фудбал

Мацари е наследникот на Гарсија во Неапол

Валтер Мацари е нов тренер на Наполи. Тој доаѓа на местото на Руди Гарсија кој заработи отказ по серијата на лоши резултати.

Клучен фактор за отказот на Шпанецот беа последните два натпревари на Наполи во кои тимот ремизираше 1-1 во Лигата на шампионите со Унион Берлин а претрпе пораз во Серија А од Емполи (0-1).

Мацари ги водеше наполитанците од 2009 до 2013 година кога го освои Купот на Италија.


Јуве му нуди нов договор на Николо Фаџоли

Јувентус потпиша нов договор со фудбалерот, Николо Фаџоли, кој беше суспендиран поради обложување.

Истиот е до летото во 2028 година. Играчот од средниот ред дојде во клубот во 2015-та кога имаше 14 години. 22-годишниот Италијанец во моментов е суспендиран  поради обложување на фудбалски мечеви.

Фаџоли во сезонава одигра шест натпревари во Серија А и направи една асистенција.


Реал го разубедува Анчелоти и му нуди нов договор

Во последниот период се шпекулираше за тоа кој би можел да го наследи Карло Анчелоти на клупата на Реал Мадрид.

Италијанецот има договор со „кралевите“ до крајот на годината и медиумите тврдеа дека сигурно ќе се раздели со Реал Мадрид на лето.

Притоа, се тврдеше дека веќе има договор со Бразил и ќе седне на селекторското столче на „кариоките“.

Меѓутоа, последните информации се дека Реал сака да продоли со Италијанецот на клупата и дека наскоро ќе започне преговори за продолжување на договорот.


Биелса го врати Луис Суарез во дресот на репрезентацијата

Луис Суарез се врати во националниот тим на Уругвај за претстојните светски квалификации против Аргентина и Боливија. Ова е прв повик за него по Светското првенство во Катар каде Уругвај не успеа да ја помине групната фаза.

36-годишниот Суарез, кој моментно игра за Гремио и е еден од најдобрите стрелци во бразилската лига со 14 гола на 29 натпревари, се најде меѓу избраниците на селекторот Марсело Биелса.

Уругвај во четврток во Буенос Аирес гостува кај светскиот шампион Аргентина, a пет дена подоцна ќе биде домаќин на Боливија.


Белингем ги пропушта дуелите со Малта и Македонија

Репрезентативците на Англија, Џуд Белингем и Леви Колвил поради повреда ќе ги пропуштат претстојните дуели против Малта и Македонија во квалификациите за Еуро 2024.

Најдобриот играч на Реал Мадрид сезонава, Белингем, според информациите од таборот на англичаните сеуште не се опоравил од повредата на рамото, па така селекторот Саутгејт одлучи да не го вклучи во тимот.

Освен овие двајца играчи, поради повреда претходно од списокот за настап отпаднаа Џејмс Медисон од Тотенхем, Калум Вилсон од Њукасл и Луис Данк од Брајтон.

Англија против Малта игра во петок а три дена подоцна гостува во Скопје.


Хојлунд и Ериксен без настапи за Јунајтед до крајот на месецот

Манчестер Јунајтед соопшти дека репрезентативците на Данска Расмус Хојлунд и Кристијан Ериксен заработија повреди на првенствениот натпревар против Лутон и нема да настапуваат за тимот наредниот период.

Ериксен има повреда на левото рамо и првичната проценка е дека тој ќе биде надвор од фудбалските терени наредните месец дена.

Хојлунд има истегнување на бутниот мускул и тонајверојатно ќе отсуствува до крајот на ноември.

Двајцата играчи нема да бидат достапни и за репрезентативните дуели на Данска во квалификациите за Еуро против Словенија и Северна Ирска.


Едерсон поради повреда ги пропушта натпреварите на Бразил

Бразилскиот голман и член на Манчестер Сити, Едерсон, поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари на репрезентацијата против Колумбија и Аргентина во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Едерсон настапите ги откажал поради повредата на стапалото која ја добил на неделниот натпревар од Премиер лигата против Челзи.

Популарните „кариоки“ во четврток гостуваат во Колумбија а потоа на домашен терен го играат јужноамериканското дерби против Аргентина.


„Бисер“ на Шалке интересен за сите европски гиганти


Гризман пред нов договор со Атлетико Мадрид

Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман е подготвен да го продолжи договорот со мадридскиот клуб. Откако стана јасно дека Диего Симеоне ќе остане на клупата на Атлетико со нов договор кој го потпиша минатата недела, сега и Французинот се подготвува да стави потпис на продолжена соработка со „јорганџиите“.

Минатата недела, тренерот на Атлетико Мадрид потпиша нов договор со клубот до 2027 година.

„Тој е многу добар тренер, идеален за клубот. Мигел Анхел Гилдобро го знае ова. Сега е мој ред“, изјави напаѓачот на Атлетико, потврдувајќи ги гласините дека преговара за нова соработка со клубот.


Вртоглав приход на Баерн во фискалната сезона

Баерн Минхен оствари рекордни 854,2 милиони евра приход во фискалната 2022/23 година. Баварскиот гигант објави дека го надминал највисокиот приход од 750 милиони евра остварен во претпандемиската 2018/19 година. година.

„Баерн може уште еднаш да погледне наназад на исклучително успешната финансиска година. Во тешко економско опкружување обележано со инфлација и рецесија во Германија, постигнавме рекорден промет и значително зголемување на профитабилноста во однос на претходната сезона. Овие резултати ја покажуваат нашата сила“, рече потпретседателот на клубот Михаел Дидрих.

Добивката на клубот пред оданочување е 54,5 милиони евра, додека добивката по оданочување е 35,7 милиони евра што е зголемување за 23 милиони евра во однос на претходната сезона.