фудбал

Конте потврди дека заминува од Наполи

Италијанскиот тренер Антонио Конте потврди дека го напушта Наполи. Конте ги предводеше наполитанците две сезони.

Конте се споменува во медиумите како прв кандидат да ја преземе италијанската репрезентација, која веќе ја водеше од 2014 до 2016 година.

56-годишениот тренер, заедно со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис, одржа прес-конференција по последниот натпревар на Наполи во сезоната и победата против Удинезе.

„Пред еден месец го повикав претседателот… Му кажав дека чувствувам дека нашиот проект завршува. Ја донесов оваа одлука затоа што не успеав во едно нешто во Наполи: не донесов единство. Не успеав затоа што не ги обединив сите… Ми беше чест, им се заблагодарувам на претседателот и навивачите што ме разбраа“, рече Конте.

Наполи, кој се мачеше со повреди цела сезона, заврши втор во Серија А, 11 бода зад шампионот Интер. Во две сезони во Наполи, Конте освои едно Скудето и еден Суперкуп на Италија.

Кога станува збор за преземањето на италијанската репрезентација, која не успеа да се квалификува на Светското првенство трет пат по ред, Конте изјави дека „сето тоа се само муабети“.


Меси има мускулен замор и ќе игра на Светското првенство

На напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, му е дијагностициран мускулен замор во левата нога по медицинските тестови.

– Неговото враќање на физичка активност ќе зависи од неговиот клинички и функционален напредок, се вели во соопштението на прес-службата на клубот.

Меси ги вознемири аргентинските навивачи пред Светското првенство. Тој побара замена поради повреда на натпревар од МЛС.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во натпреварот од регуларната сезона на МЛС помеѓу Интер Мајами и Филаделфија 76ерс во 73. минута. За време на една од епизодите од натпреварот, напаѓачот се фати за горниот дел од левата бутина пред да побара да биде заменет и да се упати директно кон соблекувалната.

Меси пропушти четири натпревари на Интер Мајами во сезоната 2025 поради мускулни проблеми.

Напаѓачот е вклучен во проширениот состав на Аргентина за Светското првенство во 2026 година. На 17 јуни, националниот тим ќе игра против репрезентацијата на Алжир.(


Аргентинецот Кристијан Фабијани е нов тренер на Вардар

Новиот шампион во ПМФЛ Вардар денес го назначи новиот тренер, само два дена после освојување на шампионската титула.

Аргентинецот Кристијан Фабијани ќе го води во иднина Вардар. Фабијани има петгодишно тренерско искуство со аргентински клубови, меѓу кои и екс клубот на Лионел Меси, Њуелс Олд Бојс.

Фабјани ја презема клупата на Вардар од Гоце Седлоски, кој заминува на селекторската функција откако на тимот му ја донесе титулата после шест години пауза.


Македонија ЃП со победа над Силекс се одјави од Првата лига

Во последното коло од Првата македонска фудбалска лига, фудбалерите на Македонија ЃП успеаја да го совладаат тимот на Силекс со 4-2, и со три бода да се збогуваат од настапите во ПМФЛ, со оглед дека „лавовите“ од идната сезона ќе играат во второлигашката конкуренција.

На стадионот во Ѓорче Петров попладнево, први во водство дојдоа домашните играчи откако Еступињан со волеј го совлада Ѓорѓиевски по нафрлената топка од левата страна.

Во 23. минута Македонија ЃП постигна уште еден гол, но по ВАР проверката се утврди дека Николиќ бил во офсајд.

Токму Николиќ во 28. минута направи пенал, откако го повлече Беровиќ, па по проверка на ВАР, беше досуден пенал, а во 32. минута Мишов прецизно го реализираше за израмнување.

Македонија ЃП тргна фуриозно во вториот дел, и веднаш постигна два гола. Грешка на гостинските играчи, после која Софијановски украде и тргна сам пред голот, додаде до Гереро, кој што стрелаше прецизно во голот на Силекс за 2-0.

Во 56. минута од средбата, по изведен корнер и невнимание на одбраната на Силекс, топката дојде до Гереро кој успеа да донесе 3-1.

Продолжија нападите на „лавовите“, а Еступињан ја погоди стативата.

Во 74. минута Силекс намали со голот на Донов. Точка на победата беше ставена во третата минута од судиското надополнување кога Ајдоган погоди од белата точка, и така успеа да ја „запечати“ победата на Македонија ЃП.


Милан му врачи отказ на Макс Алегри

Раководството на Милан донесе радикална одлука по разочарувачката сезона и по поразот од Каљари со 1-2 во последното коло, иако на тимот му беше доволен бод за пласман во ЛШ.

Клубот официјално соопшти дека Масимилијано Алегри повеќе не е тренер на првиот тим, а разрешени се и неколку клучни директори во спортскиот сектор.

Милан најави целосна реорганизација по, како што го нарече, неуспешната сезона.


Де ла Фуенте без ниеден фудбалер на Реал на Мундијалот

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте, денеска го објави конечниот список на играчи кои ќе ги поведе на Светското првенство, а за првпат во историјата Шпанците ќе немаат играч од Реал Мадрид.

Се очекуваше Дин Хујсен да добие повик бидејќи претходно стандардно играше за Шпанија, дури беше и стартер на завршниот турнир од Лигата на нации. Но, Де ла Фуенте смета дека тој не е во добра форма и има подобри од него во овој момент. Од претходно во конкуренција не е ниту Дани Карвахал.

Голманското трио го сочинуваат: Раја, Гарсија и Симон.

Во дефанзивата се повикани: Грималдо, Кубарси, Љоренте, Гарсија, Поро, Лапорте, Кукуреља и Пубил.

Во средниот ред ќе бидат: Педри, Родри, Баена, Зубименди, Руиз, Гави и Мерино.

А во офанзивата повикани се: Јамал, Торес, Муњоз, Вилијамс, Пино, Ојарзабал, Олмо и Иглезијас.


Белграно првпат шампион на Аргентина

Белграно испиша историја во аргентинскиот фудбал откако за првпат стана шампион на државата, победувајќи ја Ривер Плата со 3-2 во финалето на Апертура 2026.

Тимот од Кордоба до трофејот стигна по голем пресврт против еден од најтрофејните клубови во Аргентина, а по последниот свиреж следуваше вистинска еуфорија меѓу навивачите на „пиратите“.

Ривер Плата имаше контрола врз натпреварот, но Белграно покажа карактер и успеа целосно да ја сврти ситуацијата во своја корист, по што почна големото славје на стадионот „Марио Алберто Кемпес“.

Овој успех има уште поголема тежина ако се знае дека Белграно е основан во 1905 година и никогаш досега немал освоено шампионска титула. Клубот од Кордоба така конечно дочека историски момент по повеќе од еден век постоење.


Нов рекорд на Макс Думан: Најмлад стартер во премиерлигашката историја

Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Макс Думан, стана најмладиот играч во историјата на англиската Премиер лигата кој започнал натпревар.

Со 16 години и 144 дена, Думан го постави рекордот вчера. Тој беше стартер во натпревар во 38. коло од англиската Премиер лига против Кристал Палас (2-1).

Претходно рекордот му припаѓаше на Хозе Бакстер од Евертон, кој го имаше својот прв старт во 2008 година на возраст од 16 години и 198 дена.

Во сезоната 2025/26, Думан веќе стана најмладиот играч што го направи своето деби во Премиер лигата и најмладиот стрелец во натпреварувањето. Тој е исто така и најмладиот освојувач на Премиер лигата со Арсенал. Порано оваа година, на возраст од 15 години и 308 дена, тој стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите.

Во сезоната 2025/26, Думан постигна еден гол и имаше една асистенција во 13 натпревари во сите натпреварувања.


Македонските фудбалери на мини подготовки пред натпреварите со Босна и Турција

Фудбалската репрезенатција на Македонија на чело со селекторот Гоце Седлоски, денеска ги стартуваше подготовките за пријателските мечеви против репрезенатциите на Босна односно Турција, селецкии кои ќе бидат дел од следниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.

Нашиот состав денеска и официјално ги започна мини подготовките. Ќе биде присутен во Скопје до четврток кога се лета за Сараево, и на 29 мај се игра дуелот против домаќинот на стадионот Асим Ферхатовиќ Хасе во 20:30.

По тој меч директно се лета за Истанбул каде што со Турција на 1 јуни играме на стадионот Шукру Сарачоглу.


Босански среден бек потпиша за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер во сезоната 2025/26 ќе биде посилен за уште еден ракометар од Босна и Херцеговина.

По потписот со Едвин Џелиловиќ, нов член на битолскиот клуб е и средниот бек Омер Мехмедовиќ.

Овој 26-годишен ракометар потпиша на една сезона, со опција за уште една со деветкратниот македонски шампион.

Мехмедовиќ е етаблиран ракометар, кој поникна во Грачаница, кратко играше во Барнбах Хофланд во Австрија, а во Битола доаѓа од Рико Рибница во словенечкиот шампионат. Официјалното претставување на Мехемдовиќ е закажано на почетокот од подготовките за сезоната 2026/27.