фудбал

Виљаш Боаш си поднесе оставка, откако клубот доведе засилување кое тој не го сакаше

Андре Виљаш-Боаш објави дека поднел оставка утрово на 2 февруари, откако Олимпик Марсеј го ангажираше играчот за врска Оливие Нчам, а тренерот воопшто не сакал да го ангажираат овој играч. „Тоа не беше моја одлука. Ова беше токму играчот кој го одбив. Дознав за потпишувањето кога се разбудив и отидов на страницата на клубот. Оставка дадов, затоа што не се согласувам со стратегијата на клубот. Управниот одбор сè уште не ми дал одговор. Не ми требаат пари, само сакам да заминам. Овој клуб работи на пазарот две или три години по случаен избор и не можам да се согласам со тоа. Ова нема никаква врска со инцидентите изминаиот викенд. Има врска со спортската страна на работата на клубот. Јас само сакам да заминам“, изјави Виљаш-Боаш по неговата најава дека заминува од Марсеј. Навивачите се вознемирени и од моменталната форма на тимот. Во ноември го обвиненијата Виљаш-Боаш за лошиот настап на екипата, а од тогаш до сега работите не се променија.


Динамо го претстави Стефан Ристовски

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ристовски, денеска потпиша со екипата на Динамо Загреб откако го напушти португалскиот состав, Спортинг Лисабон. „Горд сум што станав играч на Динамо. Сите знаеме какво реноме има клубот во Европа. Го познавам Адеми, тој ми е соиграч во репрезентацијата“, рече Ристовски кој во 2017 година со Ријека успеа да се израдува на титулата во хрватскиот шампионат. Според медиумите, Спортинг за трансферот ќе добие 1.300.000 евра.


Баерн договори уште една бундеслигашка ѕвезда, Упамекано на пат за Минхен

Дајот Упамекано од следната сезона ќе го носи дресот на Баерн. Ова го потврдија германските медиуми, откако стана јасно дека Баерн се договорил со фудбалерот и ќе ја активира откупната клаузула од 42 милиони евра на крајот на сезоната. Со тоа ќе заврши сагата околу иднината на одличниот стопер, за кого Лајпциг веќе најде негова замена. На местото на Упамекано следната сезона во својата одбрандбена линија Лајпциг ќе го има Мохамед Симакан, кој ќе пристигне од Стразбур, Франција, за нешто повеќе од 15 милиони евра. Симакан беше близу до трансфер во Милан на почетокот на овој месец, но германски Скај Спорт тврди дека на крајот Лајпциг успеал да го „затвори“ договорот.


Примирје меѓу Един Џеко и Рома

Пауло Фонсека, наводно, му простил на капитенот Един Џеко, кој утрово се вратил на тренинг со остатокот од тимот и може да се врати во составот на Рома за мечот против Јувентус.
„Ил Месаџеро“ пишува за важна пресвртна точка за „волчицата“ и први чекори кон помирувањето меѓу Џеко и Фонсека. Весникот открива дека Босанецот се вратил на тренинг по 10 дена надвор од тимот, официјално поради повреда.
Утрово, Џеко тренираше со играчите кои не играа против Верона во неделата. Тој веројатно ќе биде повикан за дерби натпреварот против „старата дама“ во сабота, но се очекува да биде само резерва.


Флорентино Перез позитивен на ковид-19

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се зарази со коронавиру, објавија од Реал Мадрид на официјалната веб-страница.
„Фудбалскиот клуб Реал Мадрид објавува дека нашиот претседател, Флорентино Перез е позитивен на КОВИД-19. Тој нема никакви симптоми“, соопшти прес-службата на клубот.
Перез за првпат ја презеде функцијата претседател на клубот од Мадрид во јули 2000 година. Во февруари 2006 година, по двата порази од Реал Мадрид во осминафиналето од Лигата на шампионите против Арсенал (0-1) и во националниот шампионат со Мајорка (1-2), Перез поднесе оставка.
Втор пат Флорентино Перез беше избран на чело на Реал Мадрид во 2009 година и сè уште е претседател. Реал Мадрид оваа сезона е на третото место на табелата со 40 освоени бода.


Клоп остана без уште еден играч до крајот на сезоната

Откако доведе две нови засилувања на последниот ден од трансфер периодот, Јирген Клоп доби нова лоша вест.
Ливерпул го доведе Бен Дејвис од Престон, потврден е и трансферот на турскиот фудбалер Озан Кабак. И двајцата ќе бидат важен дел од одбраната на Ливерпул сезонава, посебно сега кога се знае дека и Жоел Матип е повреден.
Двете нови засилувања на Ливерпул се стопери, се работи за дефицитарна позиција во Ливерпул поради долгорочните повреди на Ван Дајк и Гомез.
Но, не се само тие двајца. Во натпреварот против Тотенхем се повреди и Матип, а Клоп потврди дека ќе отсуствува до крајот на сезоната поради повреда на лигаментите на коленото.
Според некои информации, со оваа повреда Матип можеби и ја заврши неговата епизода во Ливерпул, бидејќи клубот подготвува „подновување“ на одбраната, посебно сега со доведувањата на Дејвис и Кабак.


Солскјер има „необично“ барање од неговите играчи

Оле Гунар Солскјер има посебно барање од своите играчи, за време на натпреварите да вршат посилен притисок врз судиите кога има сомнителни ситуации.
Менаџерот на Јунајтед смета дека неговите играчи се многу „меки“, се однесуваат премногу добро кон судиите, а потенцираше дека треба да притиснат повеќе.
Солскјер изјави дека неговите играчи мора почесто да бараат судиите да се консултираат со ВАР собата, досега тоа не го правеле, сега треба да притиснат повеќе, грешки се случуваат, а судиите во Англија доста често не го користат ВАР.
„Против Шефилд моите играчи требаше да направат поголем притисок врз судијата, моите играчи се однесуваат како една многу добра група на луѓе, време е тоа да се промени, мора почесто да ги браниме своите ситуации на теренот.“ – изјави Солскјер.


Рамос го напушта Реал, познат новиот клуб и неделната плата!

Шпанскиот „Ел Чирингито ТВ“ јавува дека Серхио Рамос ова лето заминува во Манчестер Јунајтед. Веќе е позната и неговата плата, а во Манчестер тој ќе заработува 226 илјади евра неделно.
Капитенот на Реал веќе на раководството на клубот му најави дека заминува во Англија. Тоа би значело дека Рамос ќе го напушти Реал по цели 15 години верност на мадридскиот клуб.
За потсетување, договорот на Рамос истекува ова лето, а тој не ја прифати клупската понуда за продолжување бидејќи не е задоволен од условите.
Имено, Реал нуди едногодишен договор и плата од 10,8 милиони евра, а Рамос сака договор на две години и плата од 12 милиони. Претходно, Рамос се поврзуваше и со трансфер во ПСЖ, но тоа е малку веројатно доколку Меси пристигне во Париз, бидејќи францускиот првак нема да може да издвои толку средства.
Рамос сезонава во дресот на Реал одигра 18 натпревари со три постигнати погодоци и една асистенција. Според Трансфермаркт, неговата вредност се проценува на 14 милиони евра.


Навивачите наскоро се враќаат на трибините?!

Претседателот на шпанската фудбалска Ла Лига, Хавиер Тебас најави дека враќањето на навивачите на трибините е можно веќе во април. Минатата година, фудбалот во Шпанија беше прекинат на три месеци поради пандемијата на коронавирусот, а поради тоа сезоната беше завршена во текот на летото. Навивачите не присуствуваа на натпреварите од Примера и Сегунда уште од март. Во Шпанија во последните неколку денови се шпекулира околу евентуалното враќање на навивачите на стадионите, а Тебас изјави дека е оптимист и наредните недели ќе бидат клучни при донесувањето на одлуката. „Се ќе зависи од наредните неколку недели. Доколку се зголеми бројот на вакцинирани и се намали бројот на заразени, можно е навивачите во април и мај да се вратат на стадионите. Сите се наоѓаме на крајот од тунелот.“ – изјави Тебас за медумот Кадена Сер.


Откажан трансферот на Деле Али во ПСЖ

Трансферот на Деле Али од Тотенхем во ПСЖ нема да се случи, бидејќи „мамузите“ ќе го блокираат секој обид на Англичанецот да си замине денес. Играчот од средниот ред сакаше да се пресели во ПСЖ, каде неодамна дојде неговиот поранешен тренер Маурисио Покетино. Сепак, најавената позајмица нема да се се случи. Тотенхем одлучил дека нема да има доволно време да најде замена за него до крајот на преодниот рок и затоа нема да му дозволи да си замине.