фудбал

Се разделија Милан и Лука Јовиќ

Милан денес ја потврди и разделбата со Лука Јовиќ, српскиот напаѓач ќе си бара нов клуб.

Јовиќ не се прослави во редовите на „росонерите“, па поради тоа ќе мора летово да бара нов тим за иднината.

Србинот оваа сезона настапи на 15 натпревари во Серија А, при што постигна само два гола и играше под сите очекувања.

За услугите на српскиот напаѓач покажаа интерес неколку екипи, но засега не е познато каде ќе ја продолжи кариерата.


ПСЖ го декласира Интер Мајами и прелесно обезбеди четвртфинале на СКП

Европскиот шампион, ПСЖ многу лесно се справи со Интер Мајами во осминафиналето од Светското клупско првенство, победија со 4-0, сите погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Во првото полувреме имаше само еден тим, ПСЖ уште од самиот почеток на мечот ја воспостави доминацијата и покажа кој е кој.

Со гол на Невес во шестата минута ПСЖ поведе со 1-0, а истиот фудбалер во 39. минута зголеми на 2-0.

Во 44. минута Авилес си постигна автогол, а во судиското продолжение од првиот дел Хакими погоди за конечни 4-0.

Второто полувреме беше сосема поинакво, ПСЖ не сакаше да притисне за повеќе голови, ги штедеше силите и речиси и не се обидуваше да дојде до нов погодок.

Таквата игра му овозможи поголема активност на Интер Мајами кој создаде неколку полушанси, но не успеа да постигне почесен гол.

ПСЖ во четвртфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Фламенго и Баерн Минхен.


Ник Волтемаде по секоја цена сака во Баерн Минхен

Новата ѕвезда на германскиот фудбал, Ник Волтемаде, утрово ги отфрли понудите од Челзи и Наполи, тврди „Билд“. Напаѓачот на Штутгарт сака да се пресели само во Баерн Минхен ова лето.

Од Челзи и Наполи контактирале со претставниците на 23-годишниот голгетер, но тој бил категоричен во својата одлука. Волтемаде постигнал договор со Баварците претходно оваа недела. Тој се согласил на петгодишен договор со плата од околу 10 милиони евра по сезона.

Се очекува Баерн да започне преговори со Штутгарт во наредните денови. Информациите се дека тие ќе бидат тешки и долги. „Швабите“ сакаат 100 милиони евра за својата ѕвезда, додека Баварците се подготвени да дадат околу 40 милиони евра.

Ник Волтемаде веќе го информирал својот сегашен клуб дека сака да се пресели во Баерн сега. Тој ја отфрлил понудата за нов договор од Штутгарт.


Имобиле се врати во Серија, но не го одбра Милан – туку Болоња

Напаѓачот на Бешикташ, Чиро Имобиле, се враќа во Италија. Италијанецот се договори со Болоња, но договорот сè уште не е финализиран, бидејќи сè уште е под договор со истанбулскиот гигант.

Имобиле има договор со Бешикташ до јуни 2026 година и турскиот клуб сака да добие обештетување за трансферот на играчот во Болоња.

Во моментов се водат преговори за висината на обештетувањето што треба да го добие Бешикташ.

Самиот Имобиле веќе го договорил својот однос со Болоња, каде што ќе потпише договор за 2 милиони евра годишно. За споредба, играчот моментално добива годишна плата од 6 милиони евра во Бешикташ.


Бенфика сака да го врати Жоао Феликс

Бенфика и Челси се среќаваат оваа сабота во Шарлот за осминафиналето од Светското клупско првенство, но на дневен ред е и друга важна тема.

Со присуство на Руи Коста, претседател на „орлите“, во САД, темата Жоао Феликс сигурно ќе биде дел од преговорите, бидејќи желбата на Бенфика да го привлече играчот е позната, а сопственикот на неговите права е токму Челси.

Англичаните платија над 50 милиони евра на Атлетико Мадрид за да потпишат седумгодишен договор со португалскиот репрезентативец, но Жоао Феликс на крајот беше позајмен на Милан оваа сезона, што фрла сенка на сомнение врз неговата иднина.

Бенфика е подготвена да понуди амбициозна сума за да ги купи неговите права, достигнувајќи ја границата од 30 милиони евра, но проблем останува високата плата на фудбалерот, која е премногу висока за стандардите на „орлите“.


Меси: Не уживав додека играв за ПСЖ

Лионел Меси зборуваше за периодот поминат во Пари Сен Жермен пред дуелот на Интер Мајами со актуелниот европски првак, на клупскиот Мундијал во Соединетите Американски Држави.

Меси играше за ПСЖ две сезони, од 2021 до 2023 година.

„Тоа беа годините во кои не уживав, не бев среќен во секојдневниот живот. Не беше добро време за мене. Не бев среќен ниту еден ден – ниту на тренинзите ниту на натпреварите. Ми беше многу тешко да се прилагодам“, рече Лионел Меси.

Аргетнинецот одигра вкупно 75 натпревари за Пари Сен Жермен во сите натпреварувања, постигна 32 гола и имаше 35 асистенции.

Натпреварот помеѓу Интер Мајами и ПСЖ се игра од 18 часот во Атланта.


Чахчаноглу побара од Интер трансфер во Галатасарај

Еден од најдобрите играчи на Интер, Хакан Чалханоглу побарал да биде ставен на трансфер листата.

„Ве молам, пуштете ме дома“, наводно им рекол на раководството на клубот турскиот репрезентативец, кој никогаш не играл за клуб од својата татковина. Чалханоглу сака да се пресели во Галатасарај.

Играчот од средниот ред ја започнал својата кариера во Карлсруе, потоа играл за ХСВ и Баер, а потоа за Милан и Интер, чиј член е од 2021 година.

„Дојдов во Интер бесплатно пред четири години и секогаш го давав својот максимум. Сакам да продолжам во Галатасарај и ве молам разберете ме. Пуштете ме дома“, им рекол на раководството на клубот.

Тој е под договор до крајот на сезоната 2026/27.


Штутгарт постави луда сума за Волтемаде

Штутгарт ќе бара трансферна сума од околу 100 милиони евра за нивната ѕвезда Ник Волтемаде, се наведува во извештаите на бројни медиуми.

“Кикер” тврди дека раководството на клубот е “подготвено да седне на преговарачката маса” само ако потенцијалните купувачи започнат разговори со оваа сума.

Договорот на фудбалерот со Штутгарт трае до јуни 2028 година, но “Билд” и “Скај Германија” тврдат дека тој веќе ја одбил понудата за негово продолжување. Истите извори објавуваат дека Волтемаде ги договорил своите лични услови со Баерн Минхен и ако двата клуба се согласат, тогаш договорот ќе биде лесно склучен.

“Билд” дополнува дека Баварците се подготвени да ги започнат преговорите уште следната недела, но нивниот ентузијазам малку е намален бидејќи очекувале почетна цена од 50 милиони евра, а не двојно повеќе.


Интер и Парма се договорија за напаѓачот Анже-Јоан Бони

Интер договори ново засилување во нападот, јавуваат италијанските медиуми.

Фудбалскиот клуб Интер постигна договор со раководството на Парма за трансферот на Анже-Јоан Бони во нивниот клуб.

Вредноста на трансферот е 23 милиони евра плус се во игра и разни бонуси.

Сега им останува само да ги договорат условите со играчот, но тоа не би требало да биде проблем.

Бони има само 21 година, а веќе пет години е член на Парма, во која пристигна како тинејџер од родната Франција.

Интер штотуку започна со доведување играчи. Бидејќи на Марко Арнаутовиќ му истече договорот со клубот, а не потпиша нов договор, во тимот што се однесува до напаѓачите се само Лаутаро Мартинез, Маркус Турам, додека статусот на Пио Еспозито уште е под знак прашање.


Милан се раздели со Сотил и Жоао Феликс

Милан објави на својот официјален профил на социјалната мрежа X дека напаѓачот Жоао Феликс и крилниот напаѓач Рикардо Сотил го напуштаат клубот поради истекување на нивните договори за позајмица.

Феликс им се придружи на „росонерите“ од Челзи во февруари 2025 година. Во овој период, тој одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи три гола и запишувајќи една асистенција.

Сотил беше позајмен во Милан од Фиорентина. Италијанскиот фудбалер одигра осум натпревари за црвено-црните, но не постигна гол.

На крајот од минатата сезона, Милан го освои осмото место во Серија А.