фудбал

Аморим спремен да издвои 47 милиони за Диби Мартинез

Манчестер Јунајтед би можел да плати 47 милиони евра за трансфер на 32-годишниот голман на Астон Вила, светскиот шампион со Аргентина, Емилијано Мартинез. Ова го објави новинарот и инсајдер Бен Џејкобс.

Според изворот, договорот е во рана фаза. Самиот Мартинез јасно стави до знаење дека е заинтересиран да им се придружи на „црвените ѓаволи“. Се забележува дека клубот од Бирмингем не ја исклучува можноста желбата на Аргентинецот да биде исполнета. Исто така, се нагласува дека „црвените ѓаволи“ сè уште не одлучиле за конечната замена на Андре Онана.


Интер и Парма преговараат за Бони

Интер продолжува со преговори за трансферот на Анж-Јоан Бони. Миланскиот гигант понуди 22 милиони евра, плус 3 милиони во бонуси за 21-годишниот напаѓач на екипата на Парма.

Страните сè уште не постигнале договор за износот на трансферот, бидејќи Парма сака да добие 25 милиони евра без да ги подели на фиксен дел и бонуси.

Минатата сезона, Анж-Јоан Бони постигна 6 гола и имаше 4 асистенции во 37 натпревари во Серија А.


Фановите на Интер и Милан во корелација со мафијата

Шеснаесет членови на ултрасите на Интер и Милан се осудени на затворски казни поради врски со мафијата.

На 30 септември 2024 година, 19 лица беа уапсени под сомнение за изнуда и други кривични дела, вклучувајќи неколку членови на ултрасите на Интер и Милан. Повеќето од уапсените се поврзани со мафијашки семејства од Калабрија и се верува дека извршиле сериозни кривични дела поврзани со фудбалскиот бизнис, вклучувајќи изнуда на пари од продажба на билети и пијалоци на Сан Сиро и мито од изнајмување паркинг места во близина на стадионот, како и употреба на „мафијашки методи“.

16 членови на ултрасите на Милан и Интер се осудени на затворски казни од 2 до 10 години за разни кривични дела, вклучувајќи и убиство, изнуда и криминални врски со мафијата.


Иднината на Томас Парти во Арсенал под знак прашалник

Иднината на Томас Парти во Арсенал останува неизвесна, откако преговорите за продолжување на договорот не донесоа напредок. Постои реална можност Ганаецот да го напушти клубот како слободен агент на крајот на јуни. 

Иако двете страни одржаа неколку круга разговори, договор сè уште не е постигнат. Парти, кој има 32 години, внимателно ги разгледува опциите, свесен дека ова може да биде неговиот последен голем договор во кариерата. 

Барселона се појави како главен кандидат за неговиот потпис. Шпанскиот гигант гледа во Парти потенцијално засилување за средниот ред. Има интерес и од клубови од Саудиска Арабија, кои се подготвени да понудат добра плата без да плаќаат отштета. 

Иако Парти е задоволен во Лондон и одигра солидна сезона под водство на Микел Артета, тој сака нов договор кој ќе ја одразува неговата важност и искуство. 

Одлуката на Парти се очекува наскоро, додека Арсенал и неколку европски клубови со интерес го следат развојот на настаните. 


Барселона и Нико Вилијамс договорија лични услови

Барселона и Нико Вилијамс постигнаа договор за лични услови на шестгодишен договор, што ќе го задржи ветувачкиот крилен играч во клубот до јуни 2031 година. Според извори, Вилијамс ќе заработува помеѓу 7 и 8 милиони евра нето по сезона, што покажува јасната посветеност на Барса кон младата ѕвезда. 

Иако платата и времетраењето на договорот се договорени, Барселона сè уште преговара со Атлетик Билбао за трансферната сума за активирање на откупната клаузула од 58 милиони евра. Клубот е заинтересиран да го заврши трансферот што е можно побрзо и да го воведе Вилијамс во тимот. 

Вилијамс јасно го изрази својот интерес да се приклучи на Барселона, што се очекува да го олесни процесот на преговори и да го забрза трансферот. 

Овој потпис е значаен чекор за Барселона во нивната цел да изградат конкурентен тим со млади таленти и да обезбедат успех во иднина. 


Мајлс Луис-Скели го продолжува договорот со Арсенал

Арсенал официјално потврди дека Мајлс Луис-Скели потпиша нов долгорочен договор со клубот, обезбедувајќи ја иднината на еден од најперспективните играчи од нивната академија. Високо ценетиот бек ќе продолжи да се развива во Северен Лондон, што е јасен показател за стратегијата на клубот да се потпира на домашно израснати таленти. 

Оваа вест не е изненадување за оние што внимателно го следат клубот. Разговорите за нов договор траеја подолго време, а и играчот и клубот имаа јасна желба за продолжување на соработката. Луис-Скели постојано се истакнуваше низ младинските категории и веќе редовно добива настапи за првиот тим 

Неговиот останок во Арсенал се гледа како клучен дел од долгорочната визија на клубот – да гради тим базиран на свои таленти. За Луис-Скели, договорот значи стабилност и шанса да се пробие кон поголема улога во сениорскиот состав. 

Со тоа што неговата иднина е осигурана, младиот фудбалер сега може целосно да се фокусира на својот развој и да се наметне кај Микел Артета. Арсенал верува дека тој има потенцијал да стане важна фигура во следните години – верба што се потврдува со овој нов договор. 


Битка за Жоао Педро – Челси и Њукасл во трка за потписот

Челси ги засилува напорите за ангажман на напаѓачот на Брајтон, Жоао Педро, во обид да го зацврсти тимот пред враќањето во Лигата на Шампионите. Лондонскиот клуб, кој веќе го донесе Лијам Делап, е решен да додаде уште напаѓачка сила, а Педро се смета за приоритетна цел. 

23-годишниот Бразилец, кој минатата сезона постигна 10 голови и запиша 7 асистенции во 30 натпревари во Премиер Лигата, се смета за версатилен напаѓач кој може да игра на повеќе позиции во офанзивата. Брајтон го вреднува на околу 70 милиони фунти. 

Њукасл веќе започна разговори со Брајтон и сакаше брзо да го затвори трансферот. Менаџерот Еди Хау го следи Педро уште од 2022 година и го гледа како клучно засилување за нивните европски амбиции. Но, се поголем е стравот дека Челси може да го преземе договорот во последен момент. 

Педро, пак, наводно има желба да се пресели во Лондон. Извори блиски до фудбалерот тврдат дека тој преферира трансфер во Арсенал или Челси. Желбата за живот во главниот град може да биде пресудна. 

Брајтон е подготвен да го пушти ако се исполни нивната побарувана сума, а сè укажува дека ќе следи жестока трансфер битка. Со неговите голови и асистенции за „Галебите“, Педро веќе се етаблира како еден од најбараните напаѓачи во Премиер Лигата. 


Даниел Леви: Тешка одлука беше смената на Постекоглу

Првиот човек на Тотенхем, Даниел Леви, објасни како дојде до разделба со тренерот, Анже Постекоглу, кој успеа да ги однесе „спарси“ до трофејот во Лига Европа.

„Имавме одлична конекција со Постекоглу. Му реков дека секогаш ќе биде дел од нашата историја и дека ќе се радуваме ако повторно го видиме во клубот.

Одлуката за негово заминување беше колективна, не беше мое лично решение. Емоционално беше многу тешко“, нагласи Леви.


Газдите на Ливерпул сакаат да го купат Хетафе

Американската инвестициска групација „Fenway Sports Group“ (FSG) е заинтересирана за купување на Хетафе.

Според „AS“, инвеститорите се привлечени од резултатите на клубот во шпанската Ла Лига, неодамна одобрениот проект за реконструкција на стадионот и јасниот план за развој, како и неговата близина до главниот град на земјата, Мадрид.

Во јули 2024 година, FSG објави дека преговарале за купување на францускиот фудбалски прволигаш Бордо. Сепак, договорот пропадна поради тешкотиите со изнајмувањето на стадионот.

Покрај Ливерпул, ФСГ ги поседува бејзболот тимот Бостон и хокеарскиот тим Питсбург.

На крајот од сезоната 2024/25, Хетафе го зазеде 13. место во Ла Лига. Во сезоната 2023/24 заврши на 12. место.


Куртоа добива нов договор во Реал Мадрид

Реал Мадрид подготвува нов договор за Тибо Куртоа, со цел да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“ до 2028 година, пренесува шпанскиот весник „АС“.

Иако актуелниот договор на 33-годишниот голман е со важност до 2026 година, клубот е подготвен да му понуди продолжување на соработката за уште две години.

Разговорите со белгискиот чувар на мрежата се очекува да започнат по завршувањето на Светското клупско првенство.

Оваа одлука претставува отстапување од вообичаената практика на клубот, кој ретко нуди долгорочни договори на фудбалери постари од 30 години.