фудбал

Кејн со три гола му го донесе Купот на Германија на Баерн

Фудбалерите на Баерн Минхен ја комплетираа двојната круна во Германија. Вечерва го освоија Купот, со победата над Штутгарт 3-0. БОва е прва дупла круна за Баерн по пауза од шест години. Апсолутен херој на победата, на Олимпискиот стадион во Берлин беше Хари Кејн.

Баерн Минхен го освои Купот на Германија 21-ви пат во историјата на клубот.

Првото полувреме, во кое играчите на Штутгарт беа подбри на теренот заврши без голови. Во првиот дел Баерн речиси и да не закани кон голот на противникот.

Во вториот дел на сцена стапи Хари Кејн, го постигна првиот гол во 55-та минута а точка на победата стави во 81-та минута. Сепак, тоа не беше сè.

Судијата одлучи да го продолжи натпреварот за неверојатни седум минути, а Баерн го искористи тоа максимално.

Баварците добија пенал во 92-та минута, а Кејн го комплетира хет-трикот, со што стави крај на индивидуално најдобрата сезона во кариерата.


Гисласон доби нов договор како селектор на Германија

Германската ракометна федерација официјално го продолжи договорот со селекторот Алфред Гисласон до Олимписките игри во 2028 година.

Исландскиот стратег ја предводи германската репрезентација од 2020 година, а во изминатиот период успеа да ја врати селекцијата во самиот врв на европскиот и светскиот ракомет.

Под негово водство Германија освои сребрен медал на Олимписките игри и на Европското првенство.

„Среќен сум што ќе продолжам да работам со оваа генерација. Верувам дека имаме потенцијал за уште поголеми успеси во иднина“, изјави Гисласон по потпишувањето на новиот договор.


Мајорка и Џирона испаднаа од Примера

Полека се спушта завеста на фудбалската сезона во Шпанија. Последното 38-мо коло го даде одговорот кои екипи ќе му се придружат на Овиедо во Втората лига. Тоа се Мајорка и Џирона.

Вечерва се одиграа девет од вкупно 10 натпревари од последното 38-мо коло. Утре сезоната ќе заврши сио дуелот меѓу Виљареал – Атлетико Мадрид.

Многу работи беа познарти уште пред последното коло.

Ново-стариот шампион е Барселона, втор е Реал Мадрид, утре Виљареал и Атлетико ќе решат кој ќе заврши на третото место, петти е Бетис. Овие пет клуба ќе ја претставуваат Шпанија следната сезона во Шампон лигата.

Шестата Селта ќе оди во Лига Европа, седмиот Хетафе во Лигата на Конференциите.

Останува да се види дали Рајо Ваљекано ќе направи подвиг и ќе ја освои Лигата на Конференциите против Кристал Палас во среда, што автоматски би му обезбедило учество во Лига Европа следната сезона.

Последното коло донесе вистинска драма во борбата за опстанок.

Клучниот натпревар се одигра во Каталонија, во Џирона, на стадионот „Монтеливи“, каде гостуваше Елче. Пред последното коло, Џирона беше прва под линијата, со два бода помалку од Елче и само победа им обезбедуваше опстанок.


Хенес: Кејн останува во Минхен, Барса нема пари да го купи

Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, беше расположен кога разговараше со медиумите по величествената победа (3:0) на неговиот тим во финалето на Купот, против Штутгарт во Берлин.

Херојот на првата титула на Баерн во Купот, по пауза од шест години, беше Хари Кејн. Англичанецот ги постигна сите голови за Баерн.

Хенес одговори на прашањето за интересот на Барселона, за Хари Кејн.

„Доаѓањето на Хари Кејн е најдобриот трансфер што го имавме“, рече Хенес и дополни дека „Баерн е клуб кој купува, а не продава играчи“.

Потоа испрати брутална порака до Барселона.

„Кејн останува, Барселона и онака нема пари“, рече тој.


Брегалница се враќа во ПМФЛ, Скопје и Шкендија Арачиново играат бараж

По триумфот од 7-0 во дуелот против прилепска Победа, фудбалерите на Брегалница од Штип го потврдија првото место на табелата во Втората македонската фудбалска лига и по две сезони повторно се враќаат во елитното друштво.

Стефан Костов, Дино Михолов, Јорданчо Наумоски, Костадин Капсаров, Никола Талески, Јован Постолов и Мартин Димоски беа стрелци на головите за Штипјани кои ја освоија првата позицина со 71 бод колку што има и второпласираното Скопје, благодарение на подобриот учинок во меѓусебните дуели.

Скопје на домашен терен славеше над Детонит Плачковица со 5-1 и заедно со Шкендија Арачиново која триумфираше над Каменица Саса со 4-2 ќе играат бараж за евентуална промоција во Првата лига.

На мечот одигран на стадионот Железарница, играчите на Скопје ги постигнаа сите пет погодоци. Двоен стрелец беше Виктор Ангелов, по еднаш прецизни беа Аднреј Стојановски, Алексеј Славков и Јорго Папули, кој во 51. минута ја погоди и сопствената мрежа.

Шкендија Арачиново како гостин ја совлада Каменица Саса со 4-2.

Зани Назифи постигна два погодоци, по еднаш меѓу стрелците се запишаа Амир Нухија и Владимир Жоглев додека головите за домаќинот беа дело на Филип Николовски и Глигорче Ефремов.

Петтопласираниот Охрид забележа победа пд 7-1 во дуелот против Слога Виница, Тетекс триумфираше над Големо Коњари со 7-2, Беласица на гостувањето во Ресен ја совлада Преспа со 3-1, Кожуф во Неготино славеше над Вардар со 5-0 додека на мечот меѓу Новаци и Осогово противниците постигнаа по три гола.

Второлигашката конкуренција ја напуштаат Вардар Неготино, Слога Виница, Преспа, Победа Прилеп и Големо Коњари додека бараж за опстанок ќе играат Кожуф, Тетекс и Каменица Саса.


Вардар со победа над Шкендија ја потврди титулата

Фудбалерите на Вардар триумфално ја завршија сезоната во Првата лифа и со победа од 3-0 во дуелот против најголемиот конкурент Шкендија Тетово го прославија враќањето на тронот во македонскиот фудбал.

За Вардар ова е прв шампионски трофеј по пауза од шест години, а вкупно 12. во клупската историја.

Новиот шампион поведе во 22. минута кога Нуман Ајетовиќ ја погоди сопствената мрежа. Во 36-тата, Горан Закариќ зголеми на 2:0, а триумфот го потврди Бобан Николов со голот постигнат на девет минути пред крајот на натпреварот.

Шкендија имаше можност да го постигне почесниот погодок, но Лиридон Љатифи во два обида не успеа да реализира удар од 11 метри.

По првиот пенал одлично реагираше голманот на “црвено црните”, Давор Талески, кој успеа да го одбрани и вториот шут откако судијата Бенјамин Ќерими донесе одлука ударот да се повтори.

Новиот шампион на Македонија, сезоната ја заврши со 80 бода, шест повеќе од Шкендија. Избраниците на Гоце Седлоски забележаа 25 победи и пет нерешени резултати и само два пати ја почувствуваа горчината на поразот.

Најефикасен во редовите на првакот е Азер Омерагиќ со 14 гола, Мато Роџерс кој си замина од екипата на полусезоната 12 пати се запиша меѓу стрелците, а на третото место со 11 погодоци е Горан Закариќ.


Пеп ќе стане глобален амбасадар на Сити Фудбал Груп

Пеп Гвардиола утре за последен пат ќе го води Манчестер Сити, потоа заминува од клубот, а веќе е познат и неговиот следен ангажман.

Гвардиола нема да биде тренер, тој ќе биде глобален амбасадор на Сити Фудбал Груп.

Тоа значи дека ќе работи за истите газди, но сега во една поинаква улога.

Пеп ќе биде технички советник на клубовите во групацијата, ќе работи на специфични проекти и колаборации.


Бенитез доби отказ од тренерското место во Панатинаикос

Панатинаикос се раздели со Рафаел Бенитез по разочарувачката сезона во која клубот не успеа да ги постигне своите цели.

Искусниот 66-годишен стручњак го предводеше Панатинаикос во вкупно 41 натпревар и оствари учинок од 20 победи, 11 нерешени и 10 порази, со просек од 1,73 освоени поени по натпревар.

Атинскиот гигант ја заврши сезоната на четвртото место во плејофот од грчкото првенство, додека во националниот Куп беше елиминиран во полуфиналето.

Панатинаикос го заврши своето европско патување во осминафиналето од Лигата на Европа.

Според грчките медиуми, главен кандидат за нов тренер е Јакоб Неструп, 38-годишен дански стручњак кој бележеше одлични резултати со Копенхаген во претходните години.


Бруно Фернандез е играч на сезоната во Премиер лигата

Играчот од средниот ред и капитен на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е прогласен за најдобар играч во англиската Премиер лига за сезоната 2025/26, соопшти прес-службата на натпреварувањето.

„Ова е сезона за историските книги“, се вели во соопштението на Премиер лигата.

Португалскиот играч од средниот ред одигра 34 натпревари во Премиер лигата оваа сезона, постигнувајќи осум гола и 20 асистенции. Фернандеш го израмни рекордот за најмногу асистенции во една сезона во англиската Премиер лига.


Едерсон од Аталанта ќе го засили Јунајтед

Тренерот на Аталанта, Паладино, го потврди она што се пишуваше во изминатите денови.

Имаше гласини од релавантни извори дека Манчестер Јунајтед е во преговори со Аталанта за трансфер на фудбалерот од средниот ред, Едерсон.

Тој не настапи на вчерашниот меч против Фиорентина, а причината е токму тоа, се водат преговори за негов трансфер.

„Едерсон не играше на овој меч бидејќи има конкретни преговори со топ клуб“, рече Паладино.

Тој не го посочи името на клубот, но сите знаат дека се работи за Манчестер Јунајтед.