фудбал

Седлоски: Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, можеме да одговориме на предизвикот

Македонската репрезентација ги доби противниците за настапот во најновото издание од Лигата на нации. Нашата селекција е дебитант во Б конкуренцијата, а предводникот на националниот тим Гоце Седлоски со респект кон репрезентациите со кои ќе се соочиме, но и верба во своите избраници кои можат да докажат дека Македонија сосема заслужено се наоѓа меѓу нив.

“Шкотска и Швајцарија се главните фаворити во групата. Станува збор за две селекции со континуитет на настапи на големи натпреварувања, учесници и на претстојното Светско првенство. Имаат квалитет и искуство на највисоко ниво. Тоа доволно зборува за предизвикот што нè очекува.

Но, ние не влегуваме во овој циклус со улога на аутсајдер. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, без разлика дали играме дома или на гости. Ќе се трудиме да го наметнеме нашиот стил на игра, дисциплиниран, организиран и храбар. Да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б.

Имаме генерација која веќе е зрела, имаме јасна идеја како сакаме да изгледаме на теренот и треба да веруваме во квалитетот.

Со максимален фокус, посветеност и тимски дух, верувам дека можеме да одговориме на предизвикот”


Шкотска, Швајцарија и Словенија ривали на Македонија во Лигата на нации

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во дебитантскиот настап во Б конкуренцијата од Лигата на нации.

Македонија е дел од групата Б1 во која партиципираат селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

Во Б2 конкуренцијата ќе настапат Унгарија, Украина, Грузија и Северна Ирска додека Израел, Австрија, Република Ирска и Косово ќе се натпреваруваат во групата Б3.

И во последната четврта група ќе учествуваат Полска, Босна и Херцеговина, Романија, Шведска.

Според календарот на УЕФА, натпреварите ќе се играат во септември, октомври и ноември, но за разлика од претходните години првите четири кола ќе се одиграат во десетина дена.


Давид Алаба незадоволен од статусот во Мадрид

Незадоволството во Реал Мадрид продолжува да расте. Според информациите на „Марка“, дефанзивецот Давид Алаба е лут поради малата минутажа што ја добива.

Австриецот не разбира зошто речиси и да не е во плановите и веќе ја разјаснил ситуацијата со тренерот Алваро Арбелоа. Според истиот извор, фудбалерот јасно му ставил до знаење дека очекува поголема улога во тимот.

Алаба смета дека е подготвен да помогне и дека заслужува повеќе простор на теренот, но засега останува во втор план. Ваквиот развој на настаните дополнително ја комплицира атмосферата во соблекувалната на мадридскиот гигант.

Останува да се види како ќе реагира стручниот штаб и дали во наредниот период искусниот дефанзивец ќе добие поголема доверба.


Тухел останува селектор на Англија до 2028 година

Тренерот на фудбалската репрезентација на Англија, Томас Тухел, ќе остане на клупата на националниот тим барем до крајот на Европското првенство во 2028 година.

Тоа е епилогот од новата соработка што Фудбалската асоцијација на Англија ја договори со германскиот стручњак. По совршената квалификациска кампања за Светското првенство, самодовербата е на исклучително високо ниво.

Поранешниот стратег на Челзи, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен стави крај на шпекулациите за можен трансфер во Манчестер Јунајтед, Тотенхем или Реал Мадрид со парафирање на договорот. Сите три клуба неодамна ги сменија тренерите, но ќе мора да бараат нов на друга адреса.

„Многу сум среќен и горд. Едвај го чекам Светското првенство, одлична можност да ја направам нацијата горда. Имам огромна поддршка од извршниот директор Марк Булингам, колегите од Федерацијата и навивачите каде и да одам, без двоумење решив да ја продолжам оваа работа од соништата. Европското првенство 2028 ќе биде многу посебен турнир, можност да се натпреварувам со најдобрите на најголемата можна сцена“, рече Тухел.

Англичаните повторно влегуваат во големото натпреварување со епитетот еден од главните фаворити за трофејот.

Во групата Л ќе се натпреваруваат против Хрватска, Гана и Панама, па се очекува релативно лесен пласман во нокаут фазата. Пред четири години во Катар беа елиминирани во четвртфиналето, каде што беа запрени од Франција.


Хет-трик на Булатовиќ, Пелистер го надигра Работнички

Фудбалерите на Пелистер го совладаа попладнево Работнички на домашен терен во Битола, додека Брера и Македонија ЃП ги поделија бодовите во Струмица, во двата завршни натпревари од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

На дуелот во Струмица, АП Брера дојде во водство со голот на Петровиќ во 20 минута, но до крајот на полувремето Пецов (45+1) донесе израмнување за конечни 1-1.

Пелистер победнички го почна вториот дел од сезоната, совладувајќи го Работнички со 4-1, предводен од тројниот стрелец Булатовиќ (16, 34, 49) и Керим (90+4). Почесниот гол за Работнички го постигна Демири од пенал (36).


Слот во нови проблеми, Ендо сериозно се повреди

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, за победата над Сандерленд (1:0) во 26-то коло од Премиер лигата вели дека е е една од најважните оваа сезона.

„Многу важна победа. Моравме да дадеме сè од себе по само два дена одмор. А потоа уште еден тежок натпревар на гостински терен. Повторно покажавме колку сме добри со топката. Денес создадовме толку многу шанси. Покажавме карактер во текот на целиот натпревар, поради што си заминуваме од тука со победа од 1-0. Имавме многу добри периоди во второто полувреме и многу можности каде што нашите квалитетни играчи се најдоа на ветувачки позиции. Генерално, тоа беше навистина силен настап во однос на посветеноста“, истакнал Слот.

За најновата повреда која ја заработи Ендо, Слот дополни:

„Не очекуваме позитивен исход. Како што реков, треба да почекаме. Претпоставуваме дека ќе биде надвор од терените подолго време. Ова не е првпат да имаме проблеми со нашите десни бекови. Секогаш го прифаќаме тоа. Треба д


Нема повеќе реми во јапонската лига, при нерешено ќе се шутираат пенали

Јапонската Џеј Лига ќе донесе историска промена во натпреварувањето, откако официјално беше потврдено дека во сезоната 2026 нема да има реми во регуларниот дел од натпреварите.

Секој дуел што ќе заврши без победник по 90 минути ќе добие разрешница преку изведување пенали. Тимот што ќе слави од белата точка ќе освои два бода, додека поразениот сепак нема да остане со празни раце и ќе добие еден бод.

Ваквата мерка е изгласана со поддршка од клубовите од елитата, а идејата е да се внесе дополнителна возбуда и поголема динамика во борбата за позициите на табелата. Раководството верува дека новиот систем ќе ја зголеми неизвесноста и интересот кај навивачите.

Сепак, станува збор за привремено решение. Сезоната 2026 ќе има транзициски карактер поради намерата јапонскиот фудбал да премине на европскиот календар. Наместо досегашниот формат пролет есен, во иднина шампионатот ќе се игра по европски пример. За да се реализира оваа промена без проблеми, ќе биде одиграна скратена кампања до летото, по што од есен ќе стартува новиот циклус според изменетиот распоред.


Реал Мадрид се повлече од Суперлигата, натпреварувањето веќе не постои

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави вечерва дека постигнала договор со Реал Мадрид за прекин на тековната битка околу формирање Суперлига, откако мадридскиот клуб остана единствен поборник за ова натпреварување.

Главниот ривал на Реал Мадрид, Барселона, минатата недела објави дека се откажува од проектот Суперлига, а сега и Кралскиот клуб одлучи да го стори истото.

„По повеќемесечни разговори водени во најдобар интерес на европскиот фудбал, УЕФА, фудбалските клубови и Реал Мадрид објавуваат дека постигнаа договор околу начелата во корист на европскиот клупски фудбал, почитувајќи ги принципите на спортска заслуга, со акцент на долгорочната одржливост на клубовите и подобрување на искуството на навивачите преку користење на технологијата. Овој договор за начелата ќе послужи и за решавање на нивните правни спорови поврзани со Европската Суперлига, откако овие принципи ќе бидат имплементирани и применети“, објави УЕФА на својата официјална веб-страница.

Идејата за формирање на Суперлигата беше наменета да им користи на најбогатите европски клубови, а беше иницирана во 2021 година од Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Челзи, Ливерпул, Тотенхем, Барселона, Атлетико Мадрид, Реал Мадрид, Интер, Јувентус и Милан.

Повлекувањето на Реал означи дефинитивен крај на Суперлигата уште пред проектот воопшто да започне.


Дамфрис се врати на тренинзите по тешката повреда

COMO, ITALY – JANUARY 03: Denzel Dumfries of FC Internazionale looks on during the FC Internazionale training session at the club’s training ground Suning Training Center on January 03, 2023 in Como, Italy. (Photo by Mattia Ozbot – Inter/Inter via Getty Images)

Само неколку дена пред дербито со Јувентус, Дензел Дaмфрис се врати на тренинзите на Интер.

Холандскиот репрезентативец нема настап од 9 ноември, кога заработи повреда на зглобот поради која мораше да биде опериран.

Поради тоа тој ги пропушти последните 13 натпревари на „нероаѕурите“ во Серија А.

Сè уште не е познато дали Киву ќе го вклучи во составот за дуелот со Јувентус, но се чини дека е малку веројатно да започне како стартер.

Претходно оваа недела на тренинзите им се приклучија и Николо Барела и Хакан Чалханоглу.

Турскиот репрезентативец беше надвор од терените од 11 јануари, додека италијанскиот играч за врска паузираше од 28 јануари.


Враќање во Премиер лигата: Рудигер преговара со Тотенхем

Тотенхем започна преговори за потпишување на германскиот дефанзивец Антонио Рудигер, кој треба да го напушти Реал Мадрид на крајот од тековната сезона. Англискиот клуб размислува да го привлече играчот во претстојниот летен преоден рок.

Тотенхем се надева дека ќе го убеди Рудигер да не потпишува нов договор со Реал Мадрид. Дефанзивецот претходно се согласи на значително намалување на платата за да остане во Реал Мадрид.

Рудигер не брза да донесе конечна одлука за својата иднина, но изрази желба повторно да игра во Англија. Вест Хем и Кристал Палас исто така се во трка за да потпишат со него.

Дефанзивецот има можност да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, каде што се соочува со значајни финансиски понуди. Тековниот договор на Рудигер со Реал Мадрид истекува ова лето, а неговата вредност се проценува на 12 милиони евра.