фудбал

Македонија до 20 години: Таневски го објави списокот за контролниот натпревар против САД

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 20 години, Александар Таневски, го објави списокот на повикани фудбалери за контролниот натпревар против селекцијата на САД до 20 години.

Натпреварот ќе биде одигран на 8 јуни во Петрич, Бугарија и претставува одлична можност за проверка на формата и потенцијалот на младите македонски фудбалери против квалитетен противник.

На списокот на Таневски се наоѓаат 22 фудбалери:

Голмани: Стефан Јованоски (Млада Болеслав, Чешка), Даниел Диковски (Брера Струмица);

Одбрана: Златко Радески (Тетекс), Адис Мурати (Башкими), Фидан Шерифи (Македонија Ѓ.П.), Лука Атанасовски (Тетекс), Андреј Велков (Брера), Андреј Мурџески (Вардар), Димитар Мартиновски (Македонија Ѓ.П.);

Среден ред: Виктор Делов (Беласица), Тео Сандев (Моторлет Прага, Чешка), Габриел Крстевски (Пелистер), Емир Шаботиќ (Детонит), Андреј Стојановски (Скопје), Васил Тасовски (Напредак Крушевац, Србија);

Напад: Димитар Данев (Вардар), Салим Арифи (Митровица), Мирза Хасиќ (Шкендија Арачиново), Адмир Љатифи (Осијек, Хрватска), Иван Шириќ (АП Брера Струмица), Ѓоко Спасов (Тиквеш), Лука Бојаџиев (Брегалница), Шабан Мемети (Арсими);


Балерди се повреди, Аргентина ќе повика нов дефанзивец за Мундијалот

Фудбалерот на Аргентина, Леонардо Балерди е исклучен од составот на Аргентина за Светското првенство во 2026 година, објави Аргентинската фудбалска асоцијација (AFA).

Дваесет и седумгодишниот одбранбен играч нема да може да учествува во натпреварувањето поради повреда на листот на десната нога.

Во сезоната 2025/26, Балерди одигра 36 натпревари за Марсеј во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол и асистенција.

Светското првенство ќе се одржи во Канада, САД и Мексико од 11 јуни до 19 јули. Аргентина ќе игра во групата А со репрезентациите на Австрија, Алжир и Јордан.


Бешикташ го враќа Брозовиќ во Европа

Марсело Брозовиќ би можел да се врати во европскиот фудбал ова лето, а најсериозен интерес за негов ангажман покажува турски Бешикташ.

Според медиумите од Турција и Саудиска Арабија, преговорите меѓу хрватскиот репрезентативец и Ал Наср за продолжување на соработката не дале резултат, па разделбата е сè поизвесна.

Бешикташ сака да формира искусен тим за напад на титулата во Турција, а Брозовиќ е една од главните желби на раководството. Дополнителен мотив за турскиот клуб е фактот што играчот би можел да пристигне без обештетување.

Договорот на Брозовиќ со Ал Наср истекува на 30 јуни, а доколку не дојде до пресврт во преговорите, тој ќе стане слободен агент и ќе може да избере нова средина.


Карл се повреди и нема да игра на Мундијалот, Нагелсман веќе повика замена

Германската фудбалска репрезентација остана без еден од најталентираните играчи за Светското првенство. Вундеркиндот на Баерн Минхен, Ленарт Карл се повреди на последниот тренинг, пред последниот контролен натпревар.

Селекторот Јулијан Нагелсман потврди дека ситуацијата воопшто не е наивна.

„Карл се повреди на денешниот тренинг. Не изгледа добро. Мора да почекаме дијагноза и да видиме дали ќе може да игра на Светското првенство или ќе мора да повикаме замена“, рече Нагелсман.

Повредата доаѓа во најлошиот можен момент за младиот фудбалер, кој зад себе имаше сезона од соништата во Баерн Минхен. Карл постигна 17 гола на 40 натпревари и со тоа се етаблираше како еден од најперспективните германски играчи.

„Ќе видиме во текот на следната недела. Многу размислував за него во последните месеци“, рече селекторот кога го прашаа дали Карл заслужува место меѓу стартерите.

Потоа го пофали начинот на кој младиот фудбалер се справува со високите очекувања.

„Справувањето со сè што му се случува на таа возраст е еден од најголемите предизвици. Досега, тој се снаоѓа одлично, создава шанси и отвора простор за своите соиграчи.“

Германија со нетрпение ќе ги чека резултатите од прегледот, бидејќи евентуалното отсуство на Карл би било сериозен удар пред почетокот на Светското првенство.

На Светското првенство, Германците ќе играат во група со Курасао, Брегот на Слоновата Коска и Еквадор.


Енцисо се повреди, виси неговиот настап на Мундијалот

Фудбалската репрезентација на Парагвај ги заврши подготовките за Светското првенство со убедлива победа, но прославата беше засенета од загриженоста за повреда на клучениот играч, Хулио Енсисо.

На последниот тест пред Мундијалот, Парагвај ја победи Никарагва со 4:0 во пријателски натпревар, а навивачите им приредија спектакуларно збогување.

Парагвај доминираше во натпреварот од самиот почеток и поведе во 17-та минута, кога Каку беше прецизен од пенал. Кон крајот на првото полувреме, во 42-та минута, Алмирон, на асистенција на Гомез, го зголеми резултатот на 2-0. Галарза постигна гол во 62-та, а конечниот резултат го постави Маидана пет минути подоцна, во 67-та минута, по додавање од Маурисио.

Сепак, големата победа беше засенета од повредата на првата ѕвезда на тимот, Хулио Енсисо.

Младиот напаѓач мораше да го напушти натпреварот и го напушти теренот во солзи на носилки. Сериозноста на неговата повреда предизвика голема загриженост пред почетокот на Светското првенство. По овој натпревар, репрезентацијата на Парагвај патува на Светското првенство. Првиот настап ќе го има на 13 јуни против Соединетите Американски Држави. Во групната фаза, Парагвај ќе се сретне и со репрезентациите на Турција и Австралија.


Чурлинов заминува од Коџаелиспор

Македонскиот фудбалски интернационалец, Дарко Чурлинов, по само една сезона ќе го напушти составот на Коџаелиспор, најавија медиумите во Турција.

Неговиот тим го освои 10-то место на табелата а Чурлинов се појави на 26 средби и имаше три асистенции.

Напаѓачот кој претходно беше дел од англискиот Барнли, има настапувано и за Јаглелонија, Шалке, Штутгарт, Келн, Магдебург, Ханза Рошток, Вардар и Работнички.


Енрике Рикелме: Реал е во лоша финансиска ситуација

Енрике Рикелме кој води жестока трка со Флорентино Перез за прв човек на фудбалскиот состав Реал Мадрид, вели дека клубот е пред финансики колапс.

„За многу кратко време, Реал Мадрид уништи повеќе од 770 милиони евра ликвидност а готовината се намали за 99%. Паричните резерви се спуштија на само неколку милиони.

Исто така, знаеме дека долгот поврзан со реконструкцијата на стадионот „Бернабе“ и другите финансиски операции достигна невидени нивоа и го загрозија буџетот“, нагласи Рикелме пред утрешните избори.


Женската репрезентација на Македонија славеше во Андора, Николовска донесе три бода во финишот

Женската репрезентација на Македонија оствари важна победа на гостувањето кај Андора, триумфирајќи со 1-0 во натпреварот од 5. коло во квалификациите за Светското првенство.

Избраничките на селекторот Александар Андов до победата во Ла Вела стигнаа со погодокот на Николовска во 86. минута од средбата, кога ја крунисаа подобрата игра и освоија значајни три бода.

Ова е втора победа за Македонија во квалификацискиот циклус, откако претходно во Скопје беше совладана истата селекција на Андора.

Македонија настапи во состав: Панчурова, Ѓорѓиева, Николовска, Петкова, Коловска, Галабовска, Максути, Цветкоска, Грозданова, Величковска и Сулејмани. Во текот на натпреварот шанса добија и Павловска, Карпузовска, Цветковиќ и Емини.

По пет одиграни натпревари, Македонија се наоѓа на третата позиција во групата со шест освоени бода. На врвот е Унгарија со 13 бодови, пред Азербејџан кој има девет.

Последниот натпревар од квалификациите, македонската репрезентација ќе го одигра на 9 јуни во Битола против селекцијата на Азербејџан. Почетокот на средбата е закажан за 19:00 часот.


Осимен понуден на Барса, но само доколку Каталонците не го доведат Алварез

Барселона продолжува активно да работи на засилувања за новата сезона, а по ангажманот на Ентони Гордон, раководството на каталонскиот гигант е фокусирано на доведување нов напаѓач. Прва желба на клубот е Хулијан Алварез, но неговиот трансфер во моментов изгледа како тешко остварлива мисија.

Поради тоа, на Барселона ѝ била понудена друга атрактивна опција за засилување на офанзивната линија.

Според светските медиуми, агентите на Виктор Осимен го понудиле нигерискиот голгетер на каталонскиот клуб. Напаѓачот, кој настапува за Галатасарај, би можел да биде достапен за сума од околу 75 милиони евра.

Осимен зад себе има одлична сезона во турскиот шампионат. На 33 натпревари во дресот на Галатасарај постигна 22 гола и додаде седум асистенции, бројки кои повторно го вметнуваат меѓу најбараните напаѓачи на европскиот пазар.


Брис Емболо доби виза, швајцарскиот голгетер ќе игра на Мундијалот

Големата неизвесност околу настапот на Брил Емболо на Светското првенство во 2026 година конечно заврши.

Напаѓачот на швајцарската репрезентација доби дозвола за влез во Соединетите Американски Држави и наскоро ќе им се придружи на своите соиграчи во кампот на репрезентацијата во Сан Диего.

Фудбалерот на Монако, не замина со сиграчите на почетокот на неделата, бидејќи американските власти одлучија дополнително да ги проверат неговите патни документи непосредно пред патувањето.

Додека неговите соиграчи патуваа во Калифорнија за да продолжат со подготовките за Светското првенство, Емболо остана во Швајцарија чекајќи ја конечната одлука.

Швајцарската фудбалска асоцијација потврди дека 29-годишниот напаѓач добил виза и дека ќе во текот на денот ќе отпатува САД.

Проблемот се појави поради дополнителни проверки спроведени од американските власти во врска со претходни судски постапки против фудбалери. Емболо беше интервјуиран во американската амбасада во Берн во средата, каде што властите разгледаа документи поврзани со инцидентот од 2018 година во Базел.

Дополнително, американските власти побараа судски документи поврзани со пресудата за повеќекратни закани од 2023 година, за која Емболо доби условна казна. Иако случајот конечно беше решен претходно оваа година, американските службеници за имиграција одлучија да спроведат дополнителни проверки пред да го одобрат неговиот влез во земјата.

На крајот, сè заврши со позитивен исход за швајцарскиот репрезентативец, кој сега ќе може да му се стави на располагање на селекторот пред почетокот на Светското првенство.

Емболо е еден од најискусните играчи во Швајцарија и се очекува да игра важна улога во нападот на националниот тим за време на претстојното Светско првенство.