фудбал

Втор пораз на женската репрезентација до 15 години

На вториот ден од развојниот турнир за девојчиња до 15 години во Струмица, репрезентацијата на Македонија беше совладана од Црна Гора со 3:1.

Нашата репрезентација поведе со голот на Јонида Лика во 16 минута. Во второто полувреме Црна Гора израмни преку Јелена Сариќ во 65 минута.

Летиција Хабибовиќ во 81 минута и носи предност на Црна Гора од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Сариќ со гол во самиот финиш на натпреварот.

Во вториот натпревар репрезентацијата на Турција триумфираше над Молдавија 6-0, а сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Хет трик забележа Мари Нила Суливан, а во листата на стрелци уште се запишаа Мејра Ферик, Су Белинај Тунчел и Лина Бухан.

По два одиграни натпревари Турција е прва со две победи, Црна Гора и Молдавија се на делба на второто место додека Македонија е последна без победа во досегашниот дел од турнирот.

Последните натпревари се на програмата на в среда со почеток во 11.00 часот. Македонија ќе ја пречека Турција на стадионот Кукуш во Турново додека Црна Гора и Молдавија ќе го одиграат последниот натпревар на стадионот Пандев во Струмица.


Силекс никако да победи, Брегалница однесе бод од Кратово

Во претпоследниот натпревар од 7. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), Силекс и Брегалница одиграа попладнево во Кратово нерешено 2-2 (1-0).

Силекс влезе во натпреварот со амбиција да ја извојува првата победа по серијата од три порази, но иако имаше водство на полувреме, на крајот спасуваше бод.

Домашниот тим дојде во водство со автоголот на Хаџи – Кимов во 7. минута, а Стојанов (49) и Лоренцо (67) донесоа целосен резултатски пресврт во продолжението.

Брегалница ја одржуваше предноста до самиот финиш кога Мишов во 82. минута го постави конечниот резултат.

Прволигашкото коло утре ќе го комплетираат Шкендија Арачиново и Скопје.


Сити со фудбалер помалку го совлада Јунјатед во „дербито на Манчестер“

Во дерби натпреварот од четвртото коло во Премиер лигата, Манчестер сити вечерва на „Олд Трафорд“ го совлада градскиот ривал Манчестер јунајтед со 1-0 (0-0).

Победоносниот гол го постигна Ерлинг Халанд по еден час игра, откако прегледувањето на снимката во ВАР собата потврди дека норвешкиот напаѓач не беше во офсајд при постигнување на погодокот.

Јунајтед имаше фудбалер повеќе на теренот од 23. минута откако Фил Фоден беше исклучен поради неспортско однесување. Играчот од средниот ред на Сити го удри капитенот на Јунјатед, Фернандез, во стомакот со нога, а судијата Мајкл Оливер му покажа директен црвен картон.

Јунајтед во продолжението два пати ја погодуваше стативата, најпрво Рашфорд од слободен удар 45. минута, а потоа и Мејну во 51. минута.

Казната стигна на спротивната страна кога Халанд беше прецизен во 60. минута по асистенција Гвардиол, а Сити можеше да ја зголеми предноста седум минути подоцна, но ударот на Фернандез заврши во стативата.

Јунајтед беше блиску да го избегна поразот во судиското продолжение, но Донарума со фантастична одбрана го скроти ударот на Мбеумо, исфрлајќи ја топката во корнер.

Сити остана со максимален ефект и бодовно израмнет со Арсенал на врвот на табелата со четири победи, додека Јунјатед е на 13. место со четири бодови.


Владица Брдаровски потпиша за Скопје

Владица Брдаровски, екс репрезентативецот и фудбалерот кој е еден од најтрофејните играчи во ПМФЛ со четири шампионски пехари, ќе игра за прволигашот Скопје.

Брдаровски кој беше без клуб откако си замина од Вардар, потпиша договор со тимот од Автокоманда. Тој го напушти тимот на Вардар во јануари 2025 година, и од тогаш е без ангажман.

Брдаровски е искусен фудбалер, кој во минатото покрај Вардар играше и за Шкупи и за Работнички, а има и интернационална кариера откако беше дел од Брно од Чешка, како и од Ѓер од Унгарија и косовска Дрита.

Има четири титули во ПМФЛ, три со Вардар и една со Шкупи. За македонската селекција Брдаровски има девет настапи.


Брозовиќ се сели од Саудиска Арабија во Катар

Поранешниот хрватски репрезентативец Марсело Брозовиќ ќе има нов клуб.

Искусниот играч за врска кариерата ќе ја продолжи во катарскиот Ал-Сад, објави Фабрицио Романо.

Во Ал-Сад пристигнува како слободен агент, откако летово се раздели со саудискиот Ал-Наср. Во клубот од Ријад настапуваше заедно со Кристијано Роналдо.


Реал Мадрид со четири гола одговори на критиките

Реал Мадрид стигна до убедлива победа од 4-1 против Рајо Ваљекано на „Сантијаго Бернабеу“, во натпревар од Ла Лига.

„Кралевите“ одлично го започнаа натпреварот и уште во 14. минута поведоа преку Килијан Мбапе, кој реализираше пенал. Само три минути подоцна Алваро Карерас зголеми на 2-0, по асистенција на Мбапе.

Реал продолжи да доминира, а во 35. минута Џуд Белингам погоди за 3:0 по додавањето од Винисиус Жуниор.

Рајо Ваљекано успеа да намали на 3:-1 во 51. минута преку Серхио Камељо, но гостите беа далеку од тоа да останат непоразени. Реал во продолжението го потврди триумфот и стигна до победа од 4:1 со вториот гол на Мбапе.

Со овој триумф Реал Мадрид продолжува со одличниот старт на сезоната и освојува нови три бода пред своите навивачи.


Фенер има луда идеја, го сака Конте за нов тренер

Турскиот портал „НТВ Спор“, повикувајќи се на информации од телевизијата „Беин Спортс“, ја објави вест која предизвика големо внимание во Истанбул.

Наводно, прва желба на Фенербахче е е познатиот италијански стратег, Антонио Конте, кој работеше во Јувентус, Челзи, Интер и Наполи.

Турскиот гигант по оставката на Исмаил Картал, Fenerвремено го презеде неговиот помошник, Дирк Кајт.


Бруно Гимараеш донесе победа за Арсенал во Сандерленд

Арсенал продолжи со совршениот старт во Премиерлигата, откако на гостувањето кај Сандерленд славеше со 2-0.

Натпреварот на „Стадионот на светлината“ беше неизвесен и со малку простор за грешка, а домаќините имаа одлична можност да поведат во второто полувреме.

Сепак, голманот на Арсенал Давид Раја го одбрани пеналот на Енцо Ле Фе и го спречи Сандерленд да стигне до водство.

Само две минути подоцна Арсенал го искористи моментот и дојде до предност преку Бруно Гимараеш, кој со прекрасен удар од далечина ја погоди мрежата и го постигна својот прв гол во дресот на лондонскиот клуб.

До крајот „топчиите“ успеаја не само да ја сочуваат предноста, туку и да постигнат втор гол преку Сака од пенал, и така да дојдат до нов триумф во Премиерлигата.


Мастантуно со хет-трик собори рекорд на Меси

Франко Мастантуно кој се пресели во Фиорентина како позајмен од Реал Мадрид, постигна хет-трик на гостувањето во Венеција со што стана најмлад играч со таков ефект во историјата на Виолетовите.

Тој го урна рекордот на легендата, Лео Меси, како најмлад Аргентинец што стигнал до хет-трик во Топ 5 европските лиги.

Мастантуоно го стори тоа на 19 години и 28 дена, уривајќи го рекордот на Меси од 19 години и 259 дена.


Доживотни суспензии за двајца поранешни претседатели на федерации

Zurich, Switzerland – 1 October, 2015: The entrance of the FIFA headquarter in Zurich. The International Federation of Association Football is the governing body of association football, futsal and beach football. FIFA is responsible for the organisation of football’s major international tournaments, notably the World Cup.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) донесе жестоки санкции за двајца поранешни претседатели на национални фудбалски сојузи, кои се доживотно исфрлени од фудбалот поради финансиски злоупотреби.

Станува збор за поранешниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Монтсерат, Винсент Касел, и некогашниот прв човек на Фудбалскиот сојуз на Малдивите, Басам Адил Џалил. ФИФА ги прогласи за виновни за сериозни финансиски злоупотреби поврзани со средствата на нивните федерации.

Со одлуката, на двајцата им е забрането доживотно да извршуваат каква било активност поврзана со фудбалот, што претставува една од најстрогите можни дисциплински мерки.

Случајот повторно го отвора прашањето за контролата на финансиските средства во националните федерации и одговорноста на нивните челници. ФИФА во последните години значително ги засили