фудбал

Мектоминеј добива нов договор со Наполи

Иако многумина беа скептични, Скот Мектоминеј и Наполи се вистински добитнички во фудбалска смисла. Италијанскиот шампион подготви нов, подобрен договор за најдобриот играч на Серија А во претходната сезона.

Шкотскиот репрезентативец се пресели во Наполи од Манчестер Јунајтед во лето 2024 година за 30,5 милиони евра, и брзо стана клучен играч на стадионот „Диего Армандо Марадона“. Веќе во неговата прва сезона придонесе за освојување на вториот Скудето за три години, прикажувајќи импресивни перформанси.

Мектоминеј потпиша четиригодишен договор, но, според италијанските медиуми, клубот сака да го продолжи договорот до 2030 година. Агентот на играчот веќе е во Напеи за разговори со спортскиот директор Џовани Ману околу условите на новиот договор.

Финансиските детали не се откриваат, но се очекува дека фудбалерот ќе добие значително зголемена плата по неговите извонредни настапи.

Во шампионската сезона, Мектоминеј запиша 12 голови и шест асистенции, додека во тековната сезона веќе постигнал 10 гола и четири асистенции во Серија А и Лигата на шампионите.


Елмас асистент, Наполи само ремизираше со Рома

Наполи одигра само 2-2 против Рома на „Диего Марадона“ и полека го губи чекорот со водечкиот Интер во битката за Скудетото.

Рома поведе со гол на Мален уште во седмата минута. Пред крајот на првиот дел Елмас му додаде на Спинацола кој постигна фантастичен погодок од далечина за 1-1.

Во 71. минута Мален од пенал го врати водството на Наполи, а десет минути подоцна новото засилување Алисон Сантос израмни на 2-2 што беше и конечен резултат.

Елмас на овој меч настапи до 79. минута. По 25 одиграни натпревари, Интер има дури 11 бодови повеќе од Наполи


Џордон Ајб уапсен поради физички настап

Поранешниот играч на Ливерпул и младинскиот репрезентативец на Англија Џордон Ајб беше уапсен минатиот месец по слетувањето на аеродромот Лутон. Ајб, кој денес игра во Бугарија за Локомотив Софија, беше испрашуван поради наводен напад што се случил средината на декември минатата година.

Триесетгодишниот фудбалер беше пуштен со кауција и пред прекршочниот суд во Кројдон треба да се појави на 6 март. Во Обединетото Кралство се вратил од Бугарија за да присуствува на рочиштето во друг, одвоен случај. Неговото апсење го потврди и полицијата.

„Џордон Ајб е обвинет за напад со нанесување телесни повреди. Обвинението се однесува на нападот кој наводно се случил во недела, на 14 декември 2025 година,” изјави портпаролот на полицијата. „Беше уапсен на аеродромот Лутон во петок, на 30 јануари, и приведен.” Дејли Мејл Спорт ги контактираше претставниците на Ајб за коментар.


Пелистер се засили со млад фудбалер на ОФК Београд

Пелистер се пофали со уште едно српско засилување за остатокот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Се работи за 20-годишниот фудбалер Михајло Петровиќ кој во Пелистер доаѓа на позајмица од ОФК Београд до крајот на сезоната.

Петровиќ е офанзивен фудбалер за врска кој потекнува од фудбалската школа на Партизан, а ги мина и сите младински категории на српската репрезентација.

Тој доаѓа на барање на тренерот Милан Стојановски кој го познава фудбалерот од периодот поминат во Телеоптик.

Петровиќ го гледа Пелистер како шанса да се стекне со поголемо искуство во сениорскиот фудбал.


Силекс со пресврт до победа на гостувањето во Струга

Силекс во одличен меч и со пресврт ја освои Струга и триумфираше со 2-3 против Струга ТЛ, која го забележа и вториот пораз по ред во пролетниот дел од сезоната, и ја губи битката за првото место на табелата. Кратовската екипа двапати губеше, но на крајот најде сила да дојде до големи три бода на овој натпревар.

Струга ТЛ првпат поведе во 22. минута. Радески со прекрасен удар од 22-23 метри ја упати топката прецизно во горниот десен агол, топката од стативата заврши зад гробот на Џеков.

Гостите од Кратово стигнаа до израмнување во 53. минута. Акцијата одеше по левата страна, од каде беше проигран Алиќ, кој од 6-7 метри го совлада Ангелети и го израмни резултатот.

Седум минути подоцна, нова предност за Струга ТЛ. Компаоре најдобро се снајде во мешаницата во петерецот на гостите, и успеа да го најде патот до мрежата.

Се играше 81. минута кога Силекс израмни. Акција од средината и топката стигна до Додев кој упати прецизен удар, Ангелети одбрани само до Алиќ, кој беше изблокиран од одбраната на Струга, но топката третпат стигна во нозете на играч на Силекс, поточно кај Николовски, кој успеа да израмни.

Само три минути подоцна прва предност за Силекс. Додев нафрли од корнер до Пиреш, а овој со глава упати прецизн удар во голот на Струга ТЛ, за пресврт и големи три бода.


Витор Переира нов менаџер на Нотингем Форест

Нотингем Форест попладнево го именуваше Витор Переира за за нов тренер, португалскиот стратег доби договор до јуни 2027 година, но прашање е колку долго ќе издржи.

Популарните „шумари“ сезоната ја започнаа со Нуно Еспирито Санто на кормилото, но тој издржа само три месеци, поради недоразбирања со сопственикот Евангелос Маринакис, го напушти клубот.

На негово место дојде Анге Постекоглу, но откако не успеа да победи на осум натпревари и тој доби отказ.

Потоа Шон Дајч беше именуван за нов тренер на Нотингем Форест и се чинеше дека Англичанецот ќе ја донесе потребната стабилност. Тој донесе 7 победи на првите 12 натпревари, но следуваше резултатска криза, само две победи на последните 10 натпревари, па и тој „доби клоца“.

Попладнево Нотингем Форест соопшти дека Витор Переира е поставен за нов тренер, португалскиот стратег доби договор до јуни 2027 година, но прашање е колку ќе издржи.


Вардар доминантен во скопското дерби со Работнички

Вардар оствари убедлива победа против Работнички (0-3) на натпреварот што се одигра на стадионот на ФФМ.

Веќе во првиот напад Вардар веднаш го погоди дирекот преку Цветковиќ, а во осмата минута дојде и до водство.

Омерагиќ продре по левата страна, уфрли во петерецот, а Закариќ погоди за 0-1.

Во 17 минута, Вардар ја удвои предноста. На нафрлувањето од десната страна слабо реагираше Ондоа, дуелот го доби Азер Омерагиќ и ја затресе мрежата на Работнички.

Талаков ја имаше првата шанса за Работнички во 37 минута. Од десната страна шутираше од 12 метри барајќи го спротивниот агол, но Давор Талески одлично интервенираше.

Во 48 минута, прекрасен гол на Стефан Цветковиќ, за 0-3. Се одлучи на удар од работ на шеснаесетникот од левата страна и погоди во спротивниот горен агол.

Во 70 минута, Дашмир Елези беше во шанса да постигне почесен гол за Работнички, но Давор Талески добро интервенираше.

Заслужен триумф на вардарци и нови три бода.


Челниците на Јуве побараа оставки од судиската организација по дербито со Интер

The referee Federico La Penna (C) speaks with Juventusís Pierre Kalulu during the Italian serie A soccer match between Inter and Juventus at Giuseppe Meazza stadium in Milan, 14 February 2026. ANSA / MATTEO BAZZI

Интер го победи Јувентус со 3-2 во Милано во спектакуларното дерби на Италија. Натпреварот беше засенет од исклучувањето на Пјер Калулу и бурните реакции на гостите по натпреварот.

Интер и Јувентус приредија уште еден возбудлив судир, а победата ја извојува домашниот тим од Милано (3:2), со голот на Пјотр Зјелински во 90-та минута.

Клучниот момент се случи во 42-та минута кога судијата Федерико Ла Пења му покажа црвен картон (втор жолт), на Пјер Калулу по дуелот со Алесандро Бастони, кој падна по минимален контакт. Одлуката предизвика огромно незадоволство кај „бјанконерите“.

По завршувањето на натпреварот, се случи инцидент, генералниот директор на Јувентус, Дамиен Комоли, се упати кон судијата, додека тренерот, Лучијано Спалети, дури и не се појави пред прес-конференцијата.

На негово место, на конференцијата присуствуваа Комоли и директорот на клубот Џорџо Кјелини, кои побараа оставка од претседателот на судиската комисија на Серија А, Џанлука Роки, оценувајќи го судењето како „неприфатливо и срамно“.


Дембеле упати силна критика за соиграчите по поразот од Рен

Ленс се искачи на врвот на француската лига откако Пари Сен Жермен доживеа пораз од Рен, на големо разочарување на Осман Дембеле. Францускиот напаѓач остро ја критикуваше играта на својот тим и порача дека играчите мора да го стават клубот пред личните интереси.

ПСЖ во петокот загуби од Рен со резултат 3:1, што значи дека Ланс со победа против Париз ФК во сабота може да се врати на првото место во Лига 1. Екипата на Луис Енрике не успеа да извојува победа и покрај создадените шанси вредни 3,62 очекувани голови (xG), што претставува втор највисок регистриран xG во натпревар без победа под водство на шпанскиот тренер.

За Парижаните ова е веќе шести пораз во 35 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона, што претставува најголем број порази во истиот стадиум од сезона од 2020/21 наваму.

Дембеле, стрелецот на единствениот гол за ПСЖ, верува дека неговите соиграчи мора да покажат поголема борбеност ако сакаат да ги повторат успесите од претходната сезона. “Многу лошо влеговме во натпреварот,” изјави тој за Ligue 1+. “Рен одигра одлично, но мислам дека треба да покажеме повеќе желба.”

„Прво и најважно, треба да играме за ПСЖ за да победуваме. Ако играме како индивидуалци на теренот, тоа нема да функционира и нема да ги освоиме титулите што ги посакуваме. Минатата сезона го ставивме клубот пред сè друго, пред личните интереси.”

Треба повторно да го најдеме тој пристап, особено во вакви натпревари”, подвлече Дембеле и заклучи: “Знаеме дека сме во вториот дел од сезоната. Пари Сен Жермен мора да биде на прво место, а не индивидуалните играчи.” Со оваа победа Рен екипата на ПСЖ ја има поразено осум пати во Лига 1 од кога клубот е под катарско сопствеништво (QSI). Во 29 одиграни натпревари, никој друг тим не ги победил Парижаните толку често во овој период.


Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер

Раководството на Манчестер Јунајтед се подготвува да му понуди нов договор на Хари Мегваер, според информации од различни извори. Централниот дефанзивец минатата година ја активираше дополнителната година од својот договор, кој го врзува до крајот на 2024 година.

Неговите перформанси забележително се подобрија во последно време, откако стекна повеќе време на теренот. Оваа промена се случи и под водство на отпуштениот Рубен Аморим и по пристигнувањето на Мајкл Карик, за кого одигра пет последователни натпревари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст

Со своите 32 години, Мегваер значително го подигна нивото на игра, што ги мотивираше челните лица на „Олд Трафорд“ да се потрудат да го задржат.

Манчестер Јунајтед ќе му понуди на Мегваер нов договор со намалени финансиски услови според претходниот. Сега заработува 180,000 фунти неделно, а новата понуда ќе се движи помеѓу 100,000 и 120,000 фунти. Според локалните медиуми, играчот е мотивиран да остане на „Олд Трафорд“ и подготвен е да ја прифати понудата. Клубот веќе најави дека ќе се раздели со уште еден искусен играч – Каземиро, кој ќе го напушти тимот на крајот од сезоната.