фудбал

Карвахал во јуни заминува од Мадрид

Шпанска „Марка“ објави дека Реал Мадрид донел конечна одлука за иднината на капитенот Дани Карвахал, чиј договор завршува идното лето.

„Кралевите“ го прифатиле фактот дека искусниот десен бек ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на лето и веќе бараат негова замена.

Искусниот дефанзивец со години беше незаменлив во шпанскиот гигант, но во последните денови покажа незадоволство затоа што добива мала минутажа на теренот.

Управата на „кралскиот клуб“ сака да го подмлади тимот, а засега не е познато кој ќе пристигне како замена за Карвахал.


Шлотенберг би заминал од Дортмунд само за Реал

Како што пренесува Билд, Нико Шлотербек размислува за две опции, останување во Борусија Дортмунд или трансфер во Реал Мадрид.

Нико Шлотербек е под договор со „милионерите“ до 2027 година, летоска може да замине за сума пониска од пазарната, па се најде во бележникот на клубови како Барселона, Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Но како што пренесува Билд, дефанзивецот има само две опции, или ќе стави потпис на нов договор со Борусија Дортмунд, или ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

Се очекува конечната одлука да биде донесена во март месец, а доколку замине, неговата цена ќе биде околу 40-50 милиони евра.


Тотенхем му врачи отказ на Томас Франк

Челниците на фудбалскиот клуб Тотенхем му врачија отказ на менаџерот Томас Франк. Откакзот доаѓа како последица на лошите резултати во Премиер лигата, синиќа неговиот тим загуби дома од Њукасл (1-2), со што ја продолжи серијата на осум натпревари без триумф.

По серија лоши резултати, фудбалерите на Тотенхем се 16-ти на табелата во Премиер лигата, пет бода од зоната за испаѓање.

Данецот беше донесен во Лондон со големи очекувања, бидејќи Тотенхем му плати 7.000.000 евра отштета на Брентфорд.

Од 38 натпревари, во кои го водеше тимот, тој победи само на 13, со 11 нерешени резултати и 14 порази. Френк помина само осум месеци во Тотенхем.


Вардар убедливо го надигра Арсими на почетокот на пролетниот дел на сезоната

Вардар со победа стартуваше во вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), откако попладнево во Скопје триумфираше убедливо над Арсими со 5-1 (4-0) во рамки на 17. коло.

Воведните три голови за домашниот тим ги постигнаа новите зимски засилувања во редовите на „црвено – црните“. Стефан Цветковиќ го отвори резултатот во 5. минута, а Бобан Николов (18 минута) и Дарко Велковски (35) беа прецизни во продолжението на натпреварот. Немања Босанчиќ до крајот на полувремето зголеми на 4-0 во 42. минута, а Азар Омерагиќ во 70. минута му донесе на Вардар предност од 5-0.

Почесниот гол за Арсими го постигна Цуцули од пенал во судиското продолжение.

Избраниците на Гоце Седлоски го искористија вчерашниот пораз на Струга на гостувањето во Тетово од Шкендија и со денешниот триумф ја зголемија предноста на врвот на табелата. Вардар е лидер со 45 бодови, четири повеќе од второпласираната Струга и шест повеќе од Шкендија на третото место.


Керик: Реми не е така лошо на теренот на Вест Хем

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед доцна синоќа одиграа нерешено кај Вест Хем со што ја прекинаа серијата на победи во Премиер-лигата. Нивниот менаџер, Мајкл Карик, вели дека постои мало разочарување.

„Дефинитивно не го покажавме најдоброто. Малку сум лут. Имавме тежок стадион за играње и немавме доволно острина во нашите напади но, покажавме одличен тимски дух.

Со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме и колку долго работиме заедно, нерешениот резултат не е толку лош“ , потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.


Арбелоа не го сака Камавинга во Реал Мадрид

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, не е целосно убеден во придонесот на Едуардо Камавинга и според информациите од Шпанија можно е играчот од средниот ред да се соочи со неизвесна иднина по крајот на сезоната.

Французинот пристигна како проект за сегашноста и иднината, особено во периодот кога завршуваше една ера во средината на теренот по заминувањето на Тони Крос и Лука Модриќ. Сепак, очекувањата не се исполнија во целост. Во неговите настапи често имаше падови во формата, што предизвика сомнежи кај стручниот штаб околу тоа дали може да биде носител на играта во тим кој секоја сезона атакува на сите трофеи.

Шпанските медиуми наведуваат дека Арбелоа смета оти продажбата би можела да биде добра опција за клубот, па раководството ќе размислува за понуди доколку пристигнат во летниот преоден рок.

Камавинга во Реал играше буквално онаму каде што ќе биде потребно, па така од вкупно 206 натпревари тој на 95 беше централен играч за врска, на 76 беше дефанзивен играч за врска, 31 натпревар мина како лев бек, двапати беше десно, а еднаш лево крило.


Томас Франк никако да ги оправда поразите на Тотенхем

Менаџерот на Тотенхем, Томас Франк, верува дека треба да остане во клубот иако „спарси“ на осум мечеви во Премиер-конкуренцијата немаат остварено победа и се наоѓаат на дното на табелата.

„Уверен сум дека ќе бидам на чело на тимот против Арсенал. Го разбирам проблемот и лесно е да се покажува со прст кон мене но, тоа се однесува на целиот клуб. Имаме 11 повредени а сега го немаме и Одобер. Многу фактори влијаат на случувањата во екипата“, рече Франк.


Поранешен фудбалер на Реал Сосиедад потпиша за Арсими

Фудбалскиот клуб Арсими го претстави најновото засилување во средниот ред. Нов член на жолто црното семејство е шпанскиот фудбалер Маркел Гони Ибаргурен.

Ибаргурен во својата кариера бил дел од неколку познати клубови во Шпанија како Реал Сосиедад, Раjо Кантабрија, Замора и Аренас, а интернационално искуство стекнал и во кипарскиот Ахиронас.

Со македонскиот клуб играчот потпиша договор на една и пол година, а од Арсими му посакаа добро здравје и многу успеси во дресот на тимот.


Комо го елиминира Наполи во Купот и закажа полуфинале со Интер

Комо на пенали го победи Наполи и се пласираше во полуфиналето од Купот на Италија, Елиф Елмас го одигра целиот меч и беше прецизен во пенал серијата, натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено 1-1.

Комо дојде во водство во 39. минута со гол на Батурина од пенал. Тоа беше и резултат од првото полувреме.

Но, само што започна вториот дел, Вергара даде гол за 1-1. Тоа беше конечниот резултат.

По последниот судиски свиреж, веднаш се замина кон изведување на пенали.

Беа изведени дури осум серија, Елмас беше прецизен од белата точка, но трагичари беа Лукаку и Лоботка кои ги промашија своите шутеви.

Комо во полуфиналето ќе игра против Интер.


Шешко го спаси Јунајтед од пораз против Вест Хем

Словенецот Бенјамин Шешко, во 96. минута, спречи пораз на Манчестер Јунајтед, на гостувањето кај ест Хем. Јунајтед го искористи киксот на Челси и се искачи на четвртата позиција на табелата. Инаку ова е прво реми, по четири победи на Јунајтед, под водство на Мајкл Керик.

Херој на Вест Хем, чии фудбалери беа подобри во првото полувреме, беше Томас Сучек кој го постигна водечкиот гол во 50. минута по асистенција од Џарод Бовен. Но, во последните моменти од натпреварот, Шешко ги постави конечните 1-1.

Како што е познато, невозможно е да не се спомене, навивачот на Јунајтед кој чека 18 месеци на шишање, ќе мора уште да чека за да добие нова фризура, бидејќи тимот не успеја да ја забележи петтата победа во низа.