фудбал

Лампард е тренер на годината во Англија

За најдобар тренер во англискиот клупски фудбал во сезоната 2025/26 е прогласен Френк Лампард, кој со Ковентри избори пласман во Премиер лигата и го врати клубот во елитата по пауза од 25 години.

Поранешниот англиски репрезентативец го предводеше од клупата Ковентри до титулата во Чемпионшип лигата со 11 бодови предност пред најблискиот ривал, што му го обезбеди „Трофејот Сер Алекс Фергусон“, доделен од Здружението на фудбалски тренери (ЛМА).

Лампард во гласањето го остави зад себе дури и Микел Артета, кој ја освои титулата во Премиер лигата со Арсенал, прва за лондонскиот клуб по пауза од 22 години. Како утеха, Артета ја доби наградата за тренер на годината во Премиер лигата.

„Твоите карактеристики, подеднакво како тренер и како лидер, јасно се рефлектира во начинот на кој игра твојот тим, со самодоверба и верба во себе. Уживав гледајќи го“, му порача легендарниот Алекс Фергусон на Лампард.


Барди дојде во Скопје повреден, ќе ги скокне двата пријателски натпревари

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, поради повреда на коленото ќе ги пропушти претстојните контролни натпревари против БиХ и Турција.

Барди се појави на собирот на националниот тим, но по извршените медицински прегледи беше утврдено дека не е во можност да му се стави на располагање на селекторот за дуелите со Босна и Херцеговина.

Натпреварите се играат на 29 мај во Сараево и Турција на 1 јуни во Истанбул.


Нуно ќе го води Вест Хем и во Чемпионшип

Вест Хем Јунајтед поминува низ агонијата по преселбата во Чемпионшип дивизијата. И покрај ова, челниците на клубот од Источен Лондон нема да преземат радикални потези.

Португалскиот тренер Нуно Еспирито Санто нема да биде отпуштен и ќе остане на истата позиција следната сезона. На крајот од минатиот септември, тој потпиша тригодишен договор, кој останува на сила и покрај неуспехот.

Иако речиси целата сезона ја помина на чело на стручниот штаб на популарните „Чекани“ и доживеа елиминација со клубот што ја освои Конференциската лига во 2023 година, тој не гне е разочаран по преселбата во понизок ранг, па затоа ја доби задачата да го врати Вест Хем во елитата.

Еспирито Санто ќе има можност да го предводи Вест Хем во дербито со најлутиот ривал – Милвол. Нетрпеливоста меѓу овие два тима е добро позната, особено кога станува збор за навивачите надвор од стадионот, а тие ќе го играат првиот натпревар од февруари 2012 година кога Вест Хем победи со 2-1.


Артета прогласен за тренер на годината во Премиер лигата

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, е прогласен за тренер на годината во англиската Премиер лигата за сезоната 2025/26.

Под водство на 44-годишниот Шпанец, „Топчиите“ ја освоија својата прва титула во Премиер лигата по 22 години.

Лондонскиот клуб собра 85 поени од 38 натпревари и го освои првото место, седум повеќе од второпласираниот Манчестер сити.

Арсенал ја освои англиската Премиер лига по 14. пат во својата историја. Тие станаа шампиони на Премиер лигата за прв пат од сезоната 2003/04, кога под водство на Арсен Венгер, беа непоразени во Премиер лигата.


Скалони: Внимателно го следите заздравувањето на Меси

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, информира за состојбата на напаѓачот Лионел Меси.

„Првичните резултати по повредата не се толку лоши. Треба да видиме како ќе се опорави, а исто така да почекаме дополнителни тестови за да ги потврдиме првичните медицински наоди“, изјави Скалони за „ESPN“.

Триесет и осумгодишниот Аргентинец беше заменет во 73. минута од натпреварот од регуларната сезона на МЛС помеѓу Интер Мајами и Филаделфија (6:4). Тој во еден момент од натпреварот го зграпчи горниот дел од левата нога пред да побара да биде заменет и да се упати директно кон соблекувалната. На играчот му беше дијагностицирано истегнување на бутниот мускулот.

Меси е вклучен во проширениот состав на Аргентина за претстојното Светското првенство.

Аргентина ќе игра против Алжир на 17 јуни во првиот свој настап на Мундијалот 2026.


Мхитарјан неодлучен дали ќе остане во Интер

Фудбалерот на Интер, Хенрих Мхитарјан, има отворени раце да одлучи дали ќе си замине од клубот или ќе остане уште една сезона, велат последните информации од Италија.

Договорот на 37-годишниот интернационалец ќе истече на 30 јуни но, „нероаѕурите“ му дадоа можност да продолжи да игра во Милано со променети финансиски услови.

Тој во завршената сезона одигра 39 натпревари во сите конкуренции со ефект од четири голови и три асистенции.


Италиано ќе го замени Конте во Наполи

Тренерот на фудбалерите на Болоња, Винченцо Италијано, има големи шанси да седне на кормилото на Наполи, објавија денеска најголемиот дел од медиумите во Италија.

Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, бара нов тренер откако Антонио Конте си замина на крајот од сезоната.

Италијано има уште една година од неговиот тековен договор со Болоња.


Ривалите од Манчестер наддаваат за Андерсон од Нотингем Форест

Фудбалерот на Нотингем Форест, Елиот Андерсон, може да добие понуда да се пресели во редовите на Манчестер Сити.

Играчот од средниот ред претпочита да ја продолжи кариерата кај „граѓаните“ иако за неговиот потпис конкурира и Манчестер Јунајтед.

23-годишникот во претходната сезона одигра 38 натпревари на кои забележа 4 голови.


Варди го напушта Кремонезе и се враќа во Премиер лигата

Легендарниот напаѓач Џејми Варди, дури и на 40-годишна возраст, планира сензационално враќање во англиската Премиер лига.

Варди ќе го напушти италијанскиот Кремонезе по само една сезона, откако клубот испадна во Серија Б.

Неговиот договор содржел клаузула според која ќе остане само доколку тимот обезбеди опстанок во елитата.


Луис Енрике може да здивне: Хакими и Дембеле ќе играат во финалето во Будимпешта

Усман Дембеле и Ашраф Хакими го одработија целиот тренинг со екипата на ПСЖ.

Францускиот шампион интензивно се подготвува за големото финале на Лигата на шампионите против Арсенал, кое ќе се игра за четири дена во Будимпешта.

Усман Дембеле, актуелен освојувач на Златна топка, го повреди десниот лист за време на првенствениот дуел против градскиот ривал Париз.

Сепак, француските медиуми и претходно тврдеа дека неговиот настап во натпреварот во кој „светците“ ќе ја бранат европската титула нема да биде доведен во прашање.

Од друга страна, мароканскиот дефанзивец Ашраф Хакими заработи повреда на мускулот на десната нога во реваншот од полуфиналето против Баерн Минхен.

Настапот на 27-годишниот фудбалер беше под голем знак прашалник сè до денес, кога успешно ги издржал сите напори на тренингот.