фудбал

Абрамовиќ ќе подели 11,5 милиони евра за ЛШ

Во финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат два великани на англискиот фудбал.
Челзи и Манчестер Сити ќе се натпреваруваат на 29. мај во Истанбул, а фудбалерите ќе имаат дополнителен мотив на име на бонусите што ќе ги добијат доколку победат.
Претседателот на Челзи, Роман Абрамович галантно ќе ги почести своите играчи доколку ја освојат Лигата на шампионите, целиот тим ќе добие 11.500.000 евра, а сите тие пари ќе бидат поделени на еднакви делови.
Така, 11 стартери и 12 резервисти од Челзи ќе бидат побогати за приближно 500.000 евра, се разбира само во случај да бидат по втор пат шампиони на Европа.
„Сините“ веќе добија бонуси во вредност од 5.600.000 евра за пласман во финалето од Лигата на шампионите.


Македонија ќе учествува на меѓународниот турнир Миљан Миљаниќ во Србија

Младата репрезентација на Македонија ќе учествува на седмиот по ред меѓународен турнир „Миљан Миљаниќ” за фудбалери до 17 години ( генерација 2005 ) во периодот од 10 до 15 мај.
Организатор на турнирот е Српската фудбалска федерација, а натпреварите ќе бидат одиграни на терените во Стара Пазова.
Покрај нашата селекција, учество ќе земат и репрезентациите на Србија, која воедно е и домаќин на овој турнир, Црна Гора и Бугарија.
Првиот натпревар, избраниците на селекторот Тони Јакимовски го играат против соодветната репрезентација на Црна Гора, на 11 мај со почеток од 14:30 часот.

Селекторот Тони Јакимовски се одлучи да ги повика следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Стефан Јовановски ( ФК Славија Прага ), Давид Стојановиќ ( ФК Македонија Ѓ.П. );

ОДБРАНА: Симеон Здравковски ( Ф.К. Њу Старс ), Андреј Аризанковски ( ФК Победа ), Рамадан Сулејмани ( ФК Линк Ласк / А ), Анес Малиќи ( Уефа Академија ), Марко Стојилевски ( ФК Вардар ), Хадис Таири ( ФК Њу Старс ), Матеј Јаневски ( ФК Работнички;

СРЕДИНА: Максим Бундалевски ( ФК Кул ), Амир Нухија ( Ф.К. Шкендија ), Мартин Ѓоргиевски ( ФК Академија Пандев ), Ѓорѓи Џосев ( ФК Вардар ), Берат Јасари ( ФК Киево ), Омерфарук Сулејмани ( ФК Шкупи ), Кире Стојанов ( ФК Академија Пандев ), Никола Манојлов ( ФК Работнички ), Азис Јамини ( ФК. Аданаспорт );

НАПАД: Зани Назифи (ФК Шкендија ), Никола Величковски ( ФК Вардар );

„Првиот натпревар го играме против репрезентацијата на Црна Гора, противник кој доста добро го познаваме и респектираме, со оглед на тоа што минатиот месец одигравме два натпревари против нив во Скопје. Се надевам дека овој пат ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат на победата. Одигравме два добри меча против Црна Гора, средби во кои пропуштивме многу добри шанси за постигнување погодок. Во однос на минатиот собир, имаме повикано неколку нови фудбалери, кои се надевам дека ќе одговорат на предизвикот и ќе ги оправдаaт очекувањата. Верувам во моите играчи и се надевам дека ќе успееме да ја претставиме Македонија во вистинско светло “, вели селекторот Тони Јакимовски.


И покрај елиминацијата, Артета не размислува за отказ

Микел Артета предводникот на Арсенал нема намера да замине од клубот според неговата изјава за медиумите.
Арсенал беше елиминиран од Виљареал во Лигата на Европа, откако не успеа да слави во реваншот, одигра само 0:0 и не ја надополни негативата што ја имаше од првиот меч, па англискиот тим прв пат после 26 години се соочува со можност следната сезона да не се појави во ниедно европско натпреварување.
„Не се работи за зборови, тоа треба да го покажеме на теренот. Секогаш сме под притисок бидејќи сакам да дадам се од себе за екипата, за поддршката која ја имам од навивачите. Ова е разочарување, бидејќи се обидувавме да се пласираме во финале. Мислам дека сечија работа е под лупа“, изјави Артета.
Според оваа изјава Артета не размислува за отказ и е подготвен уште долго да го предводи Арсенал.


Лаутаро Мартинез призна дека бил на чекор до Барса

Лаутаро Мартинез призна дека бил блиску до трансфер во Барселона. За медиумите Лаутаро откри дека на таа тема разговара ли со Лионел Меси, сепак на крајот донел одлука да остане во Интер. „Вистина е, бев многу блиску до трансфер во Барселона. Дури го побарав и Меси, разговаравме на таа тема“. Причината поради која го сменил мислењето биле финансиските проблеми во Барселона. „Финансиските проблеми кои Барселона ги имаше во тоа време ме предомислија. На крајот одлучив да останам во Интер, а од денешна гледна точка тоа се покажа како правилна одлука. Посебно затоа што го освоивме Скудетото“, оизјави Лаутаро.


Драконска казна за фудбалер на Пиза заради расизам

Фудбалерот на Пиза, Микеле Маркони доби суспензија од 10 натпревари за навреда на расна основа против играчот на Киево, Џоел Оби, во натпревар од Серија Б (2-2). Инцидентот се случил на 22 декември минатата година. По првото рочиште во март, Маркони беше прогласен за невин, но потоа се појавија нови докази, што доведе до промена на одлуката. Киево претходно издаде соопштение во кое тврди дека Маркони во разговорот со Оби спомнал за „бунт на робовите“. Ова го потврди и самиот нигерискиот фудбалер кој настапува за клубот Верона.


Мурињо го сака Матиќ како прво засилување во Рома

Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, кој на крајот на сезоната ќе го преземе кормилото на италијанската Рома, планира да купи неколку атрактивни засилувања во текот на летниот преоден рок.
Прв на неговиот список е играчот на Манчестер Јунајтед, Немања Матиќ, кој ја нема посакуваната минутажа на стадионот – „Олд Трафорд“.
Познато е дека „римската волчица“ има добри односи со англискиот состав што значи дека нема да има никакви пречки да се оствари желбата на Мурињо. 32-годишниот Матиќ има договор со Јунајтед до летото во 2023 година.


Азар, Иско и Марсело ставени на трансфер листа во Реал Мадрид

Реал Мадрид на лето ќе прави голема реконструкција на тимот, а некои од актуелните ѕвезди ќе бидат ставени на продажба. Шпанските медиуми пренесуваат дека меѓу нив ќе биде и Еден Азар. Белгиецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ за 100 милиони евра плус бонуси, но не успеа да оправда ниту еден цент од парите што ги вложи клубот во неговиот трансфер.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да го продаде Азар за 50 милиони евра, што е помалку од половина од сумата која ја платија „кралевите“ за него.
На продажба исто така се ставени Иско и Марсело, кои оваа сезона се во втор план кај Зидан и клубот веќе им ја отвори излезната врата.


Сити и Челзи тргнаа по Левандовски, тука е и ПСЖ

Роберт Левандовски би можел да го напушти Баерн Минхен ова лето, јавува ЕСПН. За 33-годишниот полски напаѓач, освојувач на наградата за најдобар фудбалер на светот во 2020. година, интерес владее кај Челзи и Манчестер Сити. Левандовски има договор со Баерн до 2023. година и германскиот првак за него бара 60 милиони евра. Левандовски претходно тврдеше дека кариерата ќе ја заврши во Баерн, но интересот од Премиерлигата би можел да го натера да го промени мислењето. Во Челзи го сакаат Левандовски по тешката дебитантска сезона на Тимо Вернер во Лондон, а Сити во него гледа наследник на Серхио Агуеро, кој по 10 години си заминува од Манчестер. Интерес за Левандовски покажува и ПСЖ, но до тој трансфер би дошло само доколку Мбапе го напушти Париз. Левандовски сезонава има постигнато 36 погодоци во Бундеслигата и е блиску до рекордот на легендарниот Герд Милер кој во сезоната 1971/72 постигна 40 погодоци.


Удар на егото на Мурињо, не беше прв пик на Рома?!

Италијанскиот фудбал повторно ќе има „атракција“ во видот на Жозе Мурињо. Трофејниот Португалец се враќа во Италија после пауза од 11 години. Ја напушти „Чизмата“ како победник, во 2010. година ја освои историската „триплетаа“, а се враќа по очајната сезона во Тотенхем. „Специјалниот“ ќе ја води Рома, но италијанските медиуми пишуваат дека португалскиот стручњак не беше првиот избор на „волчицата“. Сопственикот на Рома пред Мурињо го контактирал Марсело Гаљардо, тренерот на Ривер Плата. Сепак, Аргентинецот ја одбил понудата од една причина. Неговиот договор со Ривер истекува на крајот од годината, а до тогаш не сака да размислува за промена. Гаљардо е доста барано име во светот на фудбалот, своевремено се споменуваше и како еден од кандидатите за преземање на Барселона, но и на Реал Мадрид.


Сакате успех во Лига Европа? Земете го Унаи Емери!

Унаи Емери е човекот кој треба да го имате во клубот доколку сакате финале во Лига Европа, го однесе и Вилјареал во финале, откако „жолтата подморница“ издржа во Лондон со Арсенал и со 0-0 стигна до финале, а секако клучна беше победата на првата средба со 2-1 во Шпанија.
Виљареал стигна до прво европско финале во историјата, Емери до петто, откако претходно тоа му успеа со Севиља и со Арсенал.
Емери со Виљареал ќе игра за титула против Манчестер Јунајтед во Лига Европа.