фудбал

Финалето на ЛШ ќе се игра во дневен термин

УЕФА донесе историска одлука и направи промена на терминот на одигрувањето на финалето во Лигата на шампионите. Почнувајќи од оваа година и финалето во Будимпешта финалето нема да почнува во 21 часот, туку во 18 часот по средноевропско време. Финалниот натпревар веќе неколку сезони се игра во сабота. Целта на одлуката е подобрување за навивачите, финалистите и градовите домаќини.

Навивачите кои патуваа на натпреварот со новиот термин ќе имаат и полесен пристап до јавниот превоз, по безбедно враќање, а за градовите домаќини се очекува да има поголемо економско влијание, ќе има повеќе време за славење и дружење по натпреварот.

Новиот термин е приспособен и за тв-преносот и секако можност и помладите гледачи да го следат финалниот натпревар.

Финалето на Лигата на шампионите е врв на фудбалската сезона, а новиот почеток ќе биде погоден за сите учесници. Терминот од 21 часот е погоден за натпревари кои се играат во работните денови, се вели во соопштението на УЕФА.


Почетино верува дека САД може да стане светски првак

Селекторот на фудбалската репрезентација на САД Марусио Покетино изјави дека неговите играчи можат да постигнат резултат, во кој никој не верува – да станат светски прваци.

-Зошто не ние? Мораме да веруваме дека можеме тоа да го оствариме. Мораме да сонуваме. Мораме да испратиме добра енергија и позитивни емоции до луѓето и тие да веруваат и да не поддржат, изјави Покетино на прес-конференција.

Тој пораката јавно ја објави на собирот на играчите во рамки на подготовките.

САД се наоѓаат во групата Д, а противници им се репрезентациите на Парагвај, Австралија и репрезентација од европскиот бараж.

Светското првенство ќе се одржи од 11.јуни до 19.јули.


Без Миовски, Атанасов и Трајковски во Даблин

Македонската фудбалска репрезентација денеска на тренинг центарот “Петар Милошевски” ги продолжува подготовките за гостувањето во Даблин, каде на 31. март ќе се соочи со Република Ирска.

Во пресрет на натпреварот, селекторот Гоце Седлоски се соочува со неколку предизвици, додека дел од одлуките околу почетниот состав од претходниот натпревар против Данска отворија и одредени реакции во тимот.

Коњаспор и кинески Далиан, клубовите на Енис Барди и Исник Алими, официјално побараа двајцата репрезентативци да бидат ослободени од репрезентативните обврски, но Барди и Алими имаат јасен став дека сакаат да останат и бидат дел од националниот тим и ќе конкурираат за настап на дуелот.

Од друга страна, напаѓачот Бојан Миовски, по барање на Глазгов Ренџерс, но и со согласност од самиот фудбалер, е ослободен од обврските и веќе ја напушти репрезентативната база.

Дополнителен хендикеп за стручниот штаб претставува и повредата (адуктор) на Јани Атанасов, кој по направените медицински прегледи (магнетна резонанца) нема да биде во можност да настапи на натпреварот во Даблин.

Седлоски се осврна и на ситуацијата со Александар Трајковски и Бојан Миовски по натпреварот со Данска, потенцирајќи дека одлуките биле донесени исклучиво врз основа на натпреварувачката форма и тактичките барања.

„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за да одговори на барањата на ваков натпревар. Нашиот план беше, доколку има потреба, Трајковски да добие шанса во завршницата, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден. Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.


Луис Енрике го одби Јунајтед за да остане во Париз

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, ја отфрлил понудата да седне на клупата на Манчестер Јунајтед и ќе потпише нов договор со актуелниот европски првак, објави денеска лондонскиот весник „The i Paper“. Јунајтед наводно ја разгледувал можноста 55-годишниот шпански стратег да го преземе клубот од „Олд Трафорд“, но, според весникот, Енрике сака да остане во клубот од Париз.

Јунajтед во јануари му врачи отказ на Португалецот Аморим и за привремено решение на тренерското место го назначи Мајкл Карик, кој има договор до крајот на актуелната сезона.

На седум кола до крајот на премиерлигашката сезона, Манчестер јунајтед е третопласиран на табелата со 55 бодови.


Реал не го сака Родри, Шпанецот ќе остане во Сити

Плановите на Реал Мадрид за евентуален трансфер на Родри остануваат непроменет и шпанскиот фудбалски гигант, засега, нема намера да го ангажира играчот од средниот ред на Манчестер Сити, објави денеска весникот АС.

Шпанскиот репрезентативец претходно во интервју изјави дека не ја исклучува можноста за таков трансфер: „Фактот што играв за Атлетико не ме спречува да му се приклучам на Реал Мадрид. Не можете да ги одбиете најдобрите клубови во светот – и други го избраа овој пат.“, изјави 29-годишниот Родри.

Според АС, раководството на Реал Мадрид сè уште не го гледа Родри како опција за евентуално засилување на средниот ред, бидејќи клубот има други цели во летниот трансфер за оваа позиција. Родри има договор премиерлигашот со Манчестер Сити до лето 2027 година.


Клоп му го нуди Диоманде на РБ Лајпциг

Поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп ги советува „црвените“ да го ангажираат Јан Диоманде како замена за Мохамед Салах.

Мохамед Салах летоска ќе го напушти „Енфилд“ па Ливерпул крои планови кој ќе го наследи репрезентативецот на Египат.

Последните информации велат дека Јурген Клоп може да одигра клучна улога, поранешниот тренер на „црвените“ дал совет да биде купен Јан Диоманде.

Јирген Клоп, кој е глобален ше за фудбал на „Ред Бул“, од прва рака знае со каков талент располага Јан Диоманде, младото момче блеска оваа сезона во дресот на РБ Лајпциг и за кратко време се најде во бележникот на сите гиганти ширум Европа.

Останува да се види дали Ливерпул ќе го послуша Јирген Клоп или пак ќе се насочи на некоја друга цел, листата е долга со имиња како Бредли Баркола од ПСЖ, Морган Роџерс од Астон Вила, Ентони Гордон од Њукасл, Илиман Ндиај од Евертон, Мајкл Олисе од Баерн Минхен и Квича Кварацхелија од ПСЖ.


Сити ги сака Тонали и Андресон како замена за Бернардо Силва

„Граѓаните“ нема да штедат за да донесат квалитетни засилувања за средниот ред и се подготвени да инвестираат околу 190 милиони фунти за ангажман на Сандро Тонали од Њукасл и Елиот Андерсон од Нотингем Форест.

Манчестер Сити летоска ќе го реконструира средниот ред, Бернардо Силва се очекува да замине откако ќе му заврши договорот на 30. Јуни, а на излезна врата може да се најде и Родри.

Па „граѓаните“ сакаат да донесат квалитетни засилувања и последните информации велат дека клубот од „Етихад“ е подготвен да инвестира околу 190 милиони фунти за ангажман на Сандро Тонали од Њукасл и Елиот Андерсон од Нотингем Форест.

Интересно, двајцата фудбалери се наоѓаат и во бележникот на Манчестер јунајтед за засилување на тимот за следната сезона, па со овој потег, Манчестер Сити ќе му зададе удар на лутиот градски ривал.


Маркињос сака да ја заврши кариерата во Коринтијанс

Маркињос, дефанзивец на Пари Сен Жермен, изјави дека враќањето во Бразил е голема можност по неговото завршување на кариерата во Европа, потенцирајќи го својот избор – Коринтијанс. Да потсетиме, овој стопер потекнува од овој клуб, кој го напушти во 2012 година, со само 18 години, и се пресели во Рома.

Дефанзивецот зборуваше за својата иднина, објаснувајќи дека неговиот договор со парижаните важи до јуни 2028 година, што значи дека враќањето во бразилскиот фудбал би можело да се случи кога ќе има 33 години, во период кога би се чувствувал во полна физичка и техничка форма.

Маркињос ја подвлече важноста на враќањето на високо ниво, особено поради притисокот што за него носи играњето во татковината.

„Имам уште две години договор со ПСЖ и ќе видиме што ќе се случи. Ако еден ден се вратам во Бразил, сакам да се вратам во добра форма. А таму притисокот е голем, особено во тимот во кој би сакал да се вратам, а тоа е Коринтијанс. Тоа е клубот на моето срце, таму пораснав. Но не можам да се вратам кога веќе сум ‘заминат’ – изјави дефанзивецот.

Да потсетиме, неговиот престој во првиот тим на Коринтијанс беше краток. Играчот беше продаден на Римјаните откако одигра само 15 официјални натпревари за клубот од каде што потекнува, во кои забележа една асистенција. Најголемиот трофеј кој го освои во клубот беше во младинските категории, каде ја освои Купинија во 2012 година. И покрај краткиот престој, љубовта кон клубот останува ненарушена.

Ако еден ден се вратам во Бразил, Коринтијанс сигурно ќе биде приоритет. Тоа е клуб кој ми ги отвори вратите, каде сè започна. Имам огромна љубов и навистина би сакал повторно да го носам тој дрес“, заклучи тој.


Јуве го сака Левандовски од следната сезона

Роберт Левандовски од лето би можел да стане слободен играч, а сериозен интерес за негов ангажман покажува Јувентус.

Претседателот на торинскиот клуб, Дамиен Комоли, веќе отпатувал во Полска на разговори со искусниот напаѓач, кој е трет стрелец во историјата на Лигата на шампионите.

„Старата дама“ има сериозни проблеми во нападот оваа сезона. И покрај инвестициите, очекуваниот ефект изостана. Џонатан Дејвид не ги оправда очекувањата, а Душан Влаховиќ имаше проблеми со повреди.

Во Торино веруваат дека токму Левандовски може да биде решението, а доколку трансферот се реализира, интересно ќе биде да се види како ќе функционира во тандем со Влаховиќ и во наредната сезона.


Хоџсон по 44 години пак ќе седне на клупата на Бристол Сити

Англискиот тренер Рој Хоџсон повторно се враќа од пензија и на 78-годишна возраст го презеде тимот на Бристол Сити во Чемпионшип.

Искусниот стратег потпиша договор до крајот на сезоната, заменувајќи го Герхард Штрубер, а ова за него претставува враќање во клубот кој го водеше уште во 1982 година.

Бристол Сити по 39 одиграни кола се наоѓа на 16-тата позиција на табелата и на пет натпревари до крајот нема реални шанси за пласман во плеј-офот, но ниту е загрозен од испаѓање.

За Хоџсон, ова е нов предизвик по последниот ангажман во Кристал Палас во сезоната 2023/2024.