фудбал

Караванот на Евротип продолжува низ секој град во државата!

Фудбалските возбудувања на Европското првенство се во полн ек, и понатаму ги бодриме нашите миленици, а спортските збиднувања ова лето немаат крај. Караванот на спортските обложувалници Евротип продолжува низ секој град во државата со бројни изненадувања!

По успешните акции во Прилеп, Велес, Гостивар, Струга и Ресен веќе денеска караванот на Евротип продолжува во Кичево. Потоа, акцијата продолжува утре (20.06) во Тетово, а во понеделник на југот од Македонија во Гевгелија и Дојран!

Искористете ја приликата за следење на натпреварите од Европското првенство заедно со нас, забавувајте се и истовремено освојте некоја од наградите и големите изненадувања кои Евротип ги подготви за Вас.

Повелете во Спорткафе терасите на Eвротип заедно да го проследиме ова историско Европско Првенство во фудбал и да навиваме за нашите фудбалски икони.

Бројните изненадувања продолжуваат, бидете и Вие заедно со спортските обложувалници Евротип!


ПСЖ фаворит за потписот на Рамос

Серхио Рамос денес и официјално го напушти Реал Мадрид после цели 16 години, па веќе започна битката за неговиот потпис.

Рамос не успеа да најде заеднички јазик со Реал Мадрид за продолжување на соработката и сега е слободен агент. Иако има 35 години дефанзивецот веќе има неколку понуди. 

Шпанските медиуми тврдат дека најсилен интерес покажуваат клубови од Манчестер и ПСЖ, кои се спремни да ги задоволат неговоте финансиски барања.

Фаворит за неговиот потпис е Пари Сент Жермен, кој е во напредни преговори со неговиот агент и му нуди двегодишен договор и плата од 10 милиони евра по сезона.


Група „Б“ ја очекува невидена драма!

Со поразот на Данска од Белгија (2:1) се комплицираше ситуацијата во групата „Б“ каде три репрезентации се борат за второто место.

Белгија избори пласман во осминафинлето со шест освоени бодови по победите над Данска и Русија, додека за второто место ќе се борат Данска, Русија и Финска.

Второто место гарантира пласман во осминафинале, а во таа фаза од натпреварувањето ќе играат и четири најдобро третопласирани репрезентации.

Русија и Финска имаат по три бода, а Данска е без бодови.

Иако се чини дека Данците се во најлоша ситуација, нивните шанси се доста добри.

Во последното коло Данска игра против Русија во Копенхаген, додека Белгија во Санкт Петербург ќе се сретне со Финска.

Ако по третото коло Данска, Финска и Русија имаат еднаков број на бодови, тогаш најпрво ќе се формира мини-табела со овие три репрезентации и ќе се гледаат нивните резултати во меѓусебните натпревари.


Најдобриот фудбалер на Салцбург доаѓа во Премиер лигата

Патсон Дака ќе му се приклучи на Лестер, објави новинарот Фабрицио Романо.

Според изворот, двете страни постигнале договор. Трансферот ќе биде официјално објавен следната недела. Според извештаите на медиумите, Ливерпул, Челзи и РБ Лајпциг исто така тврдеа дека фудбалерот е во нивните планови. Минатата сезона, 22-годишниот напаѓач од Замбија стана најдобар стрелец на австрискиот шампионат.

Тој има 34 гола и 12 асистенции на 42 настапи за Салцбург во сите натпреварувања. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 22 милиони евра. Дака игра за Салцбург од 2018 година. Играчот ја започна својата европска кариера во австрискиот клуб Лиферинг, каде се пресели од Замбија во 2017 година.


Гатузо ја напушти Фиорентина и е пред нов ангажман!

Бизарна беше причината за пропаѓање на доаѓањето на Пауло Фонсека во Тотенхем. Лондонскиот клуб имаше се договорено со португалскиот стручњак, договорот беше подготвен за потпис, но се пропадна поради тоа што Фонсека додека ја водеше Рома во последните две години имаше даночни олеснување, а тоа во Англија би го немал.

Новинарот Џанлука ди Марцио пишува дека нов фаворит за преземање на Тотенхем е Џенаро Гатузо, кој исто така бизарно ја напушти Фиорентина само 20 дена откако беше именуван за нов тренер. Гатузо ја напушти Фиренца поради различна философија со управата околу трансферите.

Претходно, Италијанецот беше две години во Наполи, каде пристигна од Милан, кој го водеше од 2017. до 2019. година.


Дибала ќе го издаде Јуве и ќе потпише за Милан?

Јувентус и Пауло Дибала најверојатно ќе се разделат на крајот на сезоната, тврдат италијанските медуми.

Двете страни иако веќе со месеци преговораат, се уште не постигнале договор за продолжувње на соработката. Поради тоа Јувентус донесе одлука да го продаде на лето, бидејќи влегува во последната година од договорот. Италијанските медиуми денес лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Дибала може да заврши во редовите на големиот ривал Милан, кој веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Денес агентот на Аргентинецот, Жорге Антун пристигна во „Каза Милан“ на средба со Паоло Малдини.

Дибала во Јувентус заработува 7 милиони евра по сезона, а Милан е спремен да му понуди договор каков што му понуди на Донарума, односно 8 милиони по сезона плус бонуси.


Милан го откупи договорот на Томори од Челзи

Милан ја искористи својата опција да го купи Фикајо Томори и дефанзивецот ќе стане играч на „росонерите“ следниот месец.

Англискиот дефанзивец пристигна на позајмица на „Сан Сиро“ во јануари и импресионираше со своите настапи. Тој настапи на 22 натпревари и постигна еден гол.

Италијанскиот гигант ќе плати 25 милиони фунти за 23-годишниот Томори плус 5 милиони бонуси. Играчот потпиша 4-годишен договор со Милан до јуни 2025 година.


Рамос во Барселона? Еве го одговорот!

Серхио Рамос официјално го напушти Реал. Го напушти мадридскиот клуб, за кој одигра 671 натпревар, откако истече неговиот договор. Со претседателот на клубот, Флорентино Перез не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката.

„Последните неколку месеци Реал ми нудеше едногодишен договор со 10 отсто намалување на платата. Парите никогаш не биле проблем, но јас сакав договор на две години. Подоцна го прифатив предлогот, но понудата на Реал имаше рок до кога морав да се изјаснам, а јас тоа не го знаев.“ – рече 35-годишниот Рамос.

Шпанскиот дефанзивец се уште не објавил во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

„Враќање во Севиља? Не, тоа не е опција.“ – рече Рамос, кој потоа беше запрашан дали има можност за заминување во Барселона, најголемиот ривал на Реал.

„Невозможно. Никогаш нема да ме видите во тој клуб. Не знам за кого ќе потпишам. Кога ќе одлучам, прв ќе ја објавам одлуката.“


КОВИД проблеми за Словачка пред натпреварот со Шведска

Словачка во својот прв натпревар на Европското првенство ја победи Полска со 2:1, а денеска ја очекува пресметка со Шведска во Санкт Петербург.

Воочи натпреварот беше одржана прес конференција на која селекторот Штефан Тарковиќ објави дека неговиот дефанизвец Денис Вавро е позитивен на коронавирус, но и дека не е единствен. Уште еден член на словачката репрезентација нема да може да игра против Шведска поради зараза со коронавирусот.

„Направивме тестови и добивме два позитивни резултати. Играчите се изолирани и сега заедно со руското министерство за здравство работиме на тоа да ги задоволиме протоколите на УЕФА и да спречиме ширење на заразата.“ – рече Тарковиќ на конференцијата за медиумите.


„Изгубивме, но не сме поразени!“

Македонија го запиша и вториот пораз на Европското првенство, со што ги загубивме речиси сите шанси за пласман во следната рунда, но селекторот Игор Ангеловски, како и пошироката јавност ее задоволни што сме дел од континенталниот шампионат.

„Во првото полувреме беше да влеземе по претпазливо, во вториот дел одигравме како што се договоривме, одигравме како што треба и докажавме дека сме заслужено на ЕУРО. Целта беше да одиграме попретпазливо. Ние сме победени но не сме поразени, заслужено сме на европското првенство“ – изјави Ангеловски.

„Кога навивачите ќе те испратат со таков аплауз, знаеш дека си одигрл добро. Жал ми е што не можевме да ги направиме посреќни. Против силната Холандија ќе мораме од првата минута како што игравме во второто полувреме против Украина.“ – заклучи селекторот.