме на жолта или бела боја“, рече Симонели во својата изјава.


Гасперини: Дибала и со половина од силите прави разлика

AS Roma’s Argentinian forward Paulo Dybala celebrates after scoring his side’s second goal during the UEFA Europa League quarter-finals second leg football match between AS Rome and Feyenoord Rotterdam on April 20, 2023 at the Olympic stadium in Rome. (Photo by Filippo MONTEFORTE / AFP) (Photo by FILIPPO MONTEFORTE/AFP via Getty Images)

Главниот тренер на фубалерите на Рома, Џан Пјеро Гасперини, беше задоволен од победата на домашен терен против Џенова во 17-то коло од првенството во Серија А.

„Создадовме многу шанси и бевме опасни. Штета што не можевме да ги искористиме во второто полувреме. Рома нема играчи со толку висок квалитет.

Кога е во форма, играта на Дибала се развива на еден начин. Но, дури и половина од неговиот потенцијал е доволен, треба да игра“, нагласи Гасперини.


Босанецот Пјаниќ ја заврши професионалната кариера

Поранешниот играч од средниот ред на Барселона, Јувентус и ЦСКА Москва, Миралем Пјаниќ, го објави своето фудбалско пензионирање.

„Нема да играм повеќе. Се пензионирав. Сега живеам во Дубаи и повеќе не сум фудбалер – јас сум татко на мојот мал син и тој е мој приоритет“, изјавил Пјаниќ во разговорот со новинарот Николо Шира.

Последниот клуб на 35-годишниот Босанец беше ЦСКА Москва, која ја напушти во текот на летото. Се пишуваше дека Пјаниќ се обучувал за да стане агент во Дубаи.

Пјаниќ играше и за Мец, Лион, Рома, Бешикташ и Ал-Шарџа.

Босанецот освои седум трофеи со Јувентус, два со Ал-Шарџа и по еден со Барселона, ЦСКА (Куп на Русија) и Бешикташ.


Ливерпул го смени помошникот на Слот

Фудбалскиот состав Ливерпул се раздели со тренерот, Арон Бригс, кој беше задолжен да ги планира акциите кога играта е во прекин

. Во сезонава, „црвените“ се убедливо најслабиот состав кога станува збор за примени голови по прекини, слбодни удари или корнери. Бригс кој беше дел Манчестер Сити, се пресели на „Енфилд“ во јули 2024 година како нов тренер за индивидуален развој.

Тој има работено во Волфсбург и во Монако како тренер за тактичка анализа и како раководител на методологијата на фудбалот.


Јунајтед не дава „зелено“ светло за продажба на Зиркзе

Челниците на фудбалскиот состав, Манчестер Јунајтед, нема да брзаат со продажбата на напаѓачот, Џошуа Зиркзе, откако е утврдено дека тимот од стадионот – „Олд Трафорд“ има проблеми во навалниот ред.

Имено, Рубен Аморим се соочува неколку повредени фудбалери како и со отсуството на неколку првотимци кои учествуваат на „Африкански куп на нации“. Тука се потенцираа Амад Дијало и Брајан Мбемо.

Во меѓувреме се појавија информации дека италијанската Рома е заинтересирана да го ангажира Холанѓанецот во текот на зимскиот преоден рок.


За Ѕола фаворит за скудетото е Интер

LONDON, ENGLAND – FEBRUARY 11: Gianfranco Zola, former professional footballer looks on prior to the Premier League match between West Ham United and Chelsea FC at London Stadium on February 11, 2023 in London, England. (Photo by Julian Finney/Getty Images)

Џанфранко Ѕола, поранешниот играч на Челзи, Наполи, Парма и Каљари, се насочи кон збиднувањата во серија „А“ во тековнава сезона.

„Најсилниот тим, дури и за малку, е Интер. Но, јас сум романтичар и ќе кажам, Наполи, за сè што тимот претставува во мојата кариера. Мојот дедо е роден таму и многу сум добил од градот“, рече Ѕола.

„Кои се луѓето на годината? Можам да кажам Антонио Конте но, не смееме да го заборавиме Де Лаурентис. Можам да го кажам и Бепе Марота, кој докажа дека е број 1. Тука секако е Кристијан Киву – тоа беше избор на претседателот на „нераѕурите“, што ме изненади“, призна поранешниот фудбалер.


Марота ја отвора вратата за заминување на Фратези

Интер одново ја победи Аталанта и ја продолжи позитивната серија на резултати против тимот од Бергамо, а триумфот од 0:1 значи дека „нераѕурите“ ја завршуваат 2025-та година како првопласиран тим на табелата.

Голот на капитенот Лаутаро Мартинез направи главна разлика на теренот и донесе важна победа за Интер, па во период кога се чека Нова година и отворање на зимскиот преоден рок, Бепе Марота како извршен директор и претседател на клубот мораше да одговара и на прашања поврзани за трансфер пазарот.

Давиде Фратези не успеа да се наметне кај Кристијан Киву и има уште помала минутажа од времето кога тренер беше Симоне Инѕаги, а поради незадоволството и фрустрацијата кои владеат кај самиот репрезентативец, Марота е подготвен да седна на маса и да му ја отвори вратата за заминување.

„Мора да нагласам дека дисциплината на Фратези во текот на сите овие години беше извонредна. Сепак, од друга страна, свесен сум дека играч кој не игра редовно го има секое право да бара алтернативи. Не сакаме никого да држиме во тимот со сила.

Фратези се уште не дошол кај мене да ми кажа дека сака да си оди, но се уште е многу рано. Ќе имаме шанса да седнеме на стартот на Новата година и да ја дискутираме неговата ситуација“, изјави Марота.


Де Роси се врати на „Олимпико“, но неговата Џенова покажа немоќ против Рома

Со натпреварот Рома-Џенова заврши фудбалската 2025 година во Серија А. Рома рутински ја победи Џенова со 3-1. Гостите од клупата ги предводи легендата на „волчицата“ даниеле Де Роси.

Со оваа поведа, Рома се врати на четвртата позиција, последна што води во Лигата на шампионите, додека Џенова, со третиот пораз по ред, остана веднаш над зоната за испаѓање.

Победникот практично беше познат веќе во првото полувреме, по само половина час игра, кога Рома ги постигна головите. Во интервал од 14-та до 31-та минута голманот на Џеонова го совладаа: Суле, Коне и Фергусон.

Почесниот гол за Џенова го постигна Ехатор во 87-та минута.


Барса го враќа Кансело во Европа

Барселона има намера да ја засили својата одбрана во зимскиот преоден рок. Клубот притиснат од финансиката криза, мора да бара алтернативни и пред се ефтини решенија.

Шпанските медиуми објавија дека „блауграна“ се заинтересирани за Португалецот Жоао Кансело (31), кој игра за саудискиот Ал Хилал од летото 2024 година.

Кансело би сакал да се врати во Европа, бидејќи сезонава не е во преден план кај тренерот на Ал Хилал, Симоне Инзаги. Оваа сезона, тој одигра само шест настапи, па затоа неговиот статус во португалската репрезентација е под знак прашалник, односно дали ќе биде на списокот на играчи за СП 2026.

Пристигнувањето на „Камп Ноу“, би значело враќање во добро позната средина, бидејќи во сезоната 2023/24 беше на позајмица во Барселона. Во својот мандат, Кансело одигра 42 натпревари, постигна четири гола и пет асистенции.

Кансело остави најдлабока трага во дресот на Манчестер Сити, каде што запиша девет гола и 22 асистенции во 154 натпревари. Играше и за Валенсија, Интер, Јувентус и Баерн. Во дресот на португалската репрезентација постигна 12 гола на 64 натпревари.


Фенер спремен да понуди 35 милиони евра за Нкунку

Турскиот прволигаш Фенербахче е заинтересиран за напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку, објави новинарот Екрем Конур. Според истиот извор, турскиот клуб е заинтересиран да го донесе 28-годишниот Французин на позајмица или да понуди меѓу 30 и 35 милиони евра за неговите услуги.

Нкунку е во Милан од летото оваа година и има договор со италијанскиот клуб до крајот на јуни 2030 година.

Оваа сезона, напаѓачот има 15 настапи во сите натпреварувања, на кои постигна три голови, а додаде две асистенции.