фудбал

Шок во Мадрид: Родри ја отвори вратата за трансфер во „Кралскиот клуб“

Играчот на Манчестер Сити, Родри, и логото на Реал Мадрид

Во современиот фудбал, верноста ретко се гледа низ призмата на емоциите, и Родри е уште еден пример за тоа. Иако неговото минато е силно поврзано со Атлетико Мадрид, клубот каде што ја помина академијата и се промовираше во светска ѕвезда, поранешниот освојувач на Златната топка предизвика бура во јавноста одбивајќи да ја исклучи можноста за преселба на Сантијаго Бернабеу. Во искрено интервју Шпанецот јасно стави до знаење дека неговата амбиција нема граници.

„Тоа што играв за Атлетико не ме спречува да заиграм за Реал“, изјави Родри, рушејќи го табуто за „забранетата“ преселба меѓу градските ривали. За играч кој ги искачи сите планини во Премиер лигата и Европа со Сити, логиката е едноставна и сурова: „Најдобрите клубови во светот едноставно не се одбиваат“.

Коментарите на Родри се признание за психолошката моќ што ја носи логото на Реал Мадрид. Потсетувајќи се на епските дуели во кои Манчестер Сити потклекна пред шпанскиот гигант, тој ја истакна „аурата“ која го опкружува клубот, без оглед на нивната моментална форма. Дури и по болните елиминации во Лигата на шампионите, неговата почит останува максимална.

„Не е важно дали Реал е во добра или лоша форма кога доаѓаат клучните фази во Европа. Како што веќе сите знаеме, Реал Мадрид е секогаш Реал Мадрид“, нагласи тој. Ваквото признание сугерира дека за него, „Кралскиот клуб“ не е само опција за враќање дома, туку и единствената екипа која поседува речиси мистична моќ за освојување трофеи.

Покрај историјата и трофеите, Родри се осврна и на физичкото чувство кога се истрчува на тревата во срцето на Мадрид. Бернабеу важи за една од најимпозантните фудбалски катедрали, а играчот на Сити не криеше дека стадионот влева страв кај противниците.

„Да се игра на Бернабеу е нешто неверојатно… Тоа место навистина застрашува“, додаде тој во интервјуто. Со оглед на тоа што неговиот договор со „Граѓаните“ навлегува во критична фаза, овие зборови звучат помалку како обична опсервација, а повеќе како отворен повик за соработка. Без разлика дали ќе остане столбот во тимот на Гвардиола или ќе се врати во родниот град, Родри потврди едно: неговото минато во Атлетико е само едно поглавје, а не крај на неговата мадридска приказна.


Олисе не сака ни да чуе за продажба на Олисе

Раководството на Баерн Минхен категорично ги отфрли гласините дека ќе го продаде својата ѕвезда, Мајкл Олисе, летоска.

Интерес за француското крило не недостига, бидејќи се зборува дека е во плановите на Реал Мадрид и Ливерпул за летниот трансфер период.

Извршниот директор на Баерн Минхен, Јан-Кристијан Дреесен, и спортскиот директор, Макс Еберл, ги оладија овие амбиции, истакнувајќи дека нема никаква шанса баварците да се разделат со Олисе. „Без разлика кој клуб се обидува да го привлече, секој што игра за Бајерн знае што има тука“, изјави Дреесен.

„Не губиме време за тоа. Тој е играч на Бајерн и има сите можности тука што врвните играчи би можеле да си ги посакаат. Мајкл има договор со нас до 2029 година, без клаузула за ослободување – спокојни сме“, додаде Еберл, и двајцата беа цитирани од “Билд”.


Бастони главна трансфер-цел на Барса следната сезона

Барселона го гледа дефанзивецот на Интер, Алесандро Бастони, како приоритетна цел за летниот преоден рок, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, евентуалниот трансфер би зависел од преговорите меѓу клубовите, но конечната цена на договорот сè уште не е потврдена. Самиот играч наводно е запознаен со интересот на каталонскиот клуб.

Дваесет и шестгодишниот Италијанец има 35 настапи во сите натпреварувања оваа сезона, постигна два гола и имаше шест асистенции. Неговиот тековен договор со Интер е до крајот на јуни 2028 година.

„Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на фудбалерот на 80 милиони евра.


У17: Македонските фудбалери очекувано поразени од Германија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години со пораз ги почна квалификациите од елитната фаза за пласман на Европското првенство, откако попладнево загуби од Германија 2-1 (2-0)

Избраниците на селекторот Влатко Колев конфузно влегоа во натпреварот, дозволувајќи и на фаворизираната Германија веќе на самиот почеток да дојде во водство со голот на Мирза во третата минута, а во 26 минута Велт ја удвои предноста на противникот.

Македонските фудбалери одиграа многу поквалитетно во вториот дел и со голот на Џангаровски во 63 минута ја преполовија негативата, но не успеаја до крајот да освојат бод против големиот фаворит.

Во вториот натпревар од воведното коло ма квалификацискиот турнир чиј домаќин е Словенија, репрезентацијата на Франција го совлада домаќинот со 2-0.

Македонските фудбалери во втоторо коло во квалификациската група А1 ќе се соочат со Франција, в сабота, а во завршнниот натпревар, на 31 март, противник ќе им биде Словенија.


Барса се вклучи во трката по Салах

Сè уште не е познато каде 33-годишникот Мохамед Салах ќе ја продолжи кариерата. Постојат огромни шанси неговата нова дестинација да биде Саудиска Арабија, но се појави уште една опција тоа е Барселона.

Извори блиски до каталонскиот клуб наведуваат дека Барса е подготвена да реагира и да го доведе Салах во текот на летото. Во нивна корист е фактот дека тоа доаѓа без обештетување.

„Барселона има шанса да го потпише Мохамед Салах. Тој е поврзуван со клубот со години, последниот пат минатата година“, се вели во него. Сепак, многу поизвесно е дека Египќанецот ќе оди во Саудиска Арабија.

Ал-Наср е тимот кој подготви понуда од над три милиони евра месечно за него, а тоа е бројка што е тешко да се одбие во овој момент. Исто така, постои интерес и од Ал-Итихад.


Челзи има нов фаворит, го сака Фабрегас на клупата

Сеск Фабрегас бележи одлични резултати со Комо и е на чекор до историски успех со пласман во Лигата на шампионите, а добрата форма не останува незабележана на фудбалскиот пазар.

Според последните најави, интерес за шпанскиот стратег покажува Челси, кој сериозно ја разгледува можноста да го доведе на „Стемфорд Бриџ“.

Иако во лондонскиот клуб во моментов имаат доверба во Росениор, кој го презеде тимот во јануари и има долгорочен договор, Фабрегас сепак се споменува како една од главните опции во случај на тренерска смена по крајот на сезоната.

Клучен фактор за иднината на актуелниот тренер ќе бидат резултатите, пред сè евентуалниот пласман во Лигата на шампионите. Доколку Челси успее да се врати во европската елита, каде што не настапувал од сезоната 2022/2023 веројатно и промена нема да има.


Интер го сака Касемиро за следната сезона

Интер е сè уште главен фаворит за освојување на Скудетото, но оваа сезона сигурно нема да биде оценета како успешна.

Интер беше елиминиран од Лигата на шампионите од Боде/Глимт, а во Италија не беше успеше во дерби натпреварите.

„Нероаѕурите“ веќе прават планови за летниот преоден рок, со цел да го засилат тимот. Според „Глобо“, во клубот сериозно размислуваат за ветеранот Касемиро.

Се пишуваше дека Бразилецот е блиску до заминување во Саудиска Арабија, но Интер би можел да се вмеша и да стигне до потписот на искусниот фудбалер, кој ќе го напушти Јунајтед на крајот од сезоната.

Во Интер веруваат дека 34-годишниот играч од средниот ред би можел да биде „врв на рамнотежа“, лидер во соблекувалната и продолжена рака на Киву на теренот, некој што ќе го стабилизира средниот ред и ќе му помогне на тимот да направи пробив следната сезона.


Седлоски и Барди: Фокус, верба и заедништво пред дуелот со Данска

Селекторот Гоце Седлоски и капитенот на македонската репрезентација, Енис Барди ја одржаа прес-конференција пред претстојниот натпревар против Данска, порачувајќи дека Македонија влегува во сериозен предизвик, но и со јасна верба во сопствените квалитети и тимскиот дух.

Гоце Седлоски — селектор на Македонија:

„Ова е голем момент за сите нас. Имаме шанса да се бориме за место на Светско првенство и тоа е мотив што ја обединува целата држава. Данска е квалитетен и респектиран противник, но и ние сме тука со причина.

Во тимот гледам енергија, концентрација и желба. Играчите го разбираат значењето на дресот и верувам дека тоа ќе го покажат на терен. Подготвени сме тактички, знаеме што сакаме да играме, иако одлуката за составот и формацијата останува кај мене.

Ни недостасуваат одредени фудбалери, но тоа не го менува нашиот пристап. Данска е силна, но ние сме фокусирани на нашата игра. Во вакви натпревари деталите одлучуваат, а верувам дека имаме што да покажеме. Благодарност до навивачите за поддршката, тоа ни дава дополнителна сила.“

Енис Барди – капитен на Македонија:

„Добро ги анализиравме и ги подготвивме сите детали. Свесни сме против кого играме и што не чека, но и ние имаме свои адути.

По претходните натпревари извлековме важни лекции и тие ни помогнаа да се подобриме како тим. Новите играчи се вклопија одлично и атмосферата во тимот е на високо ниво, функционираме како едно.

Во вакви натпревари мотивацијата никогаш не недостасува. Потценувањето само дополнително нè мотивира. Поддршката од навивачите секогаш ја чувствуваме и ќе дадеме сè од себе да ги направиме горди.“


Олисе од Баерн ќе го менува Салах во Ливерпул

Мохамед Салах ќе го напушти Ливерпул на крајот од тековната сезона 2025/26, со што ќе заврши неговиот извонреден деветгодишен престој на „Енфилд“. Египетскиот напаѓач постигна договор со клубот за заминување, а од почит и благодарност кон навивачите, инсистираше веста за неговата иднина да биде објавена што е можно поскоро за да се обезбеди целосна транспарентност.

Веднаш по објавата дека заминува од Ливерпул, логично се наметна прашањето, кој ќе дојде на неговото место.

Медиумите во Англија тврдат дека тоа ќе биде Мајкл Олисе од Баерн. Се најавува дека овој трансфер ќе биде од финансиски, најголемите трансфери во претстојниот преоден рок.

Во прилог на овие тврдења од Англија, дојде и информација од Шпанија, дека Реал Мадрид практично го призна поразот во трката за францускиот репрезентативец, верувајќи дека неговиот трансфер на „Енфилд“ е веќе завршена работа.

Овој развој на настаните претставува значаен пресврт на фудбалскиот пазар. Реал Мадрид ретко се откажува од борбата за врвни играчи, освен ако исходот не е однапред јасен. Во овој случај, се чини дека намерите на Ливерпул, а веројатно и желбата на самиот играч, создадоа одлучувачка предност.

Реализацијата на трансферот сепак ќе зависи од проценката на Баерн. Извори од Германија наведуваат дека раководството на клубот би било подготвено да го пушти за 100 милиони евра.


Шлотербек ја затвори вратата на Реал, ќе остане и догодина во Дортмунд

Новиот спортски на Борусија Дортмунд, Нилс Оле Бук, по само неколку дена на функцијата, го повлече првиот потег. Како што тврдат германските медиуми, дефанзивецот Нико Шлотербек ќе остане во клубот. Шлотербек, според овие извори, ќе стане најплатениот играч во историјата на клубот.

Нико Шлотербек серозно се поврзуваше со Реал Мадрид, Шпанците пред еден месец пишуваа дека работата е речиси завршена.

Пресвртот се случи откако Борусија на дефанзивецот му понуди годишна плата, без бонуси, од 14 милиони евра. Реал, наводно не може да ја и парира на оваа понуда.

Иако сè уште се чека официјална потврда, неодамнешните зборови на менаџерот на Шлотербак, Матијас Замер, сугерираат дека потпишувањето на новиот договр е само прашање на време.

„Апсолутно сум убеден дека Нико ќе остане во Борусија. Тој е дел од една ера, а нова доаѓа. Клубот во моментов се менува и Нико Шлотербак би можел да стане препознатливо лице на новата ера“, рече поранешниот германски репрезентативец.

Останувањето на Шлотербак би бил и нов удар за Реал Мадрид, кој претходно не успеа да го убеди Дајо Упамекано да почека да му истече договорот со Баерн Минхен и потоа да се пресели во Мадрид. Наместо тоа, Французинот го продолжи договорот со Баварците.