фудбал

Ди Лоренцо по дебаклот со ПСВ: Беше ужасна ноќ за Наполи

Капитен на Наполи, Џовани Ди Лоренцо, е разочаран од високиот пораз и играта на неговиот тим синоќа на мечот со ПСВ во 3. коло од Лигата на шампионите.

Холандскиот тим победи со 6-2, доминирајќи на теренот.

„Беше ужасна ноќ. Треба да застанеме, да размислиме и да анализираме што се случи. Сега се чувствуваме ранливи, за разлика од минатата сезона. Се чувствува како противникот да може да ни наштети во секој момент. Ова треба веднаш да се промени“, изјави Ди Лоренцо по натпреварот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги одигра последните десетина минута за гостинскиот тим.

Наполи е на 22. место на табелата во елитната лигата со три бода.


Халанд го изедначи рекордот на Кристијано Роналдо

Фудбалерите на Манчестер Сити, во вторникот го победија Виљареал, на свој терен, а посебен детаљ во победата на англискиот клуб во новата рунда од Лигата на шампионите (0:2) е водечкиот гол на „граѓаните“, постигнат од Ерлинг Халанд.

Гол-машината од Норвешка застана рамо до рамо со еден Кристијано Роналдо.

Со голот постигнат во 17-та минута од дуелот со шпанскиот ривал, Норвежанецот го израмни рекордот за последователни натпревари во кои беше стрелец, со оглед на тоа што, како и голгетерот од Португалија, имаше дури 12. Исто така, собра ист број на голови, 21.

Серијата ја започна против Брајтон во Премиер лигата (1), а потоа продолжи во натпреварите со Финска (1), Молдавија (5), Манчестер Јунајтед (1), Наполи (1), Арсенал (1), Барнли (2), Монако (2), Брентфорд (1), Израел (3) и Евертон (2).


Погба започна да тренира со Монако

Пол Погба повторно тренира со тимот на Монако и тоа за првпат откако пристигна во клубот.

Францускиот фудбалер учествуваше на колективниот тренинг, што беше потврдено и од тренерот Себастиен Покоњоли.

„Во понеделник Пол тренираше со тимот за првпат откако јас пристигнав. Беше насмеан, уживаше и комуницираше со останатите играчи. Тоа е првиот чекор. Можеби ќе треба неколку дена, две или три недели, па потоа ќе можеме да работиме на неговата форма и континуитет. Многу сум среќен што повторно го гледам на терен“, изјави Покоњоли.

Погба веќе подолго време е надвор од терените, а неговото враќање се смета за голем плус за Монако.

Французинот беше суспендиран поради допинг, поради тоа замина од Јувентус и беше без клуб, а сега се обидува да фати форма за пак да заигра сериозен фудбал.


Ѓорги Христов дел од работилницата за техничко лидерство на ФИФА и УЕФА во Будимпешта

Техничкиот директор на Фудбалската федерација на Македонија, Ѓорги Христов, учествуваше на семинар за техничко лидерство организиран од ФИФА и УЕФА, кој се одржува во Будимпешта.

Настанот ги обедини техничките директори од различни земји членки на УЕФА со цел размена на искуства и унапредување на знаењата во управувањето со техничките програми во фудбалот.
Преку интерактивни сесии и дискусии, учесниците беа запознаени со ресурсите и поддршката што ФИФА и УЕФА ги нудат за долгорочен развој на фудбалот, вклучувајќи и современи платформи и програми за едукација.

„Семинарот е одлична можност за размена на искуства и нови идеи со колеги од целиот свет. Преку вакви иницијативи добиваме дополнителна насока како да го унапредиме техничкиот развој на фудбалот во Македонија, од грасрут до елитни млади категории”, изјави техничкиот директор на ФФМ, Ѓорги Христов.

Тој додаде дека развојот на квалитетни технички лидери е клучен за подобро управување со фудбалот и на теренот и надвор од него, како и за исполнување на долгорочните цели, да му се даде шанса на секој талент и фудбалот да расте на сите нивоа.

Континуираните инвестиции на ФИФА во развојот на лидерството имаат за цел да ги подигнат стандардите на управување, да поттикнат иновации и да промовираат одржлив раст. Новите изданија на програмата FIFA Technical Leadership се уште една потврда за посветеноста на ФИФА кон создавање на нова генерација фудбалски лидери кои ќе значат напредок на фудбалот на глобално ниво.


Барса го „наполни“ Олимпијакос, Фермин запиша хет-трик

Барселона го декласира Олимпијакос со 6-1, а Каират и Пафос одиграа без голови, во првите натпревари од третото коло во Лигата на шампионите.

Барселона на домашен терен доминираше против Олимпијакос, но до убедливата победа дојдоа откако грчкиот тим остана со фудбалер помалку на теренот.

Фермин Лопз и донесе предност на Барселона од 2:0 со головите во седмата и 39-та минута. Во 50-та минута ВАР го поништи голот на Ел Каби, но само четири минути подоцна напаѓачот на Олимпијакос го намали резултатот.

Мечот практично беше решен во 57-та минута кога Хезе го доби вториот жолт картон.

Од тој момент Барселона постигна четири гола. Јамал погоди од пенал, Лопез го комплетира хет-трикот, а два гола постигна Рашфорд.

Во Алмати, Каират речиси целиот натпревар го одигра со играч повеќе и според шансите успеа да се спаси од пораз.

По три минути и две секунди игра Кореа доби црвен картон поради опасен старт. Ова е вториот најбрз црвен картон во историјата на лигата на шампионите. Рекордер сè уште е Олександр Кучер, кој беше исклучен по две минути и 39 секунди на натпреварот помеѓу Шахтјор и Баерн на 11 март 2015 година.

Во првиот дел Драгомир имаше ситуација „еден на еден“ со голманот на Каират, добра шанса промаши и бразилскиот верат, Давид Луиз, а во вториот дел во 71-та минута Драгомир постигна спектакуларен гол, но ВАР го поништи бидејќи стрелецот на голот на почетокот на акцијата беше во офсајд.


Виљареал и Барса сепак нема да играат во САД

Шпанската фудбалска лига ја информираше јавноста дека се повлекува од „продажба“ на лигашкиот натпревар помеѓу Виљареал и Барселона на американскиот пазар.

Овој дуел требаше да се игра на 20 декември во Мајами, што предизвика бунт кај навивачите на шпанските клубови. Сепак, дури кога фудбалерите се придружија на протестите (стоејќи мирно првите 15 секунди од натпреварите), челниците на Ла Лига попуштија и ја откажаа „посетата“ во Флорида.

„Ла Лига информира дека, по разговорите со промотерот на натпреварот во Мајами, тој донесе одлука да го откаже настанот поради неизвесноста што владееше во Шпанија во последните недели“, се вели во соопштението.

Лигата изрази жалење што не може да ја искористи „оваа историска можност“ за да организира прв натпревар од шпанското првенство во странство. Обидите на Ла Лига да одржи натпревар во САД датираат од 2018 година, кога Барселона и Џирона требаше да играат натпревар исто така во Мајами, но и тој проект беше блокиран.


Алаба пак се повреди, нема крај на голготата на Австриецот

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба, повторно е повреден.

Австриецот има проблем со повредите од декември 2023 година, кога го повреди коленото и беше надвор од игра една година.

Потоа, по враќањето, имаше бројни проблеми со мускулите, што е случај и сега.

Алаба доби шанса против Хетафе, но си одигра само едно полувреме поради болки во мускулите. Денешните тестови покажале дека мора да направи кратка пауза.

Медиумите од Мадрид пишуваат дека е очигледно, дека Алаба не може да се врати во вистинската форма и дека оваа повреда е уште една потврда дека за него нема место за следната сезона.

Тој е во последната година од договорот и ја има втората најголема плата, бидејќи пристигна како слободен агент, па Реал нема намера да му понуди нов договор.

Освен него, за претстојното „Ел Класико“ ќе недостасуваат и Антонио Ридигер, Дани Карвахал, додека Дин Хаусен е знак прашалник.

Натпреварот Раел Мадрид – Барселона е закажан за недела во 16:15 часот.


Турам ќе го скокне дерби во Неапол

Менаџерот на Интер, Кристијан Киву, призна дека напаѓачот Маркус Турам нема да биде подготвен за саботниот натпревар со Наполи во Серија A.

„Лаутаро Мартинез е добро и повеќе ги нема проблемите што ги имаше пред натпреварот со Рома. На Маркус му требаат уште неколку дена и нема да биде во Неапол.

Не знам дали ќе биде подготвен и за натпреварот со Фиорентина. Многу ми е жал за Турам, не заслужи толку долга пауза“, нагласи тренерот на Интер.


Алаба ќе го пропушти Ел Класико поради повреда

David Alaba laying on the ground injured for Real Madrid

еал Мадрид ќе мора да се соочи со предизвикот без еден од своите најискусни дефанзивци, Давид Алаба, кој доби повреда на мускулот солеус. Се очекува тој да паузира најмалку 7 до 10 дена, што значи дека сигурно ќе го пропушти Ел Класико, како и мечот против Јувентус во Лигата на Шампионите.

Овој период е исклучително чувствителен за Реал, со оглед на важноста на претстојните натпревари и потребата за стабилност во одбраната. Алаба, познат по својата сигурност и способност за игра на повеќе позиции, ќе остави голема празнина

Според лекарскиот тим на клубот, повредата бара одмор и контролирана рехабилитација. Се прави сè за да не дојде до влошување, а неговото враќање ќе биде внимателно испланирано.

Отсуството на австрискиот репрезентативец отвора врата за помлади играчи и резерви, но и го става тимот под зголемен притисок во моменти кога се водат борби на два фронта.


Милер бил отворен да се приклучи во Барса

Thomas Muller celebrating with his tongue out in a Bayern Munich shirt

Томас Милер, легендата на Баерн Минхен, откри дека бил отворен за соработка со Ханси Флик и во Барселона, по заминувањето од баварскиот клуб. Иако претходно размислувал за кариера надвор од Европа, Милер призна дека враќање во домашниот континент сè уште е можност, особено ако го води тренер како Флик.

Според него, проект воден од Флик во клуб од калибарот на Барселона би бил повеќе од привлечен. Двајцата имаат богата историја од времето во Баерн, каде што Флик одлично знаеше како да го искористи потенцијалот на Милер. Токму таа доверба можела да биде клучна за нова фаза во кариерата на германскиот напаѓач.

Милер истакна дека го почитува престижот на Барселона, но и дека е свесен за големите очекувања што ги носи таков клуб. Амбицијата и професионализмот кои се бараат таму не го плашат. Напротив, тие се дел од она што го мотивира.

Иако конкретни преговори со каталонскиот клуб не се случиле, интересот и отворањето кон таква можност го задржуваат вниманието на фудбалската јавност.