фудбал

Слот потврди: Ливерпул и Конате преговараат за нов договор

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека клубот е во преговори со дефанзивецот Ибрахима Конате во врска со продолжување на договорот.

Иднината на 26-годишникот на „Енфилд“ станува сè по важна, бидејќи неговиот тековен договор истекува во јуни оваа година. Ова значи дека клубот треба брзо да ги реши идните планови на играчот.

„Во преговори сме со него, а тоа многу зборува за нашите намери. Очигледно, сакаме тој да остане, но разговорите се во тек, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Немаше да ги водиме овие дискусии ако не сакавме да го задржиме“, изјави Слот за „Ливерпул Ехо“.

Тренерот, исто така, го бранеше Конате, чија игра беше критикувана за повремени грешки. Тој ја нагласи важноста на сигурноста на дефанзивецот и неговото партнерство со Вирџил ван Дајк, што го сочинува ‘рбетот на одбраната на клубот. Слот додаде дека, со оглед на проблемите со повредите и недостатокот на дефанзивци, губењето на Конате би било значителен губиток за тимот.

Конате оваа сезона одигра 33 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи два гола, неговата пазарна вредност е 50 милиони евра.


Премиерлигашите со понуда за Ентони Гордон

Ливерпул, Арсенал и Манчестер Сити се заинтересирани за крилниот напаѓач на Њукасл, Ентони Гордон. Сепак тимот од „Енфилд“ во моментов води во трката за 24-годишниот крилен напаѓач, според медиумите на Островот.

Според истиот извор, Њукасл не сака да го пушти Гордон и нема да започнат преговори додека не се добие понуда од приближно 85-95 милиони фунти (98-109 милиони евра).

Гордон игра за Њукасл од јануари 2023 година. Оваа сезона, напаѓачот настапи на 34 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи 10 гола и имајќи пет асистенции. Според „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност е 60 милиони евра.


Повредата на Меси не е наивна, виси настапот на Мундијалот

Напаѓачот на Интер Мајами и репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси, можеби нема да учествува на Светското првенство во 2026 година.

Неговата одлука ќе зависи од неговата физичка состојба. Аргентинската легенда се подготвува за новата сезона во МЛС лигата и би можел да учествува на турнирот ова лето, но нема гаранција дека ќе игра. Ова го објави „The Touchline“ на профилот на социјалните мрежи на X.

Според извор, напаѓачот на Интер Мајами размислува да го пропушти Светското првенство. Доколку Меси смета дека не е 100% подготвен, нема да игра. Тој истакна дека нивото на МЛС лигата не е доволно високо или конкурентно, па затоа сака да биде во врвна форма.

Неодамна беше објавено дека фудбалерот претрпел повреда на левиот бут. Меси моментално постепено ја враќа својата физичка подготвеност и се враќа на тренинзите со тимот.


Павел Трајковски потпиша за Партизан

Младиот македонски голман Павел Трајковски направи значаен исчекор во кариерата и ја продолжува фудбалската приказна во редовите на Партизан.

Голманот кој се развиваше во академијата на Македонија Ѓорче Петров стави потпис со белградскиот клуб и во првата фаза ќе биде дел од селекцијата до 19 години. Станува збор за награда за неговите настапи во младинските категории каде континуирано го привлекуваше вниманието со сигурноста меѓу стативите.

Трајковски веќе извесен период е присутен и во националниот систем. Тој ги мина сите возрасни генерации, почнувајќи од селекцијата до 15 години, а во моментов е стандарден дел од тимот до 19 години.


Упамекано во Баерн до 2030 година, гигантот се пофали со потписот

Баерн Минхен потврди дека Дајот Упамекано потпиша нов договор со клубот.

Францускиот дефанзивец се обврза кон клубот до 2030 година.

Според „Скај Германија“, договорот вклучува клаузула за ослободување што му овозможува да замине за 65 милиони евра, но таа ќе стане активна во летото 2027 година.

Претходниот договор на Упамекано требаше да истече на крајот од сезоната и тој размислуваше за својата иднина.

На крајот, Французинот одлучи да остане во клубот, по што двете страни постигнаа договор, иако Баварците мораа да платат значителна сума на агентите на играчот


Тудор пред промоција на клупата на Тотенхем

Игор Тудор е на чекор до именување за привремен менаџер на Тотенхем до крајот на сезоната.

Тотенхем постигнал договор со 47-годишниот Хрват, а краткорочниот договор.

Поранешниот шеф на Јувентус и Олимпик Марсеј, се смета за некој што може да има непосредно краткорочно влијание додека Спарси се обидуваат да се справат со опасноста од испаѓање.

Тотенхем сака нивниот нов тренер да се појави во тренинг центарот во понеделник, кога играчите ќе се вратат на тренинзите пред дербито на северен Лондон следната недела на домашен терен против Арсенал.

Според изворите, во договорот нема трајна опција.


Гвардиола го сака Камавинга во своите редови

На „Етихад“ сериозно размислуваат за реконструкција на средниот ред, а големата желба на Пеп Гвардиола се „крие“ во Мадрид.

Англискиот премиерлигаш е подготвен да влезе во конкретни преговори за еден од најталентираните играчи за врска на денешницата.

Станува збор за Едуардо Камавинга. Францускиот репрезентативец е означен како идеално долгорочно решение во средината на теренот како замена за Каѓавинга.

Според информациите, за клубовите од Саудиска Арабија се бара сума од околу 120 милиони евра, додека европските клубови, вклучувајќи го и Манчестер сити, би можеле да поминат со околу 80 милиони евра, плус бонуси.


Дојде Бензема и Ал-Хилал веќе не смета на Дарвин Нуњез

Ал-Хилал направи спектакуларен потег на пазарот со ангажманот на Карим Бензема, но доаѓањето на славниот напаѓач донесе проблеми за еден од фудбалерите кои претходно беа најавувани како големи адути.

Најголем губитник во новата распределба на силите е Дарвин Нуњез. Уругваецот, кој во клубот пристигна по трансфер од Ливерпул вреден 50 милиони евра, не ги оправда очекувањата и сега ќе биде тргнат од комбинација за настапи во домашното првенство.

Причината лежи во правилникот според кој секој тим може да регистрира ограничен број странци од одредена возрасна категорија, а по последните промени за Нуњез повеќе нема место на листата.

Напаѓачот сепак нема целосно да биде без минутажа, бидејќи ќе има право на настап во континенталните натпреварувања, но и таму конкуренцијата е силна и не се очекува значајна улога.


Повредата не е наивна, Одоберт мора на операција

Англискиот елитен состав Тотенхем, потврди дека крилниот играч, Вилсон Одоберт, ги скинал предните вкрстени лигаменти и дека ќе мора да оди на операција.

Британските медиуми објавија дека Французинот веројатно ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Тимот од северен Лондон се соочува со многу повредени играчи вклучувајќи ги Ричарлисон, тројца дефанзивци и неколку играчи од средниот ред меѓу кои се Џејмс Медисон, Родриго Бентанкур и Лукас Бергвајн.


Масар Омерагиќ: Силни противници, но вистински тест за Македонија

Извлекувањето за петтото издание на Лигата на нации донесе сериозен предизвик на најдобрата македонска репрезентација. Во групата од сегментот Б ќе се соочиме со селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. По ждрепката во Брисел, своите впечатоци ги изнесе претседателот на федерацијата, Масар Омерагиќ.

„Убаво е повторно да се види Македонија во вакво друштво, меѓу силни репрезентации. Објективно гледано, извлековме силни противници. Швајцарија и Шкотска, репрезентации кои веќе изборија пласман на Светското првенство и Словенија која исто така е квалитетна селекција. Но, во Б сегментот сите противници се силни. Сепак, Македонија веќе многупати покажа дека знае најдобро да игра против силни ривали, па очекувам и овојпат да бидеме на високо ниво, а навивачите да уживаат во натпреварите.

Веруваме во селекторот, веруваме во фудбалерите и ќе имаат максимална поддршка да ги остварат сите цели. Треба да одиме чекор по чекор. Нема потреба да бегаме од силни противници. Квалитетот се докажува токму на вакви натпревари, со карактер и со желба. Оваа група ќе ни овозможи јасно да видиме кои се нашите реални можности и каде сме во однос на најдобрите.

Ако некој посакува да играме само во Ц или Д дивизија за да победуваме, тоа е залажување самите себеси. За фудбалерите, ваквите натпревари треба да претставуваат уживање, но и вистински тест. На вакви дуели се станува фудбалер. Во оваа група навистина треба да видиме колку вредиме“.