Аргентинецот Барко ќе биде првото засилување на Чаби Алонсо во Челзи
Англискиот гигант Челзи го договори трансферот на аргентинскиот фудбалер Валентин Барко од француски Стразбур, клуб кој е дел од истата сопственичка структура под „БлуКо групацијата“.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека сите детали се договорени, а Барко се приклучува на лондонскиот тим, кој ќе биде под водство на тренерот Чаби Алонсо од 1 јули годинава.
Според информациите, трансферкот на Барко ќе изнесува околу 30 милиони евра, а Аргентинецот ќе стави потпис на шестгодишен договор.
Аргентинецот оваа сезона воодушеви со неговите настапи во дресот на Стразбур, односно на 43 настапи во сите натпреварувања постигна три голови и девет асистенции.
Георг Стојановски со хет-трик му донесе отстанок на Спартак Варна
Македонскиот фудбалски интернационалец Георг Стојановски беше херој на својот тим Спартак Варна кој е предводен од нашиот познат тренер е неговиот дедо Ѓоко Хаџиевски.
Во рамки на последното коло на шампионатот на Бугарија екипата на Спартак Варна дојде до многу важна победа над Локомотив Софија со резултат 3:0, а човек на натпреварот беше Гео Стојановски. Напаѓачот постигна хет-трик во мрежата на противникот, најважни погодоци сезонава затоа што Варна се спаси од испаѓање.
Бугарскиот тим избега од местото кое водеше во бараж или директно во понизок ранг и е на првата безбедна позиција. Во битката за опстанок најважно беше што Септември Софија не успеа да слави.
Димарко МВП на сезоната во Серија А
Фудбалерот на Интер, Федерико Димарко ја доби наградата за најдобар играч во сеозната, во Серија А.
Левиот крилен бек, со Интер ја освои двојната круна, а успеа да го сруши рекордот според бројот на систенции во една сеозна.
Чуварот на мрежата на Рома, Миле Свилар, втор пат по ред е прогласен за најдобар голман во Серија А. Сезонава за Рома бранеше на сите досегашни натпревари, вкупно 37, во Серија А.
Мрежата на 26-годишникот роден во Антверпен остана недопрена во 17 натпревари. Рома во последното коло, во Верона, брка победа и пласман во Лигата на шампионите. ,
Ѕвезда во подем е турскиот крилен напаѓач на Јувентус, Кенан Јилдиз, додека најдобар тренер е Романецот Кристијан Киву, кој го предводеше Интер до дуплата круна, прва по 2010 година.
Најдобар дефанзивец е Марко Палестра од Каљари, најдобар играч од средниот ред е Нико Паз од Комо, а најдобар напаѓач е Лаутаро Мартинез од Интер.
Следната сезона во Серија А ќе започне на 23 август.
Барди промаши пенал, Коњаспор го загуби финалето на Купот
Фудбалерите на Трабзон го освоија Купот на Турција, со победата 2-1 над Коњаспор, чии дрес го носи капитенот на Македонија, Енис Барди.
Енис Барди е трагичар на финалниот натпреварот, од перспективата на нанвивачите на Коња. Во 58-та минута не реализира пенал при резултат 1:1. Ударот на Барди заврши во левата статива од голот на Онана.
Инаку, Трабзон водеше од 18-та минута со голот на Онуачу, а изедначи Мулека во 50-та минута. Барди потоа не реализира пенал за целосен пресврт, а казната Коњаспор ја стигна во 79-та минута кога Онуачу од пенал го постави конечниот резултат.
Иниеста почнува тренерска кариереа од ОАЕ
Легендарниот Андрес Иниеста ја започнува тренерската кариера со договор во Гулф Јунајтед од Обединетите Арапски Емирати.
По завршувањето на играчката кариера во 2024 година, шпанскиот мајстор ќе работи со млади фудбалери и ќе го пренесува своето огромно искуство во развојот на тимот.
Иниеста веќе започна со тренерска едукација и се подготвува за иднина во посилни лиги.
Сити ќе му посвети трибина и статуа на Пеп Гвардиола
Премиерлигашот Манчестер Сити објави дека главната трибина на „Етихад“ од следниот натпревар, последниот на менаџерот Пеп Гвардиола ќе го носи неговото име. Но тоа нема да биде се, клубот ќе изработи статуа пред таа трибина.
На овој начин Манчестер Сити сака на убав начин да му се оддолжи на трофејниот тренер, кој во период од десет години колку што беше на клупата на „граѓаните“ освои 20 трофеи.
„Одамна изјавив дека Манчестер Сити треба да ги има на располагање најдобрите луѓе како на терен така и надвор од него. Пеп беше ДНК на клубот, повеќе поради начинот на кој ги освојуваше трофеите, отколку што ги подигнуваше“, изјави сопственикот на клубот Шеик Мансур.
Главната трибина ќе го носи името „Пеп Гвардиола Станд“. Трибината неодамна беше реновирана и со зголемен капацитет за 7.000 места.
– Трибината Пеп Гаврдиола и статуата ќе биде пред неа, со надеж дека Пеповото наследство ќе биде вметнато во ткивото на овој фудбалски клуб, градот Манчестер и англискиот фудбал, изјави претседателот на Сити, Халдун Ал Мубарак.
Манчестер Сити во недела во последното коло од Премиер лигата ја пречекува екипата на Астон Вила.
Сари го менува Лацио со Аталанта
Маурицио Сари е многу блиску до преземање на кормилото на Аталанта, наведува новинарот, Николо Скира, со напомена дека преговорите меѓу двете страни влегле во последната фаза.
Се очекува 67-годишниот Сари набрзо да си замине од Лацио и да потпише договор со екипата од Бергамо до летото во 2029 година со плата од 3,5 милиони евра по сезона.
Тоа ќе биде втората најавена тренерска промена во Серија A на крајот на сезоната ако се знае дека и Антонио Конте ќе си замине од редовите на Наполи.
Џери Кардинале најави конкурентен Милан во Европа
Џери Кардинале ќе биде на стадионот Сан Сиро на натпреварот Милан – Калјари. Само неуспех во последен момент би можел да ги промени плановите на шефот на „росонерите“ да направи голем ремонт во тимот.
Имено, доколку Милан влезе во ЛШ, Кадинале најави значителна активност на трансфер пазарот во текот на летото.
Тој во последното интервју откри дека ги планира, Леон Горецка кој си заминува од Баерн Минхен, Гонзало Рамос (ПСЖ), Жираси (Борусија Дортмунд), Шорлот (Атлетико Мадрид) и евентуално Душан Влаховиќ, кој не е сигурен дека ќе остане во Јувентус.
Енрике за Арсенал: Во играта без топка, тие се најдобриот тим на светот
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, го сподели своето мислење за ривалот пред финалето на Лигата на шампионите против Арсенал.
-Мислам дека заслужија да ја освојат Премиер лигата – имаа брилијантна сезона. Игравме против овој тим на Арсенал минатата сезона, па знаеме што се способни. Без топка, тие се најдобриот тим на светот, а со топка можат да постигнат многу голови. Тоа е одлична комбинација за нив. Логично е дека тие се наши противници во финалето. Можеме да се радуваме на навистина одлично финале. Гледајќи ја статистиката на Арсенал, јасно е дека Микел Артета е лидер како тренер, всадувајќи победнички менталитет во тимот. Тие се подобруваат веќе неколку сезони, изјави Енрике.
Оваа година Арсенал ја освои англиската Премиер лигата и обезбеди финалето на Лигата на шампионите, а минатата година беа во запрени во полуфиналето.
Финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал ќе се одржи на 30 мај на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта.
Тухел ќе остави неколку ѕвезди без настап на Светско првенство
Селекторот на Англија, Томас Тухел, донесе неколку шокантни одлуки околу тимот што ќе патува на Светското првенство. Иако списокот нема да биде официјално објавен до петок, Тухел разговарал со играчите и многу детали од конечниот список веќе протекоа во англиските медиуми. Јавноста е шокирана бидејќи Тухел не вклучи некои огромни ѕвезди меѓу 26-те играчи.
Мундијалот нема да го види Кол Палмер, 24-годишен фудбалер на Челзи чија вредност „Трансфермаркт“ ја проценува на 110 милиони евра. Палмер постигна само девет гола во Премиер лигата оваа сезона, убедливо најмалку откако се приклучи на клубот пред три години.
Фил Фоден исто така нема да биде на списокот. Можеби ова е очекувано бидејќи цела сезона беше во втор план. Играчот од средниот ред, вреден 80 милиони евра, имаше седум гола и пет асистенции на 32 настапи во Премиер лигата. Фоден играше 49 пати за Англија, но нема да патува на Светското првенство.
Едно од најголемите имиња кои ќе го пропуштат шампионатот е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Магваер. За 33-годишниот ветеран со 67 настапи, одлуката веројатно го означува крајот на неговата кариера во националниот тим.
Магваер ја потврди веста на Инстаграм: „Бев уверен дека можам да играм важна улога ова лето за мојата земја по сезоната што ја имав. Одлуката ме шокираше и разочара. Им посакувам на играчите се најдобро.“
Освен Магваер, неговиот соиграч од Јунајтед, Лук Шо, и дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори, исто така нема да бидат на списокот. Иако Шо имаше импресивна сезона, се чини дека други играчи добија предност. Отсуството на Магваер и Томори ја отвора вратата за Џон Стоунс, и покрај сезоната во која се мачеше со повредите, бидејќи Тухел го гледа како клучен играч.
Се очекува крилниот напаѓач на Арсенал, Нони Мадуеке, исто така, да влезе во составот. Нападот исто така претрпува промени. Иако Тухел ја разгледуваше опцијата „лажна деветка“, за која се натпреваруваа и Палмер и Фоден, на крајот се одлучи за класични напаѓачи. Капитенот Хари Кејн е сигурен патник, а се очекува да му се придружат и Оли Воткинс од Астон Вила, кој е во одлична форма, и Ајван Тони од Ал Ахли од Саудиска Арабија.
Конечниот список официјално ќе биде објавен во петок преку новата апликација на Англиската фудбалска асоцијација, а ќе го презентираат поранешните репрезентативци Даниел Стариџ и Тео Волкот. Селекторот Тухел подетално ќе ги објасни своите одлуки на 1 јуни.