фудбал

„Кралевите“ започнаа преговори со Варан за нов договор

Реал Мадрид започна преговори за нов договор со еден од нивните главни дефанзивци – Рафаел Варан. Актуелниот договор на централниот дефанзивец со Реал Мадрид истекува летото 2022 година. Од „Сантијаго Бернабеу“ се надеваат дека ќе ја избегнат можноста да го загубат овој фудбалер без никакво обештетување за помалку од една година и се решени да му се посветат на играчот за многу подолг временски период. Според „Марка“, преговорите течат добро и наскоро се очекува договор меѓу двете страни. Во последно време се почести се шпекулациите за иднината на 27-годишниот дефанзивец, па дури имаше информации дека играчот им рекол на управата на Реал Мадрид дека сака да замине на лето. Сепак, доколку се согласи на нов договор со актуелниот шпански шампион, Варан сигурно ќе ги олади амбициите на другите големи европски клубови да го привлечат во нивните редови. Французинот игра во Реал Мадрид од 2011 година, кога го купија од неговиот матичен клуб Ленс. Оваа сезона Варан има 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.


Премиерлигата годишно губи 43 милиони гледачи!

По барање на раководството на Премиерлигата, стопирани се повеќе интернет апликации и веб сајтови кои се занимаваат со нелегално пренесување на телевизиите кои ги имаат правата за вршење пренос на натпреварите во повеќе европски фудбалски првенства, меѓу кои и оние од елитата на Англија.
Според неофицијални информации, повеќе од 43 милиони гледачи во светот ја користеле апликацијата Мобдро, преку која може да се гледаат повеќе од 50 светски познати спортски ТВ канали.
Во целата акција за згаснување на оваа апликација биле вклучени: агенцијата за интернет криминал во Англија и полициите на Шпанија, Англија и Италија.
Сопствениците на Мобдро во минатата година од рекламите кои ги емитувале преку апликацијата заработиле 5 милиони евра.


Диего Коста доаѓа во Серија А

Диего Коста веќе некое време е без клуб, откако го раскина договорот со Атлетико Мадрид.
Италијанските медиуми пренесуваат дека голема е веројатноста 32- годишниот напаѓач да ја продолжи кариерата во Серија А.
Коста има понуда од Бенфика, но тој ги чека италијанските гиганти Милан и Јувентус, кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.
Двата клуба се во потрага по квалитетен напаѓач за следната сезона и се заинтересирани за Диего Коста, кого можат да го донесат без обештетување.
Официјални понуди се уште нема, но јасно е зошто напаѓачот ги одбива сите други клубови, бидејќи сака кариерата да ја продолжи во Серија А.


Грилиш го пропушта дербито против Њукасл

Капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш не се опорави од повредата и нема да може да игра на гости кај Њукасл, меч кој е на програмата утре.
Ова го изјави менаџерот на тимот од Бирмингем, Дин Смит. Сепак, Смит не губи надеж дека неговиот најкреативен играч ќе биде во комбинација за домашниот натпревар со Тотенхем во следното коло.
„Џек Грилиш е многу подобар, но нема да го видите против Њукасл. Тој се опоравува добро и ние сме задоволни од тој факт. Се надевам дека ќе може да игра против Тотенхем следниот викенд”, рече Смит.
Менаџерот додаде дека дефанзивецот Мати Кеш и крилото Анвар Ел Гази, кои се исто така имаа повреди, сега се добро и ќе можат да играат против Њукасл.


Захави негира договор меѓу Барса и Алаба

Пини Захави кој му е менаџер задолжен за трансфери на фудбалерот, Давид Алаба, веднаш ги демантираше извештаите дека е постигнат договор со челниците на Барселона.
Вчера „Мундо Депортиво“ напиша дека дефанзивецот на Баерн Минхен се договорил со шпанскиот клуб и во текот на летото ќе се пресели на „Камп Ноу“. -Тоа не е точно“, изјави Захави.
Познато е дека 28-годишниот играч одби да го продолжи договорот со Баварците и затоа ќе си замине како слободен агент. Според шпанските медиуми, новиот претседател на Барса, Хуан Лапорта имал состанок со Захави на кој ветил дека набрзо ќе даде конкретна понуда за Алаба.


Претседателот на ПСЖ: Нејмар и Мбапе остануваат во ПСЖ

Претседателот на клубот Насер Ал-Келаифи е убеден дека Нејмар и Мбапе ќе останат во Париз.
После синоќешната елиминација на Барселона во ЛШ, претседателот истакна дека двете ѕвезди ќе останат во Париз засекогаш. „Мбапе и Нејмар се парижани и ќе останат во Париз засекогаш“, категоричен беше Ал Келаифи, кој за прв пат јавно проговори за иднината на двете ѕвезди.
Потоа тој го коментираше натпреварот како и пласманот во четвртфинале во Лигата на шампиони. „Голема чест е да се пласирате во четвртфинале во Лигата на шампионите.
Веќе заборавив што се случи пред четири години, тоа ќе остане во историјата. Елиминиравме одличен тим и сега сме меѓу најдобрите осум екипи“.


Пјаниќ по само една сезона се враќа во Серија А

Миралем Пјаниќ минатото лето се пресели во Барселона како големо засилување, но засега не ги оправда очекувањата.
Босанскиот плејмејкер е во втор план на кај тренерот Куман и често ја грее клупата за резерви, па не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“.
Пјаниќ не се снајде најдобро во Барселона, па е спремен да ја промени средината после само една година.
Барселона има потреба од финансии, па го стави 30-годишниот плејмејкер на продажба. Најсилен интерес за Пјаниќ покажуваат неколку италијански клубови, а и самиот фудбалер сака да се врати во Серија А.


Интер наскоро добива нови сопственици?

Италијански Интер ја продолжува потрагата по нов инвеститор, делува дека преговорите со БЦ Партнерс групата се во застој. Кинеските сопственици на Интер бараат милијарда евра за продажба на клубот, додека англиската група нуди 880 милиони евра. Сунинг веќе мораше да продаде 25 отсто од своите акции во клубот, па со новите финансии можат да бараат и подобра цена. Сепак, по пишувањата на италијанските, но и англиските медиуми, се појави нова заинтересирана страна. Се работи за Јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија. Овој фонд е еден од најбогатите на светот, се наоѓа под патронат на кралското семејство со проценето богатство од 347 милијарди евра! Фондот веќе одреден период се доведуваше во врска со преземање на Њукасл, понудата беше и прифатена, но истата подоцна повлечена од страна на фондот поради пандемијата. Сега, наводно се заинтересирани да купат пакет акции во Интер во висина од 30 отсто.


Боатенг не сака нов договор, заминува од Баерн ова лето

Жером Боатенг нема да го продолжи договорот со Баерн Минхен и на лето ќе го напушти клубот како слободен агент. 32-годишниот дефанзивец има договор со Баварците до крајот на сезоната и двете страни одлучија да не ја продолжуваат соработката. Ова е вториот важен фудбалер, после Алаба, кој ќе си замине од Баерн Минхен на лето како слободен агент. Боатенг оваа сезона има одиграно 27 меча за Баерн на кои постигна два гола, па многу клубови покажуваат интерес за неговиот потпис.


Промашување на сезоната? (Видео)

На натрепварот од ЛЕ кој е во тек помеѓу Манчестер и Милан, Хари Мегвајер успеа да промаши празен гол. Резултатот после првото полувреме е 0-0.
Дали е ова е промашување на сезоната?