фудбал

Куман: Меси не смее да се сомнева во иднината на Барселона

Барселона на „Паркот на принцовите“ ремизираше со ПСЖ со резултат 1:1, па со вкупни 5:2 по двата натпревари е елиминирана од Лигата на шампионите, а тренерот на каталонскиот клуб Роналд Куман смета дека неговиот тим остави добар впечаток. Холандскиот стратег со причина ја пофали играта на неговата екипа, бидејќи најдобар играч на натпреварот беше голманот на ПСЖ, Кејлор Навас кој имаше девет одбрани, бранејќи и еден пенал на Меси пред крајот на првото полувреме на резултат 1:1. „Заслуживме да имаме водство на полувреме најмалку со 2:1. Тие беа ефикасни на првиот натпревар, но не и сега. Ни недостасуваше среќа. Нивниот голман беше играч на натпреварот. Имавме шанси, но не ги искористивме. Пеналот беше важен момент, бидејќи второто полувреме ќе беше многу поразлично.“ – вели Куман. Следеше прашање и за иднината на Лионел Меси во клубот, бидејќи му истекува договорот по крајот на сезоната. „Лео гледа дека екипата напредува со промените кои ги правиме, со младите играчи кои имаат квалитет и голема иднина. Меси не треба да се сомнева во иднината на оваа екипа.“ – порача Куман.


Клоп донесе одлука која ја менува сезоната на Ливерпул!

Ливерпул го елиминираше Лајпциг во Лигата на шампионите и конечно стигна до четвртфинале. Дали може до освојување на титулата? Јасно е дека Ливерпул никогаш не смее да биде отпишан, но пред нив стои доста тешка задача, да се вратат помеѓу најдобрите 4 во Премиерлигата, што е примарна цел на Јирген Клоп. Дали Клоп е на прагот да го промени текот на сезоната на Ливерпул, овој пат на подобро? Тоа може да се почувствува, а многумина беа пресреќни синоќа кога го видоа Фабињо на неговата природна позиција на средината од теренот. Клоп не им веруваше на дефанзивците кои преостанаа, па Фабињо мораше да покрива на таа позиција поголем дел од сезоната. Најголемиoт проблем настана кога Хендерсон мораше да се врати во дефанзивната линија, па средината на теренот остана нефункционална. Сега Клоп направи голема промена, го врати Фабињо таму каде припаѓа, им даде шанса на дефанзивците Филипс и Кабак, што се покажа како добитно решение. Тоа е и начинот на кој Клоп ќе игра до крајот на сезоната, Фабињо е интегрален дел на средината на теренот и со него на тоа место, Ливерпул може до многу повеќе.


Шок во Јунајтед! Фернандеш одби да потпише нов договор!

Бруно Фернандеш одби да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед, објави англискиот медиум „Мирор“ и ги објасни околностите на оваа одлука. Португалецот од доаѓањето во клубот се наметна како најдобар фудбалер во тимот на Оле Гунар Солскјер, па сега англискиот великан се одлучи да го награди со нов договор. Јунајтед на Португалецот му нуди нов петгодишен договор со двојно поголема плата од досегашната. Се работи за 200 илјади фунти неделно, но поранешниот фудбалер на Спортинг ја одби оваа понуда и постави услови на Јунајтед. Тој нема да потпише нов договор пред да ги слушне плановите на клубот за ова лето и отворањето на трансфер пазарот, како би можел да оцени каде се гледа во тие планови. Сега на потег е Јунајтед, кој мора да одлучи дали ќе му ги оствари желбите на најдобриот фудбалер.


Меси и Роналдо без четвртфинале во ЛШ уште од тинејџерските денови

Со елиминацијата на Барселона и Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите прекината е неверојатната низа на учество на Лионел Меси и Кристијано Роналдо во четвртфиналната фаза од ова натпреварување. Актуелната сезона ќе биде прва уште од сезоната 2004/05, кога двајцата најдобри фудбалери на светот не беа меѓу осумте најдобри клубови на Стариот континент. Таа сезона и двајцата ја започнаа како тинејџери, а сега се на залезот на кариерата, што само по себе говори за должината на низата која синоќа и официјално е прекината. Елиминацијата на Барселона во Лигата на шампионите во осминафинале се случи синоќа за прв пат уште од 2007. година, кога во оваа рунда ги елиминираше тогашниот финалист Ливерпул. Останува да видиме каков одговор ни подготвуваат Меси и Роналдо, дали можеби наредната сезона ќе се обидат со други клубови да го преболат овогодишниот пораз?


Ањели го потврди Пирло, но најави голема реконструкција во Јуве

Јувентус го победи Порто, но после продолженија „старата дама“ поради голот на гости беше елиминирана.
После натпреварот критики доби и тренерот на Андреа Пирло. Пирло на кормилото на Јувентус дојде на почетокот на оваа сезона и тоа без ден тренерско искуство.
Токму затоа во Јувентус не размислуваат за негов отказ. Претседателот Андреа Ањели имал состанок со Пирло на кој и двајцата заклучиле дека Пирло ќе го води италијанскиот шампион и наредната сезона.
И Пирло на прес-конференцијата после натпреварот истакна дека е во Јувентус за да работи на проект од неколку години. На споменатиот состанок според информациите се раговарало и за промените кои треба да се направат во играчкиот кадар.


„Граѓаните“ му понудија нов договор на Де Брујне

Челниците на Манчестер Сити му понудиле нов договор со многу подобри финансиски услови на фудбалерот од средниот ред Кевин Де Брујне кој се уште размислува дали да остане во клубот.
Иако висината на платата не се наведува, медиумот прогонозира дека двете страни може да најдат заеднички јазик пред крајот на сезоната. Актуелниот договор на Белгиецот трае до летото во 2023 година. Тој сега добива околу 310 илјади фунти (362 илјади евра) неделно, земајќи ги в предвид и бонусите.
Кевин кој игра за англискиот клуб од 2015 година во тековнава сезона има 22 меча во Премиер лига на кои даде три гола и направи 11 асистенции.


Тухел го сака Хименез од Атлетико Мадрид

Челзи покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Хозе Хименез пренесуваат англиските медиуми.
Томас Тухел сака на лето да ја засили одбраната на „сините“ и верува дека 25-годишниот Уругваец ќе биде идеално засилување.
Тухел сака да донесе искусен и квалитетен дефанзивец, кој ќе биде лидер во одбраната бидејќи Тиаго Силва е на залез на кариера. Интересно е што самиот Хименес неодамна изјави дека сака еден ден да заигра во дресот на Челзи, па тоа може да го олесни трансферот.
Уругваецот има договор со „јорганџиите“ до 2023 година, па Атлетико сигурно нема лесно да се откаже од него.


Спортинг пред титула по 20 години, на тренерот му се заканува суспензија од 6 години?!

Спортинг Лисабон се наоѓа на прагот на титула, „Лавовите“ по одиграни 22 кола имаат 10 бодови повеќе од Порто. Тоа би бил прекин на постот кој трае скоро 20 години, но за „генијалецот“ кој стои зад успехотѕ се заканува доста долга суспензија. Синдикатот на тренери на Португалија поднесе тужба против тренерот на Спортинг, Рубен Аморим. Некогашниот играч на Бенфика и репрезентативец на Португалија, а сегашен тренер наводно го водел својот тим без дозвола! Аморим го презеде Спортинг во март минатата година, но во тој момент наводно немал дозвола да работи во Примера. Спортинг соопшти дека оваа тужба ќе се запамети „како една од неверојатните епизоди за жалење во португалскиот фудбал“. Спортинг тврди дека Аморим ги почитуваше правилата и дека не постои основа за негова суспензија. Сега е се оставено на фудбалскиот сојуз, доколку Аморим се докаже како виновен го чека суспензија во траење од една до максимални шест години, додека Спортинг би можел да плати финансиска казна.


Започната истрага против пет фудбалери на Ренџерс

Шкотскиот фудбалски сојуз започна постапка против пет фудбалери на Ренџерс поради кршење на пропишаните епидемиолошки мерки откако присуствувале на една забава, иако мораа да бидат во самоизолација. Играчите од првиот тим Бонгани Зунга, Нејтан Патерсон и Калвин Баси, како и позајмените играчи Дапо Мебуде и Брајан Киниар, минатиот месец присуствувале на забава иако морале да бидат во самоизолација на десет дена. Куќната забава била прекината од полицијата која пријавила десет луѓе, а потоа се откри дека помеѓу нив биле и играчите на Ренџерс. Клубот веќе ги казни, а сега се очекува и казна од фудбалскиот сојуз. Во декември минатата година, играчите на Ренџерс, Џордан Џонс и Џорџ Едмундсон добија забрана од седум натпревари поради кршење на прописите со присуство на приватна забава. Ренџерс во неделата и официјално ја освои титулата во првенството оваа сезона и тоа на шест кола пред крајот.


Јунајтед ослабен ќе го дочека Милан на Олд Трафорд

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд најверојатно ќе го пропушти првиот дуел од осминафиналето од Лигата на Европа против Милан. Англискиот клуб преку соопштение информираше дека Рашфорд доживеа повреда на скочниот зголб, а неговото враќање на теренот ќе зависи од брзината на опоравување во наредните денови. Пол Погба, Дони ван де Бек и Единсон Кавани го пропуштија минатиот натпревар против Манчестер Сити и за нив се уште не е познато дали ќе бидат подготвени за Милан. Натпреварот Манчестер Јунајтед – Милан е на програмата утре со почеток во 18.55, а реваншот се игра седум дена подоцна на „Сан Сиро“. Понудата за овој дерби натпревар, како и сите останати можете да ја најдете на www.evrotip.mk.